Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Историјата на Македонија и македонскиот народ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Miss.Ricci, 27 октомври 2011.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Многу работи преземале, а и допрва истите со откриваат.А многу биле скриени, со цел да не се дознае за истите.Само не можат вечно да ги кријат.Не е дека, „ај сеа, се е наше“ ама нешта кои се наши и преземени, поинаку говорат.Уште којзнае кои се кителе со туѓи перја.Кога Америка тоа го може, ништо чудно пак за други.Туку, барем да беа оригинални, да им беше тоа нешто со кое ќе се гордееа.Не е работата, за тоа дали има од ова фајде или не, ама мислам дека американец себе си никогаш не би се негирал, а нити пак би дозволил некој друг да го негира, може сум грешка, ама тоа им е една од главните причини за нивната доминација.Некои имаат доста силни аргументи во врска со ова, а истите не биле прифатени.Ама арно се вели, историјата се повторува, по се изгледа.
     
    На okcenzi и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  2. selma...selma

    selma...selma Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    22
    Обожавам историја, но во смисла на општествениот живот, семејните односи, верувањето...Па понекогаш дури посакувам да се вратам да живеам во некое време само за да видам како луѓето ги размислувале, толкувале и решавале секојдневните работи...Минатото лето бев во националниот парк Бутринт, јужна Албанија, долго време зјапав во храмот за девоката Руфина, која била пријателка со лимфите...Цел град ја обожавал, а јас зјапав и ја замислував како изгледа, што карактер имала, како се чувствувала. Во античкиот театар на паркот јас со дечко ми ја игравме Ромео Џулјета, толку прекрасно чувство.

    Понекогаш мислам дека Балканот, Македонија, е побогатт од под земја, отколку над земја, само треба да се открие и да се сака цел тој начин на живот.

    За потекло на херои, меѓу кои и Александар Македонски, баш и не ме интересира...Само факт е дека историјата ја пишуваат победниците и затоа секој различно ја толкува.
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Македонците претежно антички, Грците претежно германски народ

    СПОРЕД ДНК АНАЛИЗИТЕ НА ШВАЈЦАРСКИОТ ИНСТИТУТ ИГЕНЕА
    Македонците претежно антички, Грците претежно германски народ

    - Пред се, Македонците се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло, е одговорот на институтот на прашањето на една Гркинка за нашето потекло

    Денешните Македонци се потомци на античките, покажаа резултатите од истражувањата на швајцарскиот институт ИГЕНЕА. Институтот кој се бави со генетски истражувања на Европските народи и кој важи за еден од водечките во областа на ДНК анализи ги исфрустрираа Грците потврдувајќи го потомството на Македонците. На прашањето кое го поставува грчка државјанка, а кое гласи: Кои се корените на Славомакедонците, институтот на нивниот официјален форум одговара:
    - Пред се, тие се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло.
    Ваквите податоци Институтот за генетски истражувања ги поткрепува со докази. Но, податоците за потеклото на Македонците не е единственото разочарување за Грците. Според истражувањата на ИГЕНЕА само 32 отсто од Грците всушност имаат хеленско, македонско, па дури и арапско потекло. Дури 31 отсто имаат келтски корени, 12 отсто германски и словенски, а 11 отсто од Грците водат потекло од Илирите.
    ИГИНЕА ги негира и илирските корени на Албанците. Наспроти верувањата на Албанците, ИГЕНЕА тврди дека тие најмалку имаат илирско потекло. Според генетските истражувања, само 20 отсто од Албанците имаат илирски корени, додека пак 40 отсто од народот кој живее на територијата на Босна и Херцеговина се директни потомци на Илирите.
    Во изминатиов период официјалниот форум на швајцарскиот институт го преплавија прашања кои пристигнуваат токму од грчки граѓани, а кои најмногу се интерсираат, наместо за сопственото, за потеклото на македонскиот народ. ИГЕНЕА во своите истражувања покрај ДНК анализи, користи историски, антрополошки и археолошки извори.

    За последниот болдиран текст може да проверите и самите http://www.igenea.com/en/forum/d/macedonians/705

    http://www.youtube.com/watch?v=dHcK790GcaY


    За останатите:
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Русите го потврдија македонското потекло на Александар Македонски

    На еден од историските цртежи е прикажано како Александар Македонски ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите, се извлекува доказот дека не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите

    Александар Македонски е Македонец, има голема поврзаност меѓу сегашните Македонци и Александар Македонски. Ова го покажува факсимилното издание на руската "Илустрирани белешки од 16 век". Гледајќи ги цртежите и читајќи го тектот во книгата, во мислите човек се навраќа неколку векови наназад. Низ книгата и историските цртежи се гледа што рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници знаеле и мислеле за Александар Македонски. Древната книга, која е ново издание и се чува во најпознатите музеи во Санкт Петербург и Москва покажува колку Русите знаеле за битките на Александар Македонски против сите хелени и варвари.

    Во вториот том од повеќетомното издание на Илустрирани белешки е претставен животот и подвизите на Александар, царот Македонски. На една од илустрациите објавени во книгата се гледа Пела, главниот град на Македонија од времето кога царувал Александар. Веќе на следната слика е прикажано како Александар ја освоил Илија, Пеони и Тривада.

    Руската историска книга ја покажува и битката на Александар со хелените и варварите. На еден од цртежите е прикажано како тој ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите се извлекува доказот дека Александар Македонски не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.

    Во Илустрирани белешки е прикажана и историјата на Византија. Опишана е македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографијата на нејзинито основач Василиј до Александар Македонски, кој ја создаде големата империја.

    Руската книга која содржи ликови нацртани од луѓе има 10 илјади страници со повеќе од 17 илјади цртежи, прозорци на историјата. Книгата ја дизајнирале посебни дизајнери, кои стручно обработувале како ќе изгледа секоја страница, за изгледот на копијата од историските цртежи да биде верна на оригиналот. За ова Русите потрошиле речиси две години. Под секоја фотографија е оставено објаснувањето на стариот антички јазик. Книгата е шиена рачно. Сепак Илустрираната белешка е голема енциклопедија за светот и Русија за периодот на Иван Грозни.

    Се уште не се знае кој ја напишал историската книга. Се верува дека фотографиите ги правеле мајстори кои ја отсликувале внатрешноста на Кремаљ. Но никаде не пишува кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставива дека е можеби митрополитот Макариј, за кој се тврди дека бил исклучително паметен човек. Дури се претпоставува дека на Макариј му сугерирал и царот Иван Грозни, бидејќи на последниот том на маргините рачно е напишано што треба да се поправи, а се смета дека тоа го направил токму царот Иван. На сликите се гледа како во кој период биле облечени луѓето, како војниците наоружани, какви биле градбите и со кои занаети се бавеле луѓето.

    Издавањето на книгата го фунансирал Владимир Јакуњин, сопственик на најмоќната фармацевтска компанија Протек, а негова цел била да допринесе младите поколенија да ја научаи својата историја.
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    што се не претрпело македончето, како уште постоиме авал да ни е :)
     
    На Gordana10 и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    http://www.macedonianspark.com/mk/istor ... -----1923-
    http://www.macedonianspark.com/mk/istor ... 3-14-04-10
    http://www.macedonianspark.com/mk/istor ... 1-14-20-16
    ВРЕМЕ Е да се освестиме и да си го бараме и браниме нашето, бар тоа што ни останало

    Александар Македонски во Библијата

    Тој е роден во 356 год. пред Христа, во почетокот на месецот Хекатомбион, наречуван од Македонците Лоос75, во истиот ден кога изгорел храмот на Артемида во Ефес.
    Кога станал цар на Македонија во 336 год., по загинувањето на татко му Филип, Александар имал само дваесет години, меѓутоа, возраста сосем не му пречела да направи такви воени освојувања, какви што светот до тој момент не познавал.
    Тој се истакнал како најголем освојувач на древноста; и не само на древноста, туку и во целокупната историја на човештвото друг таков голем војсководец не е познат.
    Ако за Библијата некои велат дека е "книга на книгите", тогаш за Александар Македонски би можеле да речеме дека е "цар на царевите".
    За првпат во Библијата, во вид на пророштво, се споменува за Александар Македонски во Книгата на пророкот Даниил (7,6).
    Во оваа библиска книга Александар Македонски се споредува со леопард со четири птичји крила и четири глави, коишто, по секоја веројатност, се предзнак за распаѓањето на македонската империја на четири одделни царства.
    Во следната, осма, глава од истата книга, од трети до осми стих, се претскажува покорувањето на персиската империја од страна на Александар Македонски.
    Еве го текстот на спомнатите стихови:
    "(3) Ги кренав очите и видов: а таму при реката стои еден овен; тој имаше два рога и рогови високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот се извиши подоцна. (4) Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили. (5) Co внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу очите свои. (6) Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост. (7) И видов кога тој се приближи до овенот, свирепо се фрли врз него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него. (8) Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни".

