15 25 35 зависи кај Околу 150 е од човек испага да видис се шо нуде агенцијата 25 е знам крстарење по Босфор Нова година на брод на Босфор 79 е со дџ храна пијалок Аквариум подземен 15 е
Милионски град, вистинска метропола, има што да се види, хотели има многу, би го препорачала Холидеј Ин, интересно е да се посети Босфор, Света Софија (иако јас немав прилика до сега), азискиот дел Осман беј, има и многу добри трговски центри, само што треба повеќе време за да се прошета и види градот.
Дали некој/а што бил/а во октомври месец во Истанбул може да ми каже каква облека би требало да понесам? И како се движат цените за храна и пијалоци,по кафичите кафето колку е,отприлика колку џепарлак би било потребно за 3 дена без посети на знаменитости?
Види во Истанбул времето е многу променливо, одеднаш дожд одеднаш сонце. Земи си и јакна обавезно еве баш гледам мои слики од лани и тоа септември и јакна носев навечер. Храната не е скапа. Донери на секој ќош и тоа по наши 40-50 денари, прееевкусни. ( Паша донер обавезно пробај). Во чаршија е поскапо нормално. Јас баш кога бев лирата беше многу падната и буквално се ми беше џабе.. Исто и ѓевреци на секој метар по 1 лира а со нутела 2 лири Нам многу пари ни идеа на метро. Едно возење е 3 лири. Билет мора да си земеш (10 лири) со 5 лири внатре. Др што те занима прашај Ах, ме фати носталгија за најубавиот град во светот
Фала многу,воглавном цените ме интересираа за да знам колку да понесам со мене,зашто читам секаде пишуваат да се пази од крадење па не сакам и да претерувам па да останам без ништо
Незнам навистина, ние не сме имале никаква немила ситуација.. Не е скапо и со мал џепарлак може супер да поминете. Каде ќе престојувате? Во кој дел од Истанбул?
Ме интересира дали беше на Сафир кулата и колку плати влезница доколку беше? Бидеjќи на страна прочитав дека е 15 лири тоа е некаде наши 150денари отприлика,a преку агенција ја пишува 15 евра
Па во тоа имаш и превоз и пратител..затоа е 15 евра. Од тоа живеат агенциите. Ако знаеш сама да се снајдеш и да отидеш, тогаш оди сама. Јас најчесто по такви места одам сама.
Па да,така и планиравме.Ќе ги одиме тие што се иста цена пример Аја Софија 15евра,Топкапи 15 евра..а овие каде што видовме дека не се толку колку што ги пишува ќе пробаме сами да влеземе па ако не успееме нареден пат секако ќе има
Здраво. Со дечко ми сакаме догодина да отидеме на одмор во Турција ама бидејќи Истанбул ми е прекрасен град би сакала таму да е одморот, но ме интересира дали има плажи или одморот ќе го поминеме само во прошетки низ градот? Ваши мислења и искуства?
neveruvam plazi tamu ... ako ti e do plazi i Turcija odi vo Kusadasi , Antalija nemora Istanbul haha odi Izmir 3 najgolem grad vo Turcija e tamu imash bliska plaza Cesme i mesto
Zdravo, narednata nedela odam vo Istanbul preku agencija so bus, pa me interesira za kolku vreme obicno se stiga?