@zence @NCIS Јас бев со Пегасус, картите авионски беа 150 евра вкупно толку платив за двајца, одење и враќање за двајца. Исто имате и со Ajet редовни летови, со нив имаше и за околу 130 евра ама не ми одговараше времето па ги одбрав Пегасус. Преку Ajet со картата имаш право на 8кг торба/ранец, другото се доплаќа. Со Пегасус имаш право само на 3кг багаж, што е премалку, меѓутоа на моите летови немаше никаква проверка за тоа, комотно можев да одам со повеќе од тоа. Е сега не знам дали секогаш е така или мене така ми се погоди. Ама ми изгледаше како да не се замараат со багажот. Иако пред одење 2-3 пати ми стигна предупредување на мејл дека само 3кг смеам да носам и дека ако имам повеќе багаж ќе треба да доплатам. За куфер ако сакаш да носиш се доплаќа. За смештај најдов хотел преку Booking, Не сум импресионирана од хотелот па не би да го препорачувам, мене ми беше најважно локацијата да е добра. Беше околу 120 евра за 4 ноќи за двајца без јадење. Може да се најдат скроз океј хотели преку Booking за тие пари одприлика, зависи што барате. Препорачувам да се сместите во Султанахмет (ние во таа област бевме сместени) Меѓутоа за следен пат би одбрала сместување некаде во Еминону бидејќи од таму се ти е достапно, каде и да сакаш да одиш од таму имаш директна линија со јавен превоз (бус, транвај, метро, траект). Ама и Султанахмет е скроз океј како избор на локација зошто повеќето од главните знаменитости се тука. (Аја Софија, Топкапи, Плава Џамија, Цистерната итн.) Значи 150 + 120 = 270 евра, мене толку ме кошташе превоз и смештај за двајца за 5 дена таму со авион. Прелесно ми беше за снаоѓање таму, ама имав убаво истражено од дома и одприлика знаев што сакам да посетиме. Јавниот превоз им е предобро организиран. Влезниците за знаменитости моментално таму се многу поскапени, на пример за Топкапи е 55 евра, Долмабахче 45 евра, Аја Софија 25 евра итн, што според мене е баш скапо. За крстарење на Босфор наместо да плаќате тура со агенцииве наши може да се возите со ferry, цената за било кое возење со јавен превоз кошта помалце од евро (27 лири). Ние се возевме 5-6 пати и преубаво ми беше. Има редовни линии за сегде. Јас летав до SAW аеродромот кој се наоѓа во Азискиот дел. Од таму до хотелот стигнав вака: прво со метро М4 до Кадикој, 22 станици се возиш до последната станица. Од таму се префрлаш во брод (ferry) до Еминону. Ова беше најефтината и најбрзата опција. Метрото го имаше на секои 7 минути. Иначе имаат и редовни автобуси кои возат од аеродромот до Таксим и до Кадикој. Тие се околу 5-6 евра од човек, а метрото и траектот заедно беа вкупно околу 1,5 евро од човек. Иначе Користев Google Maps за навигација и за снаоѓање со превоз. За јавниот превоз купив Istanbul kart на аеродромот која беше мислам 3 или 4 евра така нешто, и после ја надополнував и ја користев. Друго не знам што би ве интересирало, слободно прашајте. Ако ве интересира можам да ви пишам и подетално за цените за јадење таму, ресторани, маркети, за купување сувенири и такви работи.
Ti blagodaram mnogu,sledna prilika ke odam so avion,so avtobus mnogu e naporno,i agenciski sega bev i vishe nikogas,ne mozam jas nekoj da mi odreduva kaj ke odime i da me ogranicuva so slobodno vreme,po sopstvena rezija e najdobro
мене ми беше прво одење таму и баш се мислев дали со автобус или со авион, мило ми е шо одлучив со авион, не згрешив дефинитивно.
@MG3 Благодарам за исцрпните информации, ме интересира и тоа другото да го напишеш за цени за храна , кафе и сл
Еве јас бев сега скоро по втор пат за овие 6-7 месеци и можам да кажам дека цените им се уште повеќе покачени.. Претходниот пат летавме од Софија со Пегасус, сега летавме со Туркиш од Скопје.. Можевме пак со Пегасус ама картите што ги најдов со туркиш беа сосема мала разлика за чудо.. Барем за нашите термини Со Пегасус и Ajet како што рекоа, се лета до Сабиха.. А со туркиш до новиот аеродром што им е ненормално добар.. Едно евро е 39 лири Порциите главно јадење од 450 лири до бескрај.. Плус 10% service charge.. Најчесто добиваш баклава гратис Кафиња 150-300 лири Коктели од 350 лири па нагоре Моктели 250-300 лири.. Овој пат бевме сместени во Емпориум хотел на 350 метри од капали чаршија..и близу е до битните знаменитости На Триваго е поефтин него ли на букинг Локацијата е за мене супер..