    Понатаму, во истата глава, самиот автор на оваа библиска книга, ставајќи ги зборовите во устата на ангел Господов, го толкува видението на пророкот Даниил.
    Имено, во 8,20-22 од истата книга читаме: "(20) Овенот со двата рога што ги виде, тоа се мидискиот и персискиот цар. (21)А косестиот козел, тоа е царот на Јаван76, додека големиот рог, што се наоѓа меѓу неговите очи, е првиот негов цар; (22) тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила".

    Во преводот на Седумдесетмината толковници еврејскиот збор ***** (Јаван) сосем произволно е преведен со грчкиот збор ELLHNON.
    Најверојатно, александриските преведувачи биле под влијание на своето елинистичко расположение и затоа сметале дека е потполно нормално да го изедначат **** со ELLHNON и така Александар Македонски од цар на Јаван бил претворен во цар на Грција, респективно на Грците.
    Ние знаеме, меѓутоа, од Родословната таблица (1 Мој. 10,4) дека во родословието на Јаван се сместени не само Грците (Елиса), туку и Тарсис (Шпанците), Китим (жителите на древна Македонија) и Доданим (жителите на Родос и на соседниот малоазиски брег), така што, наречувајки го Александар Македонски "цар на Јаван" авторот на Книгата на пророкот Даниил сосем немал намера да го оквалификува како некаков си Грк, ниту како цар на Грци, туку само сакал да ги извести читателите дека тој бил цар на народ кој го водел своето потекло од Јаван.

    Грешката на александриските преведувачи, притоа, се покажала мошне трагична.
    Таа довела до суштинско оддалечување на подцнежните преводи на овој библиски стих од еврејскиот оригинал.
    За персиската империја и за нејзиното уништување од страна на Македонците се зборува, исто така во Дан. 11,1-4.
    Еве го текстот на овие стихови: "(1) И така, од првата година на Мидиецот Дариј јас му станав помошник и поткрепа. (2) Сега ќе ти ја кажам вистината: еве, уште тројца цареви ќе сe издигнат во Персија; потоа четвртиот ќе ги надмине сите со големо богатство, и кога ќе го намножи богатството свое, ќе ги крене сите против царството на Јаван77. (3) Потоа ќе се јави силен цар, кој ќе владее со голема власт и ќе дејствува според својата волја. (4) Но, кога ќе се издигне тој, царството негово ќе се сруши и ќе се раздели на четирите ветра небесни и нема да припадне на неговите потомци, и не со таква власт, со која тој господареше; затоа што царството негово ќе се растури и ќе падне на други, а не на нив".

    Додека во првите два стиха авторот зборува за персиските цареви, во третиот и четвртиот стих тој веќе пишува за Александар Македонски и неговото царство.
    И тука, како и во веќе цитираните места од Книгата на пророкот Даниил, главни теми се персиската држава и персиските цареви од една страна и македонската држава и нејзиниот најистакнат цар Александар Велики.
    Откако се споменува за големите освојувања на Александар Македонски, како и во другите случаи, и овојпат се зборува за поделбата на македонската империја помеѓу четворицата најистакнати војсководци и блиски соработници на Александар Македонски, по неговата предвремена смрт.

    Најважните податоци за Александар Македонски ги наоѓаме во Прва книга Макавејска (1,1-9), чиешто настанување временски се сместува во II в. пред Христа.
    Во наведените стихови од Прва книга Макавејска, авторот, сосем накратко, но со соодветни за случајот зборови, го опишува, во општи црти, царувањето на Александар Македонски и неговото победничко освојување, на сите познати во тоа време, земни царства.
    Еве ги тие почетни стихови од Првата книга на Макавеите:
    "(1) Откако Александар, синот на Филипа, Македонец, којшто излезе од земјата Китим78, го победи Дарија, царот персиски и мидиски79, се зацари наместо него во Елада. (2) Тој водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви земни. (3) И дојде до краиштата на земјата и ограби многу народи; целата земја молкна пред него, а тој се издигна и срцето негово стана гордо. (4) Тој собра многу силна војска и завладеа над многу краишта,народи и владетели и тие му станаа поданици. (5) Потоа тој падна во постела и откако почувствува дека ќе умре, (6) ги повика истакнатите свои помошници, воспитани заедно со него уште од младоста и им го подели своето царство додека сe уште беше жив. (7) Александар царуваше дванаесет години и потоа умре. (8) #913; неговите великодостојници владееја секој во својата област. (9) По неговата смрт сите тие се зацарија, ставајќи круна на своите глави, a пo нив и нивните синови во тек на многу години ...".

    Како што рековме веќе, Макавејските книги, коишто се три на број, не се зачувани на еврејски јазик.
    До нас дошол нивниот грчки превод.
    Co голема сигурност, меѓутоа, може да се претпоставува дека тие првобитно се пишувани на еврејски јазик.
    Авторот на овие три библиски книги не и е познат на науката, но од самата содржина на книгите може да се заклучи дека нивниот автор бил Евреин.
    Во трите Макавејски книги секогаш се возвеличуваат победите на Евреите, a ce омаловажуваат нивните порази.
    Во текот на воените судири секогаш загинуваат малкумина од Евреите (2 Мак. 12,34 и др.) и многумина од нивните непријатели (2 Мак. 8,30; 13,15 и др.), додека ако Евреите бидат поразени, тој пораз секогаш е "лесен" (2 Мак. 14,17)80.
    Освен тоа, не е исклучено јудејскиот автор на Макавејските книги да ги претворил некои порази во победи, а некои победи во порази, во зависност од тоа кој бил победникот, а кој поразениот.
    Мошне показателно во таа смисла е и тоа што кога зборува за еврејскиот народ, тој го нарекува "нашиот" (2 Мак. 14,34), a кога зборува за Евреите, ги нарекува "нашите" (3 Мак. 1,23)81 што категорички зборува во прилог на тоа дека авторот на Макавејските книги бил Евреин.

    Што се однесува до зборот "Македонец", мораме да истакнеме дека тој во 1 Мак. 1,1 претставува квалификација, искажана во однос на Александар Македонски, а не во однос на неговиот татко Филип.
    Тоа сосем лесно може да се согледа и од самиот текст.
    Главното лице за коешто се зборува во првиот стих од Прва книга Макавејска е Александар, додека Филип само се спомнува и тоа затоа што е татко на Александар.
    Тоа дека зборот "Македонец" се однесува на Александар, а не на татко му Филип, најдобро се гледа од текстот на овој стих во црковнословенската Библија:
    "И Бысть егда поражаше АЛЕЗАNДРЬ МАКЕWNСКIИ, сынъ Филiппа, иже иzыде w zемли Хеттiмъ пораzи и Дарiа цара персскаго и мидскаго и воцар-са вмъстw егw первы во Елладъ ".
    Од наведениот црковнословенски текст јасно се гледа дека определбата "македонски" не стои по името на царот Филип, како што е во грчкиот превод на Библијата, туку директно се поврзува со неговиот син Александар, којшто е наречен "АЛЕЗАNДРЬ МАКЕWNСКIИ".
    Во овој случај чудење предизвикува тоа што во македонскиот превод на Библијата82, како и во бугарскиот синодален превод, Дариј е наречен "Персиски и индиски цар".
    Во грчкиот оригинал Дариј е наречен "Basilea Perswn kai Mhdon", додека во црковнословенскиот превод на истото место читеме:
    "Дарiа цара персскаго и міидскаго".
    Во бугарскиот превод на Библијата од 1925 год. не е доволно прецизно преведен овој стих од Прва книга Макавејска83.
    Тука произволно се променети некои работи и се испуштени зборови, коишто се апсолутно потребни за правилното разбирање на текстот.
    Од крајот на првиот стих на Прва книга Макавејска, така како што тој е преведен на бугарски јазик - "и се възцари вместо него в Елада", може да се сфати дека царот Дариј царувал во Грција, но бил победен и заменет од страна на Александар Македонски.

