Најомилена серија,секоја сезона ја имам гледано,дури и ја нарачав 5-тата сезона од CSI:Las Vegas да ми ја донесат оргинал од Америка Омилен лик од серијата: Sara Sidle
Порано постојано ги гледав, не пропуштав епизода, но сега немам доволно време, па ги гледам чат-пат кога ќе стигнам. Инаку омилен ми е ЦСИ Мајами (Хорацио- уффффффф ). Од Лас Вегас ги гледав само првите сезони, а Њујорк само неколку епизоди имам гледано- најдосаден ми е....
Не ја гледам редовно оваа серија - ама ја сместувам во омилените. Пнекогаш се смеам на брзиот начин на разоткривање на злосторствата и препаметниот Хорацио... ама сепак филмот е ЈАК
Го гледам само за драматичните фрази на Хорацио пред да ги стави наочарите Инаку, најомилена ми е CSI: NY (Mac )
Ги обожавам и секогаш кога ги емитуваа не ги пропуштав.Ме нервира што последните епизоди ги даваа ептен касно. За да ги гледам требаше другиот ден да бидам претепана, не способна за ништо, а не па за одење на школо и учење. Фала,ама не. ЦСИ Њу Јорк ми е омилена. Некако глумците и даваат посебен шмек на серијата. Исто и ЦСИ Мајами. Не знам зошто, ама ништо интересно не најдов во ЦСИ Лас Вегас. Како и да е, се надевам ќе имаме можност да ја гледаме од септември пак на нашиве мили ем драги телевизиички.
Мене пак, најинтересна ми е Лас Вегас. Сега не пропуштам да ги гледам репризите секој Понеделник. Гледам и Мајами, и таа екипа ми е омилена, само Њујорк некако ми е одбивна, ептен ретко ја гледам. А што е работава, денес ѕирнав даваа и на А2? Нели само на А1 ги репризираат епизодите? Ајде ако знае некој од вас нека ми каже кога точно ги репризираат, за да знам
Една од моите омилени серии не пропуштам ниту една епизода а инаку на а2 мислам дека ја дават во петок од 22:00часот
Најнајнајнајомилена серија! Сите ми се подеднакво омилени, и Mајами, и Лас Вегас и Њу Јорк. Дури и сакам да бидам форензичар, ама треба доста да учиш за тоа, а и у Македонија работа нема да најдеш Инаку, Хорацио ми е најомилен лик, ама од Лас Вегас, тој Ворик ми е симпатија
CSI - Истрага на местото на злосторството Mojata omilena serija.Ne propustam skoro ni edna epizoda.. dokolku ne zaboravam.
CSI - Истрага на местото на злосторството Една од моите омилени серии . Не пропуштам епизода, а сега си надокнадувам со репризите на А1..
CSI - Истрага на местото на злосторството Поарно ми беа гледани згора напреку, на различни тв, различни епизоди, ама сега ги гледам со ред, и до 7 сезона сум. Најомилен лик ми е Грисом , дефинитивно.
Не е дека неможеш да најдеш работа...едноставно немаш доволно опрема која ти е потребна да ја извршуваш онака како што треба работата....замисли немаат доволно пара ракавици,а после секое истражено злосторство тие ракавици се фрлаат,не смее да се носат на друго... Поради овие причини мојата желба да станам форензичар во Македонија пропадна,но за странство...никогаш не се знае
хорацио, закон човек саааамо тој може да дојде до вистината инаку серија во целост ми се допаѓа. а имам разбрано дека во некои земји е забранета да се емитува поради тоа што многу убиства се случувале по таа шема и тешко било да се разрешат.
Исто и јас... ја обожааавааам мајами ЦСИ и најмногу ја пратам, макар шо ги пратам сите исто али оваа ми е омилена. Исто Хорацио и мене ми има некој шарм и е мн јако навлезен во улогата.. Кога се запишвев на факултет сакам за детективи и криминалистика само зш бев уфилмана со оваа серија ама накрај сватив дека кај нас ова не успева и сега само си се тешам гледајќи ја...
Од сите најомилена ми е ЦСИ Мајами а Хорацио неам зборови за ликот. Сега гледам дека го репризираат на А1 па го гледам иако некои епизоди ми се гледани нема врска тоа . Е ова се вика серија не оние шпанските што само плачат и деца бараат де умреле де оживеле ..
CSI New York ми е омилена, некако поинтересни случаи имаат и динамиката меѓу ликовите ми е подобра од останатите две (мајами и лас вегас). А единствено Criminal Minds на сител што ја даваа, ми се допаѓа повеќе од CSi бидејќи ги решаават убиствата преку анализа на психолошките докази ( изборот на жртвите, начинот на убивање, потпис на серискиот убиец), за разлика од CSI каде се анализираат физичките докази. Ги изгледав сите сезони и сега во септември ја цекам шестата да почне. Инаку оваа серија искрено им ја препорачувам на сите љубители на криминалната психологија, за тоа како функциоира умот на еден психопат - сето тоа е многу добро разработено во серијата.