1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исусовото воскресение, факт или фикција?

Дискусија во 'Религија' започната од Aisha, 8 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Инспириран од ајетот во вличенствениот Куран кој за Исус -Иса а.с вели вака:
    И заради изјавата нивна : „Да ние, навистина, го убивме Месих (преведено Христос)," Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пратеник. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомневање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно, Сурах 4 ред 157
    Кој пак цитат ни дава дознаење дека Исус мир и спас врз него нити бил распнат нити убиен туку тоа било само една фкција....
    Но да видиме што Библијата зборува за Исусовото воскресение....?

    Исусовото воскресение, факт! или фикција ?


    Поголемиот дел од Христијанската светска популација тврдат дека Исус (мир и спас врз него) бeше распнат на крстот, и дека Бог го жртвувал својот „Единороден син“ Исус за гревовите на луѓето, после неговото распнување Исус умира и потоа воскреснува . Има и други изјави на одредени Христијани, но не е општо прифатено нивното мислење, па заради тоа во оваа тема ќе говорам само за општо прифатеното мислење, те. горенаведеното.

    Најпрвин да појасниме зашто зборот „Единороден син“ стои во наводници:
    Христијаните исто така тврдат дека Исус е син Божји, за која изјава се повикуваат на Библискиот цитат кој гласи вака:

    Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во него да не загине, туку да има вечен живот. Евангелие според Јован 3 , ред 16
    Како прво, самиов цитат од Библијата е контрадикторен, или невистинит, ова го тврдам бидееќи во следниов Библиски цитат се вели вака:

    И ете еден човек, кога пристапи до Него, Му рече, учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен? А он му одговори: Зашто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен едниот Бог. А ако сакаш да влезеш во живот вечен, Пазиги заповедите!!! Евангелие Според Матеј 19 ред 16 и 17
    Никаде во горецитираниов ред од Библијата Исус не вели дека ќе умре за гревовите на луѓето, нити дека треба да се верува во неговото распнување за да се заслужи живот вечен,нити пак наговестува на некој начин за наводната случка која толку е фамозна, туку вели пазиги заповедите , што пак е многу коректно и е во склад со човековиот разум и здравата логика, судееќи според стандардите на здравиот човеков разум и природата на овој свет, меже да увидеме дека секој еден човек е одговорен за неговите постапки, било да се лоши или добри, ако синот изврши кражба дали би можело таткото да биде казнет и затворен? Секако дека НЕ !

    Но и покрај сето ова да го објасниме зборот ЕДИНОРОДЕН СИН ....
    РСВ верзијата на Библијата која е составена, и објавена во нашиов век, од страна на врвни Христијански школи, поточно од 30 врвни школи поддржани од 52 други кооперации, ја составија РСВ верзијата на Библијата за која тврдат дека е напишана од најстарите скрипти, 200 до 300 години од „смртта“ на Исус, и се тврди дека е најверодостојна верзија, додека сите останати верзии на Библијата се пишувани 600 години по „смртта“ на Исус, што пак дава дознаење за помала веродостојност во поглед на временскиот период и во преданиата , во кои може да се најдат зборови кои не се од Бога, за разлика од РСВ верзијата за која се тврди дека е најверодостојна верзија, и оваа верзија е прифатена од поголемиот дел на Христијанската светска популација, како најверодостојна верзија во своите преданиа, составена во нашиов век. Оваа верзија за зборот единороден тврди дека е збор кој непостои во старите скрипти и неможе да се прифати да биде впишан во Библијата, така да е одфрлен како Апокрифа, или технички збор, за незборови од Бога.
    Судееќи според овие врвни Христијански теолози, се добива следниов заклучок, дека Исус не е син Божји како што поголемиот дел од христијанската популација тоа го верува, туку тоа е само начин на говорење на еврејскиот народ. Исус не е ЕДИНОРОДЕН Божји син!!!

    Во спротивно според Библијата Бог има не еден Роден син туку 5 родени синови, за увид ќе ги цитираме следниве Библиски цитати каде се вели:
    … Адам кој што беше Синот Божји (Лука 3.38)
    за да ја објавам одлуката Господова: Господ Ми рече (Давид) : „Ти си Мој Син, Јас денес Те родив.” (Псалми 2. 7)
    А ти кажиму на фараонот: Вака вели Господ: Израил е Мојот првороден син. (Исход 4 ред 22)
    Тие отидоа со солзи, Јас, пак, ќе ги вратам со утеха, ќе ги поведам покрај потоци со води, бидеќи Јас сум Отец на Израил, и Ефрем е Мојот првороден (Еремија 31 ред 9)
    Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави..... па си ги земаа за жени, кои ке ги избереа. (Битие 6. 1)
    Од горенаведените Библиски цитати, може да заклучиме дека во Еврејскиот јазик, секоја права личност, кој што ја следи вољата Божја се нарекува „Син Божји“ кој пак збор е метафорички опишана терминолпгија често употребувана помеѓу Евреите.
    Па како може да се верува дека Исус е Единороден син, кога Библијата вели дека Израил е Божјиот првороден син, или во Еремија вели дека Ефрем е неговиот првороден син, како може Исус да биде Единороден син, кога веќе има некој кој е Првороден,? и повторно ќе напоменам дека ова е начин на говор на еврејскиот народ, а не дека Бог родил син. Мислам дека ова е сосем болно сваќање, како може Бог да роди син? На кој начин, како? Сосем е нелогично, каква слика би добил читателот кога ќе прочита Бог родил син???

