Ja sto oati sum kazala ajde Da ne sum ovde tolku kao da kazam da pisuvam ova ona. Ke organiziram Ne mislam posle 10 god ovde da se izdadam na sve pisano.
Идат големи предизвици и ме фаќа паника. Не сум човек што се плаши од нив, напротив, и те како сакам предизвици, дури некои и сама сум ги предизвикала, ама не од ваков калибар. Како ќе биди само севишниот Бог знај....
Ми се плачи ми се рика, онака да вриштам на сиот глас, дур не ми помодри цела фаца. Мислам дека ако почнам сега до утре ќе плачам. Тешко ми е, а не знам шо е тоа. Ај шо ме мачи ПМС скоро две недели, ај шо не сум спиена ко човек, се некои кошмари, чудни фаци и дешавки, ај шо психата и чувствата ми се пореметени, ај шо изедов цело 300грамско чоколадо, ами шо не знам да се искажам? Да формулирам една реченица.... Ко првооделенец, сакам-кажам-не-знам-речам... АДХД ми е зголемено, седнувам да учам по три предмети наеднаш, ништо не сфатив и не прочитав, по ниту еден предмет. Ај шо сум емотивна до бескрај. Мислам дека на реклама за јогурт ќе заплачам. Болки имам секаде, од очи па се до најмалото прсте од десната нога. Со сите се скарав, никој не ми чини. Многу брзо се раздразнувам, избувнувам за ништо, без причина, после се каам ама џабе. До кога вака? ДО КОГА И ЗОШТО?
Во ПМС ни се поизразени сите емоции стравови и слично. Земи напиј се нешто за смирување овие денови, исто разговарај и со психотерапевт. Во истата каша сум и јас, не си сама
Ама тотално ми е преку кур од све. Од работа, фамилија све. Сакам да се изгубам на две недели како воопшто да не постојам на светов да наполнам батерии.
Дали и покрај се' што ми се случува сте решиле да ме нервирате? Докрајчете ме, малку е ова што ми го направивте.
Ко недоречена се осетив, па да се доискажам. Дури и малку се надевам дека женава е членка тука па да си прочита. Не можеш у сред центар во 8 сабајле да стоиш на паркинг место и да си го чуваш за маж ти да паркира. Па уште самоуверено ми мафта со прстот дека не може да паркирам. Требаше да те прегазам и да се паркирам, а не да те чекам да се тргнеш. Која самоувереност еј. Сама со бебе во кола сум, она ќе ми чува стража на паркинг место, ко божем како сепаре во кафич и е резервирано.
До кога ќе се оправдува силување? До кога од монструмот ќе правиме невино цвеќенце? Ми се гади од вас! Не знам што ме плаши повеќе, дали воопшто да родам дете, или на кој ќе му го родам тоа дете. Ексик од вакво општество!
Ти ја отворив душата! Се што мислев и чувствував ти напишав, онака најискрено.. И после се сакав да знаеш како ми е. Мислев и тебе ти е исто, но сум се излажала.. На толку пишување, мислев ќе допре до тебе, ќе ти проработат чувствата, бидејќи јас со солзи во очите го пишував тоа... Но ти ме спушти три метри под земјаата, твојот одговор беше дека моментално немаш време да го прочиташ сето тоа, а кога ќе се ослободиш и кога ќе го прочиташ ако имаш нешто да кажеш ке ми кажеш.. .. Помина цел месец од тогаш, ваљда немаш ништо да додадеш.. Како бе .. ?? "Ако не им кажете како се чувствувате како тие ќе знаат" Се водев по тоа но страшно сум се заебала...