1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исус, Бог

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 2 ноември 2012.

  1. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Драги пријателки фемининки, би сакала да отворам едно важно и дискутабилно прашање за кое делумно некои го разбираа, други не го разбираат, трети го порекнуваат, четврти немаат изградено мислење за истото, петти не го прифаќаат итн.

    Дали знаете како Библијата ја опишува личноста на Исус Христос?

    Ние веруваме дека Исус е Син Божји и добро правиме. Така и Писмото вели, но исто така Исус Го опишува како Наш Бог. Со малку проучување погледнете што Бог ми откри:

    ЈОВАН 1:1
    "Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог" , побрзано со ЈОВАН1:14 " И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина, и ние ја видовме Неговата слава, слава како Единороден од Отецот".
    ЗНАЧИ!
    Словот стана тело, а Кој стана тело и е Единороден од Отецот? - ИСУС. Значи, ИСУС Е СЛОВОТО.
    Ајде сега да ја замениме именката Слово со именката Исус од од ЈОВАН 1:1
    "Во почетокот беше Исус, и Исус беше во Бога и ИСУС БЕШЕ БОГ"
    :)
    ИСАИЈА 9:6
    " Зошто дере ни се роди - Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе го наречат: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот ".
    :)
    TIT 3:6
    "...Исис Христос, Нашиот Спасител " , и поврзувам со ТИТ 3:4 " ...се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител и Бог " Значи Исус е нашиот Спасител, а нашиот Спасител е Бог.
    :)
    JOВАН 20:28
    " Oдговори Тома и Му речe: Господ мој и Бог мој!" A Исус не го прекорил и не му рекол само Отецот е Бог, не ми вели Мене Бог Мој.
    :)
    OТКРОВЕНИЕ 22:9
    "Но тој му рече: Стој, немој, зошто и јас сум слуга како и ти и браќата твои, пророците и оние што ги држат зборовите не оваа книга. Поклони Му се само на Бога " а во МАРКО 5:6 вели " Штом Го виде Исуса оддалеку, притрча и Му се поклони ". И овде Исус не прекорува за поклонувањето пред Неговите нозе.
    :)
    Имам уште многу стихови обележано, кои сведочат дека Исус е наш Бог. Нели е прекрасно откровение?
    ВИ СЕ ДОПАДНА ?
    ПОЗДРАВ!
     
    На ynboo, SeaMermaid, mimiiiii и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Мене искрено многу ми се допадна..ако не ти е мака,напиши ги и останатите стихови :)
     
  3. Borjana

    Borjana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Ние веруваме дека Исус е син на Господ
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Во Христовите објави преку пророкот Божји за денешницата Тој објаснува дека Исус не е Бог туку име на телото (зачнато од Јосиф, родено од Марија а благословено од Светиот Дух) во кое бил инкарниран Христос, синот Божји како што и сите ние сме синови и ќерки божји во Духот. Разликата е во тоа што Христос како првороден син Божји е со-управител на Небесното Царство, а по жртвата на Голгота го запрел процесот на отпаѓање од духовниот универзум(Царството Небесно) и станал единствен спасител и избавител на сите луѓе и души. Никој не се враќа назад кај Отецот(Бог) освен преку Христа.
     
  5. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Христос не е зачнат од човек!!! Христос е Бог. Ние не сме синови Божји ние сме створени од Бог. Има разлика помеѓу родено и створено. Христос е роден од Бог Отец пред сите векови. Потоа дојде на земјата, заради нас.
     
    На hermosa, Bojana.20, FARFELLA и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Значи, Бог се покажал пред сите во телото на Исус.

    Не се нарекува син Божји затоа што му бил дете на Бога, туку тој Исус самиот е негово олицетворение, Бог нам ни се покажал, помагал меѓу луѓето во телото на Исус. Последно што читав беше ова, бидејќи многумина се прашуваат сега дали Исус бил Бог, или постои некој што е над Него.
    И јас бев збунета, и баш кога се запрашав за истово, после неколку минути случајно наидов на видео во кое го има одговорот на моето прашање.

