1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Историјата на Македонија и македонскиот народ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Miss.Ricci, 27 октомври 2011.

  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ајде мили мои феминки да видам колку знаете за нашето минато.. :)
    Нашта држава има историја која вреди да се знае, впрочем што сме ние доколку не си ја знаеме нашата историја, треба друг да ни кажува кои сме што сме?
    Добредојдени се секакви линкови, постови од разни интернет страници.
    :)
    А оние што не знаат многу, еве шанса да дознаат а при тоа да не се досадуваат како на некој обичен школски час :D
    Ако има ваква тема, канта! Тоа е тоа :)
     
    На Heartagram му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Знам многу. За моето минато особено. А за на мојот народ... хммм релативно. Знам многу од многуте.
    Нашиот народ можеби нема историја која вреди, но има обемна историја. Полна, што се вели, со настани.
    Приказната е класична: секој кажува што му одговара за било кој сегмент од нашата историја, како за минатиот век, така и до периодите пред новата ера.
    Во што ќе веруваме е наша определба. Баш определба. Особено за прашањето болно за цели нации - дали ќе веруваме дека сме чеда на Александар или дојдени од зад Карпатите.

    Инаку колку повеќе навлегуваме во историјата и на секаков можен начин се обидуваме да ја откриеме, влегуваме во лавиринт со тенденции да се изгубиме во желбата за нечие перење мозок. Гневта е се поголема, како и можноста да се изгубиме во сопствената желба за потенцирање на идентитетот.
     
    На Heartagram и mileystar им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека нема историја која вреди? Јас баш и не мислам така :) баш имаме вредна историја, голем народ, со длабока историја, сега можеби за светот сме ништо, капка вода во океан. Но, затоа мноогу години уназад (во времето на Филип, па на Александар....) сме биле да не речам светска сила..Голема држава, силна држава.
    А и за блиското минато, може слободно да се каже Страдна земја-но земја на херои. Толку мали, а толку моќни..
    Баш читав на една веб страна, како грците со аргументи тврдат дека Александар бил грк и незнам таму што, би измислиле се до 2013, само за да не паднат во наши раце :D
    А, да. Во право си, историјата е лавиринт. Читав по интернетов, испадна многу факти за кои се сметало дека се вистинити дека всушност се лага, т.е. не поткрепена вистина. Значи, живееме во бунило? Историјата не е тоа што го знаеме? :?:
    А за Македонија да надополнам, во повеќе странски (историски) филмови, се спомнуваат македонците како Македонци и постојат доста факти за тоа кои сме биле.
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Да имаме константно развивани мислења врз едно исто стојалиште - ќе вреди. Но кога мислењата дури и од нашите историчари низ годините се поделени и воедно се градат серии на стојалишта и школи во историјата - не вреди. Кога дозволуваме некој од надвор да ни посочува што било наназад или не било - не, јок, не ја бива.
    Јасно ми е дека историјата на секоја нација е различно утврдувана. Но не верувам со олку варијации како нашата. Идентитетот е во прашање.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Грците немаат никакви документи со кои би потврдиле дека Александар е грк, прво ако бил грк, немало да биде Александар Македонски, различно е кога се читаат податоци на интернет, за разлика од обемни книги - книгишта :D Точно дека странците знаат за Македонија, добро знаат, кога на страна би ја тргнале политиката.Мислам кога би правела споредба за сегашноста и минатото, класичен пример е воената стратегија на Американците, а која е преземена од воената стратегија на Александар.Затоа и џабе Американциве не ги одликуваа нашите војници, друго е тоа што Америка има двојна политика.Освен ова, археологијата е битна за докажување на идентитетот на било која земја.

    За ова си потполно во право, секогаш ќе биде така, секој има различно гледиште за нештата, нешто што константно ќе се одвива и нема да прекине, поради различностите, секој има своја вистина.
     
    На mileystar и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Историјата ја пишуваат победниците ...

