Некои личности толку многу лаги ти изнакажалле што кога ќе кажат нешто сериозно не знаеш дали е пак само една од илјадниците лаги
Јас мислам дека и тие самите почнуваат веќе во ваквите лаги да веруваат. Не си го сакаат светот во кој живеат а ни сами себе, па си бегаат од реалноста.
Преценката ми е ретко грешна, и не знам зошто не си го слушам внатрешниот глас. Имаше црвени знамиња на секоја интеракција и не знам зошто очекувам било што нормално. Само нека помине викендот добро, и наредната недела да почнат да се редат работите, имајќи опција за преговарање затоа што стварно не знам како би постапила. Без да отерам се' каде треба и да тражам на ново. Соу плиис, бер уит ми енд лет ми гет уат ај ниид
Сакам шала на своја сметка, ама многу ми е глупо кога е во некој негативен контекст на женење, какви биле жените кога ќе се ожениш, за свекрви, особено кога дм е со мене.. Сигурно не е со лоша намера, ама не ја разбирам поентата на такви шали, знам дека може е поради времето во кои се растени тие, ама мене ме нервираат.. Уште сега ме воспитала, што ли ќе било после.. Да, јас чекам таа да ме воспитува, јас мутав сум не знам да ставам сок на гости и направам кафе. Сега кафе, утре зелник ќе сум месел, порано женското се покажувало, сега машкото. Друже што се покажувам си ми дошол на гости, што треба да правам? Уште па свекрвата ќе требала двајцата да не пегла , ниту сега ме пегла, што би после? И на крај се шалам ми вика, немој ти да се налутиш.. Не, таман рабта, имаш среќа што си постар и што си и роднина..
Не разбирам како некои машки се толку упорни и покрај тоа што очигледно не сакаш ништо со нив. Има еден лик еве 5-6 години назад само ме додава на фејс и инста, ми нуди пријателство после месец дена ќе тргне понуда, смени профилна и пак, еднаш на фејс, друг пат на инста, 2-3 пати и го блокнав од што е додаден ама не тој упорен си прај нови. Очигледно не сакам да те прифатам, терај си со живот!
Денес дојдоа да ми уклучат интернет преку друг оператор,пошо од овој випов ни интернет ни "топуски" дома немаме салам. Жими се ќе ги фрлев тоа вработените од тераса со се кабел.. Ја немаше да ги викнам ако знаев каде да пуштам кабел,или ако знаев кај да го ставам тоа за да има појак нет. Значи 101 прашање,плус натегање како таму не било изводливо, тука сметало дрвото ,бандерата била далеку ... Па добро шо да напраам ја?! Да се качам да живеам на јупитер и таман сигнал да фаќам од секаде. Ебате тоа ненормалните Ја завршија работата за 30мин,џабе само притисок направија.. Ни кафе ни вода не ставив,нека ме мислат малоумна Е цврц
Психички нестабилни,или нешто им удара во его,па мислат дека со инсистирање и досадување ќе им пројде кај некоја.
Мене вакви ми се језиви, до тој степен и таков начин на упорност. Од такви човек треба да бега колку нозе го држат. Нема врска машко, женско, ова е веќе дијагноза
Што све ни држи оваа кутра Државичка и овој Форум, тоа е страшна работа, психопат до психопат, лек за одредени луѓе џабе нема, доаѓаш до степен да преземеш све во свој раце и да си го бараш чарето, од институции не чекајте ич ништо.
Нарачав извод пред три месеци, го платив, никад не стигна. Идам нов да вадам, страната не работи веќе, иди на нова. Идам таму, праам нов профил, ми вика за извод да вадиш, мораш и кај ујп профил. Идам праам, ми праќа дкументи да сум ги носела ЛИЧНО у ујп.... Абе да ви се намочам у дебилната држава, и тие два пути годишно што ми треба нешто, шлогови ме фаќаат, окото ми игра ми иде да се рокнам да ви се плукнам у тоа кромањоската дебилна држава за кур што не ја бива. А па да не праиме муабет што Амбасадата само на мапа ја вади, а не на пребарувач, нит веб страна имаат да пишуе број, адреса, услуги, ценовник нит бутур, па уште и работат до само еден. Си ја искршив тастатурата, ви ибам тоа дебилите.
Само јас можам да се изнаплачам ко луда на рап, пред огледало додека се пеглам. Изгледа многу ми се собрало, па некои стихови беа последната капка во чашата. Лошо и налудничаво изгледав, претпоставувам. Ама барем ми олесна. Ај наздравје
Правиме фасада и ми прекурчи од сите мајстори .Среќа што немам калашњиков ќе бегаа како глувци пред земјотрес.Кој како обеси тесла на газот мајстор се тоа неписмено .И уште нешто зошто кај мене во опција на пишување нема стикери за да ставам неко од гром манат да не мора да си го тупам да се објаснувам !!!!!!!!
Ги мразам луѓето кои уживаат во туѓата несреќа само за да се почувствуваат поголеми и подобри од тебе.Оние што едвај чекаат некој да згреши или да да му тргне наопаку во животот па веднаш да почнат со паметувања од типот “кај ти беше паметот” и “нели ти реков”лечејќи ги си сопствените комплекси на туѓ грб.
И на форумот има овде такви судии еден куп, наместо совет туку -кај ти беше паметот?! Ама за совет треба да се размислува а ова полесно, каменот и фрли.