    Величенствениот Куран за сето ова вели:
    Он е Создател на небесата и на земјата! Како Он да има дете кога нема жена, Он ја создава секоја ствар! Он знае сé. Сурах 6 ред 101.
    Но, не! Ние им ја донесовме вистината а тие се, навистина лажговци! Сурах23 ред 90.
    Аллах не си присвои дете и покрај Него нема друг бог. Тогаш секој бог би го земал, секако, она што би го создал, и еднисодруги ќе се натпреваруваа. Возвишен е Аллах над она што со што го опишуваат! Сурах23 ред 91.

    Но има луѓе кои пак тврдат друго: Исус го нарекуваат Бог (субаханАллах) И велат дека е еден од светото тројство, па ќе го анализираме и ова тврдење искажано од некои Христијани.
    Величенствениот Куран за ова вели:

    И кога мелеките рекоа: „О Мерјем, Аллах, навистина ти донесува радосница; од Него збор: името ќе му е Месих, син на Мерјем, ќе биде виден и на овој свет и на Ахирет и еден е меѓу блиските на Аллах". Ќе им зборува на луѓето додека е во крошна, и кога ќе биде голем, и ќе биде меѓу добрите луѓе. Сурах 3 ред 45-46 Куранот е дециден, и дава прецизно објаснување, за позицијата на Исус, дека е само Божји гласник, дека ќе биде еден од Аллаху блиските, на овој свет и на идниот.
    За тврдњето пак дека Исус е Бог, Куранот вели:

    Неверници се оние кои зборуваа: „Аллах, навистина е Месих, синот на Мерјем". А Месих зборуваше: „О синови Израилови, обожувајтего Аллаха – Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој ќе му припише здруженик, Аллах му го забранил Џеннетот и престојувалиштето негово е огнот! Зулумќарите немаат поддржници никакви! Сурах 5 ред 72
    Библијата сама за себе зборува дека: никаде во својот состав, во целокупната содржина на Библијата не постои збор, или изјава која излегува од устата на Исус каде самиот вели: ЈАС СУМ БОГ, или ВЕРУВАЈТЕ ВО МЕНЕ, ваков цитат непостои во Библијата, но за факт самиот Исус вели:
    ...Мојот отец е поголем од мене. Евангелие според Јован 14 (ред 28)
    ...Мојот отец е поголем од сите... Евангелие според Јован 10 (ред 29)
    ... јас истерувам бесови со духот божји... Евангелие според Матеј 12 (ред 28)
    ...Со прст Божји ги истреувам бесовите... Евангелие според Лука 11 (ред 20)
    Кој неме љуби не го запазува словото мое; а словото што го слушате не е мое, туку на Мојот Отец кој ме прати Ев. според Јован 14 (ред 24)
    Но Јас ништо неможам да правам Сам од Себе:Како што слушам така судам,и мојот суд е праведен, оти неја барам вољата Моја. а вољата на отецот кој ме пратил. Ев. според Јован 5 - 30)
    Секој еден кој ке каже дека не ја следи својата воља, туку ја следи вољата Божја, тој е Муслиман, ова го велам бидееќи зборот Ислам го има токму ова значење: (покрај Мир има значење и на доброволно следење на Божјата воља) секој еден кој го почитува, и практикува Исламот, се нарекува Муслиман., па според тоа судиме дека Исус бил Муслиман, неговите постапки ја докажуваат и потврдуваат дефиницијата за Муслиман.
    Каде во горенаведените цитати од Библијата Исус за себе вели дека е Бог ??? Напротив за се тврди дека не е негово туку од Бога кој го пратил, дури и зборовите кои ги говори вели не се мои, туку се Божји зборови, кажува дека самиот од себе неможе да направи ништо!!! А што значи НИШТО ???
    Исламот верува дека секој еден Божји гласник, е зборот Божји, те. во времето на Муса (Мојсеј), Мојсеј бил зборот Божји, во времето на Иса (Исус), Исус бил зборот Божји, во времето на Мухаммед , Мухаммед бил зборот божји (мир и спас врз сите Божји гласници)


    За светото Тројство Куранот вели:
    Неверници се оние кои зборуваа:„ Аллах е еден од тројцата. "А Нема друг бог освен еден Аллах. А ако не престанат со она што го зборуваат – казна болна ќе го стигне секој од нив кој неверник ќе остане. Сурах 5 ред 73
    Исто така и за Светото Тројство Куранот е дециден и дава јасно дознаење дека такво нешто не пости, и секој еден кој го изговара светото тројство,Аллах Ќе му го забрани џеннетот (рајот)