    Така да ... Многу малку работи се сигурни и точни . Повеќето се манипулаци од икс причини за икс цели . Знам доволно . Доволно за да можам да прокоментирам дека многу работи кои ги знаме мислиме дека е така всушност немаат врска со вистината . Тоа е тоа лошото кај Историјата . Ама за утеха не сме само ние. Се случува низ целиот свет . Секоја информација ја консумирам со резерва . Сепак најточна би била онаа која нема политичка позадина. Ама многу мал дел е таа од Македонската Историја .

    МАкедонската Историја е пребогата . Јест да се мал народ мало парче ...
    Ама за историја имаме . И треба да се гордееме со истата подеми и падови . Победи и загуби ,востанија , многу крвопролевање , жртви , окупатори , ограбувања ...
    За мене фактот што после 550 години сме се ослободиле е доволен доказ дека МАКЕДОНЕЦОТ Е ПИРЕЈ, ДЕКА МАКЕДОНСКОТО СРЦЕ Е ГОЛЕМО ОГРОМНО , дека сме НЕПОКОРЛИВИ и НЕПОБЕДЛИВИ без оглед на се . Поради тоа и поради уште 20454565 причини .
    ЈАС СУМ ГОРДА МАКЕДОНКА !!!
     
    На Heartagram, mileystar, fashionista98 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам и мое мислење односно тази тема...
    Ние во Бугарија сме учили една историја, вие друга, србите трета, грците четврта... И секоја држава, нејзините историчари се пишали во учебниците нешта, които им изнасја на политиците. Така да тоа што има многу разлика од нашата историја до вашата, не сум јас крива, нито ти, ниту Петар, ниту Пенка... Јас сум опуштена, относно овие работи. Нема потреба од вражда, дека Александар Македноски е ваш или наш, дека Кирил и Методиј се бугари, или што и да е друго од историјата, поради кое соседни држави сме враждебни. Тие се обшти наши херои и незабравими луѓе во историјата. Толкова војни е имало на Балканскија полустров, што сме се омешали сите... во Македонија имало војна-граѓаните бегат во Бугарија, во Бугарија имало војна-граѓаните бегали во Србија или во Руманија. Некои останали таму, некои са се вратили после војната. Сме си омешали крвта, јазикот ни е скоро ист со сите на Балканите, културата, традициите. Што потреба има да водиме тази политичка војна. Нека бркат работа тие, ние нека седниме на маса и да пиеме по една ракија. Нека ни е убаво и да не си го правим животот лош без потреба. ;)
    Јас си ја сакам мојата земја, ми недостига многу. Но сакам да живеам там, кајто ми е фамилијата-односно маж ми е детето наше. А не там, кајто ми пише во пасошот.
    Ја сакам и Македонија, се навикнав тука многу. Многу сте мили сите и ве засакав.
    През толку многу проблеми поминавме со оправане на документи, за да остана во Македонија, че ги намразив сите. Ах таа бјурократија.... Плачев и им се смеев на полицаите, кога видоа, дека сум седела повеке време во Македонија отколку што треба и ме свалиха на граница, со комбе ме носеа во Крива Паланка во полициа. Бече петак 4 сатот, преминував граница, за да запазам рокот на престој во Македонија. И што бидна? Ми го зедоа пасошот и кажаа, дека ќе ми го вратат, кога ме осудад по брза постапка, платам казната и тогава да си одам во Бугарија за 3 месеца да си седам таму. Бев бремена во 3 месец! Осудиа ме на 150е за пола сат. А и се молев на жената да не го прави. Просто сакам да живеам во Македонија и да се породам во Македонија. Немаше кој да ни испрати пари по пошта, беше веке доцна, беше и петок...Се јавивме на куп другари, само еден се озова на нашата несреќа. Дојде од Скопје, плати ни го долгот во судот и ни прибра во Скопје. Имав 24 сати да се спремам за пат. И двајцата плакавме како мали деца. Миле беше си нашал убава работа и ја напушти, за да биде до мен во наредните 3 месеца во Бугарија.... Јас тргнав сама, после 2 дена дојде и тој. Бевме на морето кај мајка ми и татко ми. Се венчавме таму. Со документот еден полицај ни кажа, дека ке мојме да миниме граница, дури и да не се минали 3 месеца. Просто веке сум ИВАНОСКА, а не Желјазкова. Тргнавме после 2 месеца и пол седене во Бугарија, срекни, дека ќе си се вратиме дома. Добро, ама на граница ни свали. Беше доцна вечерта. Спиев внатре кај полицаите на една маса, миле ме покривше со јакни и панталони, веке бремена 6 месец, измачена, подуени нозе, гладна, жедна...све! Чекавме друг автобус да помине, да се качиме и да ни вратат накај морето пак. Се вративме, почекавме уште 2-3 недели и тргнавме пак накај Скопје. Поминавме граница али беше есен, беше многу ладно...Фатив бронхит. Болна одев со Миле да оправам уште еден куп документи, да легализираме бракот и во Македонија, да правиме здравствена книжка, матични доктори и др...
    През што не поминавме...
    Да им се помочам на политичарите....ги мразам!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На Heartagram му/ѝ се допаѓа ова.
  8. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека ова
    од дееп блу, некако ме испровоцира да го напиша тоја пост... во тема „што ви се свиѓа кај форумџијката над вас“.... не дека нешто лошо, туку, за какви бариери???

