Македонија кога е поделена не била држава, само територија, и затоа не можеме да збориме дека тоа што не сме јаки како држава да ги бараме овие делови,затоа што тоа никогаш не било ни наше, оваа територија Македонија после Руско-Турската војна и Берлинскиот конгрес, а пред тоа договорот од Сан Стефано, никој од големите сили не чепка овде и не го решава проблемот и ради тоа е формирање на ВМРО, и преку Бугарија која тогаш веќе била држава и слободна да се актуелизира македонското прашање, да се борат за автономија на Македонија, па после тоа како автономна да се припои кон Бугарија или евентуално да си прогласи независност и да биде независна (со бугарско население, не македонско),али борбата е била да се ослободи таа територија од секакво Српско или Грчко влијание, но до тоа не дошло, јер Втора Светска Војна победуват комунистите, нови мешања на картите и раѓање на нова нација и држава (како таква само на Вардарскиот дел тој бил под Југославија само и така започнува нашиот почеток, стварање на Јазик (првите документи од АСНОМ се пишени на бугарска пишувачка машина, првата химна изведувана на АСНОМ била ,,Изгреи зоро на свободата" која е напишана уште од 1923 година по нарачка на Тодор Александров ). А за земјиштето што го изгубиле нашите во Егејот,тоа е завршена работа,исто како и другите два дела за да биде цела....ние мечтаејќи за тие 2 дела кои не се наши го изгубивме и овој дел што го имавме реалниот (Вардарскиот).
Се сложувам за нешто со тебе но не целосно. Како Мкд не била држава тогаш? Карта на ЦЕЛА Мкд 1913-1914 год. Тоа некои мислат така(или така учеле) Еве ти сведителство од 1944 год. -националност:Македонец Еве и од Никола Карев,каде се декларира како Македонец 1903 год.
А што се однесува за пишувањето како македонскиот народ, македонците, во сите документи тоа постои, тоа е факт. Но тогаш во тоа време, тоа се користело како регионализам, во тој регион живеел тој народ, со еден збор македонски народ затоа што така се вика и територијата.Под македонски народ во тоа време спаѓало турци,власи,бугарски македонци,срби,грци, затоа што сите тие народности живееле на таа територија. Како што постоеле Тракијци,Добруџанци, тоа не било етничка припадност. Сега сме Македонци и по етничка припадност.А кога ќе се вратиме 100-тина години уназад етнички Македонци не постојат,во никој попис, документ,лична карта. На таа територија или си бил тогаш Бугарин,Србин или Грк (андарт). Современа нација неможе да се создаде ако немаш држава,граница,војска,јазик, микс на таков комплот = современа нација.
Картата на Македонија, и името Македонија секогаш биле и ќе бидат тие, не се менуваат, тоа се историски факти. На таа карта нема државни граници, туку тоа се границите на самата територија до каде се простира, истата. Баварија,Баскија,Каталонија, или пример кај нас Пелагонија, Малешевија, тоа е област. Кој ги чувал тие граници на Македонија од картата, какво политичко уредување имала, црква,азбука,војска,власт,никаква. За свидетелството што го постира погоре каде што пишува народност македонец, не е од 1944 туку ликот е тогаш роден а свидетелството е за завршено основно образование и сигурно го добил кога завршил основно образование, (незнам колку години било тогаш основното али сигурно издадено е околу 1950-тите години).
Не ми се вееува се докажувате и спорите за тоа дали постоела Македонија и македонски народ бла бла... Кога самиот народ не верува во нашата историја што да дебатираме понатаму. Арно рекле "рибата смрди од главата"!
1871 година Освен МПО во дијаспората која не брои повеќе од 100 членови и ја затворија последната нивна црква во Канада, милионската македонска дијаспора се чувствува и декларира како Македонци. Пораснете веќе. Стојко Стојков, ОМО Илинден Пирин, сам изјавува дека неговите баба и дедо го воспитувале дека е Македонец и ќе дојде некој Бугарин да го убедува дека баба му и дедо му се креација на србокомунистичката пропаганда и Коминтерната. Доста со тие приказни веќе. https://denesen.mk/intervju-prof-d-...telska-makedonija-e-samo-bugarska-makedonija/
Македонците во пописот на САД 1920 година. Место на раѓање Македонија, јазик македонски. Ама Тито ги створил Македонците.
