Одлична идеја е сум била баш за нова година и навистина е преубаво ,иначе све си работи нормално и на 1,2...јануар
За мене најлош град за нова година. Јас никогаш не би отишла во Истанбул во зимскиот период. Ладно, врнежливо, магла итн. Најубав период во годината за Истанбул е мај и септември ако се оди да се види се што има таму. Плус оние убави погледи на зајдисонце. За нова година Виена, Прага, Будимпешта, Единбург, Париз...
Никад Истанбул толку градот ми изгледа мизерен,мислам за луѓето во него. Бев со другарки во Истанбул бев во некои локални улични продавници машки особи кои работат таму значи се толку агресивни, особено кога пробуваш облека. Постојано наоѓаат изговори за да „помогнат“ со облеката да видат дали облеката одговара, чувствуваш дека те допираат и кога навистина не ти е потребно или без прашање. Као толку се агресивни за да земеш некоја облека која ќе ја пробаш. Башка и цените ги лупааѕ мора 20минути да ги наговориш да ти спуштат цена. Ме подсеќа како Индија. Градот си е убав немам зборови.
Буквално,нас времето ни се погоди можда еден ден само ни врнеше,и баш беше убава температура јас носев зимска дебела јакна па топло ми беше,така да и јас не би рекла дека е грдо и ладно
Јас дури сега гледам дека си ме цитирала Околу саат ипол е возење со метро до центарот, исто толку и до Султанахмет Одличен им е метро системот, не можеш да се изгубиш .. Мислам можеш де..ама мноогу тешко Ние секаде бевме во наша режија, купивме и дводневна istanbul tourist pass, ако планираш во многу места (музеи, аквариуми и сл) да влезеш, се исплати..
Била ли некоја од вас во Истанбул со авион (Pegasus или AJet) да сподели искуство? Прв пат ќе одиме па пробувам да одлучам дали со авион или со автобус со агенција, некако многу пат ми е за со автобус за само 2 ноќи таму.
Со авион си за 1 саат таму. Не сум била на шетање, преку работа бевме. Со автобус е понапорно, граници, чекање. И додека стасаш до едно место со автобусот, ајде сликање, набрзина разгледаш и пак внатре. Мислам со авион ако одеш и сам си направеш распоред, многу подобро ќе е.
Ние ќе одиме Истанбул со авион почеток на март. Сами ќе си организираме се. Може ли некој да ми каже што да посетам во 3 дена и дали карти за знаменитостите да купувам онлајн или на лице место? Ќе бидеме сместени во Султанахмет населбата. Исто ме интересира Која е најповолна опција за крстарење на Босфор накај азискиот дел? Има ли редовни бродчиња кои возат до таму? Прв пат одам па сакам да бидам спремна
I jas ke odam (prv pat) vo mart za Istanbul,mene najveke me interesira vremeto tamu i temperaturite vo ovoj period od godinata
Devojki za 8mart istambul ke odeme prv pat. Hotel so dorucek e vo rezervacijata. Predlog za drug obrok?
Долмабахче, Ортакој, Таксим, Истикал, Галата, Босфор, Топ Капи, Сината џамија, Аја Софија, Капали Чаршија Купи си Истанбул картичка, се вади на автоматите. Надополни си пари на автоматот и со неа се плаќаат сите влезници, метро, трамвај, брод, автобус, јавно вц. Да има редовни линии кои водат од европски до азиски дел. Карта може да се купи и таму на шалтер. Навечер мислам дека последните се до 23 не знам точно. Тебе ќе ти одговара старт од пристаништето Еминону. Од таму со брод до Бешикташ и ќе ја посетиш Долмабахче палатата, па од таму на Ортакој на зајидсонце е најубаво со поглед на Босфор, па навечер во азискиот дел на пристаништето на населбата Ускудар. Не се лажи по оние понуди кои ги даваат на улица, поскапо е. Исто има и такси си означуваш на мапа каде си и до каде сакаш да одиш и ти даваат сами понуди колку пари е. Принцески острови е исто убаво, 6 евра беше повратна карта од пристаништата во Истанбул до Адалар До Галата кулата исто убаво е и пешки преку мостот Галата. Имаш многу слаткари и кафичи во тој дел. Јас кога бев не беше отворена кулата инаку вреди да се качиш на неа има убав поглед на цел Истанбул. Препорака и вечера на некој рофтоп околу Аја Софија исто убав поглед на зајдисонце. Јас избегнувам да одам на пролет, дека денот е пократок и е поладно и повлажно времето. Бев во септември. Истанбул е најубав на зајдисонце и кога е мрак. Освен Долмабахче, Таксим, Истикал и Принцески острови друго се во после 18 часот. Така да планирај си што преку ден што навечер. Обавезно и вечера на некој рофтоп.
Девојки јас бев со авион и супер си поминав. Прелесно за снаоѓање ми беше и преубаво. Не згрешив што одлучив да одиме сами наместо со автобус со агенција. Истите пари приближно се, а вака 5 дена имавме време да си прошетаме се што испланирав. Едвај чекам пак да одам.
@MG3 Сподели повеќе информации, ако сакаш колку е авионска карта, колку е сместување и каде. Сакам да одам, ама многу возење ми е со автобус сигурно е околку 12 саата. 109 евра за 2 нокевања со доручек плус ексурзиите околу 120 евра. Рачунам минимум 300 евра по човек за 5 дена од кој реално за шетање се 3 дена.