Уффф, поарно да не мириснеш бездомник. Еднаш влезе еден во возот во кој се возев, и иако врнеше надвор јас излегов на следната станица. Не се трпеше
Аууу сега сфатив колку ме иритира организирана манипулација. Закажуваш дружба и се мислиш како да елиминираш други т.е сами да се откажат од средбата. Што се нема на човек да му текне страшна работа
Знаеш шо е најако, коа глупи ко ку*ац ко шо ги напраил таквите, уопште и не се провидни. Ама тоа е коа e дозволено да се се коти глупоќата.
Аман со зајадливите кометари, аман... Не бирав да се закочам и заседнам. Не сакав. Вие ме направивте таква. Ако може бар еднаш во животов да ми се насмевне среќата, нема да морам да ве трпам. Колку подалеку, толку подобро.
Држава без ред, нефункционална држава без нормален систем и кадар не може да биде ДРЖАВА, точка. Како може бре најголемиот ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ во државава да загуби документи?? Алооо документии. Какооо брее?? Луди ли сте вие луди.. глупаци едни. Оти Уким го немало на Шангајска листа, абе изгубен случај сте, ни на последната дупка на свиралото ве нема а не пак на некоја листа. Ова шо го прајте е ИЖИВУВАЊЕ и ИДИОТИЗАМ, ќе си платите за сите гревови напраени, аир да не видите. АИР !!!
Да ми ја објасни некој несоницата Шо до толку па да не можам до 4 да заспијам Та да морам да земам диазепам. Утригрде
Ми текнува како за 8 години не научи да правиш разлика меѓу печатни и ракописни букви и упорно ги мешаше, како мамеше на сите тестови и нечесно доаѓаше до 5ки, како си измислуваше приказни за некои кои не ги знаеше и како гледаше на кои соученици им прават булинг и си молчеше наместо да потврдиш. Ти не заслужуваш ништо од тоа што го имаш. Треба да патиш тродупло од оние на кои не им помогна. Ми текнува и на оној перчестиот. Ист си е со години. Не прифаќа каде има утнато. Суетен е. Можеби требаше да бидете заедно. Ѓубрето оди со ѓубре...
Никогаш не ги сфатив жените што се нервираат и им смета ако некоја носи иста облека како нивната. Ама тоа нерви кинење, омраза зошто и она исто како моето купила. Ужас! Мене баш ми е мило ако видам дека со некој носиме иста облека, не разбирам која е потребата да се хејта толку беспотребно. А, да. И од утре нема повеќе да го носи тоа парче облека, бидејќи и Трајанка исто си купила како нејзиното!
Значи имам една “другарка“ која искрено не ја сметав за нешто многу блиска ама сепак ми беше другарка. Епа добив јак нож у грб од неа, дознав дека ме издала за нешто што и се доверив и за малце ќе ми јебеше тоа се, и уште сеа дознавам дека типкава јаде гомна за мене по град??? Не паѓам на ниско ниво како неа за да и пишам и да изнакажам се што мислам пошто и тоа и е многу. Не дозволувам толку внимание да и посветам. Ама не дај боже да ја видам на улица, прво ќе ја плукнам па после ќе ја исчукам. Сакам само да знае дека иам многу ниско мислење за неа, за разлика од мене, која само она јаде гомна за мене по град, за неа големо мнозинство јадат гурабии и не ја сакаат пошто е тешка психопатка. Стварно не сакам да ми се појави никогаш пред очи веќе. Криво ми е што и посветив толкаво внимание и навистина се потрудив околу неа. Мизерна си и премногу очајна, многу лош менталитет имаш, психопатка си, дечко ти никогаш нема да ти се врати и ќе останеш сама.
Си кажав дека не сакам да ставам акцент на ситните негативности и денес качив температура, снемав нет сред работа, ми се истури кафето врз штотуку облечена облека, ми се рестартираше пц со сѐ цела незачувана работа и гледам дека не се зачувале работи од неколку дена, отворени ми беа триесетина табови спремни за утре (сега не знам ни кои се некои од нив зошто ги средив деловите од каде што ги извадив како завршени и не знам кои се), ми се заклучи профил, ми се заклучи меил.... И тоа е само што ми текна, а пак тие работи што решив да ги игнорирам... Иди после концентрирај се само на позитивно
Највеќе во ваква ситуација ме нервираат луѓето кои што само зборуваат, а ни со прст не би мрднале да помогнат.. Џабе ти се тебе што слушаш вести на сите канали и што кукаш ,,жално, жално" и што ја осудуваш државата кога тебе ти одговара таа држава за да можеш да си завршиш се преку врски и џабе аплаудираш на луѓето кои помагаат и велиш ,, секоја чест на вакави, малку се такви", а што не бидеш ти еден од тие може немаш стан да подариш како нив, може не си многу богат ама барем 100 денари од џеб можеш да извадиш и да ги донираш, за храна, вода.. Ти кажувам дека незнам што ќе се случува незнам дали ќе има предавања, а ти на тоа ми велиш ,,ама зошто вие да не учите, немој случајно да те видам на протест.. ", ти што кукаше како ние нема никогаш да се собереме на улица како Србија па баш и нема со такви луѓе во државата како тебе што седат дома гледаат преку телевизија и плукаат преку телевизорот врз државата уште пуцки фали да си земете, крени се од твојот удобен кревет дома и крени глас секој да те чуе, а не згора на тоа и другите покрај тебе да ги сопираш... Жално каков народ има се жалите на системот, на државата, а ви одговара за вас преку врски да работи. Никој власт нема ништо да смени ако прво ние не се смениме, не е решение секој вака поминува ајде и јас најмногу сум мразела такви работи. Не е едно нешто пропаднато во државата се е пропаднато, и не е еден крив сите сме. Целиот народ ни е пропаднат, себичен, без почит, љубоморен и што треба вакви работи да се случат за да ви светне во главата... Ретки се вистинските хумани луѓе, ретки и оние во вакви ситуации што се прават хумани се за да им рече некој браво а не затоа што стварно се хумани.. 90% сум сигурна сега факултетите што нема да работат половина од студентите се радуваат... Сите сме виновни не еден.. Сам еден не може да смени многу, ама можеме сите да смениме и ќе појде на подобро.. Само знам дека и овој пат ништо нема да се смени пак ќе испадне виновен некој веќе починат, за да не се казни оној со врски, ништо со години нема да се смени.. Ќе се смени тогаш кога во државата ќе си ја убиете и иселите сета младина. Нема да смените на избори ништо кој и да дојде на власт си собира пари он да живее како крал, ние треба да бидеме посовесни. Штета што никој нема ни овој пат да мрдне со прст само лаги ќе се кажуваат ниту пак ние народот ќе се побуниме...
