Овие од Дион помфритот бајат ми го пратиле срамота бе па уште поскапо го наплаќаат по достава кога е а немаш кај да се пожалиш
Леле бе што ќе беше со овие безосетниве што зборат без престан немање емоционална и социјална интелигенција до толку да осетат дека ти е непријатно, дека се брзаш, дека културно сакаш да ги прекинеш, не бе зборат ли зборат се у круг едно те исто и ништо паметно да се кажело мелење празна слама
Кој ве створи волку глупи, бе? Заради тоа шмулено ве весла како сака. Заслужувате да бидете оставени сами.
Ќе полудев додека не можев да тренирам, не можам преку истото пак да поминувам. Се надевам дека така нормално си е да ме боли коленото и дека нема да морам да се откажам од тренинг. Нема шанси поради едно глупо колено да се откажам! Само што почнав да се враќам во форма. Незнам може и прерано премногу се оптеретив, ама што да правам бе дома да седам, секој план да си го одложам ради едно колено и да полудам дома? Нека ме боли ми е гајле, без колено ќе се живее, ама без тренинг тешко!
Како така без колено ќе се живее? Штом имаш правено интервенција, ќе чекаш толкав период колку докторот ќе ти одреди и кога ќе осетиш дека си спремен. Полека, без многу оптеретување пошто у почетокот ќе боли.
Претпоставив.Ај одмори неколку дена.Ставај ладни облоги и напиј се Вентор или Ибупрофен.И не го оптоварувај со тешки тренинзи.Не знам колку време ти е поминато од операцијата ама не си играј.
Арно кај што дојде ти да ми направиш математика за пари колку би заштедиле ако месечно земаме толку и толку пари ,и колку на крајот ќе ни останат годишно...од вакви си патиме дома што не гледаат него во туѓ џеп пикање ,мислам не побарав некој совет од економски аспект ти стручњаку
Почна сезона на плискање вода на тераси.Една во центар цела ме потури со валкана вода ,додека во зграда комшијата фрла на тараса ,секој ден,леген со вода,и цело попладне се цеди тоа водата врз моја тенда ,капка по капка,чувствувам како да ме клука на глава ,тој звукот .Древен кинески метод на измачување до конечна смрт .
Ќе се најде ли некој на светот,а да може да ме разбере? Ќе се најде ли некој на светот што нема да ме обвинува секогаш мене,за неговите постапки! со ноќи не спиам,за друг да има добар сон ќе се најде ли некој што знае да ја чита љубовта подобро од мене? Ќе се најде ли некој,во кој ќе можам да се скриам од целиот хаос,да одморам,без да ме растажува и навредува? ќе се најде ли....
А, бе јас со политичар го изметив подот, па од вас ли да се плашам? Вие кои немате постигнато ништо големо и значајно во животот и никогаш не наоѓате вина во себеси, вие ли сте толку битни? Не ми е гајле веќе. Лесно можам да ви го завртам грбот. Ќе ме барате, но нема да добиете одговор.