Преку глава ми е од дволични, лицемерни другарки!! Мрзам кога некои ми прави лице а само чека да ме навреди и да ми се исмее. Аман веќе од 7те часови во училиште, умирам Преку глава ми е од тоа се јас да сум на последен план, се да се нема време за мене, исто како јас да не постојам
мразам кода чекам да ми се врати на една ебана порака аман бе сув си во рацете глуп еден и јас ќе бидам кога ќе треба да кренам телефон тупак еден
Мори главо!!! Ќе прекинеш ли? Е ме отру денес со болењево, значи самата на себеси си се качи! А знаеш дека не сум способна за ништо кога ме болиш? Знаеш! Ете така, ај сега ооооо аааааа а гу гу гу и ај прекини да не земам да те размавам! И ме мрзи да си ја стискам раката за да прекинеш. Е така!
Која сум јас... И денес ли ќе се прашувам повторно, зарем морам јас секое утро прва да те бакнувам, зарем мора јас да деремам на твојот телефон и од него очи да копам за да прочитам еден пост... Да ти е*ам top gear и сите ваши мушки срања САКАМ ЉУБОВ алооо??? Толку ли е комплицирано епа не е ... Доволно е само еден ден како некогаш што беше 24 часа сам мој ... Многу ли е м???
Значи денес само што не ја удавив комшиката која ми се пофали дека децата си ги воспитува со ремен Моронка тешка, ќе сонува да и сварам кафе уште еднаш.. Е некој луге не заслужуваат деца жими се!
Грозно е чувството да бидеш предаден од сопствените родители! Демек ти мислат најдобро, не те лажат.. сето тоа само приказни за мали деца! Кога се караат и расправаат меѓу себе, тогаш веднаш трчаат по мене и брат ми да сме сведоци на постојаните кавги и да избереме страна, а кога јас треба да им кажам нешто за кое мислам дека грешат или дека не се во право тогаш моментално се здружуваат и ме напаѓаат! Не можам веќе да издржам! Ме обвинуваат за разни глупости што навистина не се точни, а не можам да им докажам! Сум лажела за парите за на факултет, сама сум си го купила поклонот за роденден од дечко ми што ми е, тој не ми купувал ништо(како сум можела почесто јас да му купувам подароци отколку тој мене- што не е така, токму спротивното е), дури мајка ми се осмели и да ми префрли дека јас му ги уплаќам ливчињата спортска!! Безобразлук невиден од нивна страна! Не можев да се воздржам и се расплакав! :'( :'( И сега се понашаат како ништо да не било! Си доаѓам од полагање преска и ни да ме прашаат како помина и сл. веднаш ме напаѓаат со лаги и глупости! Уф, ќе пукнам!!!
Не сум му веќе на никој важна...Се чуствувам како сама на овој свет.Дури ни дома не се чустувам сакано..
ееее, ти воле едно зошто мораше да ми кажеш дека си изгледам за помлада???? божем немам огледало дома, па ако тебе не ти се допагам на некој друг ке му се допаднам, па ке љубомориш после хехехе а барем да ми дадеше 2 секунди да кажам нешто не ке беше лошо инаку, туку ти во ТВОЈ СТИЛ си побегна!!!!! леле кукавица, леле страшливец, па после ке ме гледаш седнат на клупите внатре ко теле во шарено ЕПА ГЛЕДАЈ ИМА ШТО ДА ГЛЕДАШ !!!!! само пази очите да не ти излезат гледајки хехехехе
секогаш да било по мое секогаш кога бе глуп еден кога секогаш кога бев полна со разбирања и сваќања кон тебе за таја кравата за работата за све све све ти ти никогаш нема да бидеш човек кој кога ќе го побарам во 3 сабајле ќе дојде и ќе ми ја стегне раката цврсто да ми каже дека некој има до мене никогаш нема да ме погали по главата и тогаш можеби ќе бидеш на работа
И покрај муабетот прееска и покрај се што слушнав од таа твоја уста без пардон,сеуште имам желба и сила да приредам изненадување...Не знам што љубов ќе беше ова моево..