    Сосем поинаку звучи текстот на грчки јазик, а имено:
    “kai eyeveto meta to патаxai allexavdrov tov фiliппov makedova,os exhlthev ek yhs xettim,kai eпataxev tov dapeiov Basilea пepswv kai Mhdwv kai eBasilevsev avt avtov,пpotepov eпi thv 'Ellada".
    Зборот "пpotepov", кој во бугарскиот превод е испуштен, означува "пред , порано".
    Co неа авторот сакал да прецизира дека Александар Македонски се зацарил над Елада пред Дариј, не во смисла дека и двајцата царувале над оваа земја и дека Александар Македонски прв царувал над неа, туку, бидејќи и двајцата настојувале да ја покорат Елада, Александар прв успеал да го стори тоа.
    Притоа, нам ни є познато дека уште таткото на Александар - Филип, ги победил Грците при Херонеја во 338 год. и тие на советувањето во Коринт ја признале својата зависност од Македонците, меѓутоа, во случајот авторот на Прва книга Макавејска зборува за целосното покорување на Грција, кога таа била приклучена кон македонската држава. Според традиционалното историско сфаќање, Александар Македонски првин ја покорил Грција, па дури потоа тргнал да војува со Персијците, но ниє гледаме дека според буквалниот текст на Прва книга Макавејска (1,1) испаѓа дека македонскиот цар првин го разбил царот Дариј и потоа се зацарил во Елада.
    Се разбира, дека не може да има сомнение дека Александар Македонски уште пред војната со Персија ги покорил малите грчки држави.
    Дури по покорувањето на Грција, тој го замислува и го остварува својот поход против моќната персиска империја.
    Во случајот библискиот автор сакал да истакне дека со својата победа над Персијците Александар Македонски конечно се зацврстил и како господар на Грција. Битката помеѓу македонската и персиската војска се случила во 334 год. пр. Хр. кај реката Граник во Мала Азија.
    Персиската војска била утврдена на спротивниот брег од реката, којшто бил значително повисок, а и бројноста на Персијците била неколупати поголема.
    Освен тоа, Македонците требало да атакуваат, а тоа ги ставало во голема опасност, особено при преминувањето на реката.
    Македонските војници го знаеле тоа и во извесна мера биле обесхрабрени.
    Се слушале гласови дека нападот нема да успее и дека е подобро да се причека поудобен момент.
    Александар Македонски, меѓутоа, секогаш бил доследен во извршувањето на своите замисли, поради што и овој пат немал на мера да попушти пред големата опасност.
    Трепет и неспокојство се вгнездиле во душата на македонскиот војник. Можеби дошол последниот ден.
    Во мислите кружат драгите ликови на таткото, мајката, сопругата, децата, пријателите; споменот за родната земја.
    Во битката, како и секогаш прв е царот Александар.
    Неговата храброст секогаш била образец за сите Македонци и не само за нив, туку и за другите војници од неговата војска: Грци, Тракијци, Илири и др.
    Македонскиот цар, со својот коњ Букефал, прв ја преминал реката и со сета своја храброст се нафрлил врз персиските позиции.
    Персијците се силни, но уште посилен е борбениот дух на македонската војска, предводена од Александар Македонски. Изненадени од беспримерната храброст на македонската војска, Персијците попуштаат и набрзо нивната војска била разбиена и натерана во панично бекство.
    Александар Македонски ја добил својата прва битка против Персијците, која се покажала решавачка за разгромот на персиската империја. Во битката кај Граник, според Плутарх, од Персијците загинале дваесет и пет илјади пешаци и две илјади и петстотини коњаници, додека Александар Македонски загубил само 34 војници, од кои девет биле пешаци84.
    По битката кај Граник, патот на Александар Македонски кон Азија и Африка бил отворен. Оттука започнува победничкиот марш на македонската војска низ Мала Азија, Сирија, Палестина, Египет, Месопотамија, па дури и низ далечната Индија, којашто им била позната на Македонците само од приказните.
    Овој победнички марш на Александар Македонски мошне успешно е прикажан од авторот на Прва книга Макавејска.
    Во 1 Мак. 1,2 го читаме следново:
    "Тој (Александар Македонски, б.н.) водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви"; и подолу, во четвртиот стих: "Тој собра многу силна војска, и завладеа над многу краишта, народи и владетели, и тие му станаа негови поданици". Александар Македонски навистина "водел многу војни", "презел многу утврдени места" и "поразил многу цареви", но тој не го правел тоа секогаш со борба.
    Многу цареви, обласни управници, градоначалници и др. доаѓале кај него и доброволно му се потчинувале.
    Царевите, облечени во свечени царски одежди, доаѓале кај него и му укажувале највисоки државни почести, додека градоначалниците излегувале надвор од градот за да го пречекаат и да му ги предадат клучевите од тврдината.
    Само Тир и Газа се осмелиле да организираат отпор против македонскиот цар; или поточно - тоа го сториле персиските гарнизони, што биле стационирани во овие градови. Газа паднала по двомесечна опсада (од август до ноември 332 год. пр. Хр.), додека македонската војска успеала да го освои Тир дури по седуммесечна опсада.

    И двата града, за својата дрскост, добиле заслужена казна.
    Откако ги презел Тир и Газа, патот на Александар Македонски кон Ерусалим бил слободен.
    Голема вознемиреност настапила меѓу Евреите во Ерусалим.
    Ерусалимскиот првосвештеник, облечен во свечени црковни одежди, и придружуван од голем број свештеници и левити, излегол надвор од градот за да го пречека големиот војсководец и да измоли од него милост за светиот град и за неговите жители.
    И Александар Македонски, навистина, се однесол мошне благонаклоно кон молбата на првосвештеникот, ветувајќи му го своето царско покровителство над градот и неговите жители.
    Мораме да истакнеме дека Александар Македонски, во текот на целиот свој живот, се покажал како извонредно благороден и великодушен освојувач и само со оние, кои се обидувале да му пречат во остварувањето на неговите освојувачки планови, постапувал жестоко.
    Кога, пак, некој народ или цар доброволно ја признавале неговата врховна власт, тој им го гарантирал правото на тој цар и на неговиот народ, слободно да ја исповедаат својата религија, да ги негуваат религиозните обичаи, да располагаат со сета своја сопственост, чијашто неприкосновеност била загарантирана итн.

