Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 4 ноември 2010.

  1. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    a колку си поправена? и измери ли скриен шекер, ако не си обавезно мери
     
  2. heppymom

    heppymom Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    4 кила сум поправена,проверив на 20 скриен шекер ок си е се, и друго што приметив вие 2-3 дена ,како нешто да ме жеже горе меѓу гради :?:
     
  3. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    3.498
    Тоа што те жеже најверојатно се киселини, мене ми поминуваат со ладно млеко од фрижидер. Едно прашање дали знаете по колку грама или зрна брусница смее да се јаде во бременост.
     
    На heppymom му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Iviste

    Iviste Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    ајде малку да ја освежиме темава... Јас искрено дури и чувствував грижа на совест зошто само на почетокот кога дознав ја засилив исхраната со ориз со зеленчук и тоа брокула карфиол пиперче морковче и се што е потребно здраво и корисно, исто таква чорба со карфиол брокула морковче и кнедли, многу овошје поточно највише киви и мандарини. АМА после тоа одреден период немав мачнини и повраќање, ама пак баш ништо не можев да јадам, ништо, кон се имав одбивност, од се ми се гадеше, народски кажано јадев колку да преживеам ...а еве ме здебелена и бебуш машала наместо како за 11 недела тежинава како за 15та:D лекарката вика не се секирај си црпи резервви тоа ама сепак мора здрава исхрана. И сега откако го повратив апетитот настојувам и почнувам да се хранам здраво. Оризот со зеленчук неизбежен,кај здрав па и не сте свесни колку е вкусен, салати обавезно и зошто немав навика за јогурт и млеко да пијам вака решив од денес ке правам шеикови и смути. Само што се вратив од маркет и си купив банани замрзнати вишни јогуртче па првото смути ке ми биде тоа а утре за доручек планираам шејк од млеко банана бадеми или лешници поленово семе ленено семе мед. И да и риба купив па планирам да ја внесам ов исхрана иако претходно ич немав навика само за бадникова вечера :DИ така. :)
     
    На janickaskopje му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Мамички дали смее да се јаде риба скуша. Некаде читам дека може, дека не може , дека има жива.
    Дали имате информација, благодарам однапред
     
  6. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    мене докторката за риба ми рече да избегнувам морски риби, а скушата спаѓа во морските:)...затоа што може да содржат големо количество на жива...доколку сакаш риба пожелно е да јадеш слатководни риби,речни, мада некои трудници си јадат секаква риба тоа сепак е твој избор. Јас лично воопшто риба не сум пробала досега во бременоста ја избегавам, кафе исто непијам,алкохол ич, а другото си јадам како порано само што повеќе внесувам овошје и зеленчук:)
     
    На macunka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Јас си јадам секаква риба во бременост, пошто ретко јадам риба, може еднаш или два пати месечно, па сум јадела и скуша и крап и пастрамка и секаква риба и тоа не ми посметално во ништо.Кога се вели да не се јаде се мисли да не се конзумира секојдневно одреден продукт, а сум читала и ананас нетребало да се јаде и незнам уште што не, ама јас се си јадев се разбира со многу овошје и зеленчук и јогурт....Со лесно
     
    На macunka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Јадам се што ми се јаде.
    од производ што треба да се избегнува и да се конзумира со голема претпазливост е џигерот, жалфијата, ајдучката трева, нането.

    Во однос на рибата - дури и речна - не се препорчува повеќе од 1 порција неделно, заради тоа што кај нас нема начин да се испита дали телото е склоно на складирање на жива или други метали, за останата морска храна исто, најважно е да се гледа на рокот на траење зарад тоа што предизвикуваат многу тешки труења.

    Во првите три месеци додека се формираат органите се препорачува да се јаде храна која нема конзерванси и емулгатори.

    Во однос на млечни производи - моцарела не е дозволена и секако сирење и кашкавал од сомнително потекло. Да, пармежан се препорачува во умерени колични, но има други одлични замени на кашкавал добиен од термички обработено млеко - ги има во поголемите маркети.

