Точно, ама дали тоа што Аспарух се сметал за бугарин пред мешањето со 7-те словенски племиња на територијата на денешна Бугарија го прави помал бугарин од сегашните бугари? Не, исто како и Александар Македонски што не е помал македонец од тебе и мене.
Првпат слушам за меѓусловенски јазик. Скоро имаше напревар Ерменија - Македонија во фудбал(Македонија победи), се играше во Ереван. Немам поим со кого се најблиски Ерменците по гени, барав нешто онлајн, па прашав една пријателка од Ерменија, ми кажа дека тие имаат сличност со Евреите и Еѓипќаните, но генерално како нација многу ретко се мешаат со други нации, што го сметам како позитивно.
О боже. Кажувам дека хелени не постојат во 7 ми век, постои Римско царство источно, Византија се вика. Не ми треба професор за ова, срамота е да не се знае текот на цивилизациите. Во време на Александар, постоела Хеленска цивилизација, писмени докази едно чудо. Писмо старогрчко, македонците биле племе од територија Македонија, како Спартанците од Спарта, Атињаните од Атина. И додека овие во грчките полиси биле писмени и ,,цивилизирани,, овие отаде биле нецивилизирани, неписмени (?) варвари. Нормално дека ќе наметнува Хеленска култура до кајшто стигнал, јер нема друга, римска ли да наметнува кога во тој период не постои. Јазикот и самиот го учел, не бил роден со тој јазик, и за тоа има старогрчки писанија. Каков јазик зборел ако нема писменост, не знам. Кој од кај дошол и одел исто немам појма, јер нема писмен доказ. Словените биле неписмени до Кирил и Методиј побогу, користеле туѓо писмо и туѓ пишан јазик. Многу е просто- немаш писменост, нема траг за твоето постоење. Пробај замисли имаш кинеска цивилизација а збориш македонски, англиски- на кое писмо, јазик ќе остваиш запис? И што мислиш - зошто ги акале Кирил и Методиј по светот уствари?
Мене од историја највише ме влече Древен Египет, и општо кралства, монархии. Иам доста филмови и серии изглеано. Сакав поише и за германската и австриската монархија да дознаам, имав филмови сејвнато и ништо
Вие мешате концепти. Убаво објасни @Yowannty погоре, концепт за нација е релатино нов поим, од 19 ти век или така нешто. Не постои австриска монархија, постојат Хабзбурзи од 16 ти век, па после Австроунгарија. Имало региони за кои и не знаеш дека постојат, тие се денес дел од национални држави. Си чула за Прусија на пример? И не знам што има да се знае општо - отсекогаш се тепале за превласт, и со други и меѓу сами себе. Кратка историја на човештвото.
Сум чула. Општо ме интересира, ко Британската монархија, Елизабета 1, Викторија. Така сакам да знам за Сиси, Австрија, Германија. Шо се дешавало. Пиши некад ,,movies about royal families” само за Британците искача, ко само они да се. Ја коментирам општо независно муабетите горе. Пишува историја. Не пишува за шо поточно. Не нѐ интересираат сите исти работи
Абе Сиси е инстаграмчика пред инстаграм. Историја значи след на настани, не кој бил убав, кој бил низок и кој носел бермуди. Значи да ја знаеме историјата, за да не повторуваме историски грешки. Ама еве, не ја знаеме, и повторуваме, како европјани зборам. Малку ни се 2 светски војни, можеме и трета .
Добро мене тоа ме интересира јахах. И накит, и кај живееле, и као се зимале од Шпанија со Данска, Грчка со Британија за да се зајакнат. Египет па ми е вау. Поише ме интересира него било шо, облека, начин на живот, многубоштвото, Клеопатра тек..
Е ова го кажа паметно, не учиме од грешките и ги повторуваме. Токму версајскиот мировен договор е главната причина за втората светска војна. Така, после втората светска војна, Европа е поделена катастрофално на капитализам и комунизам и во неколку наврати Европа и светот биле на раб на трета светска војна само 10 или 20 години после втората. И да не заборавиме, Америте до втората светска војна се единствени кои поседуваат нуклеарно оружје, ама не за долго, одма по завршувањето и советите си прават свое нуклеарно оружје. Доколку тогаш избиела таа војна, немаше сега ние да бидеме тука и да пишуваме по форуми. А и за време не Корејската војна, Кина и прави огромен проблем на Америка, праќа до 300.000 војници и ги облекува во Северно Корејски униформи за да не бидат препознаени, а Кинезите после толку и толку години граѓански војни, во војната се осеќале како на свој терен, едноставно ги газеле америте, затоа Америка прави план и Кина да ја срамни со една нуклеарка како Јапонија само 5 години порано, ама сепак не се осмелуваат оти тоа би значело нуклеарка назад во Вашингтон испалена од Москва.
Е арно де. Па шо реков јас? Дека античките Македонци се всушност хелени од регионот Македонија, зборувале на грчки и имале хеленска култура, колку и да не е прифатливо за нас ова сега ама така е, хеленски народ биле исто како Спартанците, Атињаните, итн. Е сега кога доаѓа словенска маса на народи од Карпатите, не може да се толку не писмени, како комуницирале иначе се дур не дошле на Балканот, немале само писмо па подоцна Св. Кирил и Методиј им дале и писмо - значи станале писмени. Епа заради тоа шо се разликувале од Хелените и немале свое писмо скоро дојдени од Карпатите, биле нарекувани за "нецивилизирани, примитивци и диви луѓе" или варвари затоа шо биле различни од нив. Е сега знаеш шо е наплив така, кога се десил наплив на словени тука на овие простори, веќе постоечките хеленизирани антички Македонци се претопиле и почнале да се мешаат со словените, и бидејќи словените биле во поголем број од Хелените, тогаш почнува да преовладува словенската цивилизација и ја потиснува веќе постоечката хеленска во регионот Македонија. А Македонија тогаш била Римска провинција.
