Ние идеме секогаш на исто место, New House hotel, чисто убаво место најбитно што е баш до метро страница и 5мин пешки до Султан Ахмет.
Во кој хотел најчесто се сместуваат преку агенција? Пишува во близина на Капали Чаршија ама не пишува кој е.
Daleku dosta, dva patı ımam ıdeno so agencıja. Mnogu vreme se gubı vo pat.. pratı mı ss od taa agencıja da vıdam ? Nıe vecer patuvame sı najdov super hotel vo Sultanahmed za 27e nokj
И какви беа хотелите зошто гледам сите агенции ги кријат. Демек ќе се знае две недели пред поаѓање, а некои пак два дена. https://liberotravel.com.mk/ponuda/истанбул-8-ми-септември/
Претежно сите се убави хотели со 5*, и реално ефтина понуда е оти само автобуски превоз е 80€. Доколку идете само за шетање одлично ви е преку агенција барем они ќе ве шетаат
Не се со 5 ѕвезди, туку со 3. Просечни, солидни хотели. За таа цена се ок, не можеш да очекуваш кој знае што. Неколку пати имаме патувано со нив за Истанбул, се беше ок.
Јас два пати бев со Смира, одлични хотели беа со доручек со спа хамам.. Е подалеку се затоа нам не ни одговара, ни нивните тури сега сум во Истанбул и од 11 сабајле уште не сме прибрани
Прашање до оние кои одат на шопинг во Истанбул. Предлог бутици со вечерни фустани во околина на Нишанташи што не продаваат само на големо ?
Се вратив сабајле од Истанбул. Преголем град, многу гужва, сите некаде брзаат. Бев преку агенција, но екскурзиите си ги организиравме сами. Фул пакет беше 220 евра, ни плативме само 100 и 100 разменивме во лири кои ги искористивме за превоз, влезници и храна. Принцески острови 35 евра преку агенцијата, а со брод плативме само 6 евра. Ај да ти организира и да се ок, ама те остава сам и шетај. Плативме само за Долмабахче и Топ Капи, само затоа што во Долмабахче прво влегуваа групно и еве раскажуваа, ама Топ Капи не однесоа и шетајте сами, па после Аја Софија, Сина Џамија и Капали чаршија. Многу повеќе прошетавме за разлика од останатите кои беа со водич. Користевме автобус, метро, такси. Доволно е да знаете англиски. Такси апликацијата ми се допадна, според мене не беше скапо, а најмногу го користевме. Подобро отколку да менуваме повеќе станици. Имавме и Истанбул картичка со неа се плаќа секаде. И превоз и влезници. Прв ден: Таксим, па со такси од хотел и на вечера покрај Босфор со поглед на мостот. Втор ден: Долмабахче палата, Топ Капи, Аја Софија, Сина Џамија и вечера со поглед на зајдисонце. Трет ден: Принцески острови и зајдисонце покрај Моминската кула, Галата кула. Четврт ден: шопинг по молови. Цените беа отприлика како во Македонијс. Левис маички по 1000 ден. Зара нешто поскапо за 5-10 евра. Ваикики преголем избор и поефтино. Не знам дали се е оригинал, затоа што патиките ми изгледаа дека не се. Не знам, зошто ни спомнаа дека имаат фејк што тешко се разликува од оригинал, а каде што бевме на Таксим се познаваа патиките дека не се оригинал.
Бидејќи ќе одам во Истанбул преку агенција и цените на факултативите се многу поскапени, би сакала совет кои овие факултативи би ги издвоиле како поинтересни и кај што стварно е интересно и вреди да се плати? Долмабахче -40евра Топ капи - 40 евра Ортакој-10 евра Азиски дел Балат- 40 евра Денско крстарење -25 евра Ноќно крстарење со вечера- 45 евра
Не знам дали веќе си била, но да ти одговорам јас сум шетала се сама без агенција и цените се тие: Долмабахче влезница е скоро 22 евра Топкапи скоро 32 евра Ортакој нема влезници Балат нема влезници тоа ти е маало, Азиски дел не бев, не знам Крстарење ти е 100 лири за 1 саат Ноќно крстарење со вечера не сум била реално и не ми беше потребна вечерата ништо посебно, а скапо. Инаку сите се интересни факултативите и секој си има посебна убавина.
Крстарење со вечера е глупости. Џабе фрлени 50 евра кога за 5 евра е повратна карта и повеќе ќе видите таа вечер, отколку возење само на брод. Извадете си Истанбул карта и со неа ќе си плаќате превоз, карти, јавни тоалети итн. Имате брод од европски до азиски дел кој се враќа последно во 11 мислам вечер. Исто и до Принцески острови. Не вреди да плаќате на агенција. Тие имаат една карта и на неа кредит и со една плаќаат за сите. Мене Долмабахче не ме нешто воодушеви. Само тоа го платив дека една беше задолжителна. Балат е без пари исто и Азиски дел и Ортакој. Тоа со една влезинца со брод се посетува. Од мостот до моминската кула и назад ќе се прошетате. Многу убав поглед има на зајдисонце и после навечер ќе се вратите со брод назад до европскиот дел. Топ капи ок сам да си платиш. Таму е и Сината џамија и Аја Софија. Убаво поминат ден со вечера и поглед ма сината џамија, прва слика од погоре. Такси е ефтино. Имате апликација за такси и ви нудат цени до која локација сакате и веднаш доаѓаат. Прв ден: попладне прошетка по Таксим плоштад, па вечера во ресторан на Босфор со поглед на мостот и после прошетка наоколу. Превоз со такси. Тогаш немавме Истанбул карта. Околу 40 евра повратна за 3 лица. Втор ден: Долмабахче, Сина Џамија, Аја Софија, вечера во ресторан со поглед на Сината Џамија. Не бевме Капали Чаршија. Трет ден: Принцески острови со брод 2 саати цел ден, па попладне возење со брод до Моминска кула и прошетка на зајдисонце, па на крај Галата кула каде има многу слаткарници. Хотелот ни беше под Галата кула и кај мостат Галата. По минување на мостот има пристаниште каде има линии за Азискиот дел и за Принцески острови. Принцески острови ок место да се посети ако сте на 3 ноќи, а на 2 не вреди да се губи пола ден.