Ништо не е забрането за харанење, нормално се додека имаме ред и граници на нормала. Сите препорачуваат претежно здрава исхрана и тоа е нормално за сите луѓе не само кај бремените но не е грешка понекогаш и да се потфрли но само тоа да биде некогаш а не секогаш. Не се препорачува ананас и урми многу често за употррба бидејки содржеле нешто што го омекнува грлото на матката но и тоа не е забренето и може да се јаде понекогаш. Чаеви се препорачуваат освен овошните неовошните да се консумираатн не често и секојдневно. А некој ако има икс здраствени проблеми и му рекле да не консумира одредена исхрана тоа е друга работа. Не знам кој ве наплаши и забрани да јадете но тоа е чиста заблуда дека немало што да се јаде и не требало да се јаде!
Се консумира да, но од шоља на ден не повеќе. Кога зборуваме за билните чаеви бидејки со прекумерно нивно користење биле можни појави на контракции. Сите овошни чаеви не штетат и се пијат кога сакаме и колку сакаме освен овие слични што се нане односно од билки.
Да се надоврзам си правев цеден сок секој ден али ставав и малце ѓумбир и ми кажаа дека предизвикува контракции.
Јас па имам една апликација на телефон и ми вика да пијам цитрусни сокчиња затоа што биле добри за фолната киселина.
И јас имав слушнато за тоа со ананасот и што содржел и што можел да предизвика.Всушност, треба да изедеш 7 ананаси за да дојде до тоа.Глупости и бабини деветини. Па и 5 краставици или портокали цели ако изедеш нормално дека ќе ти се слоши иако се здрави. Се треба да биде умерено. За чаеви се препорачува овошни особено брусница, но јас го прашав докторот дали смеам да пијам чај од коприва поради крвта , рече дека можам. Единствено незнам за циметот и ѓумбирот и за нив ми имаат кажано дека не се препорачуваат во бременост.
За ѓумбирот имам читано на една страна дека се користе за намалување на мачнините во бременост, а после тоа прочитав па да не се користе во поодминати месеци оти може да предизвика контракци. Јас мислам се што е во умерени количини е нормално.
Мене па докторот ми препиша таблети Антиметил на база на ѓумбир за мачнините. А на почетокот пиев понекогаш и чај од ѓумбир ама не ми помагаше. Јас мислам дека не треба да се претерува само, се што е умрено е ок.
На пример повеќе видови на риба и морска храна заради присуството на жива треба да се одбегнуваат, меките сирења како крем сир, фета, brie cheese, непастеризирано млеко и сл. За ѓумбирот исто незнаев, а јас пијам ѓумбир на дневна база, затоа си прашав.
Јас само гледав на секоја опаковка од млечните производи( павлаки, сирења, кремови, кашкавали) дали е од пастеризирано млеко.
Исто викаа и за моцарела. Ама уствари битно е да е од пастеризирано млеко. Кај нас ретко има производи од непастеризирано млеко. Дури и урдата што ја препорачуваат сите доктори е исто од пастеризирано, а по дефиниција би требало да младо сирење од непастеризирано. Читај си ги етикетите и слободно конзумирај си. И за чајот од ѓумбир јас читав дека е добар за мачнини. Сепак се се сведува на умерено конзумирање на продуктите.
Јас во текот на овие 9 месеци заклучив две работи. Дека во странство тоа што е препорачливо да се јаде, во Македонија е забрането, пример ѓумбирот. И дека ако буквално од се внесуваме умерено нема да има апсолутно никаков проблем. Да споделам и моја случка. На видеа на јутјуб гледав за полесен пораѓај да се јаде ананас и пред неколку дена така си купив и изедов една четвртина. Си викам да влезам да на гугл да видам што пишува и читам на македонски најлоши работи, дека може да предизвика смрт на бебето, дека содржел нешто што порано се користело за абортус и други лоши работи. Леле кога ми се слоши мм вика одиме одма во болница јас викам не сакам. Мислев при крај сум. Ама касно беше и двајцата бевме утепани преморени и сме заспале. Па уште не знам дали е до психа ама претпоставувам. Додека не прочитав ништо не ми беше.
Да веше вистина дека некоја храна може да предизвика такви работи, ќе беше строго забранета во бременост Јас знам само месото и јајцата да се добро обработени, затоа што има ризик од бактерија, и такви некои сирења, за крем сирење не сум знаела. И да не се претерува со билните чаеви. И некои врсти на риби што содржат жива. Ама ништо строго забрането. Абе и порано можи вака му ја мислеле како ние, па еве сите живи здрави сме
Порано немало кај да прочитаат како нас па се си јаделе и биле ем помирни психички ем поздрави. И јас додека не почнав да читам се јадев, па откако почнав од страв избегнувам некои работи. Па здравје ќе видиме краен резултат, се ближи пораѓај. Инаку мене матичниот ми рече само да избегнувам леб и тестенини, друго ништо не спомна. Јас јадев и тоа ама ми создаваше киселини па ги избегнував сепак.