    Дополнителен проблем од кој не може да се спасиме се пестицидите, и тие знаат да предизвикаат алергиска реакција и секако, грижа на совест. За да се заштитиме колку можеме, секое овошје и зеленчик со тенка кора се става да отстои во вода најмалку 3 часа. Во водата раствораме сода бикарбона и оцет или лимон. Потоа ги плакнеме, редиме во фрижидер и јадеме :)

    Во однос на алкохолот - нема минимална граница за количнина на алкохол - во мојот случај си дозволувам едно мало пиво 2 пати во неделата.

    И за крај најчестите алергени: мед, кикирики, јагоди - треба да се јадат во умерени колични - не повеќе од 2 порции неделно - како превенција од алергии на детето понатаму.

    Во основа, трудницата не треба да е испосник, односно ништо што ќе го проба еднаш нема да и наштети.

    Секако, доколку организмот и прифаќа најдобро е да внесува многу млечни производи, јајца, месо - најчесто црвено (најмалку 2 пати во неделата) и (за мое големо изненадување) маргарин и путер и секако вода.

    Извинете за долг пост - ама отрув со прашања кај докторката, матичниот лекар и кај нутриционист па да споделам - може некому ќе му е корисно.
     
    На mjay.yyy, Paka, aleksandricka77 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Фала Ви за исцрпните совети, навистина се корисни, сега останува само да се применуваат. Сигурно понатака ќе се појавуваат уште дилеми, но се надевам дека тука ќе ги разрешиме :)
     
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    А зошто не нане? Јас баш пијам нане чај, до две шолји дневно и тоа пиев и од еден што ми го донесоа од странство, баш јак, чисто органско нане...:?:
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.296
    Допаѓања:
    285.154
    Во текот на бременоста дозволено е само во мали количини, а уље од нане воопшто не е дозволено. Исто и за време на доење дозволено е само во мали количини.

    Можело да предизвика предвремен пораѓај бидејќи ја стимулира матката:?:
     
    На awl, joy1 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  12. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Бремена сум еве седма недела,со јадењето имам голем проблем,ништо неможам да јадам од се ми се гади освен овошке и зеленчук ама не може само со тоа нели, дали некој се има најдено во слична ситуација и како се справи со проблемот :(
     
  13. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Jadi toa sto ti se jade. Na pocetok taka e. Jas mirisav pred da skontam sto mi se jade pa dushkav se vo frizider :) period e, treba da pomine. Bebe si dobiva se od tebe makar jadela leb i sol. Bez grizi i so lesno.
     
  14. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Мене ми помагаше јогурт,лешници и бадеми и мусли,а исто не ми се гадеше ниту од пица:lol:Али доколку јадеш овошје и зеленчук немај гајле
     
  15. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Читам погоре несмеело мед да се конзумира. Сега отварам линк вика многу е здрав за трудниците http://www.yumama.com/trudnoca/ishrana-u-trudnoci/2961-med-vazna-hrana-za-trudnice.html
    Стварно незнам што е исправно? Јас си сркнувам по една лажича, со сила, на сабајле. Од друга храна си конзумирам како и што сум практикувала цел живот. Не сум многу по овошјето, ама ајде каснувам по некоја овоштинка неделно. Риба поретко, јајца поретко исто така. Повеќе ми се јаде месо и млечни производи со исклучок на млеко чисто. Од него ми се згади. Само осетив промена кон кафето и чоколадото. Во трудноќата неможам турско да ставам во уста, ниту кондиторски производи.
     
  16. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Za medot i jas znam deka e dobar da se jade a pomagal i vo macninite..
     
  17. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Алергените како мед, кикирики, ореви, јагоди треба да се кинсумураат во мали количини. Мноооогу сакам путер од кикирики но во бременост го јадев еднаш во неделата. Исто и со медот, но два пати неделно.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    А информацијава ти е од гинелоког ? Дека гледам по нет пишуваат поинаку. Јас со една лажичка сум насабајле. Има логика дека е алерген па ме фаќа страв.
     
  19. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Да, од лекар и од гинеколог. Се јади, умерно; алергени уште поумерено, џигер воопшто :)
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nevenask

    nevenask Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    i jas nasabajle rastvaram lazicka med vo mlaka voda, nekako ubavo mi doagja, a ne sum prasala da ne steti slucajno