Дали некој знае што треба да се јаде во бременост.Читав многу форуми секаде пишуваат различно.На пример јас секое сабајле пијам една часа млеко јадам зеленчук што не ми е баш по мерак хаха, пијам јогурти јадам сирење малце благо што сигурно не смее , пијам по 2 литри вода во текот на целиот ден,леб црн,овошје , месо варено.....итн Е сега во некои форуми пишува дека не се јаде риба,јајца,газирани сокови и природни овошни сокови а јас незнам каков е сокот ако не е овошен а некаде пишува дека природните сокови е убаво да се пијат само не густи ,да не се пиело млеко да не се јадело сирење што јас многу конзумирам ......дали некој знае што треба а што не треба јас стварно незнам веке како да се исхранувам . Мене докторката не ми кажа ништо само ми рече да не јадам многу благо.Друго ништо не ми кажа.И казете ми колку вода на ден треба да пијам бремена сум 8 недела. благодарам
Ќе си јадеш се, нема да се лишуваш од ништо. Балансирана исхрана е најдобра, со почести, а помали оброци. Мораш да внесуваш и протеини и масти и јагленихидрати, како и витамини и минерали за правилен развој на плодот. Не се препорачуваат премногу тестенини и благо за да се избегне енормното покачување на тежината. Не треба да се откажуваш од ништо, освен ако нешто ти се гади (нормално е ако чувствуваш одбивност према некој вид храна во првите три месеци) и те тера да повраќаш. Не се препорачува многу често морска риба и морски плодови, ама не се забранети, само ќе ги јадеш два до три пати месечно. Значи, што поразновидна исхрана и почести оброци (помали, секако). Полесно е така за да го избегнеш запекот што често се јавува при бременоста.
Масти и јагленихидрати како и витамини и минерали за правилен развој на плодот можете да ми објасните во која храна го има сето тоа Значи ако јадам благо по малку само е проблем да не сја зголемам тежината а за бебето е во ред така нели ? Благодарам
Во буквална смисла на зборот - ке јадеш се. И многу битно не се јаде за дваица туку толку колку што е доволно за тебе - една порција. Бидејќи сега сетилата ти се поизострени како и вкусовите нешто ке ти се јаде повеќе нешто помалку, ама пред се овошјето, зеленчукот и месото не се изоставуваат. Благо и слатки во умерени количини зашто после ке си имаш мака да го симнеш вишокот на килограми. Јас на пр. многу јадам благо ама ете додека бев бремена ич ама ич не ми се јадеше. Газираните сокови пожелно е ако можеш да ги избегаваш поради тебе зашто создаваат гасови. Вода колку што имаш потреба, уште си на почетокот од бременоста мада не мора да значи, некои трудници потечуваат од премногу пиење на течности (ама тука е др проблем па се пие магнезиум). Од 4-ти 5-ти месец како правиш месечни анализи на крв гинекологот ке го следи железото, протеините...бидејќи повеќе бебето влече од тебе и така ке ти потенцира што повеќе да јадеш.
Еве, се надевам ќе сфатиш што треба со пирамидава на исхрана. Од долу нагоре ти кажува што треба да јадеш и колку. И движи се повеќе, не да вежбаш премногу, туку пешачи, движи се, прави полесни вежби (сега не, ама после третиот месец можеш да вежбаш, и тоа вежби што се препорачуваат за бремени). Што се однесува до благото, ако во семејството имате дијабетичари, нема да јадеш многу, ама ако имаш желба не си го ускратувај. Тестенините и слатките не се препорачуваат во големи количини поради зголемувањето на тежината кое може да доведе до покачен крвен притисок и дијабет кај трудницата, што секако нема да биде добро за бебето. Витамини и минерали, освен преку исхраната, можеш да внесуваш и дополнително, во вид на таблети и слични суплементи.