    Но сега се поставува прашањето: што пак Библијата вели за светото тројство ???
    Постојат два цитати во Библијата кои најблиску ја даваат смислата на светото Тројство, и тоа Прво послание на Апостол Јован, поглавје 5 ред 7 -8 се вели:
    Зошто Тројца се Кои сведочат на небото: Отецот Словото и Светиод Дух, и овие тројца се едно И Тројца се кои сведочат на земјата : духот водата и крвта, и тие три се во едно. Овој цитат кој е запишан во Библијата, во 1865 год. гласел вака: Оние кои сведочат се тројца: Духот водата и крвта и овие три се во едно а во 1825 година гласи вака: Зашто тројца се кои сведочат: Духот водата и крвта и овие три се воединети во едно. Па понатаму следбениците на догмата тројство го вовеле и следниот цитат Тројца се Кои сведочат на небото: Отецот Словото и Светиод Дух, и овие тројца се едно. Но во денешно време овој цитат е одфрлен од страна на РСВ верзијата, дека овој ред воопшто непостоел во најстарите записи, старите скрипти, и овој збор е Апокрифа, па кој ги исфрла овие зборови од Библијата, Муслиманите ли? НЕ! Самите Христијани, и тоа 30 врвни школи !

    Вториот цитат е : Евангелие според Јован поглавје 1 ред 1
    Во почетокот беше Слово,
    И Словото беше во Бога,
    И Словото беше Бог
    Од последниот стих кој вели и Словото беше Бог, ни се дава дознаење дека всушност словото било Бог, па ако насекаде во горните стихови го ставиме зборот Бог, на местото каде што стои зборот Словото, ке добиеме ваков цитат:
    Во почетокот беше Бог,
    И Бог беше во Бога, И дали сето ова има некаква смисла????
    И Бог беше Бог
    Но и кога низ прсти би рогледале на ова, за увид на аргументи би продолжиле со анализирање на овој Библиски цитат, би добие вакви резултати:
    Ако би сакале да ја откриеме суштината на овој цитат, би теребало да побараме одговор во старите скрипти, кои пак скрипти достапни за човекот на лицето на земјава, се пишувани на Грчки јазик, а дали Исус говорел Грчки ? Секако дека НЕ!

    И во тие стари скрипти во вториот случај за зборот Бог е употребен зборот ХОТЕОС (кои збор мисли на Големиот Бог) а додека во првиот случај за зборот Бог е употребен зборот ТОТЕОС (кој пак збор има мислење на Божја личност, личност блиска до бога)

    1εν αρχη ην ο λογος και ο λογος ην προς τον θεον και θεος ην ο λογος
    Грчка котација на Евангелието според Јован 1 (ред 1) за увид на на разликата на зборовите.

    За зборот Тотеос ние Муслиманите немаме никаков приговор, Навистина Исус беше Божја личност, и личност блиска до Бога, Гласник Божји. Но преводите на Библијата си земале за право да го прикријат ова од старите скрипти, и со тоа се прикрива и вистината, и се добива Светото Тројство кое непостои нити во Куранот нити пак во Библијата, а како догма е утврдено во 325 година на никејскиот собир, што значи 325 години по “смртта” на Исус, на паганинот Константин му текнало да ги обедини паганите и верниците во тогашно време, паганите верувале во светото тројство Озирис, Адонис, Дионис, па го вметнал во чистите христијански записи, со мала измена во името Отецот, синот светот дух, што пак е лукаво прикривање на вистината, за да на некој начин не предизвика буна кај христијаните, а од друга страна да го вметне паганското верување за светото тројство.
    На секој читадел му е дадена шансата да си одлучи самиот за себе во што ќе верува……

    Дали Исус беше распнат на крстот? дали воскресна? или тоа беше само привидение ?

    Величенствениот Куран за Исусовото воскресение вели:
    И заради изјавата нивна : „Да ние, навистина, го убивме Месих (преведено Христос)," Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пратеник. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомневање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно, Сурах 4 ред 157

    Па што сега? Христијаните тврдат дека Исус го распнаа на Крстот, потоа римскиот војник го прободе со копјето и Исус умре, потоа воскресна. Муслиманите пак тврдат дека нити го фатија нити го убија туку тоа само им се причини.
    За да ја доловиме вистината потребна ни е изјавата од Библијата , а не на Христијаните, зашто Аллах во куранот ни вели:
    ... „Донесете ваш доказ ако сте искрени! Сурах 2 ред 111 И оние (христијани и евреи) имаат доказ,- Библијата! па да ја прашаме Библијата што зборува за распнувањето на Исус?

    Во Библијата има поглавје, кое зборува токму за темава за која говориме: Коринтјаните 15 ред 3 и 4 св. Павле вели: Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,Во ред 14 св. Павле продолжува и вели вака:
    14 ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, празна е и вашата вера. 15 Би се покажале како лажни сведоци Божји, бидејќи сведочевме против Бога дека Го воскреснал Христос, Кого што не Го воскреснал, ако навистина мртвите не воскреснуваат. . 16 Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, и Христос не воскреснал; 17 ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови; 18 тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале. 19 И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе.

