Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Историјата на Македонија и македонскиот народ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Miss.Ricci, 27 октомври 2011.

  1. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Скопје во 2014 год?

    Завчера гледав собрание, 230,000 македонци се исселиле од Македонија поради финансиски причини и тешкотии за работа. Државни пари се земени за Скопје 2014. едноставно, тие пари би можеле да се искористат за многу поважни работи од луксузирање, то ест огрдување на Скопје.
    Во овој мандат на Груевски, се надевам дека е последен многу глупости се направени. Не дека СДСМ е подобро, туку овој пат претераа. Цени поскапуваат, луѓе немаат надеж за убав и подобар живот во Македонија... Потоа, што ќе ни се споменици и цркви на секои пет метри? Демек ние толку религиозни сме биле. Александар е од грчката македонија, од северната грција. Тоа не е наша Македонија, ние сме славјанска Македонија... Има многу дискусии за ова, но ова е јас што си мислам.
     
    На daylight и IceQueen6 им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Скопје во 2014 год?

    Претераа нашиве со спомениците, веќе на секој чекор ги има, а што им е финтата, штознам трошење пари од што може и премногу ги имаат и ради реда правење споменици, само токму оние кои им бодат очи на Грците :D Комедија, театар :rofl: Иначе Александар си е од Македонија, место кое Грците го презеле после некое време, како и останатите соседи, што ни зеле по малце од територијата.Што значи наша територија, е сега што се води ко нивно тоа е друго.И Грција што некогаш била расцепкана па се склопила во една целина, а патем го зела и нашето, што би значело дека и самите Грци се свесни дека Ацка не е нивни.А незнам и до кога ќе лажат дека се е нивно, со оглед на тоа дека нови нешта излегуваат кои го тврдат токму спротивното од тоа што тие тврдат, а да не ги мешкам и Аристотел, Платон.А и демек се што се случува сега кај нас на политичка сцена е поради мешањево на филозофиве и нормало Америка се појавува како шеф и смирува ситуација :D Којзнае уште се не какви работи прават, што ние не ги знаеме.Сега фали уште Грција да поставува споменици :D иако ги има доста, дури за извоз :D
     
  3. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633


    Споменикот е инат од нас за Грците.


    Алекснадар, тој беше крал на Мацедон, северна Грција. Роден во Пела, во 356 пред исусово време. Повеќето мислат дека тој бил од времето на славјани македонци, како што сме ние. Тоа не е така, всушност, тој бил со луѓето од Мацедон/Македон во северна Грција, каде што сите биле грци, всушност племиња биле тие. Едноставно сакам да кажам дека александар бил цар на грчките македонци, не на славјани македонци како што сме ние, а ние сме славјани со бугарско име.

    Вака ја разбирам приказната со Александар. Можеби не се вклопува со други мислења, но вака си разбирам.
     
    На IceQueen6 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Добро се знае зошто го поставија споменикот на Аце, нашиве, дури иако го нарекуваат Воин на коњ, а од авион се гледа дека е Аце, но и грците чинам од неодамна поставија нова скулптура на Александар, во Солун, чинам беше, што значи и тие водат некаков си инат.Без разлика дека може и не се толку засегнати од целава ситуација.Нашиве што си бркаат бизнис со проектов тоа е друго, а и наводна демонстрација за големина.Александар каде што е роден, бил помеѓу своите и Грците, тогаш имало македонци во тој дел од Грција.Тој ако бил Грк, немало да војува со татко му против Грците.А тоа што знаел грчки да збори, тоа не и некој факт дека бил грк, со оглед на тоа што грчкиот јазик тогаш бил нешто како што е денес англискиот.Инако Александар си зборел на македонски со своите луѓе, а посебно кога зборел за работи кои другите не смееле да ги знаат, затоа и на Грците, а и околината, не им бил познат јазикот на кој тој говорел.Впрочем Грција е Атина па надоле.Сосем друго е што политиката го направила своето во однос на територија.Поради овие работи е целава ситуација со нас и Грците и ова натегање и поставување на споменици кое е згазнување на нерв кај Грците.Колку што начув од луѓе кои се бават со македонската историја и истражуваат,едно време Грците сакале да не нападнат и тоа сега скоро било, па Труција се вмешала, а Америка смирила ситуација, затоа реков така погоре.Можеби проектов е дел од тоа, како подбуцнување, не само трошење пари и истакнување на историја.
     
  5. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Скопје во 2014 год?

    Тој самиот од душа учел грчки. Татко му војувал против племињата од тоа време,* кои понекогашш се нарекуваат грци*, во поирока заедница. Тоа го наследил Александар и војувал натаму, накај исток. А гледано од други страни, зошто сите сме се фатиле за александар, незнам? Не разбирам. А тоа што бикаш дека Александар зборел македонски со своите луѓе е невистина, кога македонски е од 1945.
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Скопје во 2014 год?