    Значи Господ Бог е Исус Христос, Него да му се молиме, во Негово име.
    Така јас знам..
     
    На VayaConDios и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Мислам дека „Симболот на верата“ добро објаснува за Бог.Почнува со верувам во,и пишува:
    Едниот Бог Отец,Седржител,Творец на небото и земјата,на се видливо и невидливо.
    И во Едниот Господ Исус Христос, Син Божји,Единороден,Кој е роден од Отца пред сите векови.Светлина од Светлина,Бог вистински од Бога, вистински роден,нестворен,единосуштен на Отца,преку Кого се станало;
    .........
    И во Светиот Дух,Господ,Кој живот твори,Кој излегува од Отца,на Кого се поклонуваме и го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел преку пророците;
    ......
    Светата неразделна Тројца Отецот,Синот-Исус и Светиот Дух,заедно го претставуваат Бог.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Па и тоа е суштината, самиот Исус и го зборувал тоа, дека преку него или односно во телото негово е Господ, па и кога се молел после Тајната вечера.Секако дека бил олицетворение на Бог, преку делата негови, преку проповедта Бог делувал.А се нарекува син Божји, бидејки Бог му бил татко.Оттука се разјаснуваат многу работи за тоа каде е Бог и дали постои или не.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Роден и Нестворен. Секта која базира на мислењата на обичен човек од крв и месо и од којзнае какков дух (оти не научи Христос да ги препознаваме нечистите духови!) и која ниту еднаш не го прочитала Символот на верата. Што има тука за изненадување..........
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Како тоа Исус не бил Бог, а во телото бил инкарниран Христос? Зарем Исус и Христос, се две различни личности? Како тоа по жртвата на Голгота го запрел процесот на отпаѓање од духовноста? Зарем не мислиш дека можеби и воопшто не бил запрен процесот на отпаѓање на духовноста? Дали сметаш дека со жртвата негова е само направена некаква позитивна промена од духовен аспект, а не запирање на процесот на отпаѓање на духовноста? Мислам дека не е баш така како што рече.
     
  11. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    24
    Исус е во нас, во сржта наша, во коските наши, во душите наши, во умот наш, го благословува секое битие на оваа земја.. :inlove:
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Немој да се мешаш и да чепкаш кај што не ти е место, а уште помалку да докажуваш што е а што не е точно! Ако си реален, ке признаеш дека христијанството е најстарата вера која постои, додека муслиманството е новокомпонована вера, која е појавува мноооооогу време после христијанството!