    Тој никогаш не ја наложувал, на покорените од него народи, грчката паганска религија, ниту пак македонските народни обичаи.
    Така тој постапил и со Евреите, на коишто им го дал полното право да живеат според правилата на нивниот религиозен закон.
    Откако ја примил делегацијата предводена од првосвештени-кот, Александар Македонски, во придружба на членовите на делегацијата и многубројниот народ, свечено поминал низ улиците на светиот град, влегол во ерусалимскиот храм и дури ја принесол вообичаената жртва, што се правела во такви случаи.
    Преданието вели дека во самиот храм првосвештеникот му го прочитал на големиот Македонец текстот од Книгата на пророкот Даниил, во којашто се претскажува за неговите големи победи и за освојувањето на сите, познати во тоа време, земни царства. По покорувањето на Палестина, Александар Македонски го поставил за нејзин управник Андромах со седиште во Самарија и заминал кон Египет.
    Во есента на 331 год., меѓутоа, Самаријците 76 се побуниле против царската власт, го фатиле Андромаха и жив го изгореле.
    Во тоа време Александар се наоѓал во Египет.
    Откако разбрал што се случило во Самарија, тој, патувајќи со својата војска кон Персија, поминал низ Самарија, жестоко ги казнил виновниците за смртта на Андромах и поставил нов управник по име Мемнон.
    Овојпат Александар, во градот Самарија, населил и извесен број македонски преселници, целејќи на овој начин да ја заздрави власта на новопоставениот управник. Говорејќи за воените походи на Александар Македонски, ние, притоа, мораме да истакнеме дека во неговите освојувања се криеле големи планови односно идната судбина на човештвото. Големиот македонски цар планирал да создаде светска држава, чија територија ќе се простира од местата каде што изгревало сонцето, па се до оние предели каде што тоа заоѓало; држава, во која нема да има граници меѓу одделните народи, кои, со тек на времето, ќе се обединат во еден единствен "светски" народ.
    Во овој случај, генијалниот дух на Александар Македонски, поради својата пројава на беспримерен, не само за древноста, туку и за денешнината, космополитизам, го заслужува вниманието на научниците-социолози.
    Во процесот на тоа обединување меѓу народите, Александар Македонски, меѓутоа, барал да се зачува потполната рамноправност помеѓу различните етноси, без да се даваат привилегии на ниту еден народ, вклучувајќи го тука и македонскиот.
    Александар Македонски е првиот светски државник, којшто во основата на своето државно управување ја поставил рамноправноста на одделните народи.
    За жал, имено тој народ, којшто, наоѓајќи се во височините на своето величие, со ништо не ја притеснувал етничката самосвест на покорените од него народи, доживеа да трпи притеснувања од овој вид од понови народи, коишто во древноста дури и не постоеле.
    Се разбира, дека македонскиот цар не се залагал само за меѓуетничка толеранција и за почитување на етничката индивидуалност на секој народ што живеел во склопот на македонската империја, туку барал од своите потчинети да го спроведуваат и принципот за еднаквост на сите религии и доследно да се залагаат за интеррелигиозна толеранција и почитување меѓу одделните верски групации.
    И не само што тоа го барал од своите потчинети, туку и самиот постапувал така.

    Така, во Египет тој им оддавал почит на Апис и Амон, во Палестина - на Јахве, а во Вавилон- на халдејските божества. Храмот на вавилонскиот идол Вил (Јер. 50,2), кој бил разрушен од царот Артаксеркс, по негова наредба бил одново изграден. Рамноправноста меѓу одделните народи и религиозната толеранција, меѓутоа, не биле доволни за да ја загарантираат стабилноста на големата македонска империја.
    Тие биле во состојба само да обезбедат едно релативно спокојство во империјата, без ни најмалку да помогнат за вистинското обединување на тие народи.
    Прв чекор кон обединувањето на тие народи биле освојувањата на Александар Македонски: "Тој (Александар Македонски, б.н.) водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви" (1 Мак. 1,2).
    Дејствувањето на Александар Македонски, меѓутоа, не се состоело само во тоа да води војни и да покорува народи, туку на него му претстоела многу потешка задача: да ја спечали довербата на покорените народи и да направи од нив интегрален дел на својата империја.
    Големиот стратег и визионер Александар Македонски многу добро знаел дека со силата на своето оружје можел да разруши многу царства и да покори многу народи, но со него тој не можел да приопшти кон својата империја ниту еден човек, затоа што мечот може да стигне до срцето на човекот, но тој не стигнува таму за да го приопшти, туку за да го погуби.
    Вистинското обединување на одделните народи тој можел да го постигне единствено преку налагање на заеднички јазик и заедничка култура за сите народи во империјата; a најпогоден за воведување во општа употреба во тоа време бил грчкиот јазик.
    Тој веќе бил развиен јазик, со многувековна писмена традиција, поради што без поголеми проблеми бил прифатен од другите народи во империјата.
    Така, грчкиот јазик бил воведен во меѓуетничката комуникација на целата територија на создадената од Александар Македонски огромна држава, a старогрчката култура станала доминантна.
    Доминацијата на старата грчка култура, меѓутоа, не довела до елиминација на културите на другите народи, кои живееле во македонската империја. Тие и натаму егзистирале во своите етнички средини и на свој начин ја дополнувале културата што била поразвиена од нив.
    Таквата мултиетничка култура, според замислата на старомакедонските државотворци, требало да лежи во основите на идната македонска светска империја.

    Македонското светско владеење помогнало многу за брзиот цивилизациски развој на древниот свет.
    Прифаќајки ги старогрчкиот јазик и старогрчката култура, Македонците ги распространиле низ сите средоземноморски земји и на тој начин значително ја зголемиле културата на народите што ги населувале тие земји.
    Освен тоа, војните на Александар Македонски предизвикале големи миграции и раздвижувања меѓу народите, поради што тие взаемно се опознавале и разменувале соодветни знаења и искуства од областа на духовната и материјалната култура. Воените походи на Александар Македонски ги прошириле, исто така, географските и етнографските сознанија на човештвото и ја зголемиле неговата култура во сите области на човековиот живот.
    Ширењето на старогрчкиот јазик и на елинизмот како доминантни во целата македонска империја, укажало големо влијание врз иднината на целиот човечки род.
    Пред сё, без македонската империја и без воведувањето на старогрчкиот јазик како официјален јазик во меѓуетничката комуникација во таа империја, би било незамисливо проширувањето и опстојувањето на христијанството.

    Христијанските идеи успеаја да се прошират толку брзо благодарение на грчкиот јазик, кој продолжувал да ја игра улогата на меѓународен јазик и во времето на римското владеење.
    И во римската империја, како и во претходната македонска империја, старогрчкиот јазик ја играл улогата на обединител на различните народи.
    Големиот познавач на древноста проф. Михаил Поснов пишува дека "обединувањето на одделните етноси во римската империја се постигнало, пред сё, благодарение на грчкиот јазик"85 .
    "Елинизмот - пишува истиот автор - станал главна опора на светското единство. Тој й дал култура на римската држава и ја снабдил со светски јазик"86.
    Ние знаеме дека Исус Христос и неговите апостоли го проповедале неговото учење на грчки јазик; сите новозаветни книги се напишани, исто така, на библиски грчки јазик; имено затоа Христовото учење мошне брзо било прифатено од народите што ја населувале огромната римска империја.
    Ако Исус Христос и неговите апостоли го проповедаа христијанството на евреЈски јазик и ако Светото Писмо на Новиот Завет беше напишано, исто така, на еврејски јазик, тоа великите Христови идеи ќе останеа, можеби, засекогаш непознати за другите народи, задушени од еврејското закоништво и фарисејштина.

    И не само Новиот Завет, туку и Светото Писмо на Стариот Завет им стана познато на другите народи благодарение на грчкиот превод на старозаветните книги, направен на барање на египетскиот цар од македонско потекло Птоломеј Филаделф, неколку децении по смртта на Александар Македонски.
    Човештвото треба да му биде благодарно на народот на древна Македонија и посебно на Александар Македонски за неговите големи освојувања и за ширењето на старогрчкиот јазик и старогрчката култура низ сите земји што тој ги освоил, бидејки без нив би било невозможно ширењето на христијанството, кое, како што видовме, одиграло важна улога во културниот развој на човештвото.
    Освојувањата на Александар Македонски по својата големина се единствени во целокупната светска историја.
    Само за неколку години тој успеал да го завладее целиот, познат во тоа време, свет. "(Тој) дојде до краиштата на земјата ... (и) целата земја молкна пред него" - пишува библискиот автор (1 Мак. 1,3) и кој знае дали би можеле да се пронајдат попригодни зборови, кои ќе го претстават истакнатиот македонски цар во неговата вистинска величина и историска неповторливост.
    Тоа се зборови, кои и денес не тераат да трпнеме пред споменот за овој голем Македонец. He случајно Наполеон Бонапарта имал обичај да се споредува со него87, при што настојувал да му подражава не само во својата воено-државничка дејност, туку и во својот личен живот.
    И сите овие победи на Александар Македонски не се должеле на бројноста на неговата војска, туку, пред сё, на нескршливиот боен дух на македонскиот војник.
    Војската на Александар Македонски, кога тргнал за Индија, броела околу четириесет илјади војници88, но тоа не им попречило на Македонците да ја разбијат кај реката Инд многубројната, придружувана од стотици обучени за борба слонови, војска на индискиот цар Пориј.