    Павле во цитираните стихови јасно кажува дека: доколку немало воскресение на Исус, целата Христијанска религија е празна, избледена, невреди за ништо, и дека следбеницита на Христијаснтвото се наоѓаат сеуште во нивните гревови, и кажува дека ако небило вистина воскреснувањето, дека Христијаните се најбедни од сите луѓе на светов !!!
    Па продолжува кажувањето понатаму и се вели вака:
    35 Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? Павле одговара: 43 се сее во бесчестие - воскреснува во слава; се сее во немоќ - воскреснува во сила; 44 се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно.
    Што пак јасно дава дознаење дека воскресението ќе биде така што телото ќе биде духовно, нема повеке да се има телесно тело, туку само духовно тело. Павле всушност ги повтори зборовите кои беа искажани од Исус во евангелие според Лука поглавје 20 ред 27 -36

    Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена и да го подигне потомството на својот брат. Си беа седум браќа. Првиот, откако се ожени, умре без деца. Жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца. Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца. По сите нив, умре и жената. При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?“ Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој свет се женат и мажат; но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; всушност, тие веќе не можат да умрат, затоа што се еднакви со ангелите, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
    Во последниот стих се доловува поентата, за која прашуваа евреите, и добија одговор од Исус дека после воскреснувањето, луѓето неможат повеќе да умрат, ќе бидат безсмртни, дека нивното тело ќе биде еднакво со Анѓелите, дека телото ке биде дух, нема повеке да се има телесно тело кое има потреба од овосветски потреби, (хранење, спиење, одмарање,секс, и тн) туку телото ќе биде само душевно без овосветски потреби, ова го вели Исус во Евангелие според Лука, исто така и Св.Павле во Коринтјаните 15.

    Поставувам прашање, дали некој не се сложува со оваа изјава, дека после воскресението, секое тело ке биде дух, нема да биде повеќе телесно тело (кожа,крв коски)???

    Продолжуваме со цитање на ова поглавје според Лука, 24 ред 36 се вели вака:
    36 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече: „Мир вам!“
    Па зошто се плашеле уцениците Исусови кога им застанал во собата каде говореле за случувањата, кои ги слушале, дека Исус го распнале на Крстот, потоа го убиле, па он воскреснал, а сите тие биле сведоци од слушање, никој небил очевидец , на случувањата , за кои се зборувало, ова го потврдуваат и следниве цитати
    И откако Го оставија, сите се разбегаа. Евангели според Марко, 14 – (ред 50)

    Контексот на ова 14 –то Евангелија зборува за тоа како учениците биле со Исус, па дошле војнците римски, па откако го заробиле на Исус, учениците негови и сите што биле со него, го оставиле и избегале…
    Јас сега прашувам, што значи сите ??? Дали на Македонски јазик СИТЕ се мисли на Боквално СИТЕ ??? Секако дека е така!

    Па според евангелието според Марко каде ни го дава ова дознаење тврдиме дека никој небил очевидец на Исусовото “распнување” СИТЕ биле сведоци од слушање!!!
    Овие сведоци од слушање, слушнале дека Исус бил мртов 3 дена и потоа воскреснал, па затоа кога го виделе помислиле дека е Дух, па се исплашиле …. А Исус им вели:

    37 А тие, така збунети и уплашени, помислија дека гледаат дух. Но Тој им рече: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“ Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. И кога зеде, јадеше пред нив. Ев. Според Лука 24 .37-42
     
  2. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Исусовото воскресение, факт! или фикција

    За да им докаже дека не е тоа што мислат, дека не е дух, дека е кожа и коски, а дух нема кожа и коски, дух е битие кое нема потреба од Храна, и е слободно од телото, нема повеке кожа и коски, ова го кажа и Св. Павле , го кажа и самиот Исус дека после секое воскресение секое тело ќе биде, дух, ќе биде како ангелите, па заради ваквото нивно мислење Исус им вели Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене , зашто им вели вака ?
    За да ги убеди дека не е тоа што оние мислат, дека е истиот тој Исус, им напоменува дури и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ Секој збор од Исус е да им докаже дека Не е она што тие мислат, дух.

    Следниов цитат од Библијата, исто така потврдува дека Исус беше жив , а не воскреснат:
    Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. дела на апостолите 1 ред 3 Уште еден доказ повеќе каде се вели дека Исус им се појави жив , а не воскреснат!
    Но тие, кога чуја дека е Тој жив и дека таа Го видела, не поверуваа.(се зборува за Марија Магдалена дека го видела жив на Исус, па им посведочила а тие не поверувале) Евангелие според Марко 16 ред 11 А и некои жени од нашите нé запрепастија; тие биле рано на гробот, и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале дека е Тој жив. Евангелие според Лука 24 -22

    И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки; 5 тие се уплашија од страв и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Евангелие според Лука 24. -4

