Кажете бе нешто за древен Египет, за времето на пирамидите . Или за Маите. Многу ме интерисира за нив, чудно како исчезнале.
Шо да кажиме за Египет, дека верувале мумиите ќе имаат задгробен живот part 2 Интересна е теоријата на заговор дека пирамидите се изградени од други цивилизации, виши вонземјански сили и дека човечка рака не можело да направи таква аритектура со камења од 5 тона камен по камен итоа во триаголна форма. Освен ако не ги пуштале по вода и така ги транспортирале до горе. Не објасниво. А Клеопатра потекнува од Македонската лоза, името и е дадено по сестрата на Александар Македонски, Клеопатра од Македонија Ова доволно е за 2ка? За маите нека кажат другиве еве, Перу латинска Америка
Мене ми беше дел од факултет (изборен предмет) историја, конкретно руска и македонска историја. Можевме да бираме насока на учење (во смисла, дали ќе учиме претежно руска, или претежно македонска историја) и според тоа добивме и материјал. Јас одбрав руска, пошто секако немав поима, ми беше интересно да учам, нашава пак ја имам и учено нели. За сите овие некогаш постоечки кралства, царства, покраини итн. посебно ми беше интересно, на пример дека со меѓувенчавање всушност со Русија владеат Пруси кои се Германци, воопшто и не се Руси, истите се генерално протестанти, а потеклото од династијата Холштајн - Готорп и те како им има „врски“ со наследниците на тронот. Меѓувремено пред да станат крунисани менуваат име и вера итн. Овие податоци не ги знаев порано За нас верувам (како и за остананите народи, не само за нас) дека не постои етничка чистота. Националноста е релативно нов „изум“, но повеќе (би требало) да се врзува со јазикот и културата на одреден народ, отколку етничка чистота. Словените дошле што дошле, затекнале народи на овие простори, не биле нешто многу фини, се случила сериозна асимилација која и резултира со денешната јужнословенска група во која припаѓаме. Од друга страна, словените не биле писмен народ, за разлика од Хелените, Арапите, Византијците. Јазик како говорен јазик постоел, но немаат записи. Во друга тема баш напоменав, во голема мера благодарејќи на христијанската црква и мисионерството на Кирил и Методиј е создадено писмо за јазикот (јазиците) кои ги зборувале словените, со цел да се преведат црковни текстови на јазик разбирлив за истите и да се христијанизираат - претходно богослужбата била на старогрчки. Ова евентуално и им е успешно, гледајќи од денешен аспект.
На денешен ден, 28. октомври 1918 година се оформила Чехословачка (Československa Republika) која како држава со 6 годишен прекин за време на втората светска војна, траеше до 31. декември 1992 година кога по мирен пат се имаат разделено на Словачка (Slovenska Republika) и Чешка (Česko). Првиот претседател 1918 год. бил Томаш Масарик а последниот 1992 год. Вацлав Хавел.
На денешен ден пред 101 година, турското собрание ја прогласува Турција за република и го избира Мустафа Кемал Ататурк за нејзин прв претседател
"Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?" Хероите живеат вечно, вечен помен и слава татко наш! 4 Мај - 1903 во Баница, Беломорска Македонија
Добро, никој не приметува дека македонскиве политичари секаде Св.Кирил и Методиј ги потенцираат како сесловенски, но никаде не потенцираат за нивното потекло? И после ние ќе браниме идентитет, историја? Да беа Грци на пример, ќе отечеа со нагласување. Бугарите се фалат дека се нивни без срам. Ама затоа на Тамара химната уште и ја памтиме! За чиј интерес сега?! Мицкоски во обраќањата толку пажливо, со страв Бугарите да не се налутат. Пу бе! Затоа Румен Радев: Скъпи сънародници, За мен е чест и истинско удоволствие да бъда заедно с вас и да ви поздравя с днешния двоен празник – Ден на българската азбука, просвета и култура и празник на Благоевград. 24 май е истински празник на българския дух, който вълнува и млади, и стари. Тържество на нетленното дело на светите братя Кирил и Методий, на техните ученици и последователи през вековете. Всеки българин, който се старае да пише правилно, да подбира думите си, който милее за словото, също е следовник на нашите просветители. Всеки родител, който бди над образованието на децата си, всеки даскал и ученик, днес сте продължители на това свято дело. Никак не е случайно, че прекрасен български край с богато минало, културен и образователен център като Благоевград е избрал именно днешния ден за свой празник. С почитта си към традициите Пиринският край остава верен пазител на идеалите на нашите предци, стожер на нашата родова и национална памет. Неделима част от духовността на Благоевград е и Националната хуманитарна гимназия „Св. Св. Кирил и Методий“, която днес отбелязва с гордост своята 145 годишнина. Макар и откъсната от своя корен от бурите на историята наследникът на някогашната Солунска гимназия, възпитала поколения българи в дух на патриотизъм и родолюбие, продължава да изпълнява своята важна историческа мисия и да сее знание и родолюбие и ви прави чест, че поддържате това светилище на българщината. Мисията на този празник, на всяко огнище на просвета и образование, е да пренасят през времето силата на знанието, на науката и духовността. Да осветява и благословя пътя на нашите деца към науката и към благородството. В България нямаме потомствена, наследена аристокрация, с горчивина чувам да споделят мнозина, но аз бих казал друго: хората на знанието, на науката и просветата са истинската, българска национална плеяда на благородниците и всеки може да стъпи в нея, всеки, който остава верен на своето духовното служение без значение от произхода си. В това е силата на нашия народ. Нека благодарим на всички светли личности, които ни научиха на любов към род и родина, на чест и морал, които ни докоснаха със своя пример и ни показаха как се отстоява истината и как се пази достойното име на България. И днес, когато отново чакаме някой отвън да ни признае и оцени, нека не забравяме, че много преди други държави да се появят на европейската карта, България е била сред водещите в културното развитие на континента, пример за просветеност и просветена държавност. Нека не се колебаем, а да заявим ясно истината – България винаги е била неделима част от Европа, България винаги е била в сърцето на Европа със своята култура, просвета и невероятни достижения на българските таланти. Честит празник, Благоевград! Продължавайте да пазите традицията на българщината и заветите на нашите предци! Честит празник, българи!