Бремена сум 8 недела а вчера правев торта ( колач ) со рум со 22 % алкохол само за торти што е.Ставив одприлика пола шољичка за кафе.Тортата испадна голема колку едно големо правоаголно тафче како за баклава хахах.Јас иначе не пијам воопшто алкохол па ме интересира дали смеам да јадам од тортата ( колач ) затоа што сум бремена.Во неа нема јајца само рум ванила шекер вода брашно несквик и чоколадо. Поздрав
Нормално дека можеш да јадеш, зошто да не? Не се забранети јадењата во кои има алкохол. Само не треба да пиеш многу во текот на првиве три месеци, а после можеш и по половина, до чаша црвено вино. Нема штета за плодот од тоа.
Ај малку рифреш на темава Јас ги изначитав сите можни сајтови за исхрана на интернет. 99 % сум запознаена со правилна исхрана во бременоста. Главно,јадам се, овошје и зеленчук добро измиени во неограничени количини, јогурт,млеко и сирење обавезно во денот,чисто месо, јајце и риба како главен оброк еднаш во неделата. Внесувам и житарки како ужина, и обавезно грицкам малку бадеми или ореви како додаток.Од благо јадам малку сладолед или некој ред чоколадо. Избегнувам конзервирана храна, некои типови типови на риба, некои видови сирења ,газирани сокови, кафе и алкохол. Само не знам за што значи внимавање со сол? Дали треба да се избегнува сол воопшто да нема во хранта, дали се однесува на жени што јадат посолена и позачинета храна да внимаваат?Дали има некоја мерка колку сол треба да се внесе на дневно ниво? Јас почнав да готвам со минимални количини сол, или воопшто не ставам, па отпосле додавам по малку за да имам мерка колку сол ставам. Дали солта се однесува само на отоците, или има влијание на плодот?
Директно на плодот не верувам дека има врска, ама има врска со притисокот и отоците нели, па преку тоа и на протокот на крв во плацентата. А колку количински треба...па нема универзално правило, јас воопшто на пример не отеков, а најнормално сол јадев како и претходно. Значи, ако заприметите дека барем малце отекувате - намалете на сол и толку А да, и не мора многу течности, иако така препорачуваат - немојте безпотребно да ги преоптоварувате бубрезите, и онака се оптоварени од новата состојба. Се` нека ви биде умерено, и се` додека се чувствувате смирено, убаво и лесно - на добар пат сте
Е јас пијам многу вода, а сега посебно на жештиниве мислам дека да можам нон стоп би пиела. Порано си пиев вода, но толку не, сега ми се фаќаат обавезно по 3-4л на ден. Инаку далеку од тоа дека не е потребна водата, напротив многу е потребна за подобро развивање на мозокот на бебето. Исто така и лубеницата многу ја препорачуваат. Во однос на јадење, јадам скоро се, со исклучок на месо, во цела бременост дали имам изедено одвај 300гр месо, неможам едноставно и пред тоа не го јадев сега пак ич немам потреба. Затоа домати, сирење како луда јадам, а и маргарин до скоро, незнам зошто ми беше толку сладок, сега ми е малку криво што го јадев, ми се чини дека целиот целулит од него ми се направи Нема нешто што претходно сум јадела или не па сега да е обратно, стандард ми е се, како и претходно. Е да всушност, газирано не пиев , а сега многу ми се пие
Ако не јадеш месо, тогаш мора да имаш некаква замена со риба, јајце, евентуално пилешко месо ако не сакаш телешко и свинско? Колку што читав месото е неопходно за железо. Јас исто имам одбивност од месо,не можам секој ден, ама го јадам редовно во мали количини.
јас искрено јадам се како што јадев порано, пред да останам бремена со исклучок сега неможам да поднесам риба и сирење месо си јадам по малку, не дека многу го сакам, ама си јадам... овошје јадам повеке , ама на јогурт и патлиџани неможам да оддолеам, постојано јадам, и се ми се фаќа да јадам нешто цел ден, бидејки јадам на два сати некаде по малку
Риба цела бременост не сум каснала ниту еднаш, порано јадев, но сега неможам да јадам, јајца имам јадено (одприлика едно 15 јајца во бременоста и претходно не ги јадев нешто посебно). Инаку железото пу пу пу ми е екстра, во ниту еден момент не сум имала проблеми, постојано ми е на горна граница, веројатно го внесувам преку други продукти. Единствено ме загрижува што хемоглобинот почна да ми се намалува, на долна граница ми е. Но, се надевам ќе се среди, планирам утре да одам до пазар, да земам цвекло и да направам сок.
