Историјата на Македонија и македонскиот народ

Discussion in 'Општи дискусии' started by Miss.Ricci, Oct 27, 2011.

  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Joined:
    Aug 12, 2012
    Messages:
    3,483
    Likes Received:
    17,465
    И што се финтата со фолклоров?
    Сличен на нашиот.И?
     
    WildMk likes this.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,352
    Да. Баш тоа го велев... Дека сме слични, но засебни.
     
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Joined:
    Aug 12, 2012
    Messages:
    3,483
    Likes Received:
    17,465
    Ние знаеме дека сме засебни,но оди докажи им на комшииве наши.
    Секоја соседна земја вика дека сме нивни дел.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,352
    Знаат многу убаво, само глумат лудило... дел од нивните.
    Исто како кај нас што има такви: 'Солун е наш.'
     
  5. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Joined:
    Nov 20, 2018
    Messages:
    807
    Likes Received:
    8,783
    Gender:
    Male
    Збориме за некакво бранење на идентитет, а тука на некоја слава, кафана, свадба,седенка и слично повеќе српски песни се пеат, Кога одам у Бугарија било каде дури и на "Черното море" ќе седнеш некаде крчма,механа,кафана (неакој локал од таков тип со жива музика) растурат со македонски народни песни, со еден збор јас тогаш таму се осекам како Македонец а тука како Србин (со српскиот турбо фолк).
     
    Tanjamm and Idedemja like this.
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,715
    Gender:
    Female
    Вреди да се знае историјата на својата држава и својот народ.
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,207
    Likes Received:
    11,896
    Gender:
    Female
    Ни Александар Македонски не сакал да седи во Македонија :lol: Еднаш заминал и не се вратил повеќе, престолнината ја пренел во Вавилон, исто така се оженил со неколку Персијки.
    Се чини дека луѓето од регионот подоцна наречен Балкан, никогаш не се трпеле меѓу себе.
     
    Biljarkata likes this.
  8. Bronx Gang

    Bronx Gang Активен член

    Joined:
    Aug 2, 2022
    Messages:
    76
    Likes Received:
    159
    Gender:
    Female
    Алексндар за мене е негативна личност, кој бтв немал потомци, не знам за кои гени правиме муабет. :D
     
    elimkd likes this.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,207
    Likes Received:
    11,896
    Gender:
    Female
    Таквите како Александар попрво ќе се оженеле со принцеза од преку седум мориња или со братучетка, пред да се смешаат со обичен народ. Во некои случаи, т.е. дел од нив имале вонбрачни деца со плебсот, ама прашање е колку ги признавале. Секако тие деца и да биле прифатени, немале право на статусот наследник што доволно говори за односот. А народот си ги вади очите за овие луѓе.
     
    Last edited: Aug 17, 2022
    Bronx Gang likes this.
  10. LittleZuzu

    LittleZuzu Истакнат член

    Joined:
    Jul 24, 2022
    Messages:
    156
    Likes Received:
    288
    Gender:
    Female
    Се чини и дека ретко кој сака да остане овде :lol:
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,207
    Likes Received:
    11,896
    Gender:
    Female
    Сакам историја, ама далеку поинтересна ми е онаа на други држави, на нации од кои може многу повеќе да се научи и која е фактолошки подобро поткрепена.
     
    elimkd and Zavisnaodblago like this.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,894
    Likes Received:
    27,559
    Ајде некој историчар или многу упатен, да ми предложи сериозни извори кои ја опишуваат славјанската миграција. Копам каде стигнам. Многу малку информации има.

    Моментално ја читам "The History of Theophylact Simocatta", од византиски историчар кој живеел во 7ми век, тука пред сè раскажува за случувањата на Маврикиј Тибериј, кој владеел од 582 до 602, баш во период кога славјаните позачестено напаѓаат на балканот. Она што малку ме зачуди е што славјаните доаѓале и биле присутни на Балканот порано од 6тиот век, за кој сите милуваат да кажат дека баш тогаш дошле, давајќи впечаток како божем да станува збор за еден огромен масивен "бран" на преселба преку ноќ.
    Како и да е, историските информации се штури сè до грубо кажано Кирил и Методиј.
    Насочете ме каде да барам информации.
    Сакам да прочитам и за стариот црковен словенски јазик, за Кирил и Методиј, за глаголицата, за кирилица, за Бугарија, за Византија. Ама сакам вистински записи, не само артикл испишан од некој што уште е жив.
     
