1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Истанбул (Турција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од SOVRSENSTVO, 16 ноември 2011.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Девојки со дечко ми сакаме да одиме за Нова Година во Истанбул гледајќи ги турските серии и самите репортажи од Истанбул јас сум просто фасцинирана :)
    Дали го имате посетено Истанбул, каков е преку зима, дали ја имате дочекано Новата Година во овој магичен град, какви се цените, преку која агенција сте патувале и дали можете да ми предложете интересни места за посета :)
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Некој друг ќе ти каже за новогодишните понуди, иако знам познаници што одеа и беа ептен задоволни и знам дека новогодишната вечер ја славеа на брод. Велеа дека цел Босфор е полн со бротчиња од секаде се слуша музика, сите се веселат и на полноќ сите се на палуби си честитаат и го гледаат огнометот.

    Јас ќе си го кажам моето позитивно искуство од Истамбул.
    Бев една убава пролет пред 4-5 години и си поминав многу многу убаво.
    Огромен град, јас не очекував дека Истанбул е толку голем град, мислам дека никаде во Европа кај што сум прошетала не сум видела толку народ на едно место и толку многу гужви на улиците. Една голема негативност е сообраќајниот метеж, додека си во Истанбул го бараш Скопје и задржувањето 10 минути на семафор. Овде беше лудница, хотелот беше во периферијата на Истанбул и на враќањата навечер околу 6 часот ќе тргневме за во 9 на вечера да сме во хотелот. Пеш побрзо се стигнува. А да не зборам како лудо возат, може да видиш коли на твоја лента од спротивен правец си одат и немаат гајле.
    А да се вратам на Истанбул.
    Убавина сместена на 2 континенти, единствениот град во светот кој е на 2 континенти, опкружен со вода, со канали со бротчиња и крстарења кои се доживување, окружен со многу убавини и многу знаменитости. Спој на муслиманството и христијанството, лево ја гледаш огромната џамија, на 10 метри од десно ти е најголемата црква. Прекрасни пазари, на кои внимателно шетајте со чантата во раце и фатени до вашиот партнер, ценкање задолжително, на друга страна прекрасни трговски центри на секој чекор, го имаат еден од најлуксузните трговски уф таму само на разглегување може да отидете :lol:
    И секако Таксим, прекрасен плоштад а од плоштадот имате улица долга околу километар на која од двете страни имате продавница до продавница и преубави ресторанчиња и кафулиња на соседните улички.
    [​IMG]

    Мене ме нервира што последниве години тие што одат и ќе почнат леле бев шеќерезад куќата, али риза бавчата, онур кафаната кај што се пијанчел по раскинувањето со шеќерка... итн.
    Мене не ме интересира воопшто тоа и баш разговарав со дечко ми да одиме на шетање а мене не ми се оди од тие причини. Сакам знаменитости на градот да посетувам, а не туристичкиот водич да ме носи низ местата кај што се карала Лејла со сестра и. Побогу гајле ми е.
    А дефинитивно Истанбул вреди и втор и трет и четврт пат да се посети, преубав е.
     
    На Elena69221, mims-89, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    Ах, Истанбул. Кој еднаш отишол сака да се врати. Јас не сум била за нова година, но сум седела подолго време. И ако сакаш да одиш за да го видиш Истанбул би ти препорачала да одиш во Април кога го има фестивалот на Лалињата. Истанбул во пролет е магичен. Јас нема да ти пишувам за таксим, за Сината џамија, за Аја Софија... тоа можеш и на нет да го видиш како места кои да се посетат во истанбул. Јас би ти преорачала ако одиш да го видиш Истанбул да пробаш да го шеташ не како турист, туку како негов жител. Обавезно да прошеташ покрај Босфорот, да седнеш во прекрасните ресторанчиња каде има прекрасни специјалитети а не се скапи. Kapaly чаршија е интересна за турситите но турците кои држат до себе таму нема да ги видиш. И ако одиш, злато од таму не купувај. Има секакви трговци кои за да ти продадат ќе ти изнакажат прикаски. За места кои се интересни турситички би ти ги кажала во Европскиот дел , во населбата Еминону ти се султанахмедовата џамија или Сината џамија, тука ти е Аја Софија, Топкапи сарајот, Амамите или Турските бањи а најпозната е Cemberlitas Hammam, и Galatasaray Hammam, пазарот со зачини, Никако немој да го пропуштиш Островот на принцезата каде што нема автомобили, туку се возат со кочии. Прекерасно место. Леле ама се распишав. Ама што да правам кога пол срце ми е останато во овој град. За Истанбул да се види ти требаат 2-3 недели да можеш да го прошеташ, да го осетис да го одживееш. За 4-5 дена ништо нема да видиш освен Еминонѕ област каде што ги шетаат најмногу туристите. Азискиот дел е посебна приказна. И возењето по босфор со брод да ги видиш Бисероте на босфор, или оние грандиозни палати каде што живееле паши со семејствата а сега се издаваат за амбасади или за снимање серии. И да, ќе ја видиш куќата од Ѓумуш, неизбежна е, најубава е. Пролетва пак планирам да одам. :))
     
