Испукајте се

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Unfaithful18, 3 јуни 2010.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.778
    Допаѓања:
    139.581
    Пол:
    Женски
    Тргајте се на страна и пуштете си музика со слушалки или скролајте на тел. Ќе престанат кога ќе снема публика. :D
     
    На BlackNight, JasBee11 и ThePharmacist им се допаѓа ова.
  2. ана банана (:

    ана банана (: Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2026
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    49
    Мислиш не сум пробала? :D Тоа од страна делува лесно да се избегне. :D

    Сака да не те гледа дома (цело време мумла аман нека ми се мане дејчиштево, брат ми детиштето го вика а од друга страна не сака ни да успееш надвор од дома, јас велам имам интервју за работа морам германски да се спремим она намерно прави драми нема шанси да се сконцентрираш у таква атмосфера. Те саботира на секој можен начин.
    Сега најдов стан па морам да се тргнам на мир да можам да функционирам нормално.
     
    На Mumoftwo30 и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.778
    Допаѓања:
    139.581
    Пол:
    Женски
    Ете, си се снашла.
    Ама и кога не си таму не си должна да седиш и да слушаш. Излези да фрлиш ѓубре или до маркет божем ти се пријало или притребало нешто што го немате (на пример некој сладолед).
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Travertino

    Travertino Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Машки
    Сите зеле одмор а јас на жешково вози по Македонија.
    Денеска во Охрид цел ден. Не ни помислив на плажа.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    4.016
    Допаѓања:
    10.741
    Пол:
    Женски
    Добрината се плаќа најскапо
     
    На Panda00, pinklipstick, Малечка Малинка и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Milica TR

    Milica TR Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2025
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Се појави од никаде, токму тогаш кога најмалку очекував.Ме поткрена кога бев на дното, ми ја врати волјата за живот и ме издигна како феникс од пепелта. Уште во првиот миг кога првпат ти го слушнав гласот почуствував некаков мир во себе,
    Како сите немири одеднаш да замолкнаа.

    Секој твој збор носеше топлина, секоја твоја мисла ми влеваше надеж,секој разговор со тебе беше место каде наоѓав спокој.Со тебе времето леташе а проблемите изгледаа помали. Ме врати во живот без ни самиот да знаеш колку ми значеше тоа.

    И денес се прашувам дали тоа беше вистинска љубов или само прекрасна илузија во која поверував со целото свое срце?Дали навистина постоеше нешто меѓу нас или јас само ја пронајдов светлината во тебе што толку долго ми недостасуваше?

    Знам само дека дојде неочекувано и стана дел од мојот свет а потоа замина тивко, без поздрав, без објаснување оставајќи зад себе тишина што се уште одекнува во мене.
     
    На Melissa_39, Mim1mi, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.196
    Допаѓања:
    11.876
    Пол:
    Женски
    Колку возрасни булиња на интернет се загрижени и гласни за детскиот булинг со последниве неколку случаи. Да се соберат пари, на луѓево да им се купат огледала. На овие им е до lynch mob дојдено, не им е за друго.
     
    На Wellwell, Alek90, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ender C

    Ender C Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Hello, страшно имам потреба ова да го кажам некому затоа што не можам на него во лице.

    Затоа вие сте овде :$

    Случката е од петокот,
    имам пишувано за тој дечко овде, не е бивш, излегувавме пред 2 месеци, прекинав јас затоа што му беше само до секс дојдено а кај мене тој филм го нема, па затоа куферот и чао.

    Небитно ама нон стоп се сретнувавме низ град овие 2 месеци, не знам зошто, затоа што порано воошто не де сретнувавме затоа што тој излегуваше во друг град а сега за инат на мене се дружи и излегува со моето старо друштво, и во нашиот мал град, каде што јас излегувам и плус двајцата овде живееме во Германија а градот е мал и има многу балканци.

    Сега овој викенд има Фест во нашиот град и во петокот јас бев со другарки и другари, и се видовме со него, странци сме не се знаеме не си зборуваме тотално но контакт, тој беше со моето старо друшто НАМЕРНО за ИНАЕТ на мене, во меѓувреме кога бевме во контакт му имав спомнато онака дека ми фали неговиот вујко на балканските забави затоа што имаме сите заедно излавано на балканска забава и ми кажа не се во добри односи затоа не изглегуваат заедно, му реков само океј и погодете што, последните 2 месеци откако прекинавме како и овој викенд, нон стоп излегува на тие места каде што јас стандардно изглегувам и НАМЕРНО со вујко му и моето старо друштво:punch: и јас овие 2 месеци само бегам и не одам таму за да не се сретнеме значи хорор.

    И доаѓа сега врвот значи, имаме заеднички другар, и овој му се јавил на нашиот заеднички другар во 7 сабајле во саботата, а пред тоа тој беше на балканска забава после фестот затоа што се сретнавме и неговиот вујко ме застана и правевме муабет додека тој ди продолжи и влезе во кафичот.

    Таму е бил до 7 сабајле и не знам од каде и како нашол девојка и ја однесол дома, му се јавил на нашиот заеднички другар да се пофали, и овој ја покажал и другарот рекол брат таа е транс ова е машко, школски ми беше тој, ХАХАХААХАХАХ патем тие на германски комуницирале а тој или таа не знам како да ја наречам била маџарка ХАХАХАХАХ значи WoW, јас се згазив од смеење и потоа овој видел дека е машко и натаму не знам и не ме интересира, значи мизерија кое дно, јас патам и уште ме боли тоа што тој ми го направи, не можам да спијам уште нормално а тој во меѓувреме…ама ако само така заслужува, дај боже сите следни вака геј да бидат.