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,894
    Likes Received:
    27,559
    https://www.strumski.com/books/V-k_Avtonomna_Makedonija_Memoar.pdf

    Тука многу добро е опишано што и' се има случено на Македонија и како стоеле работите во 19ти век. Она што ме чуди е што македонскиот народ се опишува дека е составен од бугари, срби, грци, албанци, турци, власи, цигани. Кој е тогаш македонецот?
     
  14. Антигон Досон

    Антигон Досон Активен член

    Joined:
    Nov 15, 2023
    Messages:
    23
    Likes Received:
    32
    Gender:
    Male
    Немало македонска црква во 19 век,во Османлиската империја народите биле попишувани според црквата во која одат.
     
    Biljarkata and Mr.Limonko like this.
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,544
    Likes Received:
    6,304
    Gender:
    Male
    Во тоа време Македонија била дел од Османлиското Царство и луѓето најчесто се определувале според верата, јазикот и црквата на која припаѓале.
    Дури кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, почнала да се развива свесност за македонски јазик и народност.
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,894
    Likes Received:
    27,559
    Мене ми делува дека терминот бугарин е еднаков на славјански православен христијанин.
    На која вера припаѓале и во која црква оделе грците и србите?

    Пример еве за Гоце:

    Screenshot_20251015_083056_Chrome.jpg Screenshot_20251015_083111_Chrome.jpg Screenshot_20251015_083130_Chrome.jpg

    Превод:

    "Веќе поминаа 33 години од многу раната, прерана и толку трагична смрт на најстрасниот и најентузијастичен апостол на Македонската слобода. Со секоја измината година од неговата смрт, големиот борец се издвојува сè посилно во свеста на секој Македонец, на секој Бугарин, со својата безгранична љубов кон татковината, со својата предана служба на револуционерната кауза и со својата одлука да умре за слободата на Македонија, исто како што нè учеше да се жртвуваме за величината на нашата татковина.
    Моќна и привлечна фигура, жив и енергичен поглед, бистар и продорен ум, весел и одговорен карактер, претерано скромен, екстремно и непринудено демократски, бучен и резервиран, весел и жив, прекрасен соговорник и посветен другар. Гоце ги сакаше сите и сите го слушаа, слушајќи го по сугестија одозгора.