Не знам како да ти објаснам веќе, по третпат- хелени не се сретнале со словени.Не постои словенска цивилизација која се сретнала со хеленска, евентуално била римска. Срамота е вакви небулози да се пишуваат. Ај види мапа од 7 ми век. А аварите кај се уствари? Дали биле или не, Хелени или Јелени, појма немам, сега да прашаш во Индија и Авганистан, го викаат Александар од Македонија, не од Хелена. ... И...како се писмени, ако немале писмо уствари?
Како не се сретнале? Зборуваме за антички Македонска со хеленска (грчка) самосвест и словенски наплив на луѓе од карпатите. Регионот Македонија бил Римска провинција на источното Римско Царство или Византија. А кој се Византијците ако не се грците?? Кој ја ослепе нашата Самоилова војска ако не грците или елените, хелените како сакаш наречи ги? Византисккот цар Васлиј Втори, а Василиј е ГРК. Шо не е јасно сега? Грчките антички (стари) Македонци се измешале со денешните словенизирани Македонци (ние) кој сме дошле од 6ви навака. Па како сакаш наречи ги Грците ти, шо менува фактот Хелени, Грци, Елени, тие така се нарекуваат и еве кога одиш за Грција ти пишува Хелас, јас тој термин го употребив, добро ајде Грчките Македонци ќе велам за да се разбериме. Тие грчки Македонци дошле до мешање со словените и така сме настанеле ние денеска, словенизирани Македонци. Па точно дека е Александар е Македонски од Македонија, ама припадник на грчката култура а не на словенската на која припаѓаме ние денеска. Оти вака Биљарке.. Значи според тебе луѓето (ние денеска нивните потомци) кои дошле од Карпатите биле неми, биле лишени од способноста да зборуваат? Па како се разбирале, како живееле неми и се договориле да дојдат тука? Ќе речиш на грчки пошто само тие имале писмо и латински, ама тие луѓе од карпатите не знаеле грчки, не зборувале грчки нити латински, туку јазик различен од грчкиот и латинскиот ама без ПИСМО без пишана форма без азбука, вака пишува во историјата: "Како и сите варварски народи, и Словените имале свои недостатоци. Како најголем недостаток се наведува фактот што Словените немале развиено писменост". Кога се населиле тука тешко им било богослужбите во црквите да ги служат на грчки оти не знаеле, затоа и е создадена глаголицата за преведување на Библијата од грчки на словенски, а прв тоа го побарал Ростислав од Моравија до Византискиот цар да му испрати мисионери и тие одат во Моравија за да им дадат писменост на словените (писменост = писмо/букви) а не можност за говорење, тие говореле нешто свое ама не во целост. И јас и сите други сме Македонци со словенска самосвест, наследници на луѓето кои дошле од Карпатите во 6 и 7 век.
Антички Македонци со грчка самосвест по 8 века Римско царство. Ок. И Кирил и Методиј биле грци, од Солун, и затоа логично ги викнале во Моравија, јер културолошки и јазично блиски. Никаде не реков Словените биле неми, реков не биле писмени. Тебе ако неписменост ти е еднакво на глувонемост и немање јазик, е твој проблем. Доволно беше објаснување.
Ако не биле ни грци, ни словени, сигурно не биле ни Римјани, која логика втф. Биле само граѓани на Римското (источно) царство а Македонија Римска провинција. Старите македонци биле грци (хеленско племе) колку и да е погубно да го слушаме ама така е, а ние денешните македонци од 6век сме словени и немаме допирна точка со Александар Македонски кој е припадник на хеленската култура и истата ја ширел.
А Пајонците? А што се случи со Аварите? Од кое село сте антички Македонци, од кое село Словени? А Јустинијан од скопско Таор што бил римјанин, и не само римјанин туку Римски император? Како собираш вака баби и јаболка, таман си за во историска комисија
Па Пајонците се Илирско племе А за Аварите не се знае точно ама се претпоставува дека се туркиско племе и го нападнале Цари Град во 7 и 8 век. Иначе од Карпатите сме онаму од кај Украина, и ти си од таму т.е сите И Пилат бил Евреин па бил Римски владетел и тоа не го прави дека е од Римска крв. Во комисија не фала за поделби, сите сме словени ист народ, од Руските земји на исток, се до Чешките земји Моравија на запад и дo Mакедонија на југ. Real Slavs
Да бе, и колегата со дедо од Иран, и колешката со дедо од Ерменија, и таа со баба од Романија, сите сме исто племе, чисти словени. Јас сум авструнгарка, јер прадедо ми за Австроунгарија војувал, сега ќе одам до портретот на Сиси да се сликам, да видиш сличност. А онаа од пошта, мажена за избеглица од Егејска, со презиме на -ски, уствари е мажена за грк. Топ. И Кафка бил германец, пошто пишувал на германски