    И да не бидам офтопик, знаете ли дека грчките историчари си признали пред медиите, дека грчката историја е измислена? И все пак ова не се прима како световен скандал...исто и дека на грците им се опроштават пола од долговете...е ај кажете, нели е нефер?!?


    Благодарам, имајте убав ден :*
     
    На ane.bella и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    http://history-of-macedonia.com/wordpre ... eat-greek/
    Еве, јасно со "факти" тврдат за нашата Македонија и за нашиот Александар. Нели нема смисла некој друг да ти ја кажува историјата :^)
    Не знам зошто политиката мора да се меша во историјата. Зарем да си ја менуваме историјата само за власт или било што друго? Јас сакам да знам што се случувало порано, да знам како било тогаш, да си го знам потеклото, да знам се за метално, камено време.......за Македонија во секој период од историјата, а не да слуша измислени приказни и да се лажам како малите дечиња. Не знам во што да верувам веќе, за секој факт изнесен од порано, излегува друг факт кој го демантира..
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    На mileystar, Snow-Queen, J.Ivanoska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Наш, ваш, нивен...аман :D :tmi: :D Тој и както и Кирил и Методиј, както и Климент Охридски и сите останати, ние сите сме нивни чеда, нивни деца. Јас исто сум горда со нив, србите исто се горди со нив...ама да се лупаме во гради на кој принадлежат овие луѓе ми е веке досадно...
    И мис ричи, политиката е намесена насекаде!!!!!!!! Само дето во твојто вц не е влезната...
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Ме пресмеа за тоа со политиката :D :D
    Ни јас не би сакала да зборувам мое-твое, но кога веќе некој упорно го прави тоа.....
    Сакам само она што ќе го слушнам, било да ме разочара или не, да биде вистина. Многу ја сакам историјата, многу сакам да слушам што се случувало порано, често и напоменувам дека сакам да живеам во некои периоди од историјата. Чудно е колку парите ја менуваат дури и историјата на еден народ...чудно..едно ливче хартија може да ти го смени потеклото :puke:
     
    На piksooki и Heartagram им се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    од утре вечер на мтв ќе има емисии за александар македонски и нејзината историја во тоа време
     
    На COolgirL93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Верувам дека имаме многу богата историја од многу старо време, ама пуста политика ако не ти оспори, кој?! Свашта се случувало во минатото, се мешале народи, такви работи, АМА фактите се факти и се додека се на наша страна ќе верувам дека ние Македонците сме вистински богат народ.
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    На денешно време, да не знае човек во што да верува. Секојдневно излегуваат нови факти кои ги побиваат старите... Па и на кој како што ќе му текне така се ословува.
    Само една работа не ми е јасна, како покрај толку докази и факти може некој да те убедува во нешто спротивно...
    Како и да е, верувам дека имаме богата историја, барем според она што сме го учеле до сега..
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Тоа ќе е така секогаш, само како што кажа, секој ќе верува во она за кое смета дека е вистинито. Но, не може некој да те убеди во спротивното, ако за истото нема докази.А на што конкретно мислиш?
     
