Mеѓу политичарите се наоѓаат ваков тип на луѓе и ќе се изненадиш колку ги има на број. Ама за жал во Македонија пола и повеќе се прости луѓе.
Ако сум млад и не искусен, не сум глуп знам што и како треба да се работи. Не значи дека ако нема никој од поискусни и одговорни може да си правите како ќе ви текне! Незнам ни кај ве најдоа со вас да соработуваат при прв прилика гледате да уништите и да изгледа како вина на други! Сум немал искуство незнам што не сум ни бил стажант туку на платена пракса, како смееле сам да остават. Ми вика "што ти е гајле и да се деси нешто твој потпис никаде не стои". Најмал проблем е кого и дали ќе казнат. Што не си правиш така дома кај тебе ако е безбедно? После кога виде дека не може да ти помине тоа кај мене и кога други се вмешаа, одма менуваш "се шалев јас да видам колку си научил". Воопшто не делуваше како да се шалиш. И незнам што има да те интересира кај е денес одговорниот, учителката моја како што рече ти, ти кога не беше оној пат никој немаше за замена, макар и некој како мене она ги надгледуваше и твоите работи.
Кој/а и да го прегази и уби мачето пред Рамстор Мол, дај Боже да го/ја стигне најтешката казна од горе ида заврши во најлошиот круг во пеколот! Кога нема милост и совест, не заслужува да живее мирно!
Значи дали јас не сум во тек или не знам што е работа. Дали има еден нормален оглас за работа??? Вчера се јавувам во една приватна ординација и убаво си прашав дали е слободно работното место.Ми рече да слободно е ќе ти пратам на вибер меил да пратиш CV. Пратив и конечно помислив конечно нешто добро ми се случува после 3 месеци лудило и кошмари,ми враќа за 5 мин Почитувана местото е пополнето.Па иди во пм.Вчера не знаеше да ми кажеш дека не е слободно??? Дали ова со непостоечкиве огласи е само кај нас или секаде е вака?Вработуваат па пуштаат оглас за работа.Зошто во 2 дена 6 вакви одговори добив.
Не се повлекувам бидејќи сум наивна напротив несакам да се расправам со невоспитани кокошки и вообразени
Денес си идам дома и ми кажуваат дека кучката удавила мало маче.. Таа што ја сакав многу, ја чувавме, од улица дојдена. Отсекогаш си беше специфичен карактер, но не мислев дека можи олку далеку да замини. Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но не ја сакам повеќе. Ми се згади и не ми е гајле дали е жива или не од денеска. Мачиња беспомошни ми се најслабата точка и било човек или друго животно да им наштети или убие, ги мразам инстантно. Не ми е гајле ни за инстинкти ни за ништо. Дошло од некаде, или некој го фрлил тука, моиве го хранеле со денови. За оваа да го најди каде што спиело скриено и да го задави на место. Не ја храниме веќе и ја бркаме подалеку, се надевам дека ќе замини сама некако. Мислам дека најлошата страна од мене ќе излезеше во тој момент кога го направила тоа да бев дома. Преку сѐ ќе поминам ама преку ова никогаш. Не велам дека од сега ќе мразам кучиња општо, или дека ќе одам out of my way и на кучкава да и наштетам директно, пак ги сакам ко животни. Но куче што го има ова направено е еднакво на мртво за мене. Пред мои очи да се случува, лошо ќе си помини, то гарантирам. Можат љубителите на кучиња да ми судат колку сакаат за ова, но никако не можам да преминам преку вакво нешто. Го изнаплакав кутро маче а не ни го знаев.
Кога ќе свртиш на сериозно е тогаш одма сте сите "ама знаеш се зезав,не мислев така" и останати пресмешки за вас....ајт таму се си има граница
Ќе се надоврзам на твоево мислење, затоа што сакав на истава тема да се искажам и јас. За мене нема разлика меѓу човек што малтретира животни и што малтретира друго човечко суштество. Чим си способен да повредиш невино живо битие кое не може да се одбрани, способен си и човек да убиеш. Никој не може да ме убеди дека такви луѓе се нормални и тие луѓе никако не смеат да се шетаат слободно, затоа што се опасни за околина. Никој не те тера да сакаш животни и да чуваш миленик, разбирам и кога луѓе имаат страв од кучиња на пример, ама, да малтретираш... дефинитивно нешто сериозно не е во ред со таквите (не)луѓе. Не можам, многу се потресувам кога ќе прочитам ваква вест.. Не дај Боже некој да се осмели кучето да ми го повреди, не сакам ни да замислам...
Јас не знам како се чувствуваат после тоа од кога ќе прегазат маче или куче. Не сака ли да се врати да види што направил, или пак да подзастане малку кога ќе види дека претрчува? И зошто нема закон за таквите работи? Прегазуваш животно, затвор! Само така на ред ќе се научат сите.
Абе тие уво не ги боли кога ќе прегазат човек,ти за животни збориш.Не не се замараат.Тие истите немаат емпатија.Немаат грижа на совест.
Има луѓе кои животните ги сметаат за ништо, човекот е царот, другите животи се небитни. Ќе го шутне да не му се плетка, ако го изгази, тоа е еднакво на комарец да убиеш, никому ништо. Е друг момент, прегазувањето е несакајќи, ама барем да го земат да го однесат некаде други луѓе да не го гледаат.
Кај одредени животни има повеќе лојалност отколку кај луѓе, пример кај волковите исто и кај гавраните го има ова.. Или па кога ќе видам како мајките животни ги бранат малечките а некои мајки нарциси немаат ни мајчински инстикти..
Стварно ми е доста од се веќе. Не замислував дека ќе живеам ваков живот, ни на крај памет не ми беше. Малку среќа да имав барем, малкууу. И малку, ама малку бар, да знаев да се спротиставам, да кажам НЕ, да кажам дека и мене не ми е се под конец. Малку бар да имам храброст можеби и ќе си створам нов, поубав живот. Можеби, нели?