Толку ли беше тешко да се најде некој кој знае да врзе 10 реда муабет а да не е за политика или некои глупости? Како може еден човек толку многу да се смени за 10 години? Немало разведени во фамилија - па јас ќе кршам мраз ако треба!
Некои велат дека не си ги бираме семејствата пред да се родиме, а други велат дека си ги бираме. Е, јас на првиве им верувам. Не на вториве. Оти сигурно не би одбрала да се паднам во „семејство“ со куп себичњаци. Не би одбрала да се давам во океан од разочарувања. Да ви се плукнам во паметот, бе. Ми се гади од вас!
Многу е лесно да му кажеш некому кој е без работа,да не се грижи и дека ќе најди работа. А, истиот нема прекин на раб однос 10 години. И ко ќе почни да ти дрдла дека му е тешко на работа, дека оди на ваков курс, па леле скапо му било 6 000 ден месечно, на вежбање. Па бил во депресија, а не знај како е, да не можиш од кревет да станиш од кошмари. Да не можеш да се собериш од брнаут, со 2 ра смена, 5 години да е пореметен биоритамот. Па после се жали дека сака да си оди од работа. Па, оди си де. Не замарај! Божеее, немаат аплицирано 10 години, и не знаат дека за една е*ена работа се поминуваат по 3 интервјуа. Ко можев јас жива глава да спасам и точно навреме да се спасам од губење на здравјето, можиш и ти.