    На presiosa1, SOVRSENSTVO и rossonerka им се допаѓа ова.
  4. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Јас летово бев на одмор во Истанбул со дечко ми и прекрасно си поминавме, а престојувавме во делот Таксим. Тој е поскап дел, ама и безбеден, 24 часа на секаде има полиција и 24 часа сите продавници, маркети и ресторани се отворени, и во секое време има многу гужва. Не ми се допаѓа единствено што голем дел Турци продавачи или било каде што наплаќаат, ќе видат дека си странец, па наплаќаат поскапо, ама пак на поголемиот дел имаш ценовник и не можат да излажат. Од Таксим со трамвај, метро и со брод одевме и на други делови од Истанбул по продавници и ресторани. Со брод бевме на плажа во Азискиот дел и беше преубаво. На колку само настани се киневме од смеење. Редовно каде што одевме порачувавме чај (како оној во турските серии и во такви чаши). И покрај сите убавини на Истанбул, да не ги набројувам, оти ќе се расплинам, а погое има доста работи кажано, и сето тоа е точно.
    Може ќе забегам офф топик, ама морам да кажам. И покрај се, било каде да одите, а посебно после 12-1 на вечер, никако не одете сами, и со што помалку пари во вас. Едни го начекаа дечко ми и немало да го пуштат ако не им дал пари. Тој без проблем им ги даде, оти имаше само 5-6 лири, и го оставија на мира. И покрај тоа што насекаде има полиција, дури и низ плоштад со полициски коли, полицајците спијат во колите. Дури има мафии ќе видат сам човек го опколуваат ако сетат дека има повеќе пари, дури и го претепуваат за тие пари, откако ќе го стават во некој ќумез. Ние бевме сведоци на ваков настан токму во Таксим, кој дел се смета за еден од побезбедните. Го видовме на плоштад човекот преплашен, и цел поцрвенет, па дечко ми го седна на една клупа и му зеде сок да се смири, и овој ни кажа се и како се спасил. Имаше во близина еден странец, и тој повика полиција за човекот што му бараа пари да се спаси. Го тепале, ама тој парите не ги давал. Во џебот имал 960 евра, а овие криминалците му тврделе имал 1000 (ко да му ги броеле). Демек сакале само да ги видат парите за да го пуштат. Му барале 200 евра, ама не им давал. Рекоа 100 евра, и тој вади 100 евра и бега, а во меѓувреме, полицијата му ги враќа парите на човекот. А како ги врати е прашање. Полицаецот само заврти на мобилен кај еден, и кога доаѓа, ми ги враќа парите на човекот. Човекот му вели на полицаецот дека тој човек го малтретирал, ама полицаецот му вели: „Заќути! Ете ти ги парите, а сега губи се и немој случајно ова да си го пријавувал!“.
    Но, ако се внимава, можете преубаво да си поминете. И плус сега авионска карта во еден правец е 30 евра (иста цена како за со автобус, само со автобус се патува околу 20 саати, а со авион за саат и 20 минути)... тоа се резервира преку flypgs, мислам, во одредени денови. А инаку има секој ден авионски линии за Истанбул, јас кога одев летото, немаше карти од по 30 евра, па повратната ме чинеше 275 евра. Оти ова е сега од скоро преку flypgs.
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    За ова потполно се согласувам, дефинитивно потребно е подолго време да се остане за да се види Истанбул, јас бев таму, но, кратко останав, имав можност да ги видам нивните туристички места Аја Софија, Капали чаршија, Плавата џамија, палатата Долмабахче, Цариградската патријаршија и др., мене посебно ноќно време ми се допаѓа Истанбул, веројатно поради осветленоста на местата :D и се набрзинка видов, како на трчање бев :D затоа и велам така, бидејки е огромен Истанбул нема шанси да се разгледа и посети се за кратко време.Собрав од таму сувенири :D битно :D мерак ми е да отидам некаде и да собирам сувенири, ми се чини ќе ограбам :rofl: :rofl: Се надевам некој ден пак ќе тркнам до таму, ене го кај е :wasntme: карши :rofl:
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    Аууу ама дешавка си имала. Јас фала богу до сега во ниедно мое одење во Истанбул не сум налетала на вакво нешто. Додуша јас не се ни шлаев во утрински саати низ Истанбул.