Идиоту еден репаст, се надевам дека касиерките више нема да ти дозволат да им припариш до маркетот. А, за она што го направи денес со пуштеното куче, дај Боже да те стигне кармата до вечер. Па, више да не ти текне да изложуваш луѓе на опасност и да не навредуваш жени!
Пратив две CV во иста фирма. За едното сум overqualified за другото ги исполнувам сите услови, а одговорностите се слични само едното е неплатено другото е платено. За неплатеното ме примија, за платеното не. Провидни се веќе, само за беспари сакаат да им се работи, а демек пуштаат повеќе огласи. И тоа 6 месеци за беспари. 6 месеци без никаков надомест! Нема проблем, од воздух ќе живееме. Помина времето кога се работеше „за искуство“ без никаков надомест. И тоа го имам поминато, знам како е и препорачувам никој да не прифаќа такво нешто. Еден до три месеци е во ред, ама 6? И тоа нема никаква гаранција дека ќе вработат туку едноставно може да најдат нова жртва што ќе им работи за беспари нови 6 месеци и така до недоглед бесплатна работна рака. Ептен забегале!
25.01.2025 и позајмив пари на една личност,требаше да ми ги врати "за неколку дена" поминаа неколку месеци еве,а од нејзе ни трага ни глас. Не ми е толку криво за парите,колку што ми е криво што сум наивна.Сметам за пријателка личност што ме гледа само за корист офф..
Многу мразам луѓе што ќе ти го зафркнат цел ден. Дошле од друг град, ми се јавуваат и ми велат "ние сме на пола пат, имаме нешто работа во Скопје, па да пиеме кафе". Алооо не се кажува во 5 до 12, не висам на закачалка па кога ќе ви текне, секој си има нешто планирано.
Оф како ми се има насобрано.. имам еден круг на луѓе околу мене со кој сме блиски едно добри 10-15 години, ама бре луѓе, абе јас веќе не ги препознавам бе..... Абе измами, рекла казала муабети, сплетки, љубомора, токсичност во воздухот се осеќа, даваат мислење без да му побараш, само да те навредат, да те омаловажат.. абе ми се гади кога ги гледам Така би му сошила се во лице, она сочно би им опцула, ама ајде ќе си останам доследна на мојата култура!
По заостанат народ од ОВАЈ нема и нема ни да има никаде во светот Теле се учи бе теле а не вол СО КОЕ ПРАВО секој идиот станува таксист??? Има лиценца? Има обука? Што има? Воспитување? Што што што? НАЈОДВРАТНИ шофери сте вие, вие и тие дистрибутерите со комбињата Се само вие се брзате, се само вас ви се брза НАЈГОЛЕМИ причинители за сообраќајки сте вие камикази едни Камиказо ова ни во јапонската армија го немало КАКО МОЖЕШ БЕ ДА ПРАВИШ ПОЛУКРУЖНО вртење директ од паркинг а притоа на 5 метри имаш РАСКРСНИЦА ?????? Па на 400 метри имаш КРУЖЕН ТЕК!! ИДИОТУ ПРИТОА ми влегуваш во лента на која имам право за излез од раскрсница 1 метро фалеше да ме удриш во предница, немаше ни метро, среќа на време те видов камиказо одвратна, штета огромна ќе напраеше а не дај Боже крилото од колата во мене да влезеше ауу Секој земал кола да вози леле бе со кој делам воздух леле ни крив ни должен ќе настрадаш, ќе ме убиеше на млади години кај ќе ти одеше свеста тогаш
Како човек да се снајде и да успее во нашево општество, каде владее неорганизираност, хаос, пропусти, непоставување битни работи како приоритети? Сето она што треба да биде изменаџирано од повисоките органи, а не е ствара револт и немир кај граѓаните, доведува до расправии меѓу нас. И кога ќе кажат: Само позитивно, многу труд и жртва. Но до кога? До кога ќе се соочуваме со милион пречки, а јасно гледаме дека ќе успееме кога ќе поминат по ред оние со најмногу среќа односно врски?