Кај човек се нуди за помош толку го бркате. Ич не се замарам ако сака и преку капија нека никне трева. Огнот да ве изгори!
Празниците сакам само да ги преспијам поради религиозните особи што немаат поим од религија, што не ни знаат дека постои Библија, а не пак да ја прочитале. Главата ми пука од нервоза, ужас, секогаш истото, ќе избегаш илјадници километри подалеку ама пак е тука интернетот, исто како во иста куќа да живееш, ќе ти го сјебат секој празник и повод. А немам контакт ама индиректно ќе допрат до мене.
Гледаш дека никогаш не сум ти вратила кога си ми пишал. Гледаш дека јас прва никогаш ти немам речено Здраво и всушност те одбегнувам. Ај тргни ми се веќе.
Колку се нервирам кога не можам да спречам некој кој што свесно прави лоши работи и од инает. Уф, да можев само нешто да превземам. Мразам кога сум вака немоќна.
Вакво јадење такво јадење, па ваков сок таков, па не таков јогурт ваков. Бруки. Како у градинка да испраќаат 22г маж а не на работа. Бруки. А ја шо ќе најдам тоа. Нмв 3 дена едно исто. Нешо ќе побарам за 2 недели ќе им текне дека сум барала. Нмв. Само ме мотивирате шо побрзо да си спакувам парталите и магла.
Пораснав во "стан" подрум, со влажни изронети ѕидови и траги од полжави по тепихот. Никогаш немав роденденска торта, прослава ниту роденденски поклон. Пораснав во изнесените патики и фармерки од братучедите. Никогаш не бев на екскурзија. Никогаш не бев на одмор. Колку само посакував и јас да се вратам исончана после летениот распуст во клупа. Сакав да научам да пливам. На тема летен распуст пишував дека сум била Охрид. А никогаш не бев. Сакав мама и тато да се сложни, ако се нема! Памтам мајка ми си ги продаде бурмата и ланчето за да имам нови фармерки и блуза кога се запишав средно. Учев. Ги имав сите 5ки. Дома оброците изброени. Мајками се радуваше на вреќа брашно за да може да меси леб. Барем леб ќе имаме! Се вработив после средно и правев сендвичи и кафиња за школските кои сега беа студенти. Ги премолив дома. Татко ми ги премоли во банка, му одобрија кредит. Запишав и јас факултет. Работев до 1 ноќе и станував во 6 одев на предавање. И завршив фала богу. И се заљубив после. Дома не бев на тема љубов воопшто отворена. Моите беа и поприлично строги ама знаеа дека имам некој дечко и не беа восхитен што градот ме гледа со некој си таму. Дечкото ми се разболе, озбилна дијагноза и операција на млади години. Не кажав дома ни збор. 12 часа чекав вести и конечно, операцијата успешна! Закрепнувањето беше бавно и сигурно. Ме запросии... Знаев дека од сега сме само тој и јас. Пресреќна. Тој упорно настојуваше пред веридбата да ја кажам вистината дома за неговото премреже и операцијата што ја преброди. Велеше не е убаво да разберат од други, да испадне дека криел. И го послушав, кажав 3 дена пред веридба. Три пеколни дена, кавги, плачки молења...зарем немало некој здрав за мене?! Како ли сум враќала на се што сториле!? Јасно и гласно се кажа: веридба нема да има! Последен ден, никој не се спрема, мајка ми плаче, јас исто. Вика откажи им да не идат или оди сама мажи се... И тогаш знаев тоа е тоа. Собрав некое парталче. Зедов веридбеното фустанче и заминав кај него. Вечерта стигна фамилијата негова, стигна и музика. Се мажев со љубовта на мојот живот, сама. Немав тука никој свој. Со душа чекав да помине побрзо. Каква траума беше тоа така наречена веридба. Никогаш немам толку плачено. Помина некој ден, се смиривме со моите, како ништо да не било. Само што уште ми стои грутка на срце. Сега ни е супер. Сега сакаме да ја крунисаме љубовта со бебе, веќе години поминаа ама има луѓе не им со лесно ништо во животот дадено...такви сме ние еве. Не е ова за да се жалам. Патот мој морам сама да го изодам, па нека ме жали и цел свет ако треба џабе. Сакав само да споделам. Денес е годишнина од нашата свршувачка и заеднички живот. Брак без благослов од родителите, затоа што сакаа да ме заштитат од онај што го сакам и ме сака. Не ги обвинувам, ни јас ни мм. Само ако некогаш се остварам како родител, ќе учам на грешките од моите. Ете. Се испукав и полесно ми е.