    Откако во 1 Мак. 1,4 библискиот автор, со неколку реченици, соопштува дека Александар Македонски владеел "над многу краишта, народи и владетели, и тие му станале негови поданици", тој преминува кон опис на предвремената смрт на големиот македонски стратег: "Најпосле падна во постела и, откако почувствува дека ќе умре, ги повика своите доверливи, кои заедно со него се беа воспитувале во младоста, додека уште беше жив, и им го раздели царството.
    И така, откако царуваше дванаесет години, Александар умре" (1 Мак. 1,5-7).

    Автентичноста на овие стихови од Прва книга Макавејска била оспорувана во текот на XVIII в. од некои протестантски теолози.
    Притоа, оние што ја ставаат под сомнение вистинитоста на 1 Мак. 1,5-7, најчесто, се потпираат врз тврдењето на латинскиот писател Квинт Курциј, којшто пишува:
    "Некои верувале дека Александар преку завештание ја поделил својата империја, но ние се убедивме дека таа фама е неточна иако89 истата е пренесена од некои писатели". Грешката што ја направил Квинт Курциј подмамила извесен број истражувачи, кои претпочеле да му веруваат на еден подоцнежен автор, каков што е Квинт Курциј, наместо да му веруваат на подревниот автор, каков што е авторот на Прва книга Макавејска.
    Во случајов требало да се подложи на опстојна научна анализа оспоруваниот текст, а не без многу размислување, подражавајќи му на Квинт Курциј, тој да биде прогласен за неавтентичен.
    Всушност авторот на Прва книга Макавејска сакал да каже дека Александар Македонски уште додека бил жив ја поделил империјата на делови и ги овластил своите најблиски соработници да управуваат со нив, но не како независни кралеви, туку како негови помошници (заменици).
    Тоа дека Александар Македонски при управувањето на својата огромна империја се служел со полномошници или заменици е засведочено кај старогрчкиот писател Плутарх. Во неговиот живопис на Александар Македонски тој пишува дека Хефестион станал посредник на Александар Македонски кај варварите, а Кратер - кај Грците и Македонците90.
    Освен тоа, како што веќе рековме, македонскиот цар се стремел кон обединување на целиот свет во една сеопфатна светска држава, така што сосем неприродно би било за него, да го дели своето царство помеѓу своите војсководци, со цел тие да управуваат како самостојни монарси.

    Единствено нешто, кое, најверојатно, е вметнато по грешка во текстот, е тоа дека Александар Македонски божем разбрал дека ќе умре и затоа го поделил своето царство помеѓу најблиските свои соработници.
    Од понатамошниот текст на Прва книга Макавејска (1,9-10) станува јасно дека војсководците на кои Александар Македонски им доделил делови од македонската империја, дури по неговата смрт се прогласиле за независни цареви: "По неговата смрт сите тие се зацарија, ставија круни на своите глави, a пo нив и нивните синови во тек на многу години ..." (1 Мак. 1,9).
    Всушност Александар Македонски, како што веќе рековме, се стремел кон обединување на одделните народи и на сиот свет во една целина.
    Имено затоа, по конечниот разгром на персиската империја тој ја пренел престолнината на своето царство од Пела во Вавилон - во градот на градовите.
    Повеќе од јасно е дека со овој гест тој имал за цел да го потврди светскиот карактер на својата држава.

    Според Библијата Вавилон е првиот град на земјата, чиј основач е Нимрод (Бит. 10,10). Книгата на книгите го поврзува најдревниот град со познатата Вавилонска кула и измешувањето на јазиците од каде што дошло и името на градот (Сп. 1 Мој. 11,9).
    Користејќи податоци од вонбиблиски извори, некои научници го преведуваат зборот "Вавилон" со "живеалиште на животот", други го толкуваат како "Врата Господова" и сл. Едно, меѓутоа, е потполно сигурно, а тоа е дека Вавилон бил седиште на голема древна куктура и престолнина на моќни древни царства - вавилонското, халдејското, асирското. Титулата "цар на Вавилон" се сметала во древноста за највисока почест, со којашто можел да биде удостоен еден цар на древниот Исток.
    Веројатно поради истата причина и поради централното место, коешто го заземал Вавилон во опширната македонска империја, Александар Македонски ја пренел престолнината на империјата од Пела во овој азиски град. Јустин пишува (XII. 13,3) дека на овој начин големиот македонски цар сакал да постигне групирање на целиот свет околу најдревниот град Вавилон.

    Мошне прецизен е библискиот автор и кога зборува за времетраењето на Александровото царување.
    Во 1 Мак. 1,7 тој пишува: "И така откако царуваше дванаесет години, Александар умре". Соопштението на библискиот автор е потполно идентично со она што ни го кажуваат историските извори за Александар Македонски.
    Дури и повеќе од тоа, врз основа на ова известување на библискиот автор, во кое се кажува дека Александар Велики царувал дванаесет години, ние можеме да го утврдиме времето кога тој застанал на царскиот престол.
    Земајќи го како појдовна точка соопштението на Плутарх91 дека Александар Македонски починал на триесеттиот ден од месецот дезиј92 и соопштението на библискиот писател, де ка истиот царувал дванаесет години, може со сигурност да заклучиме дека Александар Македонски застанал на македонскиот царски престол во втората половина на 336 год. пред Христа.
    Александар Македонски умрел сосем млад - во најубавите години од својот, исполнет со подвизи, живот, поради што не успеал да ги реализира своите големи планови во врска со обединувањето на целокупното човештво во една единствена држава.
    Тој дури не оставил, пред својата смрт, законски наследник на царскиот престол93, што резултирало со големо безредие во целата империја по неговата предвремена смрт. Александар Македонски оставил зад себе плеада истакнати и испитани во стотици битки војсководци и ако тие би биле разумни да постигнат меѓусебна согласност во името на единството на империјата и зачувувањето на освоените со толку многу македонска крв земји, би се зачувала, исто така, и рамнотежата во државата.
    Тие, меѓутоа, ги поставиле своите лични интереси над државните интереси и така го упропастиле делото на својот велик сонародник.

    Александровите наследници, како што пишува академикот Лопухин, иако етнички биле различни од Грците94 и дури понекогаш се однесувале со презир кон нив, поради нивната надменост и лукавство, овојпат, имено, од нив го позајмиле овој безогледен стремеж кон власта, ставајки ги своите лични интереси над интересите на државата и народот.

    Непосредно пo смртта на Александар, навистина, било зачувано спокојството во империјата, со тоа што Пердик, на кого Александар, пред својата смрт, му го предал прстенот со државниот печат, бил назначен за привремен управник на империјата до раѓањето на законскиот Александров наследник, којшто се очекувало да го роди жена му Роксана.
    Мирот во империјата, меѓутоа не траел долго.

    Ѓорги Поп Атанасов - Библијата за Македонија и Македонците

    Македонија и Библијата

    Напишано од Денис Тенев 2005
    Вторник, 22 Септември 2009 09:36

    Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: “Премини во Македонија и помогни ни!” Делата на апостолите 16,9.



    Кога пред многу години, како дете, чепкајќи по фиоките на мојот татко, пронајдов една мала Библија, македонски превод на Новиот Завет, детски заинтересирано ја отворив и меѓу првите текстови кои ги забележав беа зборовите на Македонецот упатени кон апостол Павле: “Премини во Македонија и помогни ни!” Во тој миг, бидејки моето познавање за Библијата беше мало но сепак доволно да сфатам дека ова е стара книга, се прашав: Кој е овој Македонец? Немајќи на ум ниту еден мој постар предок, си го замислив дедо ми. Подоцна, кога моите сознанија за Библијата пораснаа, открив дека сум имал многу “дедовци” во Библијата и како што неодамна некој ми рече - Македонците после Евреите се еден од најспомнуваните народи во Библијата. Затоа овој текст е посветен на тие храбри и одважни луѓе кои со својата чесност и верност не задолжиле многу, не само нас Македонците, туку и сиот свет, учејќи не како да го сочуваме и кај себе и кај другите моралот, карактерот, и пред се достоинството.
    За Македонија и прашањето за Македонците се пишувало многу. Ние овој пат нема да навлегуваме длабоко во корените на историјата, туку само ќе ја консултираме во моменти кога тоа е потребно. Овој текст ќе ни открие што Библијата кажува за ова прашање, и со тоа ќе го дополниме мозаикот кој полека се создава.






