Od koja agencija ste zadovolni za vikend patuvanje sega za 23 oktomvri? Sekako deka vo tie 2 3 dena nema da moze se da se vidi, no barem nesto.. Mene najvazno mi e patuvanjeto i smestuvanjeto da se uredni i vodicite da se korektni. Ne znam kolku e mozno i dali vleguva vo ponudite Topkapi, ama bi sakala ako moze i tamu da se odi.. Isto taka ako bil nekoj toj period da kaze kakvo e vremeto za da znaeme za oblekuvanje
Јас бев 2019 со Феријал Кашиков. Искрено, така не би пак. Напорно е возењето, 2 ноќи се аранжманите, а повеќе гледаш од автобус отколку пешки. Бевме Топкапи, Аја Софија, Долма Бахче и крстарење, тогаш беа по 25 еур мислам. Сега е сигурно поскапо. Капали чаршија и Сината џамија, таму немаше влез. По 100 еур беше, ама со се факултативи уште 100. И не бевме на сите. Подобро е мислам своја режија. Така мислам за 8 март со снаа ми. А и една членка имаше споделено како одела. Пегасус или Ајет ефтини летови, превозот им е предобро организиран, хотели се наоѓаат и по 30 еур со доручек. Барем 4-5 дена да си таму. Вака повеќе си во бус, плус граници, малтретирање. Сам каде сакаш ќе си одеш. Поскапо може ќе не чини, ама бар поубаво ќе си минеме.
Нехар имаат најубава програма за Истанбул со 3 ноќи. Имаат и Топ Капи. Сместување во хотел под Галата кула на сама улица.
Не ви е потребно агенција и да страдате по автобуси. Резервирајте карти со Пегасус има ефтини летови секој ден, резервирајте хотел во околината на Таксим, Галата или во близина на Аја Софија. Со гугл мап во телефоните ќе поминете се. Се продава на аеродром istanbulkart има автомати, имате автобуси до Таксим - Havalim нешто така, за 9 евра ќе ве однесе, има на секој пола час превоз. Не давајте двојно повеќе пари на агенциите, од 5 дена 2 сте во автобус. Ако сте сместени кај Аја Софија ќе ги поминете тука тие знаменитости пешки. секаде се плаќа влез. Трамвај има на секои 5 мин од Аја Софија до Галата, фери се плаќа со истанбулската карта исто. Се е флексибилно објаснето на гугл мапата. За интернет - купете нет преку holafly по денови.
Потполно се согласувам со @DEFNEDEFO Ја ви би препорачала ако имате и можност со автомобил да си одите до таму, паркирај си на паркинг и вози се низ Истанбул со метро. Патот од Ипсала до Истанбул е многу убав, само проблемот е што турците на некој начин се многу лоши шофери, треба ептен да внимаваш. Јас бев минатата година за нова година, колата беше паркирана на паркинг за 4 дена плативме 30е и секаде се возевме со метро. Многу побрзо стигнуваш секаде и многу од занемитостите ги минуваш пешки. За смештај, Таксим дефинитивно.
Odel li nekoj preku agencija so avtobus ovie sto nudat so 2 nokevanja? Kolku pari bi mi bile potrebni za tie 3 dena?
Зависи колку си трошаџика. Јас на пример трошам 200-300€ на некоја таква добра дестинација за 2-3 дена. Ама јас и ти сме различно и различни работи не интересираат.
До некои 500€ треба да земеш, за секој случај секако. Инаку во глобала Турција не е некоја екстремно скапа земја. Ако немаат цените поскапено во последната година. Е сега, ако сакаш да си купуваш нешто гардероба тогаш повеќе ќе треба да зимаш.
Јас бев со 3 ноќевања минатата година, верувај Истанбул воопшто не е е скап за храна, не видов да потрошив нешто повеќе отколку како да сум седнала во Мк, но ако си некој што е по сувенири, украси, тракатанци тогаш да знаеш да си планираш поголем буџет.. Јас најмногу истрошив по козметичките продавници бидејќи има многу брендови што ги нема кај нас, цените се многу поефтини исто и на облека, накит особено во Капали Чаршија ако сакаш да купуваш злато/сребро.. Ако си шопахолик нема да можеш глава да кренеш од тоа колку избор има Исто зависи што сакаш да посетиш, Топкапи палатата, крстарење по Босфорот, Аја Софија знај дека картите се прилично скапи 50-100 евра еден влез. Не се сеќавам точно колку пари беа нити гледав цени за да ти кажам за сигурно пошто немаше шанса да одам а да не ги посетам, но верувам онлајн може да најдеш цени. Само пази бидејќи во зима работното време е ограничено мислам дека до кај 4-5 макс се отворени потоа не можеш да влезеш (Топкапи и џамиите)
Zdravo sakame da odime so soprugata na 5 mart za istanbul 3-4 nokevanja so malo bebence so avtomobil. Pa bi sakal iskustva okolu smestaj parking dali e bezbedno koi medta za setanje za shoping dali evropskiot dali azijskiot del bi ve zamolil za iskustva.pozdrav
За смештај најубаво ти е Таксим, според мене, за паркинг паркирајте си или во хотелот доколку има паркинг или приватен паркинг. Во тој предел секаде е безбедно за паркирање, истите не се ни скапи. Со такси ако се возиш веројатноста е огромна да те одерат за пари, така да најубаво е со метро. Сите кои одат се возат со метро, секаде стигаш брзо. Инаку за шетање и двата дела се убави, европскиот ти е по модерен, азијскиот е по друг, ама не се многу разлика. Разликата е тоа што во европскиот дел има насекаде алкохол.
Најубав дел за смештај е или Таксим како што кажа членката погоре или Фатих или делот околу Топкапи, Аја Софија, Сината џамија не знам како се викаше. Првиот пат бев сместена во делот околу џамиите, тие ни беа буквално на 2 минути пешки, на уште 2 минути имавме станица за трамвај ( поминува на секои 2 минути и те носи низ цел град треба само да пратиш бројката и нема потреба од такси). Вториот пат бевме сместени во делот Фатих, од таму главно се движевме пешки-Капали чаршија, пак до џамиите. Од хотелчето каде што бевме сместени имаше организирано како крстарење по Босфор за 25 евра од човек со појадок и превоз до пристаниште , не носеа и до азискиот дел. Сум била и на азискиот дел со фериброт ( картата за превоз што ја купуваш низ Истанбул можеш да ја користиш за сите превозни средства), безбедно е и да знаете на азискиот дел е поефтино . Околу паркингот и двата пати бевме со кола, ќе си проверите од смештајот дали нудат паркинг околу 10 евра денот се плаќа или ако е негде околу смештај колата. Ако сте со бебе да знаете има многу угорници не е баш за со количка, од сегде поминват коли, точаци, веспи, воопшто не пазат како возат. Истанбул е преубав град, убаво да си поминете.
Искрено Истанбул е последното место каде би било паметно да се шеташ со мало бебенце, освен ако не сте со кола ама спреми се да тргниш од сабајле за да стигниш вечер на саканата дестинација.. милионски град невидени гужви, застој во сообраќај со часови, најбрзо е да се движиш со метро, такси во никој случај зошто ќе те одерат, за 5 минути вожња нас не одраја 50 евра а се ценкавме со еден куп таксисти и сите си вадеа цени од ракав како ќе му текне.. друго во метро со бебе ненормални гужви каде нема место ни сам каде да застаниш, туркање влечење хаос.. ќе те изгазат никој не те гледа.. Ние кога бевме во нашата група имаше пар кој исто беа пресни родители и не го носеа бебето поради тоа, агенцијата им кажа дека не е соодветно, но на ваш ризик Градот е пребрз и пребурен дури и да пазиш темпото е такво што другите не пазат
искрено не е многу погодно за со мало бебенце бидејќи баш за тој датум се прави многу гужва дека сите доаѓаат за празникот, јас бев лани преку Escape travel од 5ти до 9ти март и цело време не предупредуваа за џепароши да си ги чуваме ташните и новчаниците и цело време да бидеме блиски со групата затоа што имаше толку многу гужва беше многу лесно да се изгубиш меѓу луѓето. Ако сепак ви е мерак и убаво сте си испланирале, убав помин
да се надоврзам сигурно сте свесни со случувањата моментално и војната во Палестина Истанбул е преплавен од бегалци осбено Сиријци, се случуваат постојани немири насекаде каде блокираат цели квартови и улици вооружени групи.. нас ни се случи дента кога пристигнавме да ја блокираат главната улица на влезот на квартот каде ни беше хотелот и интервенирше специјална војска, чекавме со часови додека да се расчисти да влеземе, исто се случи и кога одевме за накај азискиот дел да стоиме со часови на преминот додека да е безбедно.. Треба многу внимавање каде се движите да не залутате по споредни улици, ако се движите со google maps знае да ве однеси низ ќор сокаци и знае да е опасно особено навечер подобро е да шетате во група никако сами..
Само што се вратив од Истанбул, бев со тура со две ноќевања, па да споделам мое искуство. Бев со Escape travel и можам да кажам дека се разочарав. Прво се шокирав што водичот зборуваше на бугарски јазик и се мачев да разберам што зборува, иако имам некое мало познавање. Не е во ред македонска туристичка агенција да нема водич кој зборува на македонски јазик. Повеќе од половина од приказните не ги разбрав. Последниот ден наместо да имаме 2 и пол-3 часа шетање во шопинг мол (како што пишуваше во програмата), ние имавме час и половина, од кои половина час ти треба за да се качиш на третиот спрат и да одиш во тоалет, бидејќи тоа ти е единствената прилика. Во останатиот час што попрво. Пишуваше дека се пристигнува во раните утрински часови во понеделник, а пристигнавме во недела во 23:00. На крајот на денот, да знаев дека ќе биде така немаше да земам дополнителен ден за одмор, за да си го седам безвезе дома.