Ич да не се плашиш ако сакаш да одиш. Тие дофрлувања не знам кај биле ама така знаат да бидат во Капали чаршија. Ама дека е опасно да се шеташ низ Истанбул сама не е. Греота е да не го видиш градот од пусти стравови. Плус има и туристички групи на кои можеш да се приклучиш да не одиш сама. Не е тоа Саудиска Арабија па да се плашиш дека била муслиманска. Што рече членката погоре повеќе непројатнсти сим доживеала овде отколку таму.
Истанбул и општо Турција е безбедна ако знаеш каде да се движиш.. Ако одите низ Сарај, Кондово и Арачиново верувајте истите погледи можете да ги добиете. Па јас исти такви грди погледи добив од двајца мажи сред Берлин..и што сега, нема да шетам? Пих.. секако.. Букирајте си хотел, лет и правец натаму.. Не се секирајте за ништо. И тие се цивилизираа, не се какви што беа порано.. Ми текнува пред 16 години, јас скоро речи дете, во Кушадаси ми се навртеа околу неколку мажи Ги погледнав само со остар поглед и си продолжив накај хотелот. Среќа што ми беше преку пат од плажа, ама секако не беа нападни до тој степен да се осетам загрозена.. После тоа, со тек на годините, се помодерни стануваа
Најевтино што сретнав е со Либеро Травел, околу 4000 денари. Имаат за Валентајн, би требало и за 8 март.
ИСТАНБУЛ.....Што да се каже за овој град... , а има толку многу да се пишува за него што малку се и 10 страници. Во последните 20год. имам одено секоја год. по најмалку 5-8 пати годишно, што занчи преку 150 пати. И пак не сум видел се и пак не сум бил секаде.А таму и самите турци немаат време да го прошетаат градот бидејки од дома до работа и од работа до дома и така цел живот. Со секое наредно одење се зголемува за 1-2 километри ( секој месец). Ме прашува еден турчин “колку жители има МКД“?? А јас му велам 2 милиони. Он се смее и ми вика “тука само општината Бешикташ има 2милиони“... Истанбул има преку 12-14 милиони жители , а секој ден во него влегуваат преку 1-2 милиони работници од околните приградски места.Единствен град во светот кој е распространет на 2 континенти. Главната автобуска станица ( opstina Bayrampasa), има повеќе од 100 перона и слободно можам да речам дека е најголема во Европа, ако не и во светот. Што да се види и што да се посети во Истанбул??? И 1 месец ви се малку за видите барем нешто.Обично најинтересно за посета е европскиот дел. Центар како центар- нема. Има повеќе населби, а ние македонците најчесто одиме на Бејазит-кај универзитетот ,а тука е и покриената чаршија капели-на тур. затворена ( се мисли покриена чаршија). Улицата се вика Орду кад. и по неа оди трамвајска линија и оди према исток и на 500 метри се наогаат плавата џамија и Аја Софија. Тие се едно до друго а тука во непосредна близина е и сарајот “ Топ Капи“. Ако продолжите надоле према морето ке стигнете доле покрај морето (Еминону) и од таму имате бродчиња кои прават крстарење по Босфор. Турата не знам колку кошта сега , ама не повеќе од 10е. Тука ви е пазарот“Тахтакале“ за ситници и има пазар за мирудии, зачини ( Мисир чаршија). Тука имате голем плоштад и има џамија Јени џамија ( нова џамија). Од другата страна према исток го гледате пак европскиот дел и можете да ја видите Галата кулата( тоа е залив, а не босфор). Босфор е према југ- југоисток. Над Галата кулата како на рид ќе видите облакодери ( 5-6), е тоа е познатиот ТАКСИМ, сите случувања, штрајкови, концерти - се случуваат тука. Од таму па према Галата кулата се наоѓа позната улица Ихтикал ( сите амбасади се таму).. Од таксим према југ - према босфор се наога стадионот и општината Бешикташ, тука се наоѓа и Долмабахче сарајот.Према исток се гледа познатиот мост над Босфорот, кој е забранет за пешаци поради голем број на самоубиства. Попознати населби се Таксим,Фатих, Икителе, Мертер, Бајрампаша,Шишли,Авчилар ( аеродеомот), Бешикташ ( европскиот дел) и Ушкудур,Кадикој,Умраније( азискиот дел). Пред Бејазит се наоѓаат Лалели и Аксарај- населби едната за текстил ( дуќани, ама наголемо) и другата за автоделови. Напред на влезот во Истанбул кај патарината има еден голем и нов форум каде може да се пазарува . Во познатата капели чаршија одат енглези, италијани, германци и таму цените се напумпани и као после ти намалува на цената- повеке е како атракција. Во таа капели чаршија од десна нејзина страна е и позната улица ( тоа е сокаче внатре) каде што се стационирани златарите. Ги има преку 20-30дукани. Сигурноста на туристите???? Туристите никаде не се сигурни , бидејќи арамиите ги демнат посебно нив. НИКОГАШ не вадете пари на улица. Парите ставете ги во 2-3 џеба и никогаш во задниот( таму најлесно се крадат). Во едниот ставете си малку пари од каде што ке вадите и ке купувате ситници. Криминал има малку во Истанбул и мислам дека е посигурен град од Рим, Париз, Барцелона. Порано турците ако видеа “плавуша“ и префлаа, ја тегнеа за рака итн. Тоа сега го нема, сите чени се сигурни - нормално по големите улици,. Сега идат многу русинки на шопинг и шетатт сами, и има мн. јавни куќи, така да од тие причини жените се посигурни.Во темните сокаци , настрана од главните улици нормално дека никој не е сигурен. Нас Македонците посебно не сакаат ( Ататурк - основоположникот на модерна Турција се школувал во Битола) и немаме никакви проблеми, а има и многу Турци кои после војната избегале од Македонија и од Југославија во Истанбул. Има цели населби со такви иселеници ( Јенибосна). Возењето кола!!!!! Е тоа е посебна приказна, и таму важат истите правила како кај нас , ама имаат и други непишани правила, така да нашите таму лесно прават сообраќајки неснаоѓајки се во тие гужви таму. Ех ИСТАНБУЛ......Има уште многу да се пишува, ама тоа во друга прилика оти сега раката ме здоболи од пишување.
Дали сепак отиде? Сакам и јас да одам преку организираниве тури па ме интересира ако имаш отидено да ми кажеш нешто повеќе
Здраво феминки ќе одам во Истанбул, па сакам да купам наргиле.Дали знаете од каде можам да купам поефтино наргиле?
Сум сретнала и по маркети, а и сигурно ќе одиш во Капали Чаршија. Ќе разгледаш и во продавниците околу хотелот. Ќе најдеш 110%
Женскии може ли да ми кажете кој трговски ми го препорачувате да одам на шопинг каде што ке можам да си купам работи со по ефтини цени?
Ми треба листа на места кои вреди да се посетат во Истанбул и цена за влезници ако случајно памтите И да се надоврзам со уште едно прашање препорачајте хотели кај да се престојува за да може да се шета и @nena2010 ако саш пиши ми лп
Гледај на букинг Или да се во регионот на стариот дел или кај плоштадот Јас имам букирано од пред месец