    Библијата како извор

    Најнапред, бидејки Библијата ќе ни биде основа за нашето истражување, мораме да одвоиме неколку реда за самата Библија1. Како граѓани на посткомунистичкото општество, сфаќањата за Библијата кај многумина се погрешни, искривени, сметајќи дека е книга полна со митови. Ова влече корен уште од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кога во научниот свет во Европа се појавила таканаречената “висока критика”. Со појавата на новите научни достигнувања и сознанија се отвориле нови можности за истражување и испитување. Сите дотогашни класици (како Херодот, Јосиф Флавие, Ксенофон и др.) биле ставени под лупа на новите научни методи. Секако, Библијата, како извор на поголемиот број сознанија за христијанска Европа, не била заобиколена2. Биле испитувани личностите, обичаите, народите и настаните кои се спомнуваат во неа, па така многу историчари ја оспориле историската веродостојност на Библијата, сметајќи дека нема доволно историско-археолошка потврда за нејзините тврдења. Тие сметале дека сето тоа што е содржано во неа е само мит и дека обичаите кои се спомнуваат во неа се надвор од рамките на времето во кое е опишан настанот. Така на пример, силно било оспорувано постоењето на Аврам, поштуван од повеќе од половина на човештвото3, биле оспорувани Хетитите како народ кои дотогаш биле спомнати само во Библијата и.т.н... Авторитетот на Библијата бил сериозно разнишан.
    Природно, Евреите и Христијаните ова го доживеале како директен напад на нивната вера. Но какви и да биле побудите и целите на литерарните критичари, тие на почитувачите на Библијата им сториле услуга. По дефиниција: “книжевниот историчар мора да биде и критичар, токму за да биде историчар” зошто “критичарот кој би се помирил со потполно непознавање на историските односи стално би застранувал во своите проценки4. Со други зборови, вистината не се плаши од критика, а тоа набргу и се докажало.
    После прашината што ја подигнала високата критика, на сцена настапила археологијата, посебно Библиската археологија5 која со своите научни методи и откритија на научниците им дала одговор на нивните прашања и критики. Откопувањата и пронајдоците во Библиските земји се ределе едни по други, а бројните експедиции се враќале со нови сознанија за древното минато.
    Вредно е, накратко, да споменеме некои од нив. Во 1799 г. војниците на Наполеон во Египет сосема случајно го откриваат каменот од Розета

    Kamenot od rozeta
    Каменот од Розета

    (наречен така по местото каде е пронајден). На овој камен кој датира од 196 г. п.н.е. бил испишан текст на три различни писма од страна на египетскиот фараон Птоломеј V од Македонската династија, за кого ќе стане збор во ова истражување. Едно од писмата било напишано (издлабено) на египетското хиероглифско писмо, другото на египетско дометско, а третото на Александровото “коине” писмо кое во подоцнежните векови неправедно е нерекувано грчко. За ова писмо исто така ќе стане збор малку подоцна.
    Ова бил клучен пронајдок за археологијата затоа што сега лесно можело да се спореди веќе познатото “коине” писмо со дотогаш непознатите хиероглифи, и на тој начин после макотрпен и долг научен труд на генијалецот Шамполион, хиероглифите конечно биле дешифрирани. Исто така клучен момент е откривањето на тројазичниот натпис на персискиот цар Дарие I, издлабен на една висока карпа во близина на Багдад. Од овој натпис, благодарение на другите две веќе познати писма, после 22 години е дешифрирано асирското клинесто писмо. Сега, бројните записи кои до тогаш стоеле како неми сведоци пред научниот свет, одеднаш блеснале со полнина на своето сведоштво, откривајќи го древниот свет како никогаш порано. Бројните хиероглифски записи а исто така и бројните плочки испишани со клинесто писмо меѓу другото ги откриле и бројните настани, личности па дури и самите обичаи кои биле спомнати дотогаш само во Библијата.

    Ostatoci od gradot Ur
    Остстоци од градот Ур

    Понатаму, личноста на Аврам, за кого веќе споменавме погоре, била потполно расветлена од археологот L. Woolley. Тој во периодот од 1922 до 1932 целосно го откопува градот Ур, кој Библијата го споменува како градот на Аврам од каде Бог го повикал да излезе и да ја насели Хананската замја - подоцна Израел (1 книга Мојсеева 11, 31)6. Овој град до тогаш не постоел во ниедна историографија или било кој археолошки пишан документ, па затоа и било пребрзо заклучено дека тој не постоел а со тоа и дека Аврам бил измислен. Откритијата на Woolley покажале дека уште во 2000 г. п.н.е. градот бил напредна метропола7, токму во времето на Аврам8. Интересен е и податокот дека е пронајдена табличка со испишано име Аврам9.
    Исто така, спомнатите долгооспорувани Хетити, набргу биле посведочени во близината на Богазкој - денешна Турција, со откривањето на нивната цивилизација.
    И така се ределе бројните археолошки артефакти како глинените плочки во Нузи, Амарна и Хамурабиевиот законик каде се запишани обичаи кои се поистоветени со оние кои се запишани во Библијата, потоа споменикот на фараонот Мернаптах на кој се спомнува името “Израел”. Вредни се исто така и споменикот на Моавскиот крал Меша како и ваљакот на кралот Кир кои спомнуваат исти настани кои ги спомнува и Библијата. Тука е секако и епохалното откритие - Кумранските ракописи, кои на Библијата целосно и го вратиле авторитетот, давајќи и епитет на книга со најстари преписи, кои споредени со нашите преводи денес, немаат изгубено ништо од своето значење.
    Да не заборавиме дека до денес откритијата не престанале, како на пример посмртниот ковчег на Јаков - Христовиот брат, неодамна пронајден во Ерусалим или пронајдените остатоци од египетските кочии во длабочините на Црвеното море кои се уште се предмет на испитување. Затоа, можеме слободно да заклучиме дека за нашето истражување користиме книга со потврдена историска вредност. Секој од нас има морална слобода ако сака да ги отфрли Библиските духовни вредности и поуки, но не може да ја оспорува историската веродостојност и вредност на Библијата.
    А згора на сето тоа, ако ја прифатиме и нејзината духовна вредност односно Божественото потекло, сметам дека сознанијата кои ќе ги исцрпиме на ова истражување ќе имаат полна и сериозна важност.


