Работам во маркет, вчера работното време ни беше до 18:00 часот.. Јас неможам да поверувам каков народ сме.. Изроди.. Дали мора во 17:45 минути да пробуваш палтиња, да бараш величини, и на крај да не купиш ништо.. Зошто во последен момент на секого нешто му фали, да докупи и слично.. Што си викаат, еееј маркетот работи до 18 часот..ќе отидам во 17ипол.. а во 18часот редици на касите.. Нехумано е
Колку и да се трудиш, на некои луѓе не можеш да им угодиш. Ми се смачи по милијарда пати да се објаснувам што мислам и што правам. Гледам да е добро и убаво склопено и пак наоѓаат мааани. Не зборам кинески, бе. Зошто е тешко малку повеќе да се вклучи мозокот и да се размисли пред да се нападне?
Можно е бе олкав папучар да е станат другар ми? Одбивен ми е ми иди да го заебавам, најискрено. Ај почит и разбирање разбирам ама ова веќе не е нормално хаха.
Не е папучар другар ти, човекот знае како да сака вистински права жена или девојка што и да му е. Извини, истиот машки род го делиме ама не можам да разберам зошто сте полни со осуди или пак едноставно вие криво што не можете да сте на местото од другите? Фрустирачко делува ова Штарк. А и така ќе си го загубиш и другарството, веруј. Ако ја сака вистински и ја гледа како принцеза тоа не е папучарство, напротив машкост. Шо треба да прави, да си игра со нејзиното трпение, нејзините чувства? А знаеш дека чувствата се најтешко и најгадно нешто шо може да ти се случат и да се повредени, не е фер ниту хумано, демек глуми Алфа мажјак. Машкоста се истакнува поинако, а не да се стави приматот машко сум и сеа шеф сумџ Алфа. Не те осудувам и напаѓам, само ми падна во очи и фрустирачко е кога го осудувате другарот оти бил приврзан за неа, абе ајде. А за на маса го барате не е папучар тогаш.
ЗНам како е да се гледа ко принцеза, затоа што и јас ги третирам така. Ама ова е врв и не би сакал да должам овде да се објаснувам зошто ме напна.
Можеби малце се осеќаш љубоморен ако и посветува повеќе време, ама добро е има надеж чим има такви мажи сеуште... Оти утре другиден тој со неа ке си го тера животот, секој од другарите ке си фати свој пат, нема тебе дома да те донеси да јади пие и спие со тебе... *Јас имав еден скроз контра од другар ти, нормално бивши абе шо да ти кажам дека е мачо мен? Апсолутно не, ако има која да го трпи да е на последно место после сите другари и познаници, слободно
Познавајќи го негово и пред неа и сеа, мислам дека ја изгуби независноста и слично. А општо гледано треба да се разграничува малце од почитување и третирање добро и папучарење.
Е да треба да се разграничи, не треба да ги занемари другарите од детството никако не сум за то, треба да се најди баланс и да знај да ги испочитува да најди време за двете страни