Отсекогаш сме биле фасцинантни како примерок за набљудување. Самите се негираме, на толкава историја.
А глаголицата , која што ја создале прва, била на барање на Ростислав од Моравија- дали се исто така Моравци? А кирилицата, или азбуката што ја викаш, воопшто не е од Кирил и Методиј, абе што ве учеле вас во школо и каков гугл имате
Иако секаде стои така, дека Климент ја создал кирилицата во чест на Кирил, погрешно. Прво нема логика човек ако седне да размисли, ученикот да го негира словото на својот учител, оној од кој се описменил, па згора на тоа и во негова чест ја крстил така, абе ајде. А друго, иако нема јавно информации за ова, сепак постојат архивски записи во Софија, дека е баш спротивното. Му било ова понудено на Климент. Но го одбил, и затоа многу брзо му се губи секаква трага. Има податоци, ама не смееме од некои нејасни околности да ги кажеме гласно, а и никогаш нема да ни ги дадат тие документи, барем не со вакви политичари. На оваа тема имам многу да кажам, ама за вечерва доволно е
Без никакви ,,скриени ,, податоци, размисли зошто е Византија, зошто е источно и западно царство и зошто им треба писмо? И кому треба писмо? Сигурно не е за љубовни писма да пишуваат
На која држава го испратил тоа барање, Ростислав, и до кој крал? Знам јас што не учеле нас во школо, и што не не учеле. За Преславската школа, на пример, не не учеле. Зошто? Оти веројатно не ни одговарало.
На Византија, Биљо. На Византија. Нема средновековна македонска држава во тој период. Имаш царство Византија, имаш Бугарија, и подоцна ја имаш Србија. Кој ни е крив што не сме направиле свое царство?
Ма каква врска има свое царство ? Таа Византија е во војна со кого? И како едни Византијци по потреба стануваат Бугари? Иначе- тезга бро. На овие ќе им измислам азбука, на оние исто. Целта на писмото е битна. Нациите се творба на 19 век, секоја дебата за претходни национални идентитети е антидатирање. Може па и турци да бидат, ако каже Ердо, због заради Константинопол
Во сета ова се изоставува еден многу битен детаљ, а тоа е дека биле мисионери, го ширеле активно и масовно христијанството. Всушност една од причините зошто е создадена глаголицата како азбука е тоа, да се шири / преведува / пророкува Светото писмо (Библијата).
Како каква врска има свое царство? На што можеш да темелиш држава и континуитет? Каде тоа гледаш дека по потреба стануваат Бугари? Секаде се зборува дека се Словени. Она што Бугарите тврдат е дека азбуката е направена во Бугарија, што е точно. Бугарско царство било, и тоа е факт. Оти ние не го учиме ова по историја? Веројатно оти не ни одговара, како што никаде не спомнуваме дека Крале Марко се презива Мрњавчевич, и е по потекло од Босна, назначен овде од српскиот крал да управува со овој дел од кралството. Ние единствено што се поистоветуваме во средновековието со македонско царство е Самуиловото, а тоа доаѓа 1 век подоцна. И со тоа скроз ја отфрламе Византија, антиката, и било каква конекција со таа држава. А Самоил од друга страна е контроверзен оти после ја прифаќа бугарската круна и станува дефакто наследник на бугарското царство. И затоа денес имаш проблеми поради ваквото пукање во глава, каде што антиката сами ја предадовме на Грците, а средновековното словенство е карма-каша, Бугарите и Србите си правеле нати го - дај ми го, и имаш испреплетени работи на кои може да се повикуваат и да не негираат.
Не знам оти не го учите, оти ви ја смениле програмата можда, јас сум учела за Преслав. И ништо тоа не значи. Некој нарачал азбука. Исто како Ростислав... За мотивите кажа погоре Синоличка. Тури му пепел.
Aко историјата ја сфаќате по тоа како е напишано во учебниците… Тоа е цела гранка која е заснована на милион трудови, критичко мислење, докази, извори… Камо да беше така-прочитај историја за 7мо одд и е баш така било ама ок.
Бугарија и Византија имале многу војни... Тогаш Византијците биле Христијани а бугарите Варвари и уште не биле Христијани.. Цар Борис 1 во тоа време за да ja прекине војната со Византија и да не изгуби го примил Христијанството од цариград... И мислам дека затоа се пуштени Кирил и Методиј да преведат од Грчки на словенски Библијата и да го проповедаат христијанството... А иначе Василиј после победата над Самуил го слават и го нарекуваат Булгароубиецот... Туку нај интересното нешто е во т.н Македонските учебници по историја од кој сум учел пишува дека Самуиловото царство после загубата во битката на Беласица паднало под Византиско ропство но никаде не пишува како денеска не сме Византијци и како завршило тоа ропство и како се ослободил Самуиловиот народ од истото
Дали постојат некакви митови за тој задгробен живот на Фараоните во Египет? Јас имам слушнато дека доколку му отворите гробница на Фараон тој ќе се одмазди. Има некаква вистина во тоа?
СДК : 1525 година Винко Прибојевиќ (Vincentius Priboevius; Vincenzo Pribevo) "Александар, Самуил и свети Климент, во 1525 година би се разбрале меѓу себе на својот мајчин јазик"