    Македонија и Библијата

    Историјата на Еврејскиот (Израелскиот) народ, запишан во Библијата, не била изолирана од историјата на другите народи. Па така, неминовно било, бележејки ја еврејската историја да бидат спомнувани народи кои директно или индиректно биле поврзани со историските прилики на Евреите. Познато им е на познавачите на Библијата дека поради непослушност на Божјите уредби и закони, Евреите (во тој миг останати без Божја заштита) биле поразени во 606г. п.н.е. од Вавилонската империја, а потоа одведени во ропство. Откако Вавилон бил покорен од Персијците, за еврејскиот народ дошле помили времиња. Имено, 457г. п.н.е. персискиот цар Кир дал заповед со која на сите претходно поробени народи им било дозволено да се вратат во своите матични земји (Книгата на Ездра 1глава). Голем бил бројот на еврејските повратници кои го обновиле градот Ерусалим (книгата на Неемија 1-6 глава), храмот и Богослужбата во него (Ездра 3-5 глава). Сепак, одреден број Евреи останале насекаде по Персиската империја.
    Во времето на владеењето на персискиот цар Артаксеркс (486-465 пне) настанала книгата на Естира. Естира била млада Еврејка која според Божјото провидение и промисла, станала царица во Персија (Естира 2,17). Оваа книга го опишува необичниот пресврт на настаните кога Евреите неправедно биле обвинети дека прават заговор против царот. Обвинението се претворило во царска уредба со која требало сите Евреи во Империјата да се погубат. Главната личност во книгата, Мардохеј, чичкото на Естира, успеал преку царицата да издејствува да се поништи указот и со тоа го спасил својот народ од неправедно погубување.
    Постојат, за нашето проучување, неколку интересни моменти од книгата на Естира. Аман, човекот кој го иницирал обвинението против Евреите, во нашиот превод се нарекува Вугеецот Аман Амадатов (Естира 3,1). Според Поп-Атанасов10, станува збор за погрешена транскрипција на еврејскиот етноним Еврејски Агаги (Агаги). Овој израз, според познавачите на еврејскиот јазик би требало да значи жител на Еге, па оттаму поблиску до оргиналот би звучел преводот Егеецот Аман Амадатов. Еге бил град во Македонија основан околу 700г. п.н.е. од Македонскиот крал Пердика I, и долго време бил престолнина на Македонската царска династија. Дека Аман бил од градот Еге, не наведува и преводот во Септуагинтата, каде еврејскиот Еврејски Агаги (Агаги) е преведен со Грчки Македон (Македон).
    Како и да е, постои една интересна индиректна поврзаност на Македонија со настаните во Естира 1глава, каде читаме дека царот Артаксеркс приредил раскошна гозба за сите кнезови, управители и војводи од неговата империја. Но, во 9-11 стих читаме дека: “...царицата Астин исто така приреди гозба за жените во царскиот дом на царот Артаксеркс.”
    После повеќедневно јадење и пиење царот побарал да ја доведат царицата Астин на неговата гозба: “...за да им ја покаже нејзината убавина на народите и на кнезовите, зошто таа беше многу убава. Но царицата Астин не сакаше да дојде според царевата наредба... “ Сметам дека нема потреба да коментираме што би се случило со достоинството на царицата Астин доколку би се појавила пред оваа насобрана толпа на мажи, очигледно под влијание на алкохол. Ова предизвикало голем гнев кај царот и на совет на мудреците кои “...ги познаваа поранешните времиња...”(13 стих) одлучил да ја разреши Астин од нејзиното царско достоинство (на нејзино место подоцна дошла Естира).
    Постои еден настан запишан од Херодот11 врзан за македонските кралеви Аминта I (495-452г. п.н.е.) и неговиот син Александар I (495-452г. п.н.е.). Во тоа време Персија се уште војувала со Атина, а македонската дипломатија одиграла многу важна улога за зачувување на македонските интереси, вешто балансирајќи помеѓу Персија и Атина. Во една прилика Персискиот двор испратил седуммина свои најугледни великодостојници на македонскиот двор. Во тоа време со Македонија вледеел Аминта I. Тој им приредил гозба на Персијците, но откако се опиле, сведочи Херодот, тие му се обратиле на царот со следниве зборови: “Пријателу Македонче, ние Персијците имаме обичај на свечен ручек да ги донесеме со себе своите жени и љубовници да седат со нас”. Аминта одговорил: “Персијци, ние таков обичај немеме, кај нас се одвоени мажите од жените, а бидејќи вие сте господари и ги барате, ќе ги добиете”. Набргу, персиските гости добиле женско друштво, кон кои, очекувано, почнале да се однесуваат непристојно. Со ова не се сложил синот на Аминта, Александар I, кој откако го убедил татка си да замине од гозбата, им се обратил на Персијците: “Почитувани гости, овие жени ви стојат на располагање...но пуштете ги да се измијат, па ќе ви се вратат по миењето”. Персијците се сложиле, Александар I ги испратил жените надвор, а во исто време облекол во женска облека ист број голобради момчиња, кои во своите пазуви сокриле по еден нож. Кога ги вовел внатре преправените момчиња, им се обратил на Персијците: “...мислам дека сте кралски угостени, па ви ги нудиме уште и своите мајки и сестри, да се уверите дека ви покажуваме онакво почитување какво што ви прилега.” Кога Персијците почнале да ги милуваат преправените момчиња, тие од своите пазуви ги извадиле ножевите и ги убиле сите до еден.
    Ова убиство предизвикало истражна постапка од Персискиот двор, но Александар успеал да ја прикрие целата работа со тоа што на шефот на персиската истражна комисија Бубар, му дал голема сума пари, но и неговата сестра Гигеја за жена.
    Овој настан временски се поклопува со настаните опишани во книгата за Естира, па оттаму се наметнува прашањето: ако Херодот ни открива дека Персијците имале обичај на своите гозби да ги земаат со себе и своите жени и љубовници, додека пак кај Македонците да бидат одвоени мажите од жените, од каде тогаш идејата царицата Астина да прави посебно од царот гозба со останатите жени, кога тоа не бил Персиски обичај? Од каде кај Астина желбата за противење на вулгарниот предлог да се покажува пред пијаните гости, кога тоа било вообичаено кај Персијците? Зарем одговорот не се крие во младата Гигеја, сестрата на Александар I, која доаѓајќи на Персискиот двор како жена на Персиецот Бубар извршила влијание врз другите жени па и на самата царица, која, согледувајќи го, за жените, понижувачкиот обичај, одлучила да направи промени на тие обичаи. Можеби царот во почетокот не се противел на овие реформи, но со време новиот обичај се повеќе доаѓал во судир со стариот обичај, и како кулминација се настаните опишани во Естира 1глава. Токму затоа биле повикани мудреците кои ги познавале поранешните времиња, да го расчистат настанатиот проблем, повикувајки се на персиските закони.
    Голема била храброста на оваа млада Македонка Гигеја, далеку од својот дом, да го подигне гласот против тој срамен и понижувачки обичај.

    Пророштвата за Александар Македонски

    pan lang="mk-MK">Најпопуларната македонска личност за кого зборува Библијата е Александар ]]> III Македонски за кого е пишувано многу, како од антички, така и од современи автори. Околу него се испреплетени многу легенди, изнесувани се многу ставови по прашање на природата на неговите походи и како што вели U.Vilhem во своето дело “Александар Македонски”, неговата појава и име се уште побудуваат различни реакции. Како и да е, сите ќе се сложиме дека неговата маркантна личност го потресе светот, спојувајќи го истокот и западот, а неговиот сон од светот да создаде една држава со еден цар, се чини била идеолошка визија на еднаквост и рамноправност, со максимална толеранција на туѓата култура и религија.


