Јас сум од онаа група која не јаде благо.Пред да дознаам дека сум бремена изедов 300 гр.милка во еден ден,обично стои со месеци и потоа го фрлам.По тоа знаев дека има нешто.Таа желба за благо исчезна по една недела после тестот и сега воопшто не каснувам,можеби еднаш неделно,а овошје си сакам и јадам.
Мене шеќерот ми е на долната граница. Да ве прашам мешиња, имам читано дека жените кои носат женски бебиња повеќе сакаат да јадат благо, а оние кои носат машки солено. Ајде кажите свое искуство.
Нема врска. Двете ми се машки, со првото немав посебно изразена желба за некое јадење, со второво умирав за благо и тесто (месено, сукано, паста). Не е до полот, не знам што би можело да влијае, ама можеби нивото на хормоните игра улога. Со второто се породив во септември, цела пролет и лето салати јадев, се пазев да не накачам многу кг. А ми се јадеше благо ненормално. И 9 месеци после породување ми се јаде премногу, ама премногу, никогаш не сум имала толкава желба, барем не паметам. За среќа, се контролирам.
И јас ќе ја побијам тезата. Носам машко, а имам желба за благо. Не нешто изразено исто како и пред бременост, ама си каснувам, Инаку за рибата јас читав. Никаде не пишува дека е забрането. Треба само да се внимава каков тип на риба се јаде. За да сум на сигурно јадам наша - пастрмка која спаѓа во безбедни. Дури ни туната колку што јас читав не е забранета, само да не се претерува. Еднаш неделно не е страшно (иако по сајтовите пишува два до три пати), зависно дали е свежа или конзерва. Мене во бременост, единствена разлика во желбите во исхрана ми е само поголема желба за овошје и зеленчук која претходно ја немав. Јадев ради реда, зошто нели здраво е и треба да се конзумира, а сега оргнаизмот ми бара сам.
Пoследнaвa неделa мнoooгу ми се јaде .. Апетит oгрoмен имaм a сум 19+1 aкo терa oвa дo 40тa неделa вaкa ќе биде веселo
Јас риба само речна јадам, мрена ли како се вика не знам. Ослич, лосос не сакам ни да мириснам, а од конзерва ептен ретко.
Риба смееш лосос, пастрмка и сардина. Конкретно јас ја исфрлив рибата од употреба целосно за секој случај. Ако ептен многу ми се пријаде, секако ќе си дозволам едно парче, но вака не.
Јас риба јадев доста претходно, сега не ми сака душава. И мирисот ми смета. А убаво е да се касне бар еднаш неделно. Ај се надевам фаза е
Исто и јас. Риба јадев многу, а овошје едвај. Сега обратно, цело време овошје, среќа па лето се погоди, имаме избор
Се што е умерено е дозволено во бременост. Јас се си јадам што ќе ми се пријаде ама секако дека не претерувам. Туна само два пати ми се пријаде и си јадев со салата. За мајонез прв пат слушам, Надвор од дома не е препорачливо бидејќи незнаеме како е чуван и колку е стар и плус сега е жешко времево. Марулка во ресторани не јадам бидејќи незнам дали им е измијана. Швепс ми се припи и си купив вчера од 2 чаши ништо нема да биди. Исто и Ананас јас не јадам ама читав дека треба да изедеш 6-7 ананаси дневно па да има ефект тоа што го содржи ананасот за омекнување на грлото. И јас носам машко и благо јадам малку повеќе од пред да забременам ама исто и кисело и солено, мислам дека нема врска тоа кај секоја е различно.
Здраво девојки ме интересира дали смееме да пиеме боза во тек на бременоста? Читав на интернет ама се бугарски сајтови и викаат дека може , за коските била добра и има железо, некои витамини итн...
Јас избегавам и поретко пијам заради шеќери. Генерално сокови воопшто не пијам. Или вода, кисела вода, понекогаш пивце и ретко цедевита. Кока кола само ако ептем ми е зашеметена главата. А инаку летно време вода и цедевита секогаш ми биле основен пијалок.
И јас немам посебна желба за благо. Со синчето стварно огромна желба за кисело имав... по цел овал салата мешана со 5 кила оцет јадев хахаха А сега исто како тебе многу сакам овошје, ако ми се пријаде паметот ми оди во сочно овошје (среќа не ми оди во хамбургери)
Здраво на сите, Би сакала да ве прашам со врска со исхранава, иначе утре влегувам во 17та недела, поминаа мачнините се вратив во нормала, првите 3 месеци изгубив 3 кг, до сега вратив 1,5 во врска со исхранава навечер не можам ништо да јадам освен салати и овошје, не ми се јади мислам јас таква сум од секогаш не само сега, прашањето ми е дали е доволно само салати и овошје за вечера или не е? п.с. Со бременоста и бебето фала му на Бога се е во најдобар ред убаво напредува како што треба. Поз до сите kisses