    Грешка си. Тогаш настанала кодификација на мак. јазик.

    Мак. јазик почнал да се издвојува од др. јужнословенски јазици како посебен во 10в.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Скопје во 2014 год?

    Не се нарекувале понекогаш Грци, туку биле Грци, додека ние не сме славјани со бугарско име, а нити имаме врска со Бугарите, бидејки нивната земја некогаш била Тракија, а Бугарите Тракијци.Не е работата дека ние сме се фатиле за Александар, колку што Грците, Бугарите имаат проблем со нас, ние немаме проблем, бидејки знаеме за Александар, за нашата историја.Грците очигледно незнаат за себе си.Како може цел свет да знае и да тврди дека Александар е Македонец, а Грција да негира дека е така? И кралицата знае, само и е гајле за нас, а патем и за цел свет.Таа си бистри политика со нас и Грците, џабе не ја тапка Грција по рамо, бидејки таа ја создала како држава, со уште неколку земји.Којзнае уште колку работи се поврзани со проектов, оти целава работа со политикава е театар, а што има зад сцена, тоа не се знае.Само ете ќе има некои кои се занимаваат со тематикава и кажуваат работи кои и можеби не се за во јавност.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Скопје во 2014 год?

    Изворно името грци тие не го употребувале. Тоа име им го дале римјаните кога ги освоиле бидејќи меѓу првите со тамошни племиња со кои дошле во контакт се нарекувале себе си Граеки па римјаните да си олеснат ги нарекле и сите други племиња така. Културата која ги спојувала сите нив се викала хеленска, Александар велел за себе дека е Хелен, додуша Демостен му го негирал тоа велел дека е варварин(грч.барбарос т.е. оние кои зборат бар-бар-бар те. оние кои брбљаат неразбирливо). Но тоа сеуште не го прави Александар претходник на денешните скопјани, кумановчани, беровци и тн. кои живеат во државата Република Македонија чија денешна територија одвај да се поклопува со територијата на античката Македониа (без Ј).
    Грција никогаш не негирала дека е тоа така, напротив се гордее со тоа. Но тој бил антички македонец кој ја превзел старата хеленска култура и ја проширил отприлика до Индија. Светските историчари точно е дека тврдат оти Александар е македонец (како што и грците велат дека Е македонец) само што тие велат дека тој нема никаква (или можеби некоја ситна) врска со денешните македонци од РМ.
    Она што грците со право го оспоруваат е дека мнозинството жители на нивниот северен сосед, т.е. денешна Р.Македонија, имаат директна врска со античките македонци.
    Во Грција и денес живеат луѓе кои велат за себе дека се македонес. Но освен нив има и луѓе кои се славо-македонес односно македонци со словенско потекло(НЕ бугарско!!!). Главен град на регионот Македониа е Тесалоники (Солун). Уште на граничниот премин Евзони (по Гевгелија) за влез во Р.Грција, на корпите за ѓубре пишува Македониа. Меѓународниот аеродром во Тесалоники се вика Македониа - без „Ј„. Грците имаат цела песна „Славна Македониа - земја на Александар„:

    http://www.youtube.com/watch?v=X2F0HnYrP70

    Во секој случај далеку подоцна од Александар Македонски.

    Но тој нема никаква врска со јазикот на Мисирков, Блаже Конески и др. Најпрост доказ за тоа е дека ние повеќе или помалце можеме да се разбереме и со Полјаците и со Чесите и со сорбините (лужичките срби) а кои се далеку од нас илјада километри и живеат низ земји каде никогаш ниту Александар ниту неговите наследници не стапнале.
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Скопје во 2014 год?

    Да, да ,тие не се нарекувале Грци, се нарекувале Граеки, иако римјаните им го дале тоа име, сепак за истиот народ збориме, Грци.Знам дека хеленизмот се вмешува тука.Значи збориме за потеклото на Александар, не за останатите периоди, хеленизмот итн.Би требало да се направи разлика помеѓу културата на тогашните ( антички македонци) со нашата, денешна и културата на Грците.Неможе ако Александар бил грк, тогашните луѓе и ние денес да имаме поинаква култура од Грците.Значи не е само потеклото, туку и други пропратни нешта кои можат да укажат на тоа.Грците се гордеат на човек што не е нивни, а негира дека истиот е македонец.Впрочем мајка му на Александар, од Марија, тие ја прекрстиле во Олимпија.Таа култура што ја пренел Александар до Индија, каде нивната традиција е доста слична на нашата, бидејки дел од војската на Александар останала таму ,е наша.Во врска со останатото, самото мешање на народите или преселба на народите си го направило своето, поради тоа што нормално дека ќе има секакви размислувањеа, дека немаме врска со античките македонци.Но проблемот е што македонците од тука, не отишле на друго место, значи античките македонци тука биле на овие простори нормално со северниот дел на Грција, нешто и од оној дел од Бугарија што ни е земен.Не е само ова и многу други нешта кои го велат спротивното од Грците.Плус и сега новоткриени работи кои прават мали измени во целава ситуација.
     
