Да знаеш во Септември кога и да идам има најголеми попусти Има време до тогаш, ќе одлучите рано е. Само што му јавија на мм дека Турција е во тотален локдаун од 29 Април-17 Мај, и не работи ништо освен маркети и аптеки..
Во овој период на пандемија најдобро со агенција, бидејќи тие следат секој ден како се менуваат режимите. Инаку ние бевме пред 2 години, организирано со агенција, но само превоз и сместување. Земете 3 ноќевања мин затоа што многу малку се две. Инаку како што рачунав тогаш (а и сега е исто сигурно), аранжман за превоз и ноќевање со агенција е поевтина варијанта. Ако одевме сами секако ќе беше поскапо. Е таму шетавме се сами. Не беше тешко за снаоѓање. Користевме метро, локални автобуси... од хотелот ќе земете карта за јавен транспорт и не е страшно, дури и предизвикувачки е кога акаш некогаш и ќе згрешивме па ќе моравме да пешачиме една станица, ама не беше страшно. Од дома ќе си ги означиш сите места што сакаш да ги посетиш на google maps, ке симнеш мапа за офлајн и после по неа се ориентираш. Вообичаено, секоја агенција последниот ден организира посета на еден трговски, што според мене е тешка глупост и пропуштено време, а мораш да отидеш затоа што трговскиот е некаде на излез на Истанбул и после продолжува за дома. Ако те интересира нешто дополнително, слободно пиши ми.
Гледам понуди за во Истанбул за 11ти октомври 3 ноќевања има само во Нехар и Рапсоди. Дали има некој искуство со овие агенции да сподели?
Со Нехар бевме за Будимпешта, презадоволни од организацијата, од водичот. Истанбул бевме со Либеро травел, исто презадоволни. И од хотел, храна, програма, организација, цена... Иако, Нехар ми беа за нијанса поорганизирани.
Ме интересира како стојат цените во Истанбул ? Колку пари би ми требале за 3 дена? Како се движат цените за храна и кафе по ресторани ? Дали е ова периодот кога има попуст на облека? Инаку исто планирам за 11 октомври да одам
Дали некој го посетил мега аутлет Венеција? Како се цените? Да знаеме колку да се опуштиме пред да одиме натаму
Дали има тури од туристичките агенции за новогодишните маркети во европските градови? Ако има некој искуство може да сподели, ме интересира за Виена, а може и за други градови
Дечки здраво. Колку што успеав да видам никој нема пишано за хамамите дали имал некој такво искуство во Истанбул? Сега ќе одам за нова година Фала ви
Која е цената, какво е искуството, дали вреди ако е поскапо, дали ги има на повеќе локации и каде? ☺️
Za hamamı sum bıla samo vo hotelı kade imam prestojuvano ,znam deka ımas hamam na Sultan Ahmet,toa bılo hamam koj go ızgradıla Hurem Iskustvo pa ubavo, interesno A za ceni ne znam ..