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Конкретно на грците и бугарите на пример. Има доказ значи дека они земале дел од нас, они се свесни за тоа, дека всушност тие ни должат нам, има и докази, има и истории за тоа што се случувало, а упорно не убедуваат, бугари сме биле, па не сме постоеле. Како може да не постои Македонски народ кога колку само филмови, книги има со факти. Ама некој тоа упорно го негира. Дали е заради политика или убедени се дека е така, не знам.
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Незнам како може да велат дека сме биле Бугари, кога нема врска, како прво и самите тие што велат дека сме бугари знаат дека не сме, знаат дека нивната територија била некогашна Тракија, а денешна Бугарија, сосем добро знаат и дека немаме никаква врска со нив.Туку така прават, со цел да докажат нешто што нема, а да не речам и веќе измислени работи.Не рабирам како може и македонец, ако според името и беше македонец, да оди против сопствениот народ, всушност против себе си.За грците, веќе видено, исто така и тие самите знаат дека ние сме македонци, самите знаат како тие настанале како држава, самите тие како држава, не можат да опстојат, затоа и сега зависат од јаките држави, бидејки да не се тие,Грција од одамна ќе пропаднеше, што може да се види и сега според тоа што им се случува.Доколу Грците сметаат дека не сме македонци, грешат со тапија, нивната земја е Атина и надоле островчињата.Види, тоа е и заради политика, како и заради тоа дека се убедени.Јас не разбирам врз основа на што тие сметаат дека ние не сме македонци, дали самите забележуваат разлика помеѓу нивната и нашата традицијата? Изгледа дека не, а секако дека нема да забележат, кога немаат што да забележат, кога настрана би ја тргнала традицијата.Имаат многу дупки, да не речам кратери во нивното минато, за кое не ни можат да најдат соодветно објаснување, за она што тие го тврдат денес за нас.Се фатиле за сламка, па се спасуваат и рекламираат.Кога самата Англија знае дека Александар бил македонец, што тие очекуваат? И ќе знае нормално, кога знаат кои биле грците и кога знаат дека тие се дел од екипата која ја создала Грција како држава.Мислам такви нешта кои се навидум невидливи за грците, бугарите, а тврдат сосем трето.Смешно.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Е па тоа ме чуди. Цел свет знае кој е што е, знае што имаме што сме имале а сите како неми. Чудна работа колку политиката може да влијае на се, та дури и на историјата на едно човештво. Кога цел свет знае, како може една држава како Грција на пример да му пркоси на цел свет и да посочува и убедува во нешто што не постои... Навистина смешно.
    Но ќе се повторам, ние сме држава со историја каква што секој би посакал, само што сегашноста и иднината ни се едноставно катастрофални.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Како што ти кажав и за политика е, да не беше Америка, до сега Грците, незнам што ќе правеа.Така да, Америка од една страна не тапка по рамо, а од друга страна преку Грција, ни прави вака.Чим се Грците или Бугарите убедени дека не сме македонци, нека ја прочешлаат библиотеката на Ватикан, па дури тогаш нека говорат, ако можат.Бидејки Ватиканската библиотека има доста материјал за цела Европа, од античкиот период па до поново време.Затоа џабе се бунат, се рекламираат себе си.Прво нека прочепкаат малце, нека разоткријат подетално, аналитички и логички, па тогаш нека кажат дали сме македонци или не сме.За да тврдиш нешто, треба да знаеш дека истото се случило и има податоци за тоа.Бидејки вака се лажат самите себе си, не нас, а за странците ни најмалку можат да ги излажат.Изгледа се доста неинформирани.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.