ако има вакава тема бришете ја и линк ве молам Девојки ми треба нешто за Метаксова диктатура.По историја ни бараат.Ајде ве молам помош дали некој знае нешто? Благодарам однапред
Од лани почнавме да учиме историја.Многу ми оди и имам мерак да учам.Интересен предмет е а и наставничката ни е интересна.Така да си го сакам и ценам за предмет...
Интересен предмет за мене бидејќи сакам да знам за историјата на народите и светот.Во секој случај го сакам предметов.
Воопшто не го сакам предметов. Ама и професорите до сега што ми предавале, катил. Имаат вмешано прсти во мојава омраза, сигурна сум во тоа. Учиме за нешто што поминало, неможе да се врати. Многу крв, битки, убивања, лоши луѓе, желба за трон, тепачки за трон, малтретирање на луѓе, глад, жед, студ, омраза - негативно е се. Не ме интересира кој кого убил и за што, ме интересира кој на кого што му подарил, кој кого гушнал, кој кого насмеал.
Јас сакам историја,интересна ми е.Ама наставничкава моја не е нешто добра,строга е,не предава добро...А историја како историја си сакам
Го обожавам предметов,не го обожавам туку го сакам.Иако првиот професор што ми предаваше беше ептен строг и лош.А тоа што бараше многу знаење си беше друго.Ако не беше така,јас мислам дека никогаш немамаше да научам историја. Ептен лесен предмет за учење ми е,и да не земам книга да учам кога имам испрашување секогаш можам да кажам се' од она што сум го слушала на час.
Леле немате појма колку мразам да учам историја. Значи, сакам да слушам некој да ми раскажува, али да учам За полугодишна оценка наставничката испрашуваше, и јас со отворен учебник одговарав, не ме примети и ми стави 5.
Дали може некој да ми каже некои информации за ,,Европската визија за Македонија на Тодор Александров, Методија Шаторов-Шарло и Ванчо Михаилов,,. јас најдов малце ама ви се молам да ми помогнете. фала однапред
Наставникот ни е срце човек ама за предметот не мислам баш така . Ќе седнам дома ќе отворам книга и кога ќе ги видам тие ситни букви и куп години ... Среќа секогаш 5ка ми става па не се замарам толку