Не да пукам атомска бомба ке фрлам Заљубени да се мавнете од клупите пред мојата зграда ми се гади и од вас и од сите заљубениииииииииии јасно??????????? Нема љубов нема
Ти си одвратно, невоспитано, саможиво, ирогантно суштество. Овде си кога ти требам, кога ми требаш те нема. Ама јас сум таа глупавата што се што не проживеав за тебе а ти како ми враќаш Ми доаѓа да пукнамммммм леле нервозна сум Како може да постојат такви како ти, немисе верува. Ма нека иде се у ПММММ
Еее па и добар да бидеш не чини! Од сега ќе биде мило за драго. Како мене, така тебе и се што си заслужил ќе си добиеш. Многу пати премолчив ама не и овој пат. До сега само лаев, ама од сега само ќе касам. Толку од мене.
Ратататататататау! Замолчите бре! Прво свестете се што зборвите после зборвите! Како не ви е срам бре? Пак да паѓам во несвест требит?! Гупете се без збор! Свртете ми грб! Наеднаш! Знам што ќе значи тоа! Одете! Без збор! Исчезнете!
Од друг го очекував ова, ама не и од тебе! Фала мамичке што не ми даде поддршка. Иако не ми треба, но пожелно ќе беше да знам дека ја имам, барем од единствената личност од која побарав мислење ќе ме поддржеше. И мислиш дека свекрва ми е онаа што треба мене да ми кажува на кого јас да покажувам сликички од бебето, а на кој не?!?!? И во што треба да се облекувам ? И да го кријам стомакот ???? Епа секоја ти чест ако мислиш како неа! Мој живот, мои правила, мои одлуки ! ЈАСНО ВИ Е ???
Ма уште да ми се пикне во гаките,не можам да издржам да ја гледам за се и сешто да ми збори,и плус кога мине низ мојата соба свекрвата на струмички речено како низ турски гробишта да минува тешко и е и едно добро утро да каже,ма нека се гони веќе не можам пак поради неа со маж ми да се карам
Драги родители, кога ке престаните да се карате за глупости? Зарем не мислите дека некаде во текот на животот ке влијае на мене? Очигледно не е битно како се чувствувам јас!!
Многу ме интересира,што сум згрешила јас толку за вака да ми се враќа ? На дното сум повеќето време од мојот живот,а кога (мислам)дека сум на врвот,кога сум радосна - се радувам за лажни работи,за работи кои не ни постојат ...Работи кои сум си ги направила во мојот мозок,со помош на мојата имагинација.Тогаш е се супер но,после кога ќе се освестиш.. Тој што ја нема осетено таа болка кога ќе дознаеш дека твојата насмевка,твојата радост е всушност нереална..Кога ќе дознаш дека си се смееел за работа која непостои..Поголема болка не постои.Поубаво некој да те удира со тупаници отколку вакво нешто да ти се случи..
Те мразам, срцево не ми дава да ти раскинам, пак пијам апчиња заради тебе, пак ме оставаш сама, а знаеш дека за време на викендите ми е најтешко.... Не ми се појавувај пред очи. Сакам да заминеш некаде и да не се вратиш никогаш, а јас да продолжам да си го живеам животот како знам и умеам.... Не ми требаш ти за да бидам среќна, всушност ти си тој што ме прави несреќна, многу несреќна....