Никогаш не сум спорел, нити се докажувам, туку потенцирав само дел од сето тоа што сум читал истражувал и така. Инаку моето мислење не го наметнувам, секој си има право да верувам во што сака, не се мешам таму. Но кога збориме за сериозни теми треба нешто и да се научи ама од сериозна литература на пример како оваа Ако не бајке су на другом спрату.
Кој рече дека Тито ги створил македонците? Си постоиме ние и од претходно, само што ни се поврзани историите со соседите.. Како и секаде во светот впрочем.. На некои, дури и со далечни им се поврзани.. Да се навратам уште еднаш на тоа дека Индија била под власт на Британија, до пред 50тина години... нецели.. што повеќе?
Нашата историја и бугарската се поврзани, заеднички револуционери славиме.Како што викат не постојат на Балканот другите народи кои имаат таква слична историја.
Индија имала индиско население. Географска Македонија имала 70-75% славофоно население со силен регионален македонски идентитет кое сакало да формира своја држава и нација. Примерите ти се глупи.
Абе заедно организирале Илинденско востание. Рачунај тогаш дека се' било под турско, немало конкретна граница до тука е оваа држава - од тука онаа. Сите балкански земји се поврзани ко свински црева. И секој проблем, од тука почнувал во Европа. Затоа и ЕУ сака 'да ја смири топката', за да не се повторува историјата. Па не ми се глупи.. Во контекст е на цитирање документи од пред 50 години - 100. Под турско бевме, ако не. Што ако му текне на Ердоган да каже: Еее мое си е ова!
Па не е дебилно. Измешани сме. Сигурно имаме генетски материјал и од Словени, и од Антички македонци, и од Турци (а со нив и Арапи), и од Италијанци, и од Германци, и од Илири, и од Тракијци... Глупаво е да веруваш во толку долг временски период и со толку војувања и миграции низ милениумите, дека има некоја нација, која е со стриктно потекло само од еден извор. Вистината е дека сме засебен народ, со засебни обележја, засебни верувања и традиција, и тоа треба да се негува. Мислам.. во глобала, сите делат нешто со некого. Ако не, ајде за јазици да зборуваме... Од Латинскиот потекнуваат и Англиски, Шпански, Италијански, Германски, Португалски, Француски итн итн.. Ама тоа не ги прави една нација... нели?
Единственото што не поврзува со Бугарите е тоа што тие се Македонци, вистинските Бугари се дојдени од Монголија, со чело на Аспарух кој и го слават, и велат дека им е предок а кога ќе го видиш тој Аспарух гледаш дека не е ништо освен Монгол. Македонците се покорени и со децении, односно повеќе од едно столетие ги учат како се тие Бугари, а дека се постари од планетата, нешто слично со Грците, Србите (вселенски народ де) и сега Албанците (и Александар Македонски бил Албанец).
Пак истото ти.. Не поврзува тоа што имаме сличен јазик, верувања, песни, приказни, револуционери.. Ама тоа пак не го менува фактот, дека ние сме Македонци, а тие Бугари. Иначе, и тие се со мешана ДНК, не се 100% монголци..
Теоретски, да. Практично, за да имаме прогрес, ќе речиме 'не'. Па ако/кога се интегрираме во ЕУ, од таму ќе можеме да диригираме и ние што и како да биде. Најлесно се води борба од внатре. А и искрено, не би сакла да спречиме прогрес, само поради славење празник. Детски и наивно е.
@Heartagram твој да не беше банираниот профил на Macedo-Bulgarin? Ист став имате за Македонија и Бугарија. П.С. Си ја читал книгата Македонската борба од Германос Каравангелис. Знаеш дека тој го нарача убиството на македонскиот револуционер Лазар Поп Трајков? Убиството го изврши Коте, а Каравангелис за тоа му дал 50 лири на Коте. Откако му ја исекле главата на Лазар Поп Трајков, ја сликале, а фотографијата била закачена во неговиот кабинет. Постои твредење дека он е и еден од главните организатори на Масакр во Загоричани. Велиш дека сакаш да истражуваш, ете ти предлог за книга. Да читаш детално како македонското население во Загоричани било малтретирано и убиено, а селото запалено. Ти си се нафатил да читаш книга од Германос Каравангелис?
Престани со фантазии. Во светот се вреднува тоа што се потпишува. Затоа постојат судови и договори. Во ЕУ и НАТО ќе се вреднува тоа што Заев и Димитров го потпишаа. Ти 2 години немаш прогрес, туку регресија.