    Секое сведоштво од Библијата потврдува дека Исус бил жив, а не воскреснат, но ете нашите Христијански браќа милуваат да кажат дека Исус воскреснал, повикуваеќисе на цитатот од Библијата :
    Тој не е овде, а воскресна... Евангелие според Лука 24. -5
    Ако за овој цитат тврдиме дека е вистинит, тогаш сме во контрадикторност со Лука 20 ред 27-36 и Коринтијаните 15 ред 43-44 каде се вели дека секое тело после неговата смрт ќе биде духовно тело, а не телесно, нема да има кожа крв коски, туку Исус вели во Лука 20ред 27-36 ...но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; всушност, тие веќе не можат да умрат, затоа што се еднакви со ангелите... Што занчи дека воскреснатото тело не е повеќе телесно току духовно, па според ова судиме дека цитатот кој продолжува -Тој не е овде, а воскресна... Евангелие според Лука 24. -5 е невистинит, контардикторен или придодаден во светите записи од некој недостоен.

    Секоја Верзија на Библијата сведочи дека Исус бил жив, Библијата на Јеховините сведоци вика дека Исус бил жив, Римокатоличкта Библија вика дека Исус бил жив, Протестантската те. Џејмс Кинг верзијата на Библија исто така, РСВ верзијата исто така, Било која Библија да ја читате ќе ви каже дека Исус бил жив , а не Воскреснат!

    Нејсе, за увид на аргументи ќе продолжиме со анализирање на Библијата во врска со „воскресението на Исус“ Нај чист цитат од Библијата кој на нај јасен начин објаснува дека Исус небил фатен, распнат и убиен на Крстот, е : Евангелие според Матеј 12 . ред 38-40
    Тогаш некои од книжниците и фарисеите одговорија и рекоа: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе!“ А Тој им одговори и рече: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи. Евангелие според Матеј 12 . ред 38-40
    Евреите, навикнати на чудата кои постојано ги гледаа од Исус, па и овој пат не му поверуваа и повторно од него бараат некакво чудо, за да поверуваат дека е тој Исус, човекот за кој слушнале дека бил фатен од римските војници, распнат на крстот и убиен, па потоа воскреснал.

    Исус на сето тоа им одговара: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; 40 зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.
    На самиот почеток од анализирањетоа на овој Библиски цитат, би сакал да дадеме објаснуање, што значи зборот чудо? и што всушност би било чудото во горецитираните зборови од Исус?

    чудо представува чин или случување на невообичаена појава, појава која не е нормална во човековата природа, пр. Исус одел по површината на водата, ова е чудо! бидееќи секој човек кој би се обидел да го направи истото, сигурно би завршил потонат во водата, што значи ако човекот потоне, нема чудо, ако се очекува да потоне, а тој не потоне, е тогаш е чудо!

    Па и во следниве Библиски цитати ќе анализираме што всушност е чудото кое им го дава Исус на Евреите: Исус вели: како што Јона беше… - така и Синот Човечки ќе биде…
    Ова е првиот дел од Библискиот цитат кој би можел да биде чудо. Бидееќи 3 дена и 3 ноќи да се биде во стомакот на една риба и да се преживее навистина е големо чудо, секој еден кој би се обидел да проживее во стомакот на еден кит 3 дена и 3 ноќи би умрел со сигурнос, па бидееќи Јона останал жив, велиме дека е Чудо!!!

    Вториот дел за кој од одредени христијани се нагласува дека е чудо, кој не би можел да биде чудо, е три дни и три ноќи, Зашто нема ништо чудно во 3 дена и 3 ноќи, но за подобар увид ќе го објаниме и тоа „чудо„
    Ќе ги анализираме и двата цитати кои би можеле да бидат чудото кое Исус им го дава на Евреите, но за сето тоа, потребно ни е да видиме кое е чудото на Јона во Библијата?

    Приказната за Јона во Библијата, од цели 66 книги во Џејм Кинг верзијата 73 во римокатоличката, 79 во Македонската Библија, изнесува само страница и половина, цела книга на еден пророк само страница и половина, нејсе таа книга вели вака:

    Бог му наредува на Јона да оди и да проповеда во Ниневија големиот град, но Јона не ја послушал наредбата од Бога, па избегал и потрчал до јафа каде што најде брод за Тарсис, се качил во него, но бидееќи избега од наредбата од Бога, Бог испратил силен ветер над Морето, кое толку се разбранило замалку да го проголта бродот, па сите се запрашале што згрешиле, што од Бога добија ваква казна и кој е виновникот за тоа, па одлучиле да фрлат ждрепка, па паднала на Јона, и го запрашале што направил што Бог е налутен на него, па им кажал за наредбата од Бога која тој неја извршил, и самиот им вели да го фрлат вморе за да се смири морето, и они да се спасат. Така и направиле, одкога го фрлиле вморе, морето се смирило, а Бог му наредува на китит да го проголта на јона… заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи. Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на рибата, па рече: „Кон Господ повикав во мојата неволја и Тој ме чу… Авдиј 2 . 1 - 3
    После сето ова Китот го исфрла на копно на Јона, И Јона оди да ја изврши задачата дадена од Бога, да проповеда во Нинавија.