Навистина ми е жал . Очите ми се насолзија од сето ова што го прочитав. Ти поради нив со страдала целиот живот , сега кога си си сама свој човек не дозволувај да ти влијаат на никој начин , почитувај ги колку што заслужуваат и гледај си да не бидеш како нив и да му овозможил на своето дете и услови и љубов и разбирање.
Искрено не ги обвинувам за немаштијата, зошто знам колку се мачеа и здравје си зедоа за тоа малку што го имавме. Не можеа тука ништо повеќе, ама можеа повеќе разбирање и поддршка, тоа не кошта нели. Ама луѓе се, грешат. Нема родители што посакуваат лошо на свое дете. Тоа беше нивниот метод на заштита. Се покајаа милион пати. Таа тема никогаш не се спомна, зошто премногу им е срамна и непријатна. Нека ми се здрави и живи. Што да речам друго.
Јас сметам дека се виновни и за немаштијата затоа што они биле свесни колку имале и колку немале и сепак се одлучиле за дете. Нема врска нема да навлагам во темата најважно е сега да си си среќна и да си се припремаш за бебенцето
Koga i da gi otvoram ocite Drugarce tebe te gledam Uzasno mi falish..... Deteto raste bez tatko ni na grob nemozam da dojdam da se iskazam. I isplacam vaka, sekogas nekoj ima. Me bole dusata za tebe i za ona malo dete koe go ostavi bez tatko a taa kutra zena na 30god a ostavi vo crno. Mi se place mi se vreska od bolka po tebe ama i toa go nemozam. Tesko e.. Mnogu e tesko Drugarce moe nepreboleno.
Стомак ме искина од болење за шо за 2 капки. Не се ни замарам. Господ нека дава таму кај шо нема кај мене немора.
Булката шо седеше у моја соба земале ми ја фрлиле, исушена била. Да ве фрли господ да ве исуши! Сум имала ја после соба, мир и приватност, ахм да да.
Сакам да се расипи времето, оти пеколот е дојден на земјата! Moжам да замислам какво лето не чека, али отом потом. Ваквите температури само ми ја влошуваат пролетната алергија!
Особа Х: "Кажи ми слободно ако ти треба помош, тука сме" Јас : "па еве во Сабота ако можеш" Особа Х : "Аа не знам, ќе видиме, ќе се договориме, уморна сум, ако можам..." Мислам, и да сакам и да се трудам со сила да те почитувам, не ми помагаш. Ти ли имаш проблем, јас ли многу внимание ти посветувам, еве не знам. Само знам дека ме полниш со бес, лутина и нервоза. А најжално е што успеваш со твоето лицемерие, манипулација и лажна добрина, да излажеш многу луѓе. И мене ме излажа, ама ете за жал се издаваш, не е малку време па да се скриеш. Само уште да научам да те игнорирам и се ќе биде ок...
Све мрднато. Да не се разбирале од зафркавање, хуморот мртов... а на озбилни работи се смеат. Све нестабилно.
Не ми се верува дека посветив толку ментална енергија за да ги подобрам односите со тебе, убаво си знаев од претходно дека не вреди и бев свесна како стојат работите, леле да си мавнам себе си еден шамар за давање 101 шанса.
Која нервоза ми иде онака внатрешно без некоја посебна причина чудо е. Не ми се случува често ама сепак се случува. Ми треба воздух.