1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 4 ноември 2010.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Да кикиритки не се препорачуваат поради можни алергии кои би се пренеле на бебето, јас така имам прочитано. Инаку за месо, не смее никакво ако не е убаво запечено, пржено, да не е полуживо нормално. За сирење посебно не младото, ради тоа тровањата кои може да ги има, а риби имаше неколку вида кои треба да се избегнуваат меѓу кои и туната(како по застапена кај нас).
     
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    а дали сте знаеле дека исто така во бременоста не смееме да јадиме ананас? Јас пред некоа ден дознав, оти ананасот содржел некои киселини, што порано ги користеле за абортуси, а во денешно време ги имало во антибеби апчињата :?:
     
  3. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Сигурна си за ова?!? Прочита некаде или ти кажале?
     
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    со другарка ми и двете сме во исто време бремени, ама имаме различен лекар, и нејзината лекарка и кажала дека сега е актуелен и анансот го има многу кај нас, да не се излаже да касне дека воопшто не бил убав, и кога јас ја прашам мојата лекарка ми го потврди тоа.
     
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    14 недела сум и искрено до пред некоја недела не ми се јадеше нешто баш посебно а и не чувствував некој глад, е сега имам и вишок килограми и Димчев вака ми рече немој да буташ што да е во уста и немораш да се форсираш со трипати на ден јадење со две ужини , јади си нормално се само избегавај теста тестенини и благо што повеќе можеш, не дека не смееш да јадеш само пази од причини што не е естетика во прашање него поголема килажа може да створи потежок пораѓај. Е јас си јадам се не се форсирам нешто многу со зеленчук и овошје значи јадам салатка и овошје ама нешто да водам евиденција што и како не . Се уште се немам здебелено ни грам а камоли кило, па се надевам дека до крај ќе ја попунам дозволената квота :) Димчев рече за жени со поголема килажа од дозволената (јас имам едно 20 плус од она што треба да имам а сум 170 имам 80) дозволена килажа во бременост е од 6 до 11 кила максимум. Така да не му ја мислам многу а стварно избегам теста и благо колку што можам повеќе.

    поздрав до сите мамички
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас сум 15 недела, сеуште немам ни грам ставено, иако јадам повеќе. Меѓутоа го сменив типот на исхрана. Исфлив пити, банички, пица, гевреци, сендвичи и било какви други брзински варијанти и се ориентирав на овошје,јогурти, житарки и останати конкретни хранливи работи.
    За ананасот, исто некаде читав и за грејфурт дека предизвикувал контракции, незнам некаде магдонос дека не бил во ред и други зеленчуци... сигурно во нормални количини не се штетни, туку напротив се полни со витамини. Ананасот може да е штетен евентуално ако јадеш секој ден по 3 пати, инаку во цела бременост ако пробаш не верувам дека може било како да нашети. Ако е така тие со несакана бременост, ќе јадат ананас цел ден и ќе абортираат.
    А за риба иако се препорачува 2 неделно, со оглед на тоа дека сите се полни со жива, не само морските,конзервите туку и сите товени риби што ги чуваат во рибник, подобро е да биде сведено на минимум. Бидејќи не верувам дека во Македонија некаде продаваат свежа дива риба извадена од сред море или изеро.Инаку последно што читав дека зголемено количество на жива е причина за појава на аутизам кај деца.
    Пред некое време најдов дома една книга во време на Југославија сите мајки што ги имаа, Ваше бебе и ви, некако така се викаше и читам за исхраната и се чудам. Пред 30 години како најхранливо и најпрепорачливо на мени за мајки пишуваше џигер, а сега се препорачува џигер воопшто да не се јаде, бидејќи со готвењето ги губи сите хранливи состојки, а ги задржува сите токсини од организмот. Кога ќе видиш, којзнае за 30 години што ќе измислат.
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    ии нависитна ти се восхитувам ;) и јас јадам овошје , јогурт пијам по еден килограм на ден, ама неможам без геврек можам 2 да изедам наеднаш.... инаку си јадам секакви пецива, мислам неможам да си замислам без леб :?: и да пооравена сум некаде 5 кг ама не се замарам многу, мислам дека како и да е пак ке се здебелам таков ми е организмот, цел живот внимавам на исхраната, затоа што се се лепи на мене :D
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Џигерот не се препорачува и поради големото количество со витамин А, кое може да биде штетно за плодот.
    Инаку грејфрутот никаде до сега не сум прочитала дека е штетен и јас до пред месец време се убивав од пиење сок од грејфрут, ми помагаше и за тврдата столица. Со оглед на ова гарантирам дека не е штетен :)

    За пецива , банички да бидам искрена само тоа и благо би можела нон стоп да јадам, друго ништо немам апетит, и не ми е примамливо.

    Јас веќе престанав да се замарам со килажата , неможам и со тоа да се оптеретувам, вака кога се гледам во огледало не изгледам лошо, единствено што сум трудно си имам стомак, малку сум заобленка, со многу течност во телото, од која ме боли секој допир на кожата :^)
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Труднички муабети

    Абе трудна работа, телепатски сме сите поврзани :lol:
    Ајде кажувајте како сте денес , до каде сте, како жештиниве, ќе се бањате ли некаде летово или веќе се избањавте???