Значи знам дека сум пред праг на пмс ама мн мн мн мн мн најмногу сум нервозна,се фаќам себеси на моменти како ја вртам косава си го тријам стапалото од се што е пред мене,гризам усни ,чешам нос и се нервирам како луда мара......ајде ќе му препишеме на пмсот......на страна што денес се хранев какода цел месец на магдонос да сум била....ајде утре нов ден ќе скратам од благо е сега проблемот е што ма сите ќе ги отерам сега у триста па сосе мене зошто ете денес се ме нервира..и којзнае дали е само пмсот ааааааааа
Уффф што е со менеее... Денес минав многу чуден ден. Бев прилично мрзлива, ништо не сработив,станав во 5 до 12 и набрзинка се спремив за на работа и пак закаснив 5 мин ги извршував обрвските механички, ладно, без желба, што побрзо. Ама ме плаши дека не е само денес, туку и вчера и завчера беше слично. Станува збор за чуден период И како да ми фалеше нешто, морав со него да се поткарам. Од ништо. Не се видовме, не отидов кај него, останав дома пред компјутер сама со себе, барем да направев нешто, барем да се налакирав (сега ќе земам ветувам!) И колку сум си само јас неодговорна, невнимателна и не знам уште што...по којзнае кој пат ќе си го изгубев телефонот. Од 5 пати, само овој пат имав среќа да го најдам, се јавив во такси компанијата и ми рекоа среќа што се возел дедо после мене, па го дал на возачот! Се надевм и посакувам дека утре работите ќе тргнат на подобро со оглед на тоа дека ми стигна плата и нивното трошење може да ме развесели барем за миг! А да го изненадам да му речам после работа да ме чека негде и да го однесам во некој ресторан?! Мислам дека ќе се почувствувам подобро после тоа! Ај да легнам
ааааааааааааааааааааааааа сакам да одам у планина и да се издерам онака со сета сила. Зошто ли толку ме мачи испитов беееее.... таков притисок само јас умеам да си ставам сама на себе не сум спиена, јадам како свиња од нервоза, се таму ми е паметот!!! Уф паника брееееее, како прв пат да полагам, али кога ми е толкуууу битно... Се надевам на среќичка денес.
Не овој пат нема да ти го дозволам да ми го направиш пак истото! Биди сигурна, сфатиме како сакаш, али ти си една лажливка, мизерна и искомплексирана личност, не ти личи на возраста што ја имаш, а сакам да знаш дека јас не се откажувам!!! Ме препозна а? Јас не сум те заборавила и ќе ти вратам на друг начин.
Како може да кажеш-леле види го девојчево,се бори со сите сили,греота...се борам за мене,не за тебе,ова е мој живот,не твој,со кое право ти ме сожалуваш...не ни се на сите наредени работите во животов како на син ти што му се,и треба да се гордееш со мене,не да ме сожалуваш,да се гордееш што сама се снаоѓам во животот,што за се сум тука да го извадам син ти,да му помогнам...и јас,и покрај тоа што знам која сум и што сум и колку вредам,дозволувам да ми набиеш комплекси дека не сум доволно вредна за син ти,дека можеби бившата била повредна од мене и си дозволувам денес цел ден да го потрошам размислувајќи за тоа,да ја барам ко мрдната на фб, да се споредувам со неа,обидувајќи се да си набијам уште повеќе комплекси...значи каков човек сум,сама се уништувам-ДО КОСКА ...го сакам син ти повеќе од се на планетава,ама неможам да престанам да мислам дека некоја била подобра од мене,дека ке биде посреќен со некоја друга,ќе најде девојка што ке вреди повеќе... А, и треба да добијам,ќе полудам
леле чиче чички да те изедат бе ееејјјј!!!!! кај се најде да ми се јавиш на мобилен пред интервјуто бе, и уште да ми додадеш нервоза мораше ли да ме прашаш за која работна позиција сум заинтересирана!!!! и нема втора шанса ? епа што да правам ова интервју беше закажано уште во Четвртокот, и морав да се појавам а вие бе девојки во моето договорено време за интервју мораше ли да се појавите пред мене, па да ми ја земете работата??? срам да ви е , јас ко луда трчав за да стигнам а вие пред мене сте стигнале дури и ме боли јазикот од тоа што вчера се изгорев пиејки капучино, ама се надевам дека ке ми помине
Сега и текнало на твојата стара баба да спие кај вас!!!!!!!! Кај станот ви е мочани две соби а вие сте четворица, па уште и она да се тупне. ЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦ а што убаво си испланиравме се за вечер ќе си починам еееееееееееејјјјјјјј не е фер! Па уште дечкото ме труе со муабети како он е газда по дома, а неможе малце да сржи да каже ќе дојде Нате вечер, па да и текне на старата да си иде. За срамота, која стара жена се задоволува со преспиваење во туѓи куќи. ќе пукнамммммммм лелееее ќе скапам сеа дома а бабата ќе си лежи и спие на мојот кревет бљаккккк не е фееееееееееееееееееррррррр!!!!!
Ѓубриња едни неразбрани!!Да се нема воспитание!Да се нервирам што некој нема осет и не знае деца да воспита како треба!!?
добро бе луге како може некој што порано ви се колнел на вечна љубов кога вие ке му напишете дека срцев удар од страв (не дај боже и полошо) ке сте добиеле а да не ве праша ни како си??? значи дека тој бил скот, катил човек(мислам дека ако уште еднаш го видам ке му отидам и ке го нападнам физички или ке го убијам заслужено ова укажува на фактот дека тој човек (ако може така да се нарече, ама мислам дека не може) не ме ниту сакал, оти тој очигледно не ни знаел ШТО Е ТОА ЉУБОВ И ДА САКАШ НЕКОЈ ПА КАТИЛ ЕДЕН КАЖИ МИ ВО ЛИЦЕ ИЛИ ПИШИ ТЕ МРАЗАМ ИЛИ НЕ ЧУСТВУВАМ НИШТО ЗА ТЕБЕ ОТКОЛКУ ДА МЕ ЛАЖЕШ ДЕКА МЕ САКАШ БЕ МОРЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!! ама не се секирај ти се во свое време ама и Господ Семокен гледа и врака