Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 4 ноември 2010.

  1. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш сум била умерена во исхраната во поглед на разновидност... Буквално не се кратам од ништо.. Здраво, нездраво се додека е во умерени количини мислам дека е во ред.. Нормално повеќе гледам да си наметнам поздрави навики посебно во бременоста..периодов повеќе сум на салати, тестенини, месо.. Сакам и месеници но приметив дека имам киселини после :)
     
    На Emana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. majdaa

    majdaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2016
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Искрено до 7 месец внимавав што јадев после почнав да добивам желби за сендвичи и нездрава храна и си ја дозволував. Секој ден пиев цедени сокови мед со матичен млеч и се добро се заврши но за стара нова година имаше на трпезата диво зајачко месо ме предупреди мајка ми ако јадам дека бебушот ке ми спие со отворено очиња и јас се противев не верував во бабини деветини си се накркав мевце и сега еве го бебушот има осумипол месеци и уште ми спие со отворени очи некогаш . Се надевам нема ова да биде цел живот.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски
    Озбилно веруваш во ова? (facepalm)

    Јас не јадев зајачко месо, па еве, двете деца понекогаш спијат со отворени очи. Не е ништо страшно и да остане за цел живот. Не знам што е причината, ама сигурно не е од јадење зајачко.
     
    На iki26 и podravka им се допаѓа ова.
  4. majdaa

    majdaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2016
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Незнам искрено и помислив дека од тоа е дека и снаа ми јадеше и нејзиното спие исто така затоа ми влезе во глава
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски
    Нема врска јадењето зајачко. Останало од стари да веруваат во тоа. Буквално се бабини деветини. Инаку еве ти линк да прочиташ зошто е тоа така
    http://www.yumama.com/beba/zdravlje-beba/7490-kada-dete-spava-otvorenih-ociju.html

    И дај и на мајка ти нека прочита ;)
     
    На majdaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. majdaa

    majdaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2016
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е од тие со стари сваќања баш ке и кажам фалааа многу сега барем нема да се чуствувам виновна
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lea_85

    Lea_85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Бидејќи крвта ми е катастрофа...почнав од навечер да си подготвувам јогурт и мала лажичка семе од коприва, тоа го јадам веднаш штом ќе станам. На работа доручкувам варено јајце, маслинки, пршута, интегрален леб, кисело млеко и сл. За ручек гледам да имам било какво месо па дури и туна со мешана салата, а за вечера корнфлекс со млеко. Меѓу оброците по некое овошје, бадемчиња, блакце и кафенце.
    Тоа би било тоа :)
    Стартував со 50 кг сега имам 59 кг а сум 25+5 :)
    Па здравје по пораѓај ќе се фрлиме на вежбање :)
     
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.017
    Допаѓања:
    40.348
    Пол:
    Женски
    Суплементите за железо не се препорачува да се конзумираат со млечни производи. Така да семето од коприва со јогурт нема баш ефект. Направи си микс семе од коприва мед и лимон.
     
    На Lea_85 и joy1 им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    39.723
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам какво млеко користете? Јас 3 месеци воопшто не пиев, не го сакав, ама во последно време ме фаќа стрв. Си земав од еден комшија домашно козјо, го сварив и сега го пијам со мед, не мириса и многу е поздраво од кравјото. Не сакам да пијам тетрапак, разредено е и не е толку хранливо.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. podravka

    podravka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2015
    Пораки:
    1.211
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Ic ama ic ne pijam mleko Abe ne go mozam a znam deka treba
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Jas ne mozam da najdam domasno, i celo semejatvo pieme tetrapak najcesto Bitolsko so vitamini sto e, Alpsko ili Zdravje radovo. Od istive i na malata i davam.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас порачувам домашно. Ако сакаш можам контакт да ти дадам. Супер е млекото. Приватна фарма за козјо млеко :)
     
    На podravka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ej super togas. Pisi mi broj pa ako uspeeme da se dogovorime
    Thanks :*
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    078633651
    Носат до дома, мислам 3 пати во неделата. 1,5л млеко е 99 денари. Јас веќе 3 месеци само тоа земам. Млекото воопшто не мириса. Внуциве мои кога пробаа ништо не искоментираа, не ни приметија дека е "друго" млеко :)
     
    На podravka, joy1 и iki26 им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    219.397
    Пол:
    Женски
    Не можеш не можеш.
    И без млеко се може :).
    Мада секоја трудница е индивидуална може сега не сакаш а подоцна ќе ти се допаѓа.
    Вкусовите се менуваат во бременоста.
    Имав периоди кога јадев едно нешто секојдневно па за една недела ми одминуваше истото па се навраќав за нешто друго и се така во круг.

    Важно е да се јаде колку се може поздрава храна :)
     
    На kukla21 и podravka им се допаѓа ова.
  16. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    И јас воопшто не пијам млеко, а ни јогурт. Знам дека треба ама неможам. Цел живот не сум пиела на почетокот од бременоста пробав со сила ама не успеав ми се гадеше.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас обожавам млеко!
     
    На Ana121212 и forumce им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    За млеко, најубаво домашно. Тетрапак не би препорачала, бидејќи е само прашок. А ако можеш козјото да го пиеш уште поубаво. Најздраво е.
     
    На forumce и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски
    А зошто да треба млеко? Јас еве, без млеко поминав две бремености, јогурт само пиев, и тоа повремено. Се' додека исхраната е разновидна не е проблем ако не пиете млеко. Јас сосема го исфрлив млекото од употреба, не ми годи.
     
    На kiki_riki, podravka, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Цело време си мислев дека на бремените жени им е дозволено се да си јадат, а сега само читам ова забрането-она забрането, главава ми бучи.

    Ај ако може некој накратко да ми наброи што е забрането да се јаде? И исто така што е со чајот?