Ох јас пак си иамам баш проблем со храната, кога дознав дека сум трудна си јадев без проблем, најнормално значи како да не бев бремена, а сега веќе цел емсец и повеќе немам никако апетит за јадење, штом помислам на храна ми се повраќа и јадам од што знам дека морам да јадам, на сила, и тоа по 2,3 залака и толку па после 1 саат пак сум гладна па пак нешто каснам па пак сум гладна и така по цел ден, значи стварно не знам зошто така, ми е страв и за бебечето ак не се хранам доволно , овошје слабо ајдам, салата така така, е тее вцера баш крванта слика кога ја правев па супер ми е и железо и хемоглобин и се, нема потреба од дополнителни работи или апчиња да земам, др.е баш задоволен,а јас мака си мачам со јадењето, на зорт јадам не знам што да направам да ми се отвори апетит
Ич не се секирај, уште малку незнаеш каков апетит ќе ти се отвори. Уживај сега додека е така, после кога ќе почне бебушката да качува на килажа нема спас од зголемениот апетит.
Мислиш? Ја се плашам да не нешто не внесувам доволно како што треба па да му биде нешто на бебчето највеќе за тоа, а за мене не ми е гајле и цела недела да не јадам немам гајле таман ќе ослабнам некое кило
Ех сеа па и ти не претерувај со слабеење Само нема потрерба да се мислиш дали внесуваш се или не, он се си зимам од тебе. Веројатно пиеш витамини , фолна, така да немај гајле, таман му него, штом си напредува
јас имам мал проблем што некои работи што ги сакав најмногу да ги јадам сега неможам. На пример пред да бидам бремена јадев најмногу домати, крставици, зелка абе се од зеленчук, грав и лека ми беа омилени јадења, е сега јас ако јадам нешто од ова веднаш повраќам и добро ми е само од месо, значи ако не јадам месо мене ми е тешко, позитивно е што овошје можам да јадам па секоја ден се обидувам појадокот да ми биде лубеница, диња, праска, ако после за десерт пак јадам нешто од ова или овошен јогурт, и влезена сум во 16та недела и имам ставено 2кг, незнам дали е во ред ама мене ми е ок, а и на бебето како што гледам од контролите убаво си напредува.
Само да ви кажам, немојте да се држите до она, дека треба да јадете за двајца, напротив. Јадете во нормални граници, почесто, по малку, така ќе избегнете проблеми со желудникот, со столицата, ама и со повраќањето. Најважно е она што го јадете да не содржи празни калории, туку да биде квалитетно и хранливо, па и малку ќе врши работа.
Aу јас кога бев трудна,се јадев и ми беше гајле дали ке се здебелам или не. Cи велев и да не јадам многу пак ке се здебелам,зашто нели трудна сум Bо првите три месеци и не јадев баш,оти многу ми се повракаше и од се повракав,се секавам дека само шопска можев да поднесам и само тоа јадев Aма после Jадев многу Mекдоналдс,посебно оние мек фреш се секавам еднаш изедов три наеднаш и сладоледот многу им го сакав,онај со прелив од карамел и чоколадо,потоа пици многу јадев,значи воопшто не јадев овошје или зеленчук,сега си мислам како сум можела така да јадам и знам дека воопшто не одев во тоалет Aма за наредниот пат ке си знам,ке се трудам да јадам поздраво и вистина не јадете за двајца,не слушајте ги старите Mногу ме нервираше кога со сила те тераат да јадеш,ајде за бебето,ако не ти се јаде тебе,него ке му се јаде,тоа најмногу мразев A храна која треба да ја избегнувате е кикиритките,да избегнувате риба,да не јадете месо кое не е готвено како хот дог или салами,чајна,сирења посебно оние камемберт,брие,кофеинот и алхолохолот. Eте тие ми ги пишува во апликацијава,ме зачуди за кикиритките