1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Истанбул (Турција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од SOVRSENSTVO, 16 ноември 2011.

  1. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46

    Може да ми појасните за Островот на принцезата колку чини до таму и назад, каде се наоѓа... Ве молам итно е!!! :)
    Исто така, и за фестивалот на лалињата на кој датум е,локација време место... :)
     
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.108
    Пол:
    Женски
    Заљубена сум во Истанбул,а гледам и многу тука.
    Има и зошто, прекрасен е.

    Јас бев пред некоја година и тоа на пролет, крај на април. Што да кажам - лалиња на секоја страна,бои што ги немам видено претходно, премногу луѓе и гужва, но ненормален ред има..
    Абе сон, прва прилика одам без размислување.
     
  3. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Јас бев пред две години во Истамбул поточно во Сиркеџи. Навистина си поминав преубаво, ја посетив Аласофија, крстарев по Босфор, ја посетив Капаличарши, влегов во џмијата СултанАхметПаша итн, пак би сакала да одам.

    [​IMG] [​IMG]
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Проклетото време не ми се погоди кога бев, ама не влијаеше на вкупниот впечаток. Прекрасен е, кој ќе појде нема да зажали. Турците се толку цивилизирани, културни, гостољубиви. Огромен е, а каде и да се свртиш ќе најдеш нешто од кое ќе се воодушевиш. Сакам пак, во мај! Да го видам во сонце Истанбул. Кој ќе појде еднаш, ќе сака пак и пак и пак. Зашто никогаш нема да има време целосно да се впие овој град
     
  5. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Истамбул :inlove: бев пред 4год, не седев многу 5дена, ама ме освои комплетно, ги прошетав сите места кои ги спомнавте и крстарењето по босфор, дефинитивно сакам пак да одам, дури и животот би го поминала таму волшебно место е :inlove:
    островот на принцезата нели е тоа местото каде што е снимана серијата плачот на виолината?
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.239
    Пол:
    Женски
    Да таму е снимана серијата.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Princes%27_Islands

    А за фестивалот на лалињата се одржува во април во Emirgan Park и е нешто преубаво. Цел парк е со разнобојни лалиња. Да се заљубиш. Се иде со автобус од Таксим.
     
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    дали знаете колку пари е авионска карта(повратна) од МКД.скопје или охрид нема врска кој аеродром до истанбул ?ај ако знаете ве молам пишете.
     
  8. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    јас кога одев во истанбул во август минатата година, повратната ја платив 275 евра со аеродромски такси како што си оди.... ама сега преку www.flypgs.com еден правец е 30 евра, што не ти се ни исплати да одиш со автобус за поголема цена и да патуваш 20 саати
     
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    ти благодарам за брзиот одговор.па и не се толку скапи картите,околу 150 евра повратна баш е супер цена.можеби во одредена сезона се 30 евра за еден правец,јас за во јули гледав 65 евра е еден правец,и не е многу пари.
     
  10. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Бев минатата година во Април. ПРЕКРАСНО Е! По Босфорот со брод крстарев 2 часа, малце ми здосади ама ај издржав :D Какви куќи, какви палати имаат изградено тоа е НЕВЕРОЈАТНО! Со другарките ја баравме куќата на Периде (од 1001 Ноќ) и за чудо ја најдовме.Голема,црвенкаста куќа. :)
    Бев во Сината Џамија, и во таа фонтаната што е пред неа сум се ѕверела пола саат, многу ми беше интересна, необична :D И навистина има прекрасни сувенири. Како сме се ценкале сите ахаха :D
    А Капали Чарши едвај сум ја изодела, нозете не си ги чуствував. Па и народ што има, јааао :x
    Инаку, храната многу ми се допадна. Пробав пченка на скара - мераци.
    И нешто слично на баклава - многу вкусно беше. И после кога ми кажаат дека била по некој специјален рецепт со козјо млеко ми се сврте во глава :D
    Јадев и нешто слично на палачинка а како се викаше ич не ми паѓа напамет. И тоа си го полниш со што сакаш - од салати до месо. ЊАМИ!
    Се надевам дека повторно ќе имам шанса да го посетам Истанбул.
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ептен ефтини понуди за Истанбул ова лето еве погледнете :)

    [​IMG]
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    исто...или пак кога поминавме со брод под мостот......
     
