Сега ни се смени професорката, и оваа новата што дојде се повеќе ни прави да го замразиме предметот Да не претерам ама сигурно 3 пати повеќе предава (и ќе ни бара) од тоа што е во учебник. Ах, кога ќе дојде ред да испрашува...
Зависи шо тема се учи, ја така го делам на лесен и тежок. Сега за Втора Светска ми е лесно и интересно. За Прва Светска, не дека не беше лесно, ама досадна ми беше некако.
Баш утре треба да одговарам историја Иначе 5-6то многу ми беше интересна море сите лекции ги знаев од седмо па сеа осмо ама ич не ми е интересно,така ако се падне некоја да морам да научам за оценка.
Dali moze nekoj da mi go najde ucebnikot po istorija za 7 ili 8 odd P.S. ne najdov ni na e-ucebnici izvinete za toa so sum bez mk podrska
Го обожавам предметот историја... сеуште ги памтам лекциите по ред од 5то одд и од 6то одд а сега и од 7мо одд нон стоп си читам нешто на википедија за историја
Најдосаден предмет,подосаден здравје... Не знам каква корист имаме искрено од предметот .Треба да се знае информативно онака,но да се учат години,имиња,области т.е. да се буба напамет стварно нема потрба
Нашиот наставник по историја е стар и скоро сите го знаат Ни чита од книга додека предава, оценки си вади од ракав, историја никој не учи. Абе хаос! Е сега на екстерново како ќе биде... молам Господ да не ми се падне историја инаку отиде просекот
Аууу бомба океј е на часови кецови можеш за рок во 10минути во тетратка 20да имаш а ти појма да немаш пошто не кажува кога става седиме по броеви и човекот не се мачи да не распрашува кој број сме туку пиши на велико на секои 5 лекции имаме испрашување и така ни оди историјата...сега учиме за албанија
Дефинитвно најубав предмет ... многу го сакав и секогаш сум се интересирала за историски настани и секогаш со кејф ги слушав. Да не се запишев на економски сигурна сум дека ќе отидев на филозофски за историја
Го обожавам предметов. Многу ми е интересно да читам, да дознавам што се случувало тогаш. На пр. за Османлиското владеење, Александар Македонски, Востанијата во Македонија итн.
Спојлер Асном или (Антифашистичко Собрание за Народно Ослободување на Македонија).Претседател на АСНОМ бил Методија Андонов - Ченто.Одлуката за формирање на посебно тело што ќе има задача свикување на АСНОМ е донесена на Преспанското советување одржано во август 1943 година. Активностите за негово формирање течат до ноември, кога е формиран Иницијативниот одбор (ИО). АСНОМ има три заседенија АСНОМ - прво заседание на Илинден, 2 август 1944 год. Прохор Пчински АСНОМ - прво вонредно собрание 28.декември 1944 год. Скопје АСНОМ - второ вонредно собрание 14 април 1945 год. Скопје - 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчински“ Се одржа Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) - 18 ноември 1944 година - Скопје Во Скопје пристигнаа членовите на Президиумот на АСНОМ, Главниот штаб на НОВ и ПОМ, централниот комитет на ЦК КПМ и др. и на 12 декември 1944 година на 14 седница на Президиумот на АСНОМ беше донесена одлука да се свика Второ вонредно заседание на АСНОМ и да се одржи во Скопје. 28 декември 1944 започна со работа Второто вонредно собрание на АСНОМ Покрај пратениците присуствуваа и: Димитар Влахов, подпрецедател на АВНОЈ Светозар Вукмановиќ - Темпо (генерал) Едвард Кардељ- потпрецедател на Националниот комитет на Југослав. Добри Трпешев, прецедател на Отечествениот фронт на Бугарија Американскиот мајор Дикинсон Советскиот мајор Инков Британскиот мајор Милер Прецедателот на собранието на Србија Прецедател на собранието на Црна Гора На 14-16 април 1945 година се одржа Третото заседание на АСНОМ тоа е (второ вонредно заседание на АСНОМ). Заседанието го отвори Прецедателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов - Ченто (ова го нема во книгата, додадено од мене). Тука-тогаш беше донесен Закон за изменување на името АСНОМ во Народно Собрание на Македонија. Првата влада на Федеративна Pепублика Македонија Лазар Колишевски - прецедател Љупчо Арсов -------- ---прв потпрецедател Абдураман Мехмед----втор потпрецедател Киро Петрушев----------министер за внатрешни работи Никола Минчев----------министер за просвета д-р Павел Шатев--------министер за правосудство Страхил Гигов-----------министер за индустрија и рударство Тоде Ношпал-------------министер за трговија и снабдување Богоја Фотев--------------министер за земјоделие и шумарство д-рВукашин Попадиќ---министер за народно здравје Неджад Аголи------------министер за социјална политика инж.Георги Василев----министер за градежништво 29 декември 1944 година "По тродневна работа заврши Второто заседание на АСНОМ на кое беше избран нов Президиум од 35 членови. За председател беше повторно избран Методи Антонов-Ченто, за потпретседатели Лазар Колишевски и Неџат Аголи,а за секретари д-р Борис Спиров и Епаминонда Поп Андонов." Срцка еве нешто што јас знам,нешто најдов од нет..и еве ти ги поважните информации т.е. што сметав дека се поважни.