    Александар, во Библијата е споменат во некои од пророштвата запишани во книгата на пророкот Даниил.
    Даниил бил Евреин, кој после разорувањето на Ерусалим во 538г. п.н.е.12, бил однесен заедно со мнозина како роб во Вавилон. Набргу неговата духовна надареност била забележана од царот. Во една прилика,13 Данило бил повикан да протолкува еден сон, кој го сонил царот Навуходоносор. Имено, царот во сонот видел еден голем лик, чија глава е од злато, рацете и градите од сребро, бедрата од бакар, нозете од железо, а стапалата биле помешани од глина и железо. Додека царот го гледал овој необичен лик, еден камен се откачил од планината и удрил во стапалата на ликот сосема распарчувајќи го, за истиот камен да прерасне во една голема планина. Царот Навуходоносор видно возбуден побарал да му биде протолкуван сонот. Даниил му одговорил дека Небесниот Бог преку овој сон сака да му ја открие на царот иднината на светот, а ликот кој го видел ги претставува царствата кои ќе владеат после него се до крајот на светот. Златната глава ја претставувала Вавилонската империја, рацете и градите од сребро - МедоПерсија, бедрата од бакар - Македонија, а нозете од железо - Римската империја. Интересно е дека токму во времето на стапалата14 се случил одронот на оној камен кој го срушил ликот. Теолозите се сложуваат дека овој камен го претставува Второто Пришествие, односно, второто Христово доаѓање, за што ќе зборуваме малку повеќе кога ќе дојдеме до Македонците во Новиот Завет.
    Во една друга прилика (7 глава), пророкот Данило имал видение за четири необични ѕвера: “...и четири големи ѕвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот...” Првиот ѕвер кој го забележал бил како лав со орлови крилја, вториот како мечка, а третиот како леопард (како рис - во некои други преводи) со четири крилја. Потоа следувал еден страшен и необичен ѕвер со десет рогови. И после овие ѕверови следи визија за Христовото второ доаѓање.
    После ова видение Даниил добива од Бога толкување, и повторно се редат светските царства идентично како кај сонот на Навуходоносор, само што во оваа прилика повеќе е ставен нагласок на последниот ѕвер (Римското царство) и настаните кои следат после него се до крајот на светот.
    Да напоменеме дека овде Македонското царство на Александар е претставено као леопард однодно рис со четири крилја. Да споменеме уште едно видение на пророкот Данило (8 глава).
    Данило повторно во видение гледа еден овен со два високи рога, кога од запад ненадејно се појавува козел, “...кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу своите очи.” Овој козел, вели понатаму пророштвото, “ ...се впушти врз оној овен...со силна јарост.” Понатаму читаме дека “...на овенот не му стигаа силите да устои против него”...Но на крајот од пророштвото читаме: “Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни.”
    Данило набргу добил и толкување на пророштвото кое исто така во продолжение го запишал: “Овенот со двата рога што ги виде е мидскиот цар и персискиот.15 А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила.”
    Горенаведените цитати се наведени онака као што е преведено во македонскиот превод на Библијата. Сигурно дека ваквиот текст мнозина ќе ги остави збунети, бидејќи читаат “царот на Грција”. За да ја појасниме целата работа мораме да ги консултираме оние кои го познаваат еврејскиот јазик, на кој бил пишуван Стариот Завет16. Имено, во оргиналот17 читаме: Еврејски Мелех Јаван(мелех Јаван)18, што значи царот Јаван.
    Познавачите на Библијата веднаш ќе се сетат за кого станува збор. Но за да објасниме мора да се вратиме назад во Библиската историја се до времето на потопот запишан во 1. Мојсеева од 6-9 глава. Тука се среќаваме со праведниот Ное кој добил повик и задача од Бога да создаде кораб, во кој ќе можат сите кои сакаат да се заштитат од престојниот потоп. За жал, на Божествената порака одговориле само Ное и неговото семејство, меѓу кои и неговите три сина, Сим, Хам и Јафет, секој со својата жена. Во Ноевиот кораб нашле место и животните (од секое животно по еден пар).19
    После слегнувањето на водата20, коработ застанал на планината Арарат. И сега читаме во десеттата глава: “А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет на кои по потопот им се изродија синови21. Синовите на Јафета22 се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас.”
     
    На orevokrsacka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Не ме интересира Историјата на МК ниту пак На Македонскиот народ....НЕ сум таков тип! :!:
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    а што си барала на темава??
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не си правете филмови дека сте антички Македонци. Тоа бил паметен народ, пола познат свет го освоиле.
     
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ниту 1% немате ниту надворешни ниту внатрешни карактеристики како антички микадонци. :) Не е ова навреда, вистина е, прочитајте малку и ќе видите. 90% словени се македонците, мислам за денешниот македонски народ. :)
     
  11. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Видете го пописот на населението во Пиринскиот дел-Бугарија во 1956 год. Видете кое население доминирало,па речете сеа бугари сме биле,крадеме историја. Ни трага од големото бугарско население нема.
    FB_IMG_1542784434045.jpg
     
    На daylight и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  12. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Не се согласувам со твојата констатација,постојат факсимили уште од времето на Димитров како е македонизирано бугарското население во Пиринскиот дел.
     
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Дај ми доказ. Викаш постојат-дај да видиме.
     
  14. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Ќе продолжиме со тоа вечер, од моб пишам и батеријата ми е при крај.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Нормално е дека мнозинство биле Македонци, Пиринска Македонија е, само веројатно со тек на време се асимилирале и сега се декларираат како Бугари.

    @Heartagram , кој Димитров?
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки

    Георги Димитров, тогашен претседател на Бугарија,генерален секретар на ЦК на БКП и претседател на коминтерната.Којшто потекнува од Пиринска Македонија, голем пријател на Македоија и на Тито и ширење на македонизмот во Пиринскиот дел.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Да се надоврзам на тоа што го пишав претходно.Македонизацијата во Пиринскиот дел е процес после Втора Светска војна кој што се случува под покровителство од Коминтерната а главни извршители се БКП.Тогаш се раѓа и македонското национлано сознание.Нашата држава,јазик и националност се родени 1944 официјално, малку покасно заразлика од другите балкански народи Бугари,Грци,Срби,Албанци кои се создадени 19век. На пописите во Пиринскиот дел пред 1945 не постои никаде регистрирано етнички Македонци, но со пребројувањата од 1946 и 1956 година на пописот 160 000 и 178 000 соодветно етнички Македонци + - тука некаде се бројките, за после конфликтот на Тито со Сталин и Информбирото Бугарија се определува кон СССР, а Југославија со неврзаните, тогаш на следните пописи драстично се намалува бројката на пишани македонци.Тогаш таму се отварат училишта кадешто се учи македонскиот јазик, културата се развива на нов јазик, бидејќи се создава нова нација т.е. од Бугарите таму праат Македонци, истото само во многу послаб интензитет се правело и на Егејот, отварање некои школа печатење македонски учебник све тоа на црно јер комунизмот таму не победил таму биле тогаш главни Метаксас,Венизелос,Папандреу све националисти и затоа геноцид врз тамошното словенско население, да победеле комунистите таму друга приказна ќе било. ТОа е друг период, тогашна нова геостратешка политика, исток-запад и во средина Југославија.
    Telegrama_makedonizam1.jpg
    до кметот на Неврокопската околија како да попишуват.
    Telegrama_makedonizam2.jpg
    до кметот на Разлошката околија. ( не се чита баш добро)
    Letter_from_Kiril_Dramaliev_according_the_cultural_authonomy_in_Pirin_Macedonia.JPG
    Писмо од просветниот министер до Димитров со кој му укажува дека учениците не сакаат да го изучуваат македонскиот јазик.
    Bulgarian_state_program_about_Pirin_Macedonia.JPG
    Писмо каде е испратена наредба од Министерството за образование да се изучува македонската историја одделно од бугарската. Овие писма се испратени 1949 година.Исто на јутјуб има документарка (Македония – последният проект на Коминтерна) во повеќе продолженија кој може нека ги изгледа по редослед како што одат, да ја дознае и другата страна на историјата, бидејќи тоа што го учиме ние и што сме го учеле не е се вистина ( али јбг победниците ја пишуваат историјата). Моите тврдења не ме праат Бугарин, ама секогаш сум на страната на вистината,а историјата се учи од документи, архивски материјали толку, а не белетристика во учебниците, и секако за историја не треба емоција,завземање страна, само ладна глава.На нашиот народ му е многу убаво кога чита бајки за Македонија и Македонците, за некакви си македоноиди до Тихи Океан, туку таа правата историја која боде очи и некогаш е тешка да се проголта, од неа ќе се научи многу повеќе.
     
    Последна измена: 21 ноември 2018
    На oblace1, Anaxandra, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Убаво напишано,и со документи и се.Браво,каде си ги нашол овие документи.
    Претпоставувам дека можеби е точно.
    Но сепак јасно ни е,и сите знаеме дека Мкд е поделена на 3 дела, не по своја волја. Е сега што не сме јаки како држава да си ги бараме овие делови тоа е друга работа.
    Има луѓе(Егејците претежно) што имаат земјишта таму,оставнина од поколенијата пред нив.
     
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Го разбра ли ти постот од членот погоре?
    Ај прочитај пак,задржи се на последниот пасус.
     
    На LollySky, oblace1 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ај објасни ми ти жити се??Еве јас не разбрав(facepalm)

    Едит:Некролог од Јане Сандански каде што пишува дека е Македонец
    Screenshot_2018-11-21-22-46-49.png