Затоа што така самите се идентификувале како словени од Солун, Македонија, кој тогаш бил дел од Византиската империја. Подоцна дел од бугарското царство. А, азбуката ја направиле по барање на бугарскиот цар, Симеон во Преслав, во 9 век. Ние сме немале тогаш царство, држава, со што би можело да кажеме дека да, биле стварно наши. Тогаш етнички се делеле на Грци и староседелци, Бугари и Словени.
Таа историја не сум ја учел во школо намерно или ненамерно ама пак среќа сум имал сомнеж уште тогаш и со помош на интернетот фактите ми се достапни за да се согласам со ова мислење... Ама сепак се сомневам и верувам дека цел свет е во грешка а само Македонската историја е правилна бидејќи не можам да ја прифатам реалноста
Ти стварно читаш историја од Onion? Тогаш етнички на што се делеле ај преиспитај се? Фабрикувана историја ја лапнавте како жежок бурек после пијанство. Да почнеме од тоа кои биле тогаш Бугарите кои немале никаква врска со Словените за да тие бидат ословени како Бугари денес. Ако имаш цирка до 30 години, (а и ти под него), физиолошки не можеш да ги примиш фактите и да имаш солиден став. Од секогаш си бил посебен.
Ајде карајте се пак за историјата. И сите истражувачи и научници и курци и палци да се соберат за да ја откријат правата историја, нема да успеат. Оти секоја држава историјата си ја кажува на свој начин и така ја учи и младината. Посебно на Балканов. Гледајте сега да ви е добро, и утре да ви биде уште подобро, а чии биле Кирил и Методиј ич не треба да ве занима. Нема они да се кренат од гроб и да ви ги наранат децата, тоа треба вие да го направите. #дојдовмалкупаметдависолам
Po etimologijata Methodious znaci ipak Grci bile ali fakt deka bolji se sosednive drzavi u politika, ustvari toa e valjda poentata na dobar politicar da ja izmanipuliras u svoja polza istorijata.
Па ти пишав дека етнички се делеле на Бугари и Словени. Ама Словените не биле нарекувани Македонци. Немале јак македонски идентитет тогаш иако се мешале. Всушност ако ја знаеш историјата, ќе знаеш дека словените доаѓале и ја поробувале тогашната провинција Македонија. Воделе битки со локалното население кое се повлекувало се повеќе и повеќе. Имало неколку битки за Солун, но никогаш не го освоиле, и се населиле во негова близина. Бугарите од друга страна се татарско племе кое исто така заедно со словените се населувало, највеќе во Тракија. Нивниот идентитет и култура преовладал над словените и над тракијците. Успеале да направат свое царство, го прифатиле христијанството. Додека словените во провинцијата Македонија не создале своја држава. Немале царство, имале амбивалентен идентитет, не биле сплотени, и во тој период биле освојувани од другите царства, Бугарско, па потоа и Српско, и Византиско. Кирил и Методиј се повикани да ја создадат азбуката по барање на бугарскиот цар Симеон. Неговото царство тогаш владеело со оваа територија. Азбуката е создадена во Преславската школа, во Преслав, кој бил главен град на бугарското царство. Каква заслуга ние имаме за тоа реално, за да си ги препишиме дека се само наши?
Пред да сакаш да бидеш паметен... почни да учиш за почеток што е етимологија. Тука некаде го губиш правото на мислење.
Цар Борис 1ви а не Симеон мислам дека беше и неговата фреска е оштетена во манастирот во Охрид во време на СхС
Да, цар Борис 1ви им беше царот. Симеон му е наследникот кој го проширил учењето и описменувањето. Поентата е, дека, ние сме немале наша средновековна држава во тој период за да можеме да се врзиме идентитетски и да тврдиме дека ние 100% стоиме позади создавањето на глаголицата и подоцна на кирилицата, иако е создадена на територија на провинција Македонија. Бугарите имале, и секако си го превземаат тој примат, но и они никаде не велат дека Кирил и Методиј се Бугари, туку Словени.