Ипек прости неверство од Фикрет, си го собра семејството на едно место, и сега оној Окан и го пери мозокот, и самата свесно си го уништува бракот, а Фикрет се труди како никогаш досега Мене за Дилара ми е премногу жал, трпела насилство од мајка и, потоа идиотот Адем двапати физички ја нападна и милион пати психички, се ожени со неа да им се приближи на Боранови, и сега си најде друга и си го средува животот со неа, а Дилара нека страда самата @Nightwish11 Синоќа кај нас ја даваа 71 епизода од половина натаму, нели ги делат, вечер ќе почне 72 епизода, сите епизоди се 87, ама нашиве ќе даваат подолго дека ги кратат оригалните епизоди.
Некој кој ја гледа серијата да ми објасни, што се случува со родителите на Суреја? Нели на почетокот среќни родители музичари имаше такви спомени Суреја? Сега од каде се појави таа бабата?
Спојлер Суреа си направила таква слика на среќно семејство. Мајка и не сакала да ја роди, со татко и премногу работеле, немале многу време за Суреа
Кај нас вечер ќе биде втората половина од 83 епизода, до крајот остануваат уште 4 турски епизоди, кај нас ќе ги раздолжат
Спојлер Гарип ќе умре прво, потоа Есма ќе биде уште полошо, ќе сака да умре и таа, нема да ја прифаќа смртта на Гарип свесно, и насекаде ќе го гледа него, потоа и Есма ќе умре на крајот. Адем ќе се ожени со Ѓунеш и ќе посвојат ќерка, Дилара ќе се сврши со Мерт. Ќе ги покажат децата порастени малку, сите ќе бидат среќни, освен Осман, тој ќе остане сам. Последната епизода завршува со 40 роденден на Суреја, Нурѓул мислам беше, ќе и даде писмо од Есма на Суреја и таа ќе го чита на глас, и во тоа писмо спомнати се сите, Есма го напишала пред неколку години и им кажува дека сите ги чувствува како да е со нив и дека се знае за сите...после ќе се гушкаат сите, ќе земат балони во раце и така ќе заврши. Ова е во кратки црти.
Се изнаплакав вчера, не ги гледав двете епизоди пред оваа вчера па не видов како почина Гарип, после ќе ги вратам назад епизодите да ги изгледам. Колку тажно, највеќе плачев поради Есма. Колку кратко време имаа да уживаат во животот и љубовта ама тука и болеста на Есма... некоја ако знае како ќе се среди Есма или ќе биде ваква до нејзината смрт?