Не знам што ми е, ме прифаќаат будалите. Сакам нешто да се смени во врскава, досадно е се. Сакам да имаме друштво со кое ќе излегуваме за викенди, или ќе се собираме кај некој и ќе пиеме кафиња или било што. Сакам да се смееме, да бидеме среќни, и КОНЕЧНО да го направиме "the thing". Барем ќе ни ја разбие досадата. Ама кога ќе размислам подобро, зарем тоа треба да биде причината да си ја изгубам невиноста ? Како одамна да поминало времето кога тоа сакав да го направам од љубов, од желба и од страст. Веќе се ми е толку излитено, не дека не ми е убаво кога сме заедно, туку некако застарено, здосадено. Со секој обид само се бедирам, и свесна сум за тоа, а неможам да се променам. Не сакам веќе да планирам и да мислам што треба да направам за да бидне. Не очекувам да биде ниту нешто романтично ниту нешто посебно. Само сакам да биде, колку нешто да ми се случи, да имам на што да мислам, да има нешто ново. Ама нема. Дефинитивно сум со фабричка грешка некоја. И што ми е со другар ти ? Некој би мислел дека сакам да ти вратам, за коментарот во кој ти ја пофали другарка ми, и се би изгледло пологично, ама нешто ме тера да мислам дека има нешто повеќе, дека можеби ми се допаѓа. Дали е тоа досадата и монотоноста во мене, што ме тера сама да си правам филмови од нешто што е нормално, не знам. Ми пишал, па што. Ме праша што правам, што има ново, ништо посебно. И еве сега го чекам да се пушти на фејсбук и се надевам дека ќе ми пише. Како да нешто НЕКОГАШ би можело и би било. Никогаш, ниту од моја ниту од негова страна. А сепак, еве си проверувам да не случајно се пуштил. Јас не сум нормална.
Дете прекини да ми се наметнуваш и пушташ знаеш дека не сум заинтересирана за тебе и дека имам дечко на врв на глава си ми еден ден не ме остави на раат !!!
Мил мој љубавнику, денешново, урбано време, се носи со напредна технологија - Мобилни... Бар ти си од оние НАЈурбаните ебаго Спанко
Колку добро смислена лага еееј! Просто да не ми се верува! Во истиот момент кога ја слушнав сфатив дека е „точна“. Потврдена со факти. Од Фејсбук секако. И зато „верував“ во неа. Ќе ве молам наредниот пат потрудете се малку повеќе и смеслете некоја повистинита лага. Ве сакам срцки.
Ако не знаете да направите нешто поубаво, не ми расипувајте Лелеееее како само за 1 секунда успеа главата да ме стегни уффф аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа
Ма како се осмелуваш? Која си па ти да коментираш за моето однесување? Сум се понашала како дете? Дај погледни се себеси! Ти си таа што добива хистерични напади кога ќе го види бившиот, ти си таа што паѓа во транс кога ќе види некој што и се свиѓа, ти си таа што понекогаш не ме слуша бидејќи лета со паметот...и да ти си ми најдобрата другарка, но јас ова веќе неможам да го трпам!!! Па што ако ти покажав среден прст. Си го заслужи. Па што ако не ти правев муабет, ти беше таа што цела вечер гледаше во својот телефон! Ало девојче, кога седиме во кафич немора да дремеш на фејсбук! А ти? да, ти идиоте! Ти што незнаеш што сакаш! Ма никогаш не сум барала ништо од тебе, но мислам дека ова не го заслужив. По се што поминавме можеш да кажеш едно здраво. И не, не си во право. Знам за твојот коментар 'ако седнам до неа и почнам да и зборам нема да ме откачи'. Очигледно си многу глупав ако мислиш дека таа не ми кажа. Идиоте, јас знам се! Знам за сите твои лаги, знам за сите твои глупави коментари. Знам се, освен едно. Што сакаш ти? И да, тука е проблемот. И покрај се јас пак те сакам. Пак чекам да ми пишеш, иако ако го направиш тоа нема да ти вратам онака како што очекуваш. Тогаш ќе уништам се. Ќе се карам. Ќе . Ќе направам да зажалиш за се. А што потоа? Потоа пак ќе мислам на тебе и ќе се нервирам. Затоа е сепак подобро да не ми пишуваш. И да, ти мангупе, што мислиш дека не знаеш нас девојките многу добро, се лажеш. Имаш уште многу да учиш. А јас, ех и јас треба да се смирам. Да те заборавам тебе. (а тоа ми е толку тешко) И што е најлошо, јас сеуште се надевам дека наредниот викенд пак ќе те видам. Но зар вреди кога знам дека нема да разговараме. Не, нема. Јас нема да го дозволам тоа. Сега јас ќе те игнорирам. Иако многу ќе ме боли. Уфф...
А плакар уште еден кога ќе добијааам алооо?! Алиштата се растурени низ цела куќа, не гледаш??? Уште низ двор да почнам да ги оставам И огледалото сакам да е гоооолемо, да можам да се видам цела ако не па