    Јас да ви кажам среќа што залади малку, иако спиеме со отворен прозор, јас сум жива вода, па постојано сум укочена, а пак инаку не се спие. Цел живот сум го обожавала летото, и едвај сум чекала да дојде, а сега го мразам од дно на душата. Искрено до сега не сме биле никаде на вода, требаше да одиме пред две недели, а мене ме фати паника, како ќе седам на топло цел ден. Пред еден месец бевме до Дојран, но седевме на плажа само 30мин :(

    Инаку што сакав да ве прашам, веќе два дена, ми се јаде ми се плаче, но неможам количински да јадам, едвај едно парче леб(ако успеам и тоа). Почна да ме гуши, едвај дишам, се мислам дали бебушка се качила нагоре па ме притиска секаде, но од друга страна пак и нон стоп ми се мочка :^)
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Труднички муабети

    Кога си бремена, свингерот што го стега т.е затвара и отвора делот на желудочниот отвор е полабав, та затоа можно е и мало враќање на храната а и од малку количински како прејадена да се чувствуваш. А и ти се чини дека едвај можеш да дишиш и од тоа и од што матката веќе почнува да си се шири и да ги турка органите околу себе за да си направи место.
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Труднички муабети

    NoellePage ти благодарам на исцрпниот одговор. Во секој случај чувството е гадно, ништо не јадена, а мислам дека ќе експлодирам, како тапан се осеќам.

    Kallias еве ти викам, кај мене од 17недела веќе се познаваше. Имаш време уште еден месец, кој ќе помине за секунда ;)
    А да, зависи и од каква ти е конструкцијата на телото, обично на оние по ситните не им се познава до 6-7месец.

    Сењорита и јас така бев со соништата :lol: можеби и дека цела бременост ни се забранети односи, па само си сонував :lol: сега веќе сум нормализирана, и покрај тоа што немаме односи, паметот ми го окупираат други мисли , што, како ќе биде, да е се во ред и сл :wasntme:
     
  12. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    уф,колку различни мислења и читам и слушам,јас јадам џигер и месо и јајца варени најмногу наводно заради протенини,железо.јагоди не јадам заради алергии,а од сирења фета и моцарела,мада не дека не пробувам и други.
    Сега најново ми е пијам какао( имало железои помага да не јадеш благо,место кафе. Кое е вашето мислење за пиење по едно кафе дневно на пример?
    и еве една рецепта за кафе од мене:полна лазичка какао,пола лазичка нес или јакобс во вода да зоврие и млеко 2 прста :)
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Генерално месо и јајца и треба да се јаде. Само џигерот е пожелно да се избегнува. А за сирењата, еве јас сум јадела моцарела и не е крај на светот. Сепак за сирење мислам дека треба да се избегнуваат оние непроверени сирења без декларација, сирења во кафана,незнам мавровско,беровско селско сирење и останати домашни сирења кои се продаваат на кило по пазари. За вакумирани сирења од Веро со милион декларации мислам дека нема проблем.
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Мене на пример, ми беше препорачан џигерот заради железото, а и го јадев мноооооооооооогу (да не претерам, ама 2-3 пати неделно сигурно, до толку многу :D ), и ништо не стана, баш обратното, хемоглобинот и железото ми беа топ цела бременост. Кој знае дали беше од тоа, м? :?:

    Многу релативна работа овие препоракиве....јас не јадев оти ми велеа некои дека „треба“ или „морам“, туку затоа што организмот ми бараше, и така секогаш си правев баланс.
    Во таа насока ми беше и советот за водата - не да се трупате со сила оти „така рекле и така треба“, затоа што се` што не ви е побарано од телото ви е вишок и претставува терет на сите функции. Само опуштено, балансирана исхрана, чисти напитоци, повеќе сон и слушање на телото - тоа ќе ви каже се` што му треба :)
     
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Од страна на "забранети" нешта мене докторот ми напомна за џигерот, морска риба, алкохол и кофеински пијалоци. Од сите овие само за алкохолот ми рече да не го лизнувам а за другото дека еднаш во месецот и не е нешто страшно. Е сега јас се трудам да јадам колку можам поздраво ама со влегување во седмиот месец ми се отвори апетит ко на мало кравче и си гнетам се и сешто, а особено кофички со сладолед. :lol:
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Е јас алкохол не сум се напила, пивце само, ама тоа не е алкохол ,нели???
    А да знаете како ми се пие водка со лимон, ауууу како никогаш до сега, маж ми вика, прво нешто што ќе направам после пороѓај ќе биде водката во рака :lol:
     
  17. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас пијам еднаш до 2 пати неделно по една чаша црно вино или една чаша шприцер повеќе на вода, во зависност од ручекот или вечерата. Како што ми кажаа другаркиве што имаат здрави,прави деца дека една чаша црно вино дневно било убаво да пијат трудници.Дури ти татко ми ми најде некоја статија на интернет за добрата страна на чаша црно вино во бременоста.
    Еднаш пробав и пола чаша пиво и толку, друго не помислувам од алкохол.
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас алкохол не сум се напила, си пијам пиво без алкохол затоа што има ист вкус.
    А за морска риба тука се инсистира да се јаде најмалку 2 пати неделно па јас си ја конзумирам често т.е. колку што ми дозволуваат финансиите.
     
  19. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Генерално, секаде се препорачува конзумирање на риба. И овде велат дека риба треба да се јаде 2 неделно, ама кога ќе набројат каква се риба не е препорачливо, тогаш изборот останува подобро да не ја јадеш толку редовно. Риба од конзерва никако, големи морски риби никако, риби од рибник и тие биле преполни со жива... кога ќе видиш што можеме од овде да си дозволиме со оглед на тоа дека немаме море, а охридската пастрмка е забранета?
    И овде знаат во веро да извадат див бранцин или ципура свежи морски и цената е околу 1200 денари кг.Оди па луксузирај се 2 пати неделно :lol:
     
  20. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    А за кафето,девојки?