собите само супериор соба да се букира за надвор да гледа, обичните гледаат во лоби Претходниот пат бевме во хотел Гранд Унал.. И таа локација ми е топ бидејќи метрото Јеникапи е на 5 мин пешки а има и автобуска станица одма во близина.. Во близина на Таксим Innpera хотел.. Ресторани има еден куп.. Моја препорака за баклава е само Güllüoğlu во Каракој (и само таму ги има) ... Мнооогу подобра од познатите Хафиз Мустафа што ги има на секој чекор и е само комерцијализиран ланец на продавници за баклава.. Kebab shop - Том том кебап.. Мало забутано по Истикал кога се оди надолу, се врти лево кај Галатасарај средното школо (жолта зграда се гледа) по улицата што се симнува до Tophane трамвај станицата.. Turgut kebab, the ottomans kitchen се супер.. Има едно ресторанче кога се симнуваш од Султанахмет кон Сиркечи станицата се вика Неда, мало е и има доста пристапни цени. Гратис баклава, топло лепче, чај и крем салата.. За ручек убаво местенце е и Hanzade terrace restaurant има топ поглед и секогаш е гужва.. Ама е и поскапо.. Ако ви се здосади од турска храна како на мене има едно топ италијанско место на Истикал се вика Wama's и цените како за Истанбул се ОК.. Цените за знаменитостите се ужасно покачени па ако имате намера да влегувате секаде ви препорачувам да си купите за 2 дена Istanbul tourist pass и да направите ептен збиен распоред за посета на што е можно повеќе места за тие 2 дена од сабајле до вечер.. Се исплати.. Мојата математика е ваква.. Ден 1 Topkapi Basilica cistern Dolmabahce Крстарење со вечера со еден ужасен брод Переме ама се издржува сакам да кажам дека има многу подобри опции за крстарење ама бидејќи е вклучено во цената на пасот за тие 2 дена, може да се искористи.. Ден 2 Бејлербеј палата Çamlıca tower И Çamlıca џамијата Девојачката кула Голден хорн крстарење на зајдисонце И вечерта за релаксација во подводниот аквариум и зоолошка во Emaar молот.. Се заљубив во крокодилите Влезниците за се ова ви се вклучени во пасот Дополнително за посета.. сината џамија (жими таа што е бесплатна во тој Истанбул), Аја Софија, прошетка по Капали чаршија, египетскиот пазар на зачини (заатар купете си), на кого му се плаќа карта Галата кулата (или барем од надвор да се види).. Чизкејкот во близина на Галата не е ништо посебно колку што по интернет се величи Сулејмановата чамија ми е преубава лично мене.. Галата мостот, обавезно од таму да си земете екмек балик риба во леб и салата, Gulhane паркот - земете си еден симит и седнете да поуживате.. Убаво е да отидете и до Ортакој, од таму печен полнет компир да си купите и да седнете да го јадете со поглед на Босфор има и една преубава џамија - Меџидие.. Архитектурата ме воодушеви, спој на барок и отоманска архитектура Мене лично Ускудар на азиската страна ми е омилено за седење.. Има едно локалче Катибим кафе, има добра тераса за летно време а и внатре не е лошо.. И секако Кадикој не се пропушта исто на азиската страна.. За шопинг мене ми и е многу подобра азиската страна.. И поефтина Има и еден ресторан за препорака, повече за локалци е - Çiya Sofrası.. Добра турска храна.. Кога сте таму обавезно да влезете во Confectioner Cafer Erol Одете и до статуата на бикот во Кадикој да се сликате позади него има една Чилек улица (сокак) со еден куп ефтини парталчиња Можам до утре да пишувам.. Пак ќе одам, љубов ми е Истанбул Ако одите во април, има фестивал на лалињата јас темпирам сега пак да одам Има едно место Емирган тулип гарден во склоп на İBB Emirgan Grove паркот е уствари, изгуглајте А ако одите натаму изгуглајте İBB İstinye Sosyal Tesisleri и слободно седнете на ручек Иии ако најдете место за седење, а сте по кафето во Еспресолаб во Бебек има ненормален поглед.. Има и старбакс до него ама овие еспресолаб се многу подобри од старбакс а ги има секаде.. Извинете за рефератот Гритингс фром Истанбул во март
@Dust Одличен водич благодарам, планирам во април да одам. Досега не сул летала со авион и не сум била вака во сопствена режија, ама мислам за Истанбул вреди.
За секаде вреди во сопствена режија.. За Истанбул да се доживее барем малку, препорачувам 5 ноќи..овие аранжманите со 2-3 ноќи се џабе пат..
Истанбул да се доживее минимум месец дена треба.. Јас исто планирам пролетва ама сакам подолго да останам барем 2 недели па ќе видам ако можам да искомбинирам. Инаку да, се е поскапено и затоа јас ако одам ќе земам апартаман на Кадикој хотел никако.
Абе за Истанбул да се доживее ти треба цел живот да бидеме искрени..и 100 пати по 2 недели да се вратиш пак ќе биде малку Прашањето е кој има 1+ месец одмор особено што сакаме 1 недела зимовање, 1-2 недели летување.. За 2 недели секако е подобро апартман, ама и апартманите на airbnb и сличните платформи се ужасни со цени
Море ништо не жртвувам попрво ќе одам за Истанбул 5 години по ред по 1 недела.. Си сакам и море и планина и сити брејк и спа и се по список во една година. За оваа година збиен распоред имам, ќе видиме догодина да планирам повеќе време за Истанбул Иначе и во маркетите цените се доста покачени.. За 1 човек додека губам време да готвам, попрво ќе земам нешто успат да јадам
Ептен.. Иако читав дека е намалена ама не изгледа така на терен Во септември иначе 1 евро беше 34 лири.. Сега 39.. (39.2 најдобар курс што најдовме) Во маркет 1600 лири кило говедски колбаси, шунка обична 1300 лири кг (33 евра), нешто како нашиот свински врат ама говедски 3000 лири кг тоа се 77 евра Пилешкото им е ефтино
Шо им е со цените на турците Да ви кажам каков план имаме за Истанбул. .... Ке одиме здравје Боже со трејлер ,најдовме паркинг на Босфорот У тек сме на правење план бараме шо да посетиме,шо да јадиме ,....