Не треба да се стигматизира било кој автор, од секого може да се научи нешто без разлика дали е во наша полза или не.Па историјата на ВМРО е полна со братоубиствени дела,кој кого му нарачал ликвидација,нејсе книгите се за да се читаат.Инаку знам за кого збориш Вангел Башевски еден период пишуваше интересни колумни сега го нема. Познавам и многу други момци што имаат ваков став па дури и многу по хард кор.
Македонци се тие само се со испрани мозоци со столетие, а тие што знаат само земаат огромни средства за да продолжат со перењето на мозоци и ако некој се крене одма да го бутнат на кој било начин. Или што би се рекло јавна тајна е ама не смеат да кажат ништо пошто ќе изгубат работни места, куќи, или ќе ги најде затвор или полошо од тоа. Овој цел полуостров не се викал Балкански туку Македонски пошто на него живееле Македонци, откако не освојуваат Римјаните не поделуваат на Склавинии (од каде што подоцна излегува зборот славини, Словени.) Потоа доаѓаат разни други далечни народи (племиња како и да сакате кажете) кои сакаат од колачот на некогашното кралство/царство Македонија.
Момци коишто си имаат читано литература истражувано и си имаат изградено став за историските теми од 19век на овој простор.
Каква организацоја,што бладаш безврска.Секој што има став различен од твојот треба у некаква си организација да членува.Свашта.
Океј е друже,ко ти што имаш право да се чувствуваш ко антички македонец,некој друг има право да мисли дека е словен дојден од зад Карпатите.Секој има право да се идентификува ко што сака без да биде осуден за тоа и да биде напраен помалку македонец од некој друг.
Не ме разбра или? Тие твои момци што "читале" за историјата всушност пишуваат нова историја по директива на некои од надвор со цел на се поголемо слабеење на Македонија и обид да се затвори Македонското прашање, кое е отворено со векови. @John Snow не се идентификувам јас како антички Македонец, туку како Македонец кој што чии Предци живееле на овие предели со илјадници години, и како Македонец чии претци се иселиле оттука и отишле зад Карпатите за да подоцна бидат наречени склавинии односно Славинии, славеникот Словени. Оттука се отидени таму. А не обратно, не сум крив јас што веруваш во една пропагандна машинерија и мислиш дека ако со тоа што ќе кажам дека сме исти од тогаш до сега дека те навредувам пошто различно размислуваш едноставно си во заблуда а вистината те боли.
Самиот кажа во што веруваш јас не те осудувам тебе, туку пропагандната машинерија уште во времето на Југославија, демек не создале тие според нашите соседи, а тие само го потиснување нашиот вистински идентитет.
И ти беше присутна да ги гледаш како Словените со пливање и со сламки во устите го преминале Дунав? Не треба да бидеш присутен некаде кога постои еден континуитет на живеење на Македонци во ова место од минатото до денеска.
Никаде не реков во што верувам јас,ти тоа сам си го заклучи.Јас само реков тие што веруваат во нешто што не е у согласност со твоево верување да не бидат осудувани како понемакедонци од "правите" македонци.
А ако прочита што напишав ќе видиш дека јас никого не осудувам никаде. Туку дека ние како Македонци сме лажени со децении па и векови се од ваму сте дојдени се од таму сте дојдени, де сте Грци, де бугари, се Албанци, де срби. Јас ја осудувам цела таа пропаганда машинерија, а што тоа луѓето како Македонци кои потпаднала под таа пропагандна машинерија поради разни причини не ги осудувам таман работа. Ги осудувам оние кои свесни за вистината ја шират и туркаат лагата.
Не бев, затоа и не тврдам дрско дека само мојата верзија е апсолутна вистина туку оставам простор и за други опции. И дај, не банализирај со таа глупава теорија со Словените и сламките.
Гледам твоите предци имат нераскинлива милениумска врска со антиката,за да после им текне да појдат до Карпатите,да им покажат на тамошното мештани кои се уствари они.
А кажи ми ти бугарите пеат песни за Мкд,за која Мкд пак тие пеат? Мислам дека немаат дел што се вика Македонија.А песни на велико пејат и опишуваат востанија,цареви(кралеви),револуционери....Кои навистина се наши(македонски) Нели "ние сме грчки дел" што би рекла грција. Соседиве наши не можат да се помират дека ние сме најстар народ на балканот,може и во ЕУ и затоа историски не притискаат од сите страни и сакаат се наше да присвојт