Ги гледам сите три, макар да првите сезони на CSI Las Vegas ми беа најинтересни. Го обожавам Гил Грисом, па сега ми недостасува New York некогаш знаат да бидат премногу експлицитни.
Гледам секогаш кога ќе фатам, макар и не сум ја фатила од почеток. Многу добра серија, се воодушевувам на секоја нова епизода.
Ја обожавам серијава, ама само Нејви ја имам изгледано цела, ја симнав од нет и ја гледав ко ќе ми одговараше. А таа не спаѓа во оваа групава: Лас Вегас, Мајами и Њу Јорк? И името чинам и беше CIS Navy a не CSI. Како и да е, закон се сите.
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] CSI сега ги даваат во недела во 09.30 и ќе било нешто за Александар Македонски, па мислам дека мора да го погледнеме тоа. Поздрав до сите.
емили и јас ја имам гледано нејви .. најдобра серија жими се ... го обожавав тони одма за маж би го земала А од другиве ги сакав лас вегас најмногу онака и ги гледав стално ама сега ептен поретко само кога ке ги фатам ... а серијата е ееептен добра . еве сега во недела ке гледам да не ја пропуштам
Морав да замешам прсти во темава....Закон се ,јас ги обожавам и Њујорк и Лас Вегас али Мајами ми се некако нај Хорацио бе,кое фациче е значи
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ги гледам ама не е баш реално затоа што во вистината има еден куп осомничени и многу докази..
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ги сакам сите, и Мајами и Лас Вегас и Њујорк.Одлична серија
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ги гледам истрагиве омилен тип на серии ми се. Едно прашање, не ми е баш за тука ама... една серија гледав на телма телевизија исто со истрага главни улоги детектив и детективка.Детективот излегол од затвор после 10 години а детективката е бивша наркоманка, една епизода само фатив, ама многу ми се допадна, да не знаете за која серија станува збор ??
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Мајами ми е најинтересна.. Заради Ерик и овој Хорацио кога ги става очилата онака фраерски хаха
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Мене Хорацио ме нервира, а сум ги гледала сите сезони, не можам некоја посебно да издвојам
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Апсолутно сите сезони сум ги гледала. Обожавам крим серии. CSI, NCIS, Shark, Criminal minds, Dexter и така натаму... CSI најдобро сработена ама ете веќе не можам да ја поднесам. Се заситив. Омилена ми беше CSI New York, на која најмногу внимание и посветив. За глумец, најмногу ја гледав Лас Вегас. Не можам да се сетам само на името негово. Сега да гледам нема да можам, да. И помина шемата на таа серија кај мене. Си се посветив на другите погоре. Одамна.
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ех кога постоеше А1...инаку најмногу ја гледав CSI:MIAMI.Уште ја гледам но на интернет..
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Гледав еден период, најмногу CSI: Miami. Хорацио ми беше закон . Ама ми стана досадна, дали оти има многу сезони и се е едно исто. Ама ако ја дават некаде би погледнала некои епизоди, интересна е.
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ја даваа од 23.00 на А1 во четврток и недела. Не пропуштав ни една епизода. Доста корисни и интересни нешта научив. ЦСИ Мајами ми е најомилена, ЊуЈорк е на второ место. Хорацио го обожавам, а и Ерик и Мек Тејлор. Ја дават сега на една локална телевизија, ја гледам чат-пат.
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] 22:05 Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас (CSI: Las Vegas) Сериски Филм Hа Mтв1 секој понеделник игра, во 22
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ја имам гледано и понекогаш ја гледам на МТВ.Многу ми се допаѓа,баш мој тип на серија
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Се согласувам, со тебе.Навистина Criminal Minds е врв, нормално после тоа на ред доаѓаат CSI:Miami и NY (барем за мене), ама сепак најомилена ми е.Хоч како него нема друг.Шеф во вистинска смисла на зборот.И ептен јаки ми се профилите што ги прават.Немаат промашена епизода досега.Чекам осмата сезона да ја стават на youtube за да си го продолжам уживањето.А додека чекам си ги гледам репризите од првата сезона на Сител