    Па така, верувај си во Алах твој, а ние во Исус наш!
    Секој со своето, а разубедувања нема!
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Една личност е секако. Христос е битието, душата која се родила во физичкото тело кое било именувано со името Исус. Но Христос постоел и пред да се роди како Исус, син на Марија и Јосиф. На пр. ти се „отелотворуваш„ на форумов како Gordana10 но си постоела уште и пред да настане форумов и тогаш сеуште не си го имала тој ник. Со доаѓањето на форумов ти си сеуште една те иста личност но си добила име плус.
    Не реков никаде „отпаѓање од духовноста„ туку отпаѓање од духовниот универзум. Духовниот универзум кој е составен од безбројни духовни соѕвездија е нашата вистинска и изворна татковина. Тоа бил и е еден совршен свет/космос кој еден дел од неговите жители пред бројни милијарди години го напуштиле поради желбата да се биде Бог самиот и да имаат свое царство, свој свет - свој космос. Симболично древните списи зборуваат за „протерување„ од рајот, заминување на Адам и Ева (тие се симбол за бројни машки и женски духовни битија, а не само 2 поединци) од рајската градина. Сосема постепено така настанал материјалниот космос, подоцна и материјалните физички тела во кои можеле и можат да се отелотворуваат душите за да живеат како луѓе на Земјата. Бог во тоа не се вмешал затоа што на сите свои деца им дал слободна волја.
    Поради отпаѓање-заминување од духовниот универзум и оддалечување од Бога, душевните тела на отпаднатите битија почнале да се замрачуваат. Божјата светлина - без која ништо не може да опстане - во нив светела сè помалку и помалку. Во еден момент, поради големата оддалеченост од Бога и божествениот начин на живот(живот според божјите закони кои се всушност наша природна состојба) се појавила опасност целосно да згасне. Доколку се случеше тоа, тогаш душите ќе се дезинтегрираа во безлична енергија - ќе прејдеа во ништавило. Доколку се случеше тоа макар со една душа тоа ќе предизвикаше ланчана реакција во целото создавање.
    За да се спречи тоа, Бог тогаш го испраќа својот првозсоздаден син, Христос да се роди како Исус од Назарет. Тој на луѓето им покажал со личен пример како да живеат според божјите закони и на тој начин повторно ја засилат божјата светлина во себе. Со жртвата на крстот, при изговорање на зборовите „Се сврши!„ пред околу 2000 год. тој во сите отпаднати луѓе и души ја всадил искрата на спасение - таа за физичките очи невидлива духовна искра се наоѓа во близина на срцето. Таа е еден вид духовно енергетска подршка која трајно оневозможува да дојде до распаѓање на душата, независно колку е таа грешна и оддалечена од Бога. Воедно таа е гаранција дека еден ден сите души ќе се вратат во изворната татковина, во духовниот космос - но кога ќе се случи тоа, секоја душа самата си одлучува за себе.
    Меѓутоа Христовата искра на спасение не го отстранила и не го отстранува дејството на сатанскиот закон на сеење и жнеење - законот на акција и реакција. Тоа значи дека тоа што човекот ќе го направи спротивно на божествените закони (неговата изворна природна состојба) доколку правовремено не го исчисти - преку спознавање на грешката, каење, молење за прошка и простување - порано или подоцна ќе вроди со лош плод (на пр. во форма на болест, судбунски удари и тн.) кај самиот сторител.

    Повеќе за ова може да се прочита во Христовите објави „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ и „Причина и настанување на сите болести - што човекот сее тоа и ќе жнее„ двете достпани и на македонски јазик.
     
  14. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    аабе луге, исус не е зачнат, Бог е едно а Исус другооо, Бог може да се каже дека е татко на Исус
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Ако Бог е Отецот (Таткото) на Господ Иисус Христос, тогаш како може да биде обичен Човек? Не. Господ Иисус Христос е Богочовек, кој во Себе ги содржи и Божјата и Човечката природа. Истовремено е и совршен Бог (како Својот Отец, преку Кого е роден пред и вон времето) и совршен Човек (роден во времето од Пречистата Дева Марија, Која немала свои лични гревови, но го носела прародителскиот грев, од кој се очистила во моментот кога рекла „Еве ја рабињата Божја“).
     
  16. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    па вака, имам читано такви книги едни луге што ни ги даде, знам дека пишуваше : дека Исус бил веке ангел, како Бог со создал, незнам, да владее со него, што ти знам. А за лугето да дојдат до знаење за целата работа, тој секако неможе да биде на земјата како ангел и да шета по улици :D и Бог го пратил како ЧОВЕК на земјата, секако преку Марија, да се роди , абе деца за овоа кој уште не знае а вие што си пишувата, тоа и баба ќе знае
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Самарџијата создава самари, плетачката создава блузи. Ама ниту самарот му е син на самарџијата, ниту пак блузата и` е ќерка на плетачката. Синови и ќерки се оние кои се родени од своите родители, а не кои се создадени од истите. Поради тоа што јеховините сведоци и адвентистите (саботјаните) го поистоветуваат Господ Иисус Христос, единородниот Син Божји и Слово (Логос) Божје со светиот архангел Михаил, тие не се Христијани.
    Христијаните веруваат во Пресвета Троица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Отецот е нероден и неисходи. Синот е роден од Отецот пред сите векови. А Светиот Дух исходи (излегува) од Отецот.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Фала ти Orthophill за ова, да не се повторувам зошто сосема се согласувам со кажаново, ама овие книги што му ги дали едни луѓе веројатно се некои сведоци... ;)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Што е важно која е прва, која втора религија ? Најважна е целта и целокупното вистинско учење (не она изменато и неточно). И Исус и Мухамед имале иста цел.
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Која е таа цел???
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.