Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ја имам гледано од порано и сега ја гледам на мтв1.Многу ми е интересна. Ако може модератор да го смени насловот на темата,бидејки А1 не постои повеќе
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Кога ја имаше на А1 серијава со мајка ми ниедна епизода не пропуштавме и ми се јави желба да бидам форензичар..ама никако да го отепам стравот од трупови.....серијава фали и тоа многу ама некои делчиња си гледам и на нет.
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] ^ исто и јас, додека играше на А1 епизода немав пропуштено. А еве гледам пишувате дека игра на МТВ а која Мајами, Лас Вегас или Њујорк игра???
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ја имате на мтв 1 и на мтм. На мтм во сабота ги даваат сите репризи од сабајле до кај 4, 5 Така да ако сакате имате цела сабота да се потсетите на старите епизоди
Истрага на местото на злосторството (CSI) [А1] Ја има на МРТ 1 во недела 21:45 (Не сум баш сигурна дали беше во волку) - CSI - Miami, после тоа одма CSI - Las Vegas и во вторник во 21 и 15 - CSI - New York
Овие ги обожавам уште од мала и сеуште ни се фамилијарни серии. Ќе си седнеме во недела навечер и репризи+The Mentalist.
ја даваат CSI:Miami на ТВ Тера во Битола телевизијата и нз точно која сезона е,ама јас пак си гледам и таму и на МТВ секако и Менталист со Simon Baker е тука
Кога играше серијава на А1 ич не ја сакав, мислев дека е некоја страшна лол. ама сега на МРТ ја гледам стално и мн ми стана интересна, ги гледам сите ама некако Њујорк ми е најинтересна од сите
Јас сите ги гледам по нз кој пат а најуба ми е Мајами секоја вечер до 2:30 ја чекам да ја гледам а не дека ја немам изгледано
Реалност во серијата = 0 Секој пут едно исто , ќе убијат некој , пола саат овие ќе се мачат да го откријат , во последните мигови од сликата на камерата во десниот агол ќе зумираат и ќе видат скршено стакло и од скршеното стакло ќе видат наочари и од наочарите ќе го видат убиецот ...... КАКО ДА НЕ
Секоја епизода е едно исто ама мене пак ми е интересна бидејки ги сакам овие работи ...истражувања,лабаратории и си ја гледам
Најубава,најинтересна серија на сите времиња,најомилно ми е од Мајами тоа,а Лас Вегас никогаш не ми беше интересно Патем секоја вечер гледам даваат на МТМ од 22:15
Најубава ми беше Њујорк,заради глумецот го заборавив како се викаше,постар беше ама убав.Сега го гледам Мајами понекогаш ама оној Хорацио ме нервира многу,се замислува дека е Полат Алемдар