    11 Тогаш заповеда Господ на рибата, и таа го исфрли Јона на копното.
    После добиеното знаење за чудото на Јона, можеме да анализираме и споредиме со чудото за кое им зборува Исус. Да го разјасниме и чудото на Јона: Значи Јона бил проголтан од големата риба (кит) кој кит го држел во својата утроба 3 дена и 3 ноќи после тоа го исфрлил китот, Јона на копно. чудото е дека никој човек неможе да издржи 3 дена и 3 ноќи во утробата на еден кит и да остане жив, Но Јона останал жив тоа го потврдува и цитатот каде вели дека се молел од утробата на китот, а за да некој се моли услов е да биде жив, мртов човек неможе да се моли, ако Јона умрел, тогаш нема чудо, тоа се очекувало да умре во утробата на китот , но неумрел па тоа е чудото, е сега можеме да споредиме чудото кое го дава Исус, со чудото на Јона.

    Првата можност беше како што Јона беше… - така и Синот Човечки ќе биде…
    Па каков беше Јона ???

    Кога се фрли во море? .................................................ж ив
    Кога го стави китот во својата утроба ? .......…………...жив
    Каков беше во утробата на китот кога се молеше ?......жив
    Каков беше кога китот го исфрли на копно?.................жив

    Да споредиме сега каков беше Исус ???

    Каков беше кога го фатија римските вијници ?.............. жив
    Каков беше кога го распнаа на крстот?.........................жив
    Потоа го прободе војникот со копје и тој умре…………..Мртов
    Кога го ставија во тајната дупка, според Библијата 3 дена и три ноќи каков беше?........ Мртов

    Па после тоа суедеќи според Библијата воскреснал.

    Па сега прашувам: дали горенаведеното, е како Јона, или спротивно од Јона ???
    Исус вели каков што беше Јона, таков бев и јас, синот човечки! Јона беше во секоја од наведените состојби жив, Но бидееќи се поентира на трите дена во стомакот на рибата, и трите дена во срцето на земјата заклучуваме дека Јона беше ЖИВ а Исус во срцето на земјата беше МРТОВ што пак потврдува дека е спротивно од тврдењето на Исус,
    сега се соочуваме со проблем, некој овде лаже, неможе и двата искази да бидат вистинити! Дали Исус лаже или пак нашите браќа Христијани кои тврдат дека Исус беше распнат и воскресна ?

    Не доликува на еден Божји гласник да зборува невистина, секако дека Исус ја зборуваше вистината, а некои Христијани кажуваат лага за Исус дека бил распнат и воскреснал, самиот Исус го кажува тоа, им дава чудо, па тоа чудо вика дека беше жив а не мртов!

    Но некои Христијани велат дека чудото не е во тоа дали бил жив или мртов, чудото е во деновите, 3 дена и 3 ноќи, Исус поентирал на временскиот фактор, тоа е чудото.
    Во ред , иако ова не е чудо, нема ништо чудесно во тоа 3 дена и 3 ноќи, објаснивме погоре што значи чудо, што представува едно чудо,(човек од кој се очекува да умре, доколку не умре, тоа е чудо, ако се очекува да умре, а тој умре тогаш нема ништо чудно во тоа, те. Не е чудо) но за увид на повеке аргументи ќе ја анализираме и оваа можност каде се вели: како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.Ако ги погледнеме изјавите од Библијата каде се зборува за погребувањето на Исус:
    Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше. Евангелие според Лука 23 - 54
    А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота, Ев. според Марко 15 – 42
    Може да увидеме дека Исус според Библијата бил распнат Петок навечер, сабота веќе настапувала, па потоа доаѓа Јосиф кој го симнува телото го овиткува и го става во Гробот.
    52 Па така тој отиде кај Пилат и го измоли телото Исусово; па Го симна и обви во платно, Го положи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен. Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше. Ев. според Лука 23 ред 52

    Па сега да споредиме со чудото на Јона, ако поентираме на временскиот фактор, каде се вели како Јона 3 дена и 3 ноќи, така и Јас 3 дена и 3 ноќи...Според Библијата Исус бил распнат петок навечер, те. Петок вечер прва ноќ - 1 Ноќ Следниот ден сабота ден - 1 Ден Сабота Ноќ - 2 Ноќ Недела изутрина кога Марија магдалена се упатила кај Гробот го нашла празен.
    Па сега прашувам: дали е исто 3 дена и 3 ноќи - со 1 ден и 2 ноќи ???
    Алберт ајнштајн да би го довеле неможе ова да го изедначи, што пак се соочуваме повторно со проблем, со контрадикторност, Исус вели 3 дена и 3 ноќи, но според Библијата добиваме 1 ден и 2 ноќи, што е сосем различно од тврдењето на Исус. Па сега кој овде лаже Исус , Библијата или Христијаните ???

    Од сето ова се заклучува дека Изјавата на Исус во Библијата е вистинита, недоликува на Исус да би лажел, а некој подоцна ја искривил вистината, исто така Куранот е во подполно право, Исус небеше нити распнат нити убиен , туку тоа само им се причини, Аллах вели:
    И заради изјавата нивна : „Да ние, навистина, го убивме Месих (преведено Христос)," Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пратеник. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомневање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно, Туку Аллах го дигна кон Себе. Аллах е Силен и Мудар! Сурах 4 ред 157
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Во декеммври 2004 година еден човек го раскажува следниот настан.