    како и да е Совршенство немој да те обесхрабри постов да го видиш Истанбул. Прекерасен е и не е толку страшен како што го опиша девојкава :)

    П.С Ако те интересира нешто плус, ресторани и мапи пиши во ЛП.
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    Јас не реков дека Истанбул е страшен, напротив јас прекрасно си поминав... Само напоменав нешто што му се случи на некој друг, а не на мене, а може да му се случи на секого. А во врска со шлаењето по утрински часови, тоа беше после 12 на вечер, кога има најмногу народ (па нема белким да се заклучам в соба уште пред да се стемни), а мојата намера не е некој да го исплашам за да не оди во Истанбул... Патем не знам и дали си го прочитала цел пост. Сакав само да напоменам дека треба повеќе да внимаваме на себе кога сме таму, и дека е препорачливо е да си со некого во друштво кога излегуваш многу доцна. Во врска со Истанбул, дури и јас самата реков дека е убаво да се посети, и да се остане подолго време, тоа и беше мојот најубав одмор таму.
    Во врска со ресторани и мапи, немам потреба од твоја консилтација, сепак, благодарам на твојата добра намера, ако имам потреба кога ќе одам пак може да те прашам. Меќутоа, јас бев таму неколку недели, па текот да денот го минувавме во разгледување на Истанбул, секој ден на нови места, а за ресторани, продавници, не можам дури и на прсти да ги бројам.
     

    Прикачени фајлови:

    • 09082011018.jpg
      09082011018.jpg
      Големина на фајлот:
      40,4 KB
      Прегледи:
      1.201
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Дефинитивно сме решени за Истанбул само уште понудите да ги разгледаме :) Овие што се излезени се со прифатливи цени, но сепак ќе ги почекаме и останатите :) Само ве молам кажете ми како одат цените за јадење а и за гардероба барем да знам дали од овде да си купувам или да заштедам и да почекам.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    За јадење отприлика околу 2-5 лири по јадење, зависи дали во ресторан или фаст фуд... ама во глобала храната не е скапа, ако е некое побогато јадење може да биде и од малку поскапо, ама храната вреди да се проба, особено месото. За гардероба, не земавме многу, повеќе земавме сувенири, и се разбира оние чаши за чај... пиењето ти е околу 1.5 до 3 лири, во Таксим каде што ние бевме, одма покрај морето... Само во Марвара Хотел каде отидовме поради средба со пријатели, таму пиењето е по 20 - 30 лири... па, сметај, едно евро е 2.45 лири... Единствено за гардероба не ти препорачувам да купуваш од Таксим, тој дел е малку поскап... Не го запамтив името на хотелот каде што бевме... Но има доста хотели, може да се најде и за 25 евра... на секој чекор има хотели. Меѓутоа, внимавајте, да има гаранција од хотелот за безбедноста на работите кои ги оставате во соба. Ние плаќавме 40 евра за двајцата дневно, а во цената е вклучен доручек, и со wirelees интернет конекција, и секако гаранција од хотелот за стварите. Во собата имаше фрижидер со пијалоци, исто вклучено во цената. Собарките секој ден го полнеа фрижидерот, кога идеа да ја чистат собата, и секако секој ден нова постелнина и пешкири :D :D :D Како превозно средство користевме најчесто трамвај, метро и брод, и воопшто не е скапо (околу 2 лири), а таксито е премногу скапо, а се возевме само од аеродром до хотелот, и назад до аеродром на враќање, и еден правец не чинеше 40 лири. И ви препорачувам да резервирате авионски билети преку flypgs, еден правец 30 евра (за џабе, иста цена како за со автобус, ама наместо да патуваш 20 саати, со авион ти е саат и 20 минути. 8)
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Аххх Истанбул...
    Веќе се сте пишале што мислев да напишам....
    Бев еднаш некаде во Октомври пред 4-5 години. Сакам уште најмалку десет пати.
    Јас како љубител на исламот, патувањето во Турција ми се најде таман да ги задоволи малку од малку моите страсти.
    Храна-ефтина.
    Босфор-магичен.
    Пристаништето-смрдливо, но :!: со најубаво гиро :lol:
    Сообраќајот-во тотален хаос.
    А каква пица и полнети пиперки сум јадела... Уффф мњам.