  13. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Периодов малку истражував по интернет,гледав слики и читав за историјата и за се она што е вредно да се посети во Истанбул,па се загреав да ја видам оваа единствена метропола во светот која се наоѓа на два континента.
    Се надевам дека ќе имам можност наскоро да го посетам.
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Најтазе впечаток, во Понеделникот се вратив а бев од Четвртокот таму цели 4 дена.
    Не е тоа доста долго време, но сметам дека е пристојно за да можат да се разгледаат берем најважните места.
    Во 4тири дена видов доста, малку беше напорно но вредеше дефитнивно.
    Јас отпрвин не бев нешто посебно возбудна за Истанбул,но и беше голема желба на мајка ми,па решив да и ја исполнам желбата.
    Но сега сум воодушевена и се чудам како сум можела да мислам дека нема нешто посебно да видам.
    Не ми се враќаше последниот ден, посебно откако ми кажаа дека кај нас врнело и било ладноо, тука беше 28 степени и беше препријатно, дури и во некои делови од денот и прежеко знаеше да ми стане.
    Ги посетив-Сината Џамија, Аја Софија, Топкапи, Долма Башче палатата и плус Крстарење во Босфор, Капали чаршија и една преубава грчка црква + Таксим.
    Највоодушевена бев од Долма Башче,али кој не би бил, останемве со подзината уста цела група што бевме.
    Отпрвин не ми беше јасно зашто е забрането сликање таму, и никкао неможев да се помирам сотоа, но кога влеговме уште во фоајето, и кога ни дадоа да ги натнеме калчинките над чевлите сватив дека се работи за нешто маестрално. И мајка ми баш прокоментира - јас ми сакала да се сликам со секој милиметар од палатава и секој друг човек кој влегол овде, а иронијата е што мајка ми ич неќе да се слика :D
    Не сум била во Версај, се надевам дека ќе одам набрзо, ама кажаа дека била сосема слична на неа и правена во тој стил европски буржоаски.
    Jaс бев буквално blown away!
    На сите им раскажувам со денови веќе и сите ги фати таа Истамбул манија, и решија дека мора да ја видат.
    Од Топкапи не сум воошто воодушевена, дури и разочарана, толку оскудно и сиромашно ми делуваше.
    Погледот е нешто што е најубаво од се и убави и огромни градини.
    Во серијата е милион пати поубаво прикажано. Реланоста е далеку далеку пооскудна.
    Плус поголем дел се реставрираше, кујната и уште нешто ама самото тоа што сите беа посебно раштркани во посебни објекти, мене не ми се допадна.
    Како и да е баш тој турски стил на градба и живот.
    Капали чаршија е инстересна и афтентична, но нема шанси да се рагледаат сите дуќани и сите 60тина улички. Али златарите се ужасно многу скапи, во наша чаршија можат да се најдат слични и каде кад поефтини работи. Али ценкање на ниво, од 300 евра да ти симнат на 60 е неопислниво нешто за мене, чак што више не ни истирав до толку, ако се заинатев може и до 10е да стигневме :rofl:
    После Долма башче, нешто што вреди е и крстарењето по Босфор. Само што малку беа 2 саати за мене, јас би сакала цел ден да го поминам.
    Јас не сум ич religion freak и влезот во џамијата ми беше измачување, не уживање.
    Мајка ми не ни сакаше да влезе ама ја разубедив дека еднаш влага у џамија.
    Ме неривра тоа што жената никогаш во тој свет нема ни да ги има истите права како мажите.
    На сите жени што беа со кратки ракави им даваа едни сини да ги нагрнат, а мажите можат комотно да се шетаат со кратки ракави. Мене ми дадоа сина наметка да ја врзам над суќната иаку ми беше макси, до глужд доле, зашто имав шлиц од страна, па ми се ѕиркално малку месо :devil:
    Башка арома на нозе од 1000 луѓе од една просторија, никогаш не ми била фетиш |(
    За шопиг не беше ама воопшто ефтно, дури беше поскако од од кај нас, а за Солун да не праиме муабет.
    Има избор на милион марки, кои прв пат ги гледам во животот, ама скоро сите беа за прилично длабок џеб. Дури и мис поем што е нивно од турција беше изгор скапо, цените како нашено на рекорд.
    Храната нивна не е по мој вкус, и тој јас јадам прилично зачинта храна, ама ова беше премногу.
    Башка и фаворизираат туршија, а јас не сакам ни ја да видам.
    Освен БАКЛАВА не сум јадела поубава баклава во мојот живот, дури ја претеравме, мајка ми до диареа ја дотера :rofl:
    И неизбежно за дома едно кило кое за 2 дена го снема. Али скапо, многу скапо.
    Ненормална гужва, неморнално брз и динамичен живот водат,сите возат претерано брзо, посебно домушите, за 15 минути повеќе од 10 километри како од шала ги помина, небаре на автопат а не у центар на град.
    Најмногу жалам што немавме време за Сафир, најголема зграда во Турција, на 50тина ката, ама беше предалеку и немаше теорија да се стигне да се види. И за осторовот на принцезата, но во следна прилика, сигурно.
    Јас сигурно би сакала пак да одам,што не и го рекла тоа за многу други градови.
     
