Eдна прекрасна серија со нашата добро позната Нисан од серијата 'Повторно роден' Суреја е многу убава, сигурна млада девојка која пораснала како сирак. Фактот дека таа нема родители ја прави силна, и е подготвена да се справи дури и за навидум несовладливи предизвици на судбината. Нејзиниот живот радикално се промени кога таа го сретна Фарук - богат и харизматичен бизнисмен кој веќе ја освои при првата средба.Со оглед на тоа што Суреја пораснала во големиот град таа е модерна, убава и е пејачка ,а и Фарук иако малку постар остава впечаток на згоден. Сепак, и покрај тоа што има современ израз, тој е всушност еден богат човек што уште од детството е фрлен во рацете традицијата. Незнаејќи дека зад човекот со широки сваќања се крие роб на обичаите Суреја се согласи да се омажи за него. Како неговата сопруга, таа ги спакува работите и отиде во срцето на Анадолија, каде што се чини дека времето застанало. Истанбулската невеста прво ќе се соочи со г-ѓа Есма својата доминантна свекрва на која и се потчинети сите во огромната куќа. Таму се и проблематични браќа на Фарук.. Фикрет Осман и Мурат, тука е и јатрвата Ипек која сака да го заземи местото на Есма. Додека неговата сопруга се бори за своето место во вилата Фарук ќе треба да се справи со непријателот кој не го очекуваше .Како што поминува времето Суреја ќе биде целосно растргната меѓу традицијата и модерниот свет ... Пвата сезона заврши во јуни 2017.. Од септеври се очекува снимањето на втората сезона. Се надевам дека некоја од нашите телевизии ќе ја откупат оваа преубава серија
Би требало да е интересна Ја немам гледано Но ја знам Но Фарук ќе испадне дека има дете на крајот на сезоната Тогаш суреја ќе дознае за тоа А Фарук ќе знае порано Снимани се само 16 епизоди од првата сезона Стар тв на официјалната страна има напишано од септември нова сезона
Јас ја изгледав цела прва сезона и тоа кога ќе дознае Суреја за детето ќе биде многу тешка сцена..иначе и Фарук дозна скоро за детето, не знаеше од почетокот.
Почната е, се емитува секој петок на стар тв во 20ч по турско време, а 19ч по наше. Со превод епизодата ја има по некој ден до вторник најкасно..така мислам..