    Млад брачен пар (муслимани) заминуваат во Израел и Сирија на мал одмор. Бидејќи многу богати на аеродром ги пречекува туристички водич и со лимузина посетуваат доста атрактивни места во тие области. Во текот на патувањето водичот забележува некоја тага на нивните лица и најпријателски ги запрашува што се случува и зошто се толку тажни. Брачниот пар им одговара дека се во брак неколку години и дека сеуште немаат деца. Нивните родители и ближни го наговарале мажот повторно да се ожени, а првата жена да си ја зачува се со цел да се продолжи потомството на семејството. Му кажуваат дека веќе неколку години одат по најразлични врвни лекари од областа на гинекологијата, но сеуште нема резултати. Причината за нивната тага е точно таа, немањето на деца и взаемата љубов која не сакале да ја расипат.
    Кога убаво ги сослушал, водичот им рекол дека во Сирија постои еден православен манастир во кој има Чудотворна икона на Богородица од чие кандило им се дава на жените да јадат (тоа е растение кое цути како цвет, потоа се суши и на плута се става, се пали и свети. Од ова растение и ние имавме и го употребувавме во кандилцето, затоа што не чади како другите) и дека сите што и се помолиле, а биле бездетни сега веќе имаат деца. Им објаснил дека одат и муслимани за да се помолат и на сите им е услишана молитвата.
    На сето тоа мажот одговорил дека ќе го посетат манастирот, па ако се случи чудо идната година повторно ќе дојде и како благодарност ќе донесе пари за помош на манастирот (80 000 долари).
    Заминале, се помолиле и откако завршило патувањето си заминале за дома. Размениле телефонски броеви за во иднина да не им затреба нешто водичот. По заминувањето по некое време (околу месец), жената останува бремена. И покрај сите кажувања на лекарите дека нема да може да стане мајка, по Божја волја жената забременува и раѓа машко дете.
    Откако се породила, таткото среќен се јавува кај водичот и го бара за да му ја каже радосната вест, а воедно да се договорат да одат и да го посетат манастирот.
    Исто на аеродром ги пречекува водичот со лимузината, но тој измамен од богатството што го имал и се договорил со уште двајца свои другари, да го убијат и да му ги земат парите. Влегол човекот во колата и од благодарност за тоа што му кажал и него му дава 10 000 долари. Заминуваат и наместо да одат во манастирот заминуваат во една шума каде што го убиваат. За да биде делото пострашно се договараат, да го однесат на друго место, но бидејќи незнаат како, човекот го масакрираат. Му ја отсекуваат главата, рацете, нозете, телото и го ставаат во една црна кеса за ѓубре.
    Излегуваат на автопат, но колата застанува и не пали. Поминува еден човек кој забележува како се цеди крв од багажникот и се јавува во полиција за да дојдат.
    Полицијата пристигнува, го отвора багажникот, а во тој момент човекот жив излегува од колата. Изгледот му бил страшен. Целиот во крв,пресно шиен на вратот, нозете, рацете, телото од каде се цедела крв. А неговиот прв збор што бил кога изгегол, било тоа дека до тој момент Мајката Божја го шиела и кога завршила со работата го помолила Господ Исус Христос да му ја врати душата во телото.
    Убијците почнуваат да викаат и да се прашуваат како е тоа можно, кога и самите го убиле. На крај завршуваат во лудница (дотогаш биле стабилни и семејни луѓе, работни и никогаш некој не би помислил дека можат да го направат тоа).
    Човекот го испраќаат на испитувања во Америка и низ цел свет. Го прегледуваат научници од областа на медицината, но никој, никој не може да објасни какво е тоа чудо. Како може тоа шиење да биде толку вешто, од каде се тие конци, како се поврзани сите клетки до најмалата клетка, како се поврзани вените и капиларите за да циркулира крвта... На жалост до ден денес тоа никој не го објаснал (затоа што убаво вели Господ дека се ова е сокриено од мудрите, а им е дадено да го знаат простите и чисти по срце).
    Откако се враќа дома, повтрорно заминува во манастирот, но сега со 800 000 долари. А целато негово раскажување завршува со: „ Кога бев муслиман ми се случи ова...„ , што значи целото негово семејство се крстиле и сега се православни христијани.


    Сега да те запрашам нешто.

    1. Дали овој случај е факт или фикција, дали ова не е воскресение, во ова време, во овој нов милениум?
    2. Ако Алах е Бог и Мухамед негов пратеник зошто Мајката Божја го сошила и ја побарала душата назад во телото на човекот, од самиот Господ Исус Христос?
    3. Зошто современата медицина сеуште не може да го објасни овој случај? Зошто еден лекар и покрај сите обиди на еден човек кој направил сообраќајна незгода и сите шиења не може да ја врати душата во телото?
    4. Зошто човекот умрел и како тоа повторно се вратил од мртвите жив?

