Сега прв пат се пријавувам во овој форум, само за да ти одговорам, затпоа вака доцна. Имам неколку македонски книги од македонски автори, но ги немам сите прочитано така што не знам колку ќе ти се допаднат. Ги купив скоро имаше попуст во една книжара Матица ако ме с елажам, 5 книги за 200 денари. Книгите се: Зоја од Паскал Гилевски, има слична содржина со Калеш Анѓа но книгата не е предвидлива и многу работи низ неа се случуваат и менуваат. Илинденски Лидери исто и Хероите и потомците од Стефан Влахов Мицов, Владо Малевски -Разбој, од Божин Павловски, Подвижни Гробови, исто и Winter in Summer, The Milk of Human Kindness и Америка Америма од него. Овие на англиски ги купив но ги има и на македонски, од мак автор се. Не ги знам точно темите на овие сметам дека се за мак историја, продавачките таму беа многу услужливи и овие ми ѓи предложија. Се надевам нешто ќе ти се допаде. Малку доцна но сега мислам за тоа учевме историја, еве некои катедралната црква Св. Софија во Охрид, била претворена во џамија во XV исто и Климентовата црква Св Пантелемој.
Многу сакам историја, тоа и македонски ми се омилени предмети . Ама наставничката моја, катастрофа . На часот нит објаснува нешто, само отвара учебникот и ни ги диктира лекциите или пак имаме испрашување. Малку да ја разбудам темава
И јас сакам историја, матура положив со максимален број на поени. Ама ме интересира светската историја. Балканскава не е објективна и поткрепена, забележав дека секој си вади од памет како му одговара.