    Единствено поскапа мене ми се виде тогаш водата (не се сеќавам колку ја плаќав, ама знам дека скапа ми делуваше). Си изнакупував ефтина гардероба (џемперчиња по 300 ден, блузички по 150 :lol: , бундичка си купив за некои си 600 ден.) и плус добив гратис една блуза од продавачот и ми направи чајче и + добив од онаа колонската вода што ја користат кога им идат гости (да си ги замијат рацете).

    И да скратам. Сакам пак таму :)
     
    На presiosa1, tinka-mace и ludoto19 им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    Понудата за мапи и ресторани беше за Соврсентво, девојката која ја отвори темава!!
     
  12. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    60
    Колку што можев да видам има страшно добри понуди за Турција за НГ ама никад ене беше спомната прошетка на Островот на принцезата.Најдов само една нет тура за 50евра од тамошните агенции во Истанбул/......
    тие што биле ме интересира како ја организираа посетата-вклучена во аранжманот или индивидуално?
    па ве молам информирајте ме за цена и др детали
    фала
     
  13. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.110
    Пол:
    Женски
    Jas rezervirav preku Aurora za nova god. So avion..dali znaete nesto poveke za Aksaray,potocno Nie ke prestojuvame vo Saat Hotel..nesto poveke..poevtini mesta za jadenje,shoping..pisuvajte,dokolku ne vi e maka..izvinete sto ne pisuvam na kirilica,od mobilen sum,i edvaj mozam..pozz
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    Сум била два пати по 1 недела и неочекувано, ама ми се допадна премногу (затоа отидов и втор пат). Истанбул е модерен град со Европски шмек, а стара традиција и стари делови кои едноставно освојуваат. Историските места кои можат да се посетат, целата култура, традиција, храна, па плус и прекрасниот Босфор и крстарењето по него не оставаат никого рамнодушен. Би идела секое лето кога би можела. Не е скапо, има буквално СЕ во него. И модерени делови со бутици, и прекрасни ресторани, пазарот кој е надалеку прочуен и народот кој е гостопримлив даваат посета од сонишатат.


    ах, секој дел е прекрасен... Би сакала стварно да поминам едно 3 месеца тамо, да видам каков е животот.

    Едит-јас индивидуално бев, затоа незнам како оди преку агенција...
    А за јадење и шопинг, навистина не е скапо. Цените се горе доле како кај нас, а во бутици има многу ефтини работи (целата улица што почнува од плоштадот Таксим е преполна со бутици) а и на пазарот може да се најдат многу ефтини работи, секако со ценкање ~
     
  16. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Не сум светски патник,ама имам доста прошетано по светов :$
    Истанбул е еден од градовите за кој си помислив- е, тука би можела да живеам :)
    Еден дождлив октомвриски ден кога штотуку раскинав со дечко ми бивши и баш бев во депресија, ми се јави другарка ми и без никаков увод ме праша-сакаш да одиме во Истанбул?
    Бевме 7 дена во Истанбул и си поминавме лудо, совршено...
    Се вратив во Скопје како нова.Сакам пак! :D
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Истанбул....леле нема да ја заборавам таа глетка кога се слетува на аеродромот и се гледа босфорот, жими се многу беше убаво.
     
    На Gordana10 и Asja им се допаѓа ова.
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Како што и рековте Истанбул е прекрасен, нешто за кое неможе да се зборува туку само може да се доживее. Спој на модерното и традиционалното, спој на христијанството и муслиманството...
    Бев 4 дена и сфатив дека ми се премалку за да го доживеам како што треба. Прекрасен е има многу работи кои можат да се посетат како што се Аја Софија, Топкапи, Долна Бахча Сарај, Сината Џамија и нешто што ептен ми се допадна е крастарењето по Босфорд и многу ми е жал што немаше доволно време за тој филинг да го повтором, но вечерно време.

    Само доколку се решите да го посетите Истанбул не ви го препорачувам за Нова Година зошто:
    -На нас два дена времето не ни се погоди постојано беше магловито и врнежливо
    - Турците воопшто не се замараат со Нова Година за нив тоа е една обична вечер, се најнормално си работи и нема никаква организација и ич не е новогоднишно украсено
    - Многу поубав би бил напролед.

    Во секој случај вреди да се посети преубав е :)
     
  19. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Истанбул ми е омилен! Нај нај!! Таква архитектура, нигде немам сретнато. Огромен е, го обожавам!! Плус ако отидете во Капали Чаршија - продавачите знаат македонски, за ценкање прва класа!! :lol: :lol:
    А какви куќи, палати покрај Босфор, тоа е нешто невидено!! :x :rock:
    Едвај чекам пак! :inlove:
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите мислења и се воодушевив од тоа што сте го напишале. :)
    Мора да појдам таму, да го видам Истамбул. :!: :D