    Сега ќе ти одговорам.
    Прво: За човек да воскресне потребно е прво да умре со телесна смрт (значи тоа е предуслов). Затоа што кога правеше компарација на Господ Исус Христос и Јона кажа дека едниот бил целовреме жив, а другиот мртов.
    Второ: Кога сакаш да цитираш не цитирај само некои цитати од Светото Писмо, прочитај малку по напред и малку поназад од цитатот за ја разбереш смислата.
    Трето: Најсестрински совет. Мислам дека треба малку да се преиспиташ. Во твоите претходни коментари кажа дека Мухамед го сметал Исус како свој брат, заради што бил добар, па оттука излегува следниот заклучок. Ако тоа е така и ако твојата вера е толку универзална и го почитува Господ Исус Христос, зошто тогаш ти го напаѓаш? Би требало и ти да го почитуваш, а и се што кажал Тој и секое негово дело? Зошто бараш само аргументи и цитати од Светото Писмо и постојано напаѓаш? Едноставо ако пишува дека Воскреснал, треба и ти тоа да го почитуваш и да знаеш дека Воскреснал? Каде ти е љубовта (ако не кон Исус) кон сите други?
    Едно ќе ти кажам, постојат муслимани што малку поинаку гледаат на овие работи. Почитуваат и посетуваат Цркви и Манастири. Пример, Воведение на Пресвета Богородица, Пречиста во Кичево. Таму постои чудотворна икона од Мајката Божја која ја посетуваат и муслиманите. Постои извор (во храмот) од кој си земаат вода за благослов и се помолуваат за она што сакаат (особено бездетните муслимани и муслиманки).
    Тоа и ми беше суштината на советот, да размислиш ако си вистинска муслиманка дека треба да почитуваш и нешто од Православието.


    П.С. Се работи за девојка или момче :^) ??? Барем да знаеме на кого му се обраќаме.

    Поздрав :) !
     
    На Стефанни27, Philippa, Miss.Ricci и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно, верник сум и верувам дека Исус навистина воскреснал!
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Само кратко ќе се изјаснам дека отворањето на тема со ваков наслов шири верска нетрпеливост, посебно кога е отворена од припадник на друга религија е и иритирачки. Не гледам овде простор за дискусија и нема да го бранам својот став со цитати од Светото писмо, бидејќи не чувствувам потреба да докажувам ништо се брани и напаѓа само виновникот или оној со нечиста совест и мисли, јас само ќе кажам дека денот кога ќе изречам „Христос воскресна„ ми ја полни душата со невиден мир и тоа не може ништо да го помати.
     
    На Стефанни27, Bright, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    ако очекуваше дека исламските верници ќе ти речат браво за темава, тогаш навистина се лажеш себеси, затоашто барем јас тоа нема да го направам, дури мислам дека си премногу арогантна.
    Блазе си ти што си муслиманка, остај ги другите нека веруваат во што сакаат, и не провоцирај, те молам, ќе си добиеш бан.
    Јас знам дека тука доминираат христијанките, знам дека можеби секакви прашања ќе ми поставуваат, или можеби некој пак ќе ме суди или ќе ме навреди (не дека тоа се случило, досега добивам почитт од сите во форумов, за што сум презадоволна и благодарна), ама не сум во форумов за да се расправам за тоа во што треба да се верува, или да не се верува.
    Ако си тука за тоа, те молам тоа направи го некаде друго.
    Не ми се верува дека дури имаш нерви за сето ова.
    Можеби си нервозна за тоа што се случи во таа другата тема, ама навистина претера, треба да знае човек како да се изрази, и јас таму напишав мислења, ама слушав и поставував прашања, никој не ме нападна!
    Зошто-затоашто бев стрплива, и се обидував никого да не навредам, жапче и интересна многу работи ми разјасниа (за што сум благодарна). Те молам не прави вака, ќе си добиеш бан. :worried:
     
    На fierce и senza.parole им се допаѓа ова.
  7. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    bujrum poveli baniraj sto cekas???????????????????
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. miss.ella

    miss.ella Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    навистина не знам која ти е целта со темата, а и целта со која си се зачленла во форумот. Убаво си се изјасни дека си верник, си веруваш во својата вера и тоа го почитуваме, нема потреба од вакви теми што провоцираат.
    Јас сум Христијанка и верувам во Исус, верувам во сите чуда што тој ги направил и нормално верувам дека тој воскреснал и оваа твоја тема сигурно нема да ме замисли дали тоа навистина се случило.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Шири ги твоите пропаганди на друго место...никој не се согласува со тебе како што можеш да видиш. Кога и муслиманите не се согласуваат со она што го велиш, крајно време е да престанеш со ова фанатичко пропагирање...А за банот, не се секирај, продолжи си вака и многу веројатно ќе дојде
     
  10. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Кој ти е проблемот? Верувај во што сакаш ,но не мора нас да ни проповедаш никој не го интересира твоето мислење тоа веќе е докажано во повеќе теми под итно на девојкава(или машко или транвестит или што и да е) и треба бан.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.