    Не за џабе рекле тие што се машки курви и женкари на крајот завршуваат или сами или со маж.

    Ало бедо, мизеријо, 26 години си, преиспитај се, не ме брукај и мене бидејки на сите си кажал дека сум ти бивша :puke:

    Не знам инаку како се чувстувам имам микс од емоции, гневна, бесна, разочарана,смешно ми е, карма му е ова, ќе пати ќе се кае ќе се врати знам ама тогаш ќе виде со кого си има работа.
    Дно дна.
    Бедник.:x
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    6.321
    Пол:
    Женски
    Мразам луѓе без осет.
     
    На jagoda777, Malo mace, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    63.878
    Пол:
    Женски
    Дали дома деца воспитувате или безосетни монструмчиња? Дали воопшто знаете што прават надвор вашите "најмилички"?
    Приметив дека ми чепкале кај колата и искинале дел од стикер што имав залепено ѓубрињата.
    После ваквите ќе тераат врсници гомна да јадат сосила, јас најдов па за еден стикер да се бунам. За на групно лечење се добар дел од луѓево сосе деца.
     
    На bicycle, Аргентина *, jagoda777 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Лаванда.

    Лаванда. Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    54
    На кого му текна сметот да се собира пред полноќ? Кај е бучен камионот, па уште тоа се мава со корпи, се треска, се разговара гласно, се кара со луѓе уз пат. Цело маало го кренаа.
    Не само што не се развиваме како општество, туку и уназадуваме.
     
    На JasBee11, Mumoftwo30, TwistedSister и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Tropical wave

    Tropical wave Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    15
    Постојат личности алергични на љубов и такви нека цркнат мизерни! :hai:
    Верувам дека тоа им е кармичка казна за внатрешната трула состојба.
     
    На Miss666, Mumoftwo30 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  13. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    2.017
    Допаѓања:
    7.429
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира дали стоматолозиве или општиве лекари мислат дека кога им ѕвониш онака е да ги прашаме дали се арни?! Не ве бараме да ве прашаме како сте ниту ве бараме за на кафе,и треба да се јавувате одма а не после 100 наши пропуштени повици,срамота... не се знае веќе кој од кого зависи!
     
    На bookslover, anggell, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    864
    Пол:
    Женски
    Просветлете ме, може јас не разбирам. :?:

    Која е поентата со попустите на Ананас платформата, а маваат достава на секој производ (производи од ист трговец). Пример ситуација: 600 денари заштедувам демек со попустиве шо ги имаат, а доставата ќе ме кошта 380 денари. :^)

    Добро ај, ќе одам да си го купам дирек од продавницата.
     
    На MeowMeow, Panda00 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Значи кога влегуваш во кола и возиш, целта ти е да стигнеш од А до Б!!!
    Не да решаваш животни прашања со совозачот и паралелно да објаснуваш (мавташ) со рацете и возиш како желка. Не да куцкаш по телефончето и возиш зиг-заг меѓу две ленти како пијаница. Не да се заскролаш на семафор и да се заборавиш кај си тргнал/а, а на сите зад тебе си им кренал/а сафра. Аман. Од А до Б!
     
    На JasBee11, bookslover, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Машки
    Не ме нервира ништо, како сака нека си вози, не го пуштам под одредена дистанца.

    Освен, секогаш има...ама...

    Како пешак, кога ќе видам дека пишува и вози, нема врска шо ќе ме изгази, битно да се врати. :x (facepalm)
     
  17. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Сѐ ме нервира зашто сите сме ограничени со време а вакви примери непотребно го кочат и онака закочениот сообраќај. Треба да се има совест и осет за другите.
    Не знам само како го заборавив фамозното застанување во возачка лента со 4 трепкачи, особено пред семафор. Зошто да се вози во две ленти кога можат сите да се начичкаат во една за Трпе да уплати ливче или да си купи пециво од Милениум? Посебно место во пеколот:devil:
     
    На JasBee11, bookslover и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.753
    Допаѓања:
    19.430
    Пол:
    Машки
    Значи ти сакаш Трпета гладен да вози, да му падни притисоко и да изнапрај триста глупости во собраќајо? :whew:
     
    На Harper, JasBee11 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Никаквата
     
  20. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    4.226
    Пол:
    Женски
    Ми се плаче, повторно. А не знам колку солзи дадов, зарем уште имам? До кога? Бар да знаев конкретно што ми е, може ќе си го најдев тогаш некако чарето. Вака се ми е, а ништо не ми е. Како коска да имам заглавено меѓу вилица, постојано вкочанета ми е, а солзите тука се, присутни, во секоја можна секунда спремни да се излеат. А се плачело секогаш? Пред сите, секаде? Да можам да голтнам, да ја пуштам и последната солза, и да знам дека е последна. Та да воздивнам, и земам снажно воздух, да ги наполнам градиве со свежина, ново, чисто. Ама не знам која ќе е таа последна солза, и дали воопшто постои.
     
    На Miss666, Mumoftwo30, blackpanter и 2 други им се допаѓа ова.