Денес така си размислувам на тоа како некои големи таленти за спорт се разочарани, не сакаат да спортуваат и онаа изреката не се плаши од волкот ниту од лавот,плаши се од овца или од болва.Многу сум револтирана кога некој кој има 0%талент за некој спорт го форсираат,ок што го форсираат родители те,ама тренерите.Ако не те бидува за спорт не се лажи, не верувај во нешто што нема никогаш да се случи,не одзимај место на деца таленти. Пронајдете се во нешто друго.
Знам дека не е фер да мислам вака, ама навистина не поднесувам несигурни луѓе, не поднесувам глупави луѓе, не поднесувам неспособни, мутави особи кои се тешко снаоѓаат во едноставни ситуации во кои јас би се снашла во 3 секунди. Не поднесувам луѓе кои не се способни да размислуваат логично и објективно и кои не знаат да комуницираат т.е. да се расправаат на зрел начин, бар до некој степен. Не дека сите овие одат заедно, ги мразам сите посебно. И кога некој има овакви изразени карактеристики, ја буди злобата во мене, затоа што имам 0 стрпение. И да, се осеќам грдо што го велам ова. Еднаш го пишав и више никад, излезе негативата од мене. Бај.
Мислам до кога ќе бидам вечен губитник?Тоа нема смисла повеќе,губи еден,друг ,имаш некој кој како да го немаш.Лудило некое што мора да заврши
Сабајлево колава не ми палеше. А како ќе ти тргне понеделникот така неделата. Заради стресот на работа и динамиката деновите како секунди ми проаѓаат. Дали вреди да се работи 10 саата дневно за еден одмор во годината, два три викенди и цело време нервоза??
Дали може една постапка на некој најважен, некој што ти бил центар на универумот, да ти стане рамна линија? Дали до тука било?
Плаќајте Вие казни со сејф сити. Артан Груби си иде у куќен притвор за 7 милиона евра грабеж. А вие чудите се од каде пари за казната и кој ќе вози место вас да го земете детето од градинка или школо или да идете да го однесете на доктор кога судот ќе ви ја земе возачката. Ти се мочам на државата.
Во петокот ме казнија поради немање полномошно за управување на возило од татко ми.. и цел ден не испрашуваа дали сум го УКРАЛ возилото од сопственио татко..
За џабе ве казниле? Не, сте направиле прекршок и ве казниле.. Убаво си постои закон дека без полномошно не можеш да возиш возило што припаѓа на друг, од кај знае полицаецот дека не си го украл и дека имаш дозвола од татко ти да го возиш.. Што се однесува до сејв сити е најдоброто нешто донесено кај нас, нема мито секој ќе се казни.. Ако толку ти е за детето ќе си почитуваш закони и никој нема да ти земе возачка..
Е како можам да си ја украдам сопствената кола. Да беше од комшијата ок, ама сопствената, гледа полицаецот дека сопственикот е до мене и гледа дека на иста адреса живееме..
Јас колку шо знам полномошно треба да се вади кога патуваш надвор од државата и возиш кола шо не е на твое име. Ќе се земам јас за пример а и многу млади на кои родителите им го финансирале полагањето и 80% немаат пари веднаш да си купат нивна кола. Сите сме свесни во каква држава живееме и колку е сеʼ скапо. Таман работа да морам да вадам полоношно за да ја возам колата на татко ми низ град, банално е.
Ако е така нека поднесе приговор, татко му ќе сведочи дека бил во кола, мислам дека од казна за 7 дена по казната може да поднесе приговор. И мене ми барале полномошно кога возам кола во сопственост на родител, ама секогаш имав полномошно..