  10. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Скопје во 2014 год?

    Па околу територијата, тоа ти е денешна северна Грција, а географска Македонија. Балкански војни 1912 if it sounds familiar и т.н.
    И ако не бил славјанин, не значи дека автоматски бил Грк.
    Мал оф ама немате тема за историја на форумов? Не и е место на дискусијата тука.
     
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Епа значи дека автоматски е грк, бидејќи други земји не се умешани во приказнава. Е да, тоа со територијата, тоа е денешна северна Грција, но географска Македонија каде што немало славјани македонци.
     
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Скопје во 2014 год?

    Вака сега, Античките Македонци и Грците не биле ист етнос, зборувале и различни јазици, Грците не го разбирале тогашниот македонски јазик. Според тебе на територијата на денешна Р. Македонија, кој живеел пред да дојдат Словените? И тука живееле Грци?
    Кога веќе отидовме оф..
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што Александар е роден во Пела, е македонец, ако бил грк, немало да биде Александар Македонски :) На територијата на денешна Македонија живееле македонци, немало никакви словени или друг народ.Многу работи има кои сосем спротивно говорат од она што се тврди дека Александар бил грк.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    имаше пред некое време емисија за некои принц и принцеза од некое племе на Хималаите ( мислам дека и доагаа тука во мк, ама не сум сигурна)...
    се верува дека тие се потомци на војниците на Александар, и бидејќи живееле во изолиран предел задржале голем дел од традициите....го имале традиционалниот охридски вез, и зборувале на јазик доста сличен на старомакедонскиот.....
    а инаку е доста дискутабилно дали потекнуваме од словените или од древните македонци......
    а инаку не ја потценувајте нашата историја...855год ние веќе сме имале своја азбука, христијанството започнало да се шири....... на пример англиската култура започнува со Beowulf ( околу 1000г) каде се гледаат пагански елементи и ниту Х од христијанство!
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Инаку Пела, местото каде што бил роден Александар е денешна Пелагонија. А Пелагонија каде се наоѓа? Во Јамајка?
     
    На mileystar и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Во врска со историјава, само ќе кажам уште нешто, во право се Бугариве кога зборат дека Македонците се всушност Бугари. И покрај тоа што нашите предци (меѓу кои и мојот прадедо) коските ги оставија борејќи се со Бугарите и ред други, денес половина од македонскиот народ се пишаа бугари со цел да земат бугарски пасош за нели да можат да одат во Европа без проблем.. :fubar:

    Чист пример и Лестер што учествуваше во бугарскиот big brother. Идиотов, се чувствувал многу убаво како бугарски војник, та и се фали дека дедо му бил бугарски војник. Па и тие кокошките таму му дофрлуваат, проработува бугарското во тебе, и он дааа. Катастрофа бе. Жално е само колку луѓе изгинаа, дедо ми само колку беше измачуван, од петни жили собираа сила ја бранеа државава, за денес да немаме историја благодарение на овој предавнички народ.
    Со самото тоа што се пишуваат бугари нашиве, си ја бришат историјата...
    Е па наздравје.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Историјата на Македонија и македонскиот народ .... станува се побогата и поинтригантна :rofl:
    Ќе има многу приказни за нашите внуци на кои ќе им кажуваме „Ееее внучко, во наше време ...“ |( :lol:
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Што ќе им кажуваме? На тој и тој ден имаше тепачка во собрание..На тој и тој ден толку и толку души се пишаа Бугари? На тој и тој ден грците не тераа да метиме со метли на граница за да преминеме?
    И историјата и иднината ни се уништени..
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот.Само веќе се случи, тоа што се случи...и нормално дека ќе ни се случува ова.Не е само политиката во прашање.Човек сам не може ништо да направи, а камоли да смени во врска со ова.Така било кај нас уште одамна, така да не е нешто ново. За Грција, веќе видено, случајот со нив, стар векови, нит се помрднал од мртва точка, нити ништо.Којзнае веќе што ќе биде, да зависеа многу работи само од народот, а не политиката, ќе беше друго, ама бидејки се е политика, затоа се случува ова.Поинаку дали ќе биде, незнам.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Изворната Зајди Зајди, заштитниот знак на Македонија, преработена од страна на кој ако не грците, како ковер за филмот 300 Спартанци. Со други зборови, китење со туѓи перја! Што е нај трагично, светот ја слуша оваа композијција и ја знае како нивна, а притоа ја обожава, не знаејќи дека всушност е наше преработено дело! Уште една работа од нашата историја превземена од нив.
    Гадови, навистина!
    https://www.youtube.com/watch?v=PzIXaa3JfXo