Како бе со куче внатре? Јас моево не го пуштам внатре, не на други. Па и нигде немам отидено со куче на гости, а за ненајавени клуч.
Е што е толку страшно? Ваљда е чисто и дома го чуваат, може и салонско е од малите раси. Ама ако не сакаат куче внатре тогаш не е во ред да им се тупнат дома па уште и ненајавени, тоа си е веќе друго. Јас искоментирав општо и тука мислам на кучкарите кои дома чуваат миленик и не им е проблем и на гости да идат со миленичето, секако со амин од тие кај што идат на гости, и они да немаат проблем со тоа.
Сепак не се оди на гости ненајавени, па и со куче, може на некого му смета, не сака кучиња внатре, јас лично не сакам колку сака нека е чисто, а во двор кај мајка ми имам куче и мачиња, љубител на животни сум, ама не би чувала внатре, некои не се љубители на животни и ништо страшно. Пострашно е некој да дојде ненајавен, може седам по гаќи дома.
После толку време буткање, на крај почнувам да се разочарувам зошто работите се половично завршени. Зависни се едни од други и добро е што едната е завршена ама другата? Значи не може да се почне со нештото. Како да имаш кола ама да немаш бензин и бензинот ти е на 3км со препреки и силно невреме. Ме обесхрабрува затоа што често заглавувам вака, а не зависи од мене.
Многу разбирам дека треба да се ценат парите. Ама добро бре не ли им е срам на овие гастарбајтерите што дојдоа и ги испразнија најевтините продавници? Ништо не оставија на оние тука што навистина немаат. Ги гледам стокомак, кам испразнети, претежно од најевтините производи, козметики и хемија, што претходно не беше случај. Ќе се пазареше ама имаше за сите. Сега празни полици. Полнат по 2-3 колички од најевтиното, па ги слушам „ама сакам во евра“ мавтајќи со парите во рака иако знаат дека не може...да се покажат дека имаат. Додека поскапите маркети уште си се полни, овие не можат да постигнат. А и народот што е останат со македонска плата и пензија не може од нив да стигне ниту едно поевтино сирење да си купи. Илјадарка за нив ништо не е, ама за овие со македонски плати и пензии и те како е голема разлика! Многу мизерно.
Човечки ја прашувам да ми дообјасни што треба, а таа ме вреѓа. Зошто само со лошотилаци си имам работа? Та Господ, та универзумот, та кармата... Сè да ја стигне, да ја казни најлошо. Бел ден да не види.
Отиде јадењето!!! Два саати го варам во мир и тишина , децата спијат, му ставам сол, вегета и таман да му стаам црн пипер ЅЅЅЅЅРРРРРРРРРР!!!!! звони господинот на телефонот, пола шише пипер отиде у манџата!!! И после се лути кога го гасам телефонот!!!! Ти ебам и документи и све! Седи гладен сега! Најголем малер сум коа ќе влезам во кујна, абе за ништо не ме бива!!
Dobro sto tolku razlika vo rabota ima za da platite vo IT sektor se duplo pa i tri pati pogolemi od "obicnive" raboti, zaso e tolku NEfer sve?! Se baralo imalo pobaruvacka, tuka e idninata, epa ne sakam na kompjuter da visam cel zivot!!!, malce sme kako roboti so telefonive uste na rabota da dzveram vo ekran.. Koga kje uspeam vo nesto svoe, sekogas kje gi cenam vrabotenite i kje bidat dostojno plateni i pocituvani Dosta mi e od gazdi sto gledaat da te iskoristat do maksimum i da se bogatat na tvoj grb. Tolku.
Значи толку простоилок во толку млад човек незнам како може да постое не ми е јасно. И после ние сме тиа што може да смениме нешто неее во оваа земја никој ништо неможе да смене за жал ...
Ех најлесно е да се сака Македонија од друга држава, ако толку ја сакаш како што велиш што си избегала од Македонија, седи тука и трпи неправди, па уште со знаме Македонско на плажа, сите што се прават патриоти избегаа, и јас кога би имала шанса би избегала од тука, ама не се удирам во гради колку ја сакам Македонија, ај кога ќе си отидам од тука можеби и јас ќе ја сакам од далеку...
Се чудам, како може во млади луѓе, да им толку многу завит и љубомора. Ти завидува на едно парталче што си купил, а не на нешто друго