    Bulgarian
    Macedonian
    Дълчевъ бъше гордость.
    та на всъки македонецъ и всички произнасяха име- то му съ благоговение и съ умиление.
    Истински въруюшъ християнинъ, .както много ръдко други, той изпълни всецьло заповъдьта на Богочовъка: .Който иска да влъзне въ царството небесно, нека продадс всичкото си имане и го раз- ладе на бедни и нека голъ и босъ тръгне подире ми|“ Гоце нЪмаше какво да продава, защото всичко каквото бъ останало отъ баща му Кольо Дълчевъ, ведно съ братята си Мицо, Миланъ Христо, ведно съ самъ себе си, всичко бъше отдалъ на роди- ната си,
    Гоце заръза и своето поприще, което откриваше
    Делчев беше гордост на секој Македонец и секој го изговараше неговото име со почит и наклонетост. Вистински верник христијанин, како многу малку други, тој целосно ги исполнуваше заповедите на Богочовекот: „Кој сака да влезе во царството небесно, нека го продаде целиот свој имот и нека им го раздаде на сиромасите, а нека ме следи гол и бос“. Гоце немаше што да продаде, бидејќи сè што остана од неговиот татко Кољо Дулчев, заедно со неговите браќа Мицо, Милан Христо и него самиот, беше подарено на неговата татковина. Гоце ја започна и својата кариера, која ја откри светли перспективи за неговата иднина откако влезе во воено училиште, привлечени кон него не толку од златните еполети колку од неговата желба да ја изучува уметноста на војувањето, за преку неа да може достојно да ја служи должноста на која се посветил. Достоен и верен следбеник на апостолот Левски, го гледаме бестрашниот херој понекогаш на пазарите во Виница и Кочани, понекогаш во канџите на турската полиција, одејќи на средба со Ламета во затворот во Битолско, понекогаш на некое село или собир во Македонија за да проникне во душата на народот, од прва рака да ги проучи чувствата и посветеноста на масите кон ослободителното движење, понекогаш како инспектор на трупите во даден револуционерен регион, понекогаш како храбар херој - војвода на чело на неговата лојална чета, во какво и да било својство што го затекнал последниот момент од неговиот живот. Храбар. Херој и закоравен борец, тој најтрпеливо ги издржал сите непријатности на четничкиот живот, а во Софија дури живеел во сиромаштија, иако сите организациски средства му поминувале низ устата. Храбар и решителен до степен на самоодрекување, со своите подвизи Гоце стана легендарен меѓу нашиот народ и странците, меѓу учените и простаците, меѓу мажите и жените, меѓу сиромашните и богатите.
    Сите сонуваа да го видат, да ја почувствуваат моќта на неговиот допир.
    Неговата нежна насмевка ги воодушевуваше сите, неговиот љубезен поглед го правеше среќно дури и најтврдокорното срце.
    Паметен, длабоко проницлив и далекувид, Гоце заедно со Даме ги поставија темелите на револуционерната организација врз најздравите принципи. Тие ѝ служеа најчесно и ги положија своите коски пред патриотскиот олтар.
    Нивниот пример, пленлив и заразен, ги привлече најдостојните синови на Македонија, кои ги посветија своите животи најнесебично и го прославија нејзиното име.
    Илинденците се горди на својот идеален водач. Во младоста, тој беше издигнат на највисокиот пиедестал во нивните срца, сега го величаат неговиот спомен и секогаш кога се сеќаваат на него, нивните срца се радуваат, нивните очи горат и со нежност леат солзи што ги задушуваат. Тој им служи како пример во нивната темна активност и во нивната служба на каузата, која, ако не е крунисана со успех, тогаш се должи единствено и исклучиво на надворешните влијанија на странски фактори и на отстапувањата од принципот усвоен од В. М. О. Р. О. — Македонија за Македонците
    Илинденците се среќни што им е доверено чувањето на моштите на најдостојниот македонски бугарин. Дојдете, да ги симнеме капите со почит, да паднеме на колена и да се поклониме пред нив, и да ја потврдиме нашата заклетва и надеж дека порано или подоцна тие ќе бидат поставени во темелите на величествениот споменик, кој ќе го отелотвори досега незаборавеното во историјата на народната борба за ослободување на една од најубавите, но најнесреќните земји во светот. Мир и спокојство на ангелската душа на Гоце!
    Длабок поклон пред неговата светла спомен!"

    Константно се помешани термините бугар-македонец, конфузно е.
    Исто така, во 19ти век кога се формирале модерниве идентитети и држави, има предел Македонија, Бугарија и Тракија, зошто Тракија уште до 19ти век е посебен предел од Бугарија, и дали народот е ист или различен?
     
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,894
    Likes Received:
    27,559
    Ако некој сака да читне повеќе за миграциите на балканот, и за среден век и Византија, "The Byzantine Commonwealth" е топ книга, тука може да се чита:

    https://archive.org/details/byzantinecommonw0000unse/page/101/mode/1up

    Исто така, книга со иста тематика "The Early Medieval Balkans", ја има тука:

    https://ia601202.us.archive.org/7/items/TheEarlyMedievalBalkans/The Early Medieval Balkans.pdf

    Исто така "КИРИЛОМЕТОДИЕВСКАТА
    ТРАДИЦИЈА ОД IX ДО XIX ВЕК" на Блаже Конески, мада е од "наш" човек:

    https://koneski.manu.edu.mk/wp-content/uploads/2021/10/7-tom-KONESKI.pdf
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,894
    Likes Received:
    27,559
    13 саати убаво објаснети случувањата и историските походи на Александар Македонски, со претходно разјаснета состојбата на Македонското Кралство за време на владеењето на Филип Втори, и на крај, детално објаснета борбата за тронот по смртта на Александар и убаво разграничени сите ликови кои сакале да го зграпчат.

    Линк до подкастот:
    https://spotify.link/j4u488HpUXb