Малку офтопик сум, ама нека бришат модераторите ако сметаат дека не е во ред. Точно е тоа дека храната не е иста како пред многу години, нели, и немаат сите среќа да јадат непрскани овошје и зеленчук од бавча, да пијат домашно млеко и да јадат јајца и месо од животни кои сами ги одгледуваат. Според мене, исхраната и здравиот начин на живот е многу побитен од тоа жената да зема пренатални додатоци, а има лош квалитет на животот. Замисли некоја што пуше, а зема додатоци во бременос. Која иронија. Од една страна му даваш потребни витамини и минерали на фетусот, а од друга страна го труеш. Можеби е лоша споредбата, ама на тоа ми текна сега. Не знам зошто докторот не ми даде пренатални вит. и минерали да пијам. Имам познаничка која година и пол се мачат да забременее, а има редовна менструација, па истиот доктор и кажал да пие премама или фемибион, не знам точно кои. Јас останав бремена од прва, мм само што си дојде од странство, а многу нередовен циклус имам, лани само 7 пати во текот на годината ми дојде. Не знам можеби и тоа има врска.
Таман работа да не се храниме здраво. Само сакав да кажам дека сметам дека нема доволно хранливи материи во овошјето и зеленчукот. за пренатални слободно можеш да си земеш на своја рака ако сакаш. Можеби докторот изумил. Во секој случај твоја одлука.
Каде да најдам чај од брусница меѓутоа да има поголем процент на брусница? Сите чаеви имаат мал процент и се мешавина со хибискус и друго. Урината ми доби чуден мирис, не знам дали е нормално, но некако касно е да правам уринокултура 39та недела сум во секој момент може да се породам па сакам да пробам природно со чајот. Претходната уринокултура ми беше стерилна, но ете сега се сомневам да не имам нешто поради чудниот мирис.
Да ве прашам што знаете за чаевите, бидејќи не сум љубител на никакви сокови па често пиев чаеви порано. После ин витрото престанав, зошто имав начуено дека не се пијат сите чаеви во бременост, ајде за некои чаеви ми е логично да не се пијат во бременост пошто тревите се користат и како лекарства, но не знам кои, па си гуглав и прво што ми излезе е дека генерално ниту еден чај не е препорачлив во бременост, иако во мали количини може да се пие чај од нане, но пиење во поголеми количини од било кој чај може да наштети за време на бременост. Што мислите и знаете вие?
Јас секое сабајле пијам чај. Некој спомна тука дека е проблем да се пие билен чај, па се префрлив на овошни. Ова дур не прашам гинеколог. Мислам се што е умерено не е штетно, ама внимавам дур не ми каже докторот поинаку.
Не дека не можам без чај, можам и само вода да си пијам, ама некогаш душичкава ми бара друг вкус не сум го прашала докторот, не ми текнало, баш ќе се консултирам, зошто на интернетов не му верувам 100%
Мислам дека овошните чаеви не се забранети, поради тоа што немат некој терапевтски ефект, за разлика од билните. Сепак 2-3 чаши не се многу. Имам читано дека може да се пие чај од ѓумбир и нане, оти ги ублажуваат мачнините. Секако не да претеруваме, се што е во умерени дози не е штетно.
Дали јадете урми? Јас некаде читав дека се добри за раст на плодот, јадев суви, вчера начекав свежи во кам оа купив такви. Сега пребарувам најдов статија каде пишува дека помагале за полесно отворање на грлото на матката, т.е.се препорачувале последните недели пред термин 6-7 урми за полесно отворање
И јас имам читано дека урмите го омекнуваат цервиксот и се препорачува да се јадат пред пораѓај за полесно отварање и затоа не ги јадам. Имаше и една феминка кажуваше дека полесно се породила а јадела многу урми пред тоа.
Урми си јадам кога ќе ми текне, по 2-3 дневно, не повеќе. Јадете ли во сендвичари и слаткарници? Јас кога сум излезена во град ми се случува да купам сендвич или тост, но без мајонез. Избегнувам брза храна, некако шубе ми е, не знам како ги чуваат намирниците, да не закачам некоја бактерија, ама случе се да ми се пријаде и да си купам.
Јас си јадам редовно и сендвич,тост, пица. Јадев и пред бременоста и сега па досега не сум видела мака.
Јас имам проблеми со исхраната во последно време, се само на фаст-фуд ме тера и нездрава храна. Пред бременоста многу избегнував брза храна ама сега немам избор, од другава храна или ми се гади или пак го имам оној метален вкус во уста и пак ми се гади и јадам или многу благо или пак таква зачинета храна. Исто и водата ми е многу гадна, а жедна сум и морам да пијам сокови. Имам грижа на совест
За урмите.. Матичниот ми ги препорача кога ми дојде термин да ги јадам,го омекнувале грлото на матката,па дневно по едно кесенце јадев од оние без семки. Имам чуено дека ананасот не е убаво да се консумира,наводно контракции предизвикувал.
И јас секојдневно јадам брза храна( хамбургер, тост, ладен сендвич, француски...) досега се е во ред. Во 07:15 јадев павлака со краставица и лукче ( ќе гледам да не зборам со никого 2 часа ) И една кришка тостиран леб. За на работа зедов една кива и јаболко тие после 9:00 часот ќе ги јадам. За ручек некое лиснато кифличе колку да не седам гладна,дома ќе правам летна манџа,( пиперки, домат, лукче и сирење) моето најомилено јадење. За вечера може пица да нарачаме, ми текна @kukla21 имаше пред некој ден нарачано.
Мене па ми ги препорача докторкат да ги јдам по 10ина дневно ради тоа што стомачето му заостануваше една недела според мерките. Којзнае дали имаше ефект, ама 10/10 доби на раѓање
Бев вчера на предавањето во систина. Дебелеење е од неправилна исхрана, а не од количина што се внесува. Доручек треба да се јаде - маст, млечно и јаглени хидрати. Леб никако бел. Никако денот да не се почнува со овошје. Оброкот треба да биде обилен и да не држи следните 4-6ч. Ручек - се внимава скробно да се избегнува и не се јаде со месо (компир и месо никако бидејќи месото не може да се свари. ова важи и за ориз.). Скробните продукти да се јадат ретко и само со салата. Друго може се. Се конзумира обавезно салата. Вечера - протеини. Млеко не треба да се пие, ама затоа ферментирани продукти (јогурт, кисело млеко) треба да се внесуваат заради нормална цревна флора. Овошјето да не се цеди, цело да се јаде или ако не може така, тогаш да се блендира. Со цедење влакната од овошјето се филтрираат и се пие всушност само шеќерниот дел од овошјето. На кратко ова. Мислењето не е за тука, ама оваа тема е поактивна - за кратко ќе го префрлам во исхрана во бременоста.