Хм, ме интересира зошто млеко не смее да се конзумира. Да не е поради мастите? Или поради тоа што може да не е доволно стерилизирано?
Не кажа да не се користи, туку дека нема корист од него. Ензимот кој сме го имале во телото за обработка на млеко го снемувало со навршување на 4тата година од нашиот живот. Така да, нема некое фајде од него. И јас многу сакам и пијам млеко Дур не сум заборавила за железото. Го имало во две форми - едната во месните продукти, а другата во продукти од растително потекло (коприви, спанаќ и сл.). Телото многу полесно ги врзувало оние од месото. И да јадеме кисели продукти уз мевцето, за да се врзе (зелка на пример )
Јас па во една книга за исхрана во бременост прочитав дека треба да се пие по литро млеко секој ден заради калциум и фосфор.
Сусамот и спанаќот содржат многу повеќе калциум што може да се искористи во нашиот организам отколку млекото. А од млечните производи најбогата со калциум е изварката.
Јас па ич не се ограничувам во однос на ова смеам, ова не. Се што ми сака душичката си јадам, се што ми смета ми кажува самиот организам и прекинувам со истото. Не конзумирам многу месо, некако не ми е по кејф, практикувам чаша млеко дневно, ете и постев без масло една недела па пак железото ми е 22. Кисело, солено на тон би изела , на работа сум со пециво и јогурт и претежно тестенини јадам дома. Незнам дали има врска и тоа што сум физички активна на работа цело време ама на сето тоа јадење сум 5/6 кг +. Така да јадете си се што е во нормални количини.
Вчера баш ја прашав докторката за тоа што читаме по интернет смее / не смее. Рече , апсолутно ништо не е забрането да се јаде , јади си што си сакаш, и нормално да не се претерува со ништо. Значи ако има забранета храна прво што ќе потенцира докторот на трудница е што не смее да внесе во организмот. На мене ми беше најмногу за туна и ананас, ананасот ми е свеж и вкусен , а туна салата со краставици и лимон ми е многу вкусен доручек. Единствено рече да се припазува на сувомеснато затоа што не знаеме на колкава температура е термички обработено, и општо не само во бременост.
Мешиња ај споделете како го приготвувате зеленчукот... На кој начин е поздрав да се јаде? Пример брокула, тиквички, моркови... Пржени сигурно не е здраво, Печени или варени? И напишете некои ваши комбинации од зеленчуци, и колку често конзумирате? Да ми дадете некоја идеја да се хранам и јас поздраво
@orhideea зеленчукот ми е најубав издинстан.Имам тавичка од Делимано со стаклен капак и дупки низ кои кружи воздухот и омилено ми е брокула , морков и пченка.Дури и за многу кратко време ги омекнува а вкусот и мирисот остануваат.Еднаш една повозрасна комшика дојде кога за на маса сервирав од ова и многу и се допадна што вкусот и мирисот на зеленчукот беше интензивен. И компир имам динстано, а кога треба и месо, за зачудувачки многу кратко време се готови. Можеш и тиквичка и било каков зеленчук на овој начин
@kukla21 на ниска температура само тавичката , зошто знае да се оштети. Јас прво вклучувам на 4ка а потоа на 3ка или 2ка, зависи. И за динстање ми е најубавата работа што сум ја купила.
@orhideea Еве ти некои предлози. Брокулата ќе ја ставеш малку да се свари, после ќе ја спремаш како за поховање, но нема да ја пржеш, туку во намрсена тава или во тава со хартија ќе ја ставиш да се пече. Исто и карфиол на тој начин може да се спрема. Вкусно е, не е ич мрсно и е погодно за вечера.Брокулата во супа можеш да ставеш, заедно со морков, пашканат. Само не треба многу да се варат. Тиквички исто можеш поховани да ги правеш, печени не пржени. Свеки праве едно јадење со тиквички, многу вкусно. На тркалца се сечат, се валкаат во брашно и се ставаат во намрсена тава да се печат.Кога ќе омекнат им се става изматени јајца 2-3 одозгоре и пак се враќаат во рерна. Во загреан зејтин се става малку лукче да се пропржи и една лажичка црвен пипер. Кога ќе се испржи тоа се додава врз тиквичките и јајцата, и се враќа назад уште 5 мин. Друго, се печат во рерна или на скара пиперки, домати и модри патлиџани. Кога ќе бидат готови се сечкат на ситно и мешаат заедно, им се додава сол, загреан зејтин и по вкус лукче. Со сирење ќе се утепаш јадејќи. Кога печеш месо во тава во рерна, стави му околу парчиња компири, моркови, кромид на четвртинки сечен, може и печурки. Најдобро е свежо. Салатите нека ти бидат секојдневно на маса. Зелка со краставички, магданос, ротквици, марула со младо кромитче, шопска, мешана со морков, цвекло. Летоска има многу свежо овошје и зеленчук за комбинација.
Фала мешиња ќе пробам обавезно, Морам секој ден да јадам барем по малку зеленчук, Овошје не сум јадела често ама ќе се трудам, сега му порачав на мм банани и брокула да ми купи , ќе каснам за вечера. И јас денеска си ги испржив тиквичките Требаше да ги испечам, другиот пат. Нема повеќе пржени.
и ние обично тиквички и модар домат насецкани на грил тавче, само премачкани со маслиново и зачини ги запекуваме. прсти да излижеш. Мислам дека и брокула и други зеленчуци би биле одлични приготвени на овој начин. Истото мислам и во тавче на хартија па во рерна дека би се поситгнало.
@orhideea Јас ги јадам свежи во салати. Правам секакви комбинации се што ми се нашло дробам и јадам омилена ми е марула, краставица и роквица. Краставицата знам и така да си ја земам и јадам. Исто така и овошјето практикувам да го јадам свежо, а некогаш правам смути комбинирам свежо со замрзнато. Сега следи период кога се ќе можеме да најдиме свежо. Одвај чекам праски,кајсии.
Дали смее афион да се користи во бременост ми се пријаде еден колач со афион и се мислам дали да го правам утре