прво за идиотот што ми пишеше на фб ...прво се прајш "кој сум јас" ми пишуваш како да се знаеме 100 години....а по неколку дена ме бришиш од приатели и правиш како ништо да не било.... ХАХА! и што сега мислиш дека си некој што ми значи па јас тебе брат не ни те знам како изгледаш ...прво се правиш мангуп а потоа бришиш од пријатели....Е ФАЛА МНОГУ...БЛАГОДАРЕНИЕ НА ТЕБЕ СЕ УВЕРИВ ДЕКА ПОСТОЈАТ ИДИОТИ !
Значи од сите верував дека ќе се разочарам, ама не од тебе! Тотално ме разочара и што е најтрагично - не ти е прв пат. И секогаш ти простувам затоа што си една мноооооооогу многу навистина важна личност во мојот живот. Ах таа моја попустливост. Како можеше да ми направиш такво нешто? А криво ти е, на чело ти пишува.... и нека ти е. Гајле ми е.
Глупачо ти дојде срцето на место, ме имитираш..се што имам јас мораш и ти да имаш...мораше нели баш исти штикли да купиш....мислиш машките ке те гледаат повеќе од мене, ало девојче на рамно не знаеш да одиш....башка ми прелеа чашата веќе...доста беше....како можам да купам нешто на кое ти си се израдувалча толку многу како јас на штиклите, башка еднаш само ги имам облечено,,,,,,, од 1во се дружиме..али мислам се гледа крајот
Саншајн, познавам вакви луѓе. И само едно ќе ти кажам, не и се нервирај, таа никогаш нема да биде како тебе! Таа ти е залуден имитатор, а таквите немаат свое јас, тие се само бледи копии!
АХХ да можев да не се нервирам.....и уште доага вчера со новите штикли и гледам не се истите... И и викам па не се исти...луѓе направи една кисело тажна фацка..и ми вика не се исти ? Изразот на лицето и се смени што го утнала моделот.....али мене ми дојде срце на место....што не усоеала во својата намера
“Браво“ за нејзе хахахахах Глупача! Па не може да те копира тебе бе душо! Убаво што така и се случило
Ех што да правиш има и такви.....и замислете се што јас ке купам, се таа тоа го има ама баш истото пробувано, ама немало број, ова она...е сега се зезнала ептен...а купи штикли пред 2 недели..ама пуста имитација, мора она ко и јас, ама ете си доби она што си посака...
Така е ! Па не може таа да има се што имаш и ти! Таа не е ТИ! Само некогаш можеш да и го сплескаш и да остане како попарена да не знае што да ти каже... Ма само уживај си и не се замарај за таквите позз
па ме измрдаа од памет тие трубите на фудбалските натпревари кај ги најдоа бе тие,како ке си го гледам фудбалот,ке се побудалам до крајот
Јооооој што ќе се прави летово ме фаќа нервоза пошо сум во исчекување и не знам што ќе биде мора да се работи пари нема..
баш темава како за мене значи у овој момент ми иде оние главнине со се на фб да ги заколам и под најитно да ми објаснат со ми се дешава со акаунтот башка братми ме нервира ми ги испуши сите цигари па и него ке го акнам лелелелел еееееееееееееј значи стварно сум нервозна!!!!! али знам дека ке помине така?
Не бива веќе вака... нема само овде да се испукам, ќе се испукам и пред него... па ќе види тој... мене ќе ми забранува, а тој ќе прави што сака... е па нема, веќе не...
Преку таквото од работа работа и само работа ама тоа ти е туѓина што да правиш, ќе рмбаш како коњ, крај краева сама си бирав кој ми е крив сега, и на крај да ме викаат будала а ? Епа добро на будалава веќе нека не и се обраќаат, срам да им е најблиските секогаш ке ти забијат нож в грб баш дека од нив не очекуваш.
Смачено ми е од животов никаков.Значи веќе сите станале тешки морони и секој само за себе си гледа !!!Ќе излезам со таканаречените мои другарки и една личност мора секогаш да доминира и да се истакнува.Што е проблемот ма со тебе ,зошто ми се правиш другарка па после гледаш само на некој начин да ме омаловажуваш? Може криво ти е ако мене ми посветуваат повеќе внимание во друштво,може зошто мене повеќе ме загледуваат машки или што!?И после што, јас цела вечер ке плачам ќе се нервирам за дебили на кои воопшто не им е гајле за мене,за другарките кои по цели недели слушале како ми се свиѓа некој па после се фатиле со него!Не можам повеќе да замислам на овој начин да живеам.И на крај краева се мислам што не е во ред со мене,како да се променам за да ме прифатат,а всушност и нема причина зошто така да ми враќаат кога секогаш сум била тука за нив,сум помагала на сите и што добив-сите да ме искористуваат и дежурна будала да станам.Браво за мене!!!!!!!! Немам свое јас и немам храброст за да им дадам до знаење дека ова вака не иде,а и на таа кретенка да и го покажам местото бидејќи другарки не те оставаат во позадина и да ти вртат грб па да не можеш една бедна реченица да кажеш а некој да те слушне.
И што дека се видовме после неколку месеци сосем случајно на улица? Мислиш времето ќе продолжи од таму , каде што јас го запрев нашето другарство? Другарке моја (ова е епитет, не знам како уште го употребувам зборот за тебе), НЕ - Нема да те поканам на мојата забава, нека е детски и незрело, нека е 100 пати детинесто, НЕ - Нема да дојдам таму каде што ти ме покани мене во твоја чест! Или уште не ти дојде памет, или ти дојде - ама се правиш просто наудрена! Не знам што повеќе ме нервира! Е**те таквата другарка, покрај тебе непријатели не ми требаат.... Божееее....
Ало бре луѓе зар вашите животи се толку едноставни што се замарате со мојоооооттттт???!! Аман више! Вие ќе кажувате кој со кого бил, со кого излегувал што пиел и 300 глупости ццццц немисе верува се какви муабети шират луѓето од чиста љубомора!!!! Дај престанете више досадни сте!! Сум била со тројца. Ма како да не!! Цкцкцкцк на вас не ви е арно! Па добро замарајте се со мене така ме правите центар во вашиот неинтересен живот и ипак јас сум најважната! Поззз
Добро до кога ќе ме ставате на средина?!? Што сакам ќе си одлучам! И со кого сакам ќе си излезам. Кога ќе сфатите дека јас не сум марионетка па да правите што сакате со мене?!? Когаа?!? Сега сум на средина, ни лево ни десно..Ако отидам лево, едните ќе ми се налутат, а пак десно другите. И што треба сега јас да правам?!? Да се нервирам и да внимавам дали ќе повредам некого, а вие...уживајте си вие срцки мои. Ќе дојдат и моите 5 минути.