    На Elena69221, mims-89, Candid и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    За еден месец ке одам во Истанбул на неколку дена,па едвај чекам да заминам досега не сум била ,ама сум слушала само преубави пофалби за градот :lol: и секако сум гледала и на нет :lol: хихихи ај споделете нешто повеке вие што сте биле дали и колку е безбедно да шеташ сам,како се движат цените :rofl:
     
  16. micamaca

    micamaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Сакаме за 1 Мај и Велигденските празници да одиме за Истанбул???
    Која агенција би ја препорачале. Ние ги разгледавме Нехар, Фибула и Далас Унион. Со која сте биле Вие и од која сте задоволни од организација???
     
  17. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Волшебен град. За време на мојот краток престој не престана да врне дожд. Ама не дозволивме тоа да не спречи да ги прошетаме сите зацртани места: Аја Софија, Сината Џамија, Базилика, Археолошкиот музеј (нешто неверојатно), Египетскиот пазар за зачини, Сафир Сеир погледот од 54-ти кат и 4D проекција за разглед на градот (нешто задолжително), Таксим, Џамлиџа, крстарење по Босфор...
    Си го купив и тоа без кое што ветив дека не се враќам - наргиле :rock:
    Би одела повторно, но би сакал тоа да се случи на пролет, да го видам овој голем град под зраците на сонцето. :sun:
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.239
    Пол:
    Женски
    Значи вака, од искуство бидејки бааги имам одено и седено подолго време во Истанбул можам едно да ви кажам, кога одите преку агенција прашувајте каде се наоѓа хотелот. Ако е во Аксарај областа бегајте, тоа е дувло на проституција не е воопшто безбедно за шетање. Најсигурно ви е преку Пегасус евтина карта авионска или автобуска преку Хисар кој како сака, и сами да си најдете хотели преку интернет. Најдобро ви е да отседнувате во Султанахмет од каде што ви е се на дофат, може пешки да шетате и да разгледувате. Само бегајте од Аксарај. Евтини се хотелите ама не е безбедно.
     
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    За Аксарај и јас можам да потврдам пошто минатата година бев таму, отседнав во еден хотел неколку дена но не по моја желба и барање секако . Хотелот беше со 3 звездички и беше на убава локација, на 5 мин беше од Капали чаршија пеш, само неубави беа лугето во смисла што беа нападни на некој начин, ни се случуваше мажи да ни додеваат и да ни нудат пари, до нас имаше еден објект како коцкарница и ке излезеаа на прозорец ке ни покажуваа пари :D абе гревови нивни , навечер имаше пред хотелот и по улица многу црнкињи кои си ја бркаа проституцијата , ама сепак престојот ни беше преубав иако морам да признаам по малку се плашевме, сега кога би одела би одела во друг дел, во некој помодерен и побезбеден, не дека во Аксарај ке ти направат нешто ама онака ете, исто не е за потценување и тоа дека полицијата патролира на секоја мин, но како и да е ништо не ти е сигурно денес.....
     
  20. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Преубав град, сум била неколку пати, и навистина има видено многу работи, но